Клетници од Виктор Иго

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

КЛЕТНИЦИ од Виктор Иго

(Издание на Детска радост, Скопје, 2010 година, 276 стр.)

ПРВ ДЕЛ: ФАНТИНА


*Господин Шарл – Франсоа – Бјенвени Мириел – 75 годишен бискуп од Дињ.
*Живее заедно со сестра му Батистина и слугинката – Госпоѓа Маглоар во бискупската
палата, во близина на болницата. Во околината е познат како милосрден човек кој дели
милостина на сиромашните. Тој нема свои пари, бидејќи сè споделува со сиромашните.
6 стр. „Бискупот им беше како татко на сите клетници“. *НАСЛОВОТ.
*Сребрен прибор за јадење е единственото наследство кое му останало.
*Нема чувство дека нешто нему му припаѓа, па затоа и не го заклучува просторот во кој
живее.
*Октомври, 1915 година (информант за време).
*Доаѓањето на непознатиот човек во бискупската палата. Тешко се опишува; босоног
развиен и силен маж на околу 46 години; парталав со војнички ранец и стап.
*Жан Валжан е непознатиот. *ПАТНИК, СКИТНИК, ТАЛКАЧ – оди пеш и изгледа
дивјачки и одбивно. Поминал 19 години во затворот во Тулон. (5 години за кражба и 14
години за обиди за бегства.)
*СТИГМА: има жолт пасош, поради кој е избркан од секаде.
*Само домот на бискупот е отворен за него. *ЗАСОЛНИШТЕ.
11 стр. Бискупот го прифаќа и не се плаши од него: „Вие се викате мој брат“.
*Сребрениот прибор е поставен на масата.
*Животот на Жан Валжан (од 13 до 19 стр.):
- Израснал без родители. Живеел со сестра која е вдовица и е мајка на седум деца. Работи
секаков вид на физичка работа за да им помогне на сестрата и внуците. Животот во тешка
беда ќе го натера да краде; и тоа да украде само еден леб, заради кој животот ќе му помине
во затвор. Од 1795 година започнува неговата затвореничка голгота.
*Затвореник во окови, без идентитет. Станал број а не личност, односно Жан Валжан
се претворил во 24601.
*Бил неук, но не бил глупав, па во затворот научил да чита. Затворот го направил очаен,
бесчувствителен и мрачен човек, но сепак има совест и постојано се самоосудува.
*Затворот имал и добра страна во неговиот живот.
*Жан Валжан е НАЈСИЛЕН затвореник. По излегувањето од затворот е гневен на
општеството, ама сепак верува во нов живот.
*Слободата со жолт пасош не е слобода.
*Жан Валжан добива идеја да го украде сребрениот прибор на бискупот. Тоа и ќе го
направи. Откако е фатен од жандармите, бискупот го брани, велејќи дека тој му го
подарил приборот, при тоа му ги подарува и сребрените свеќници. *КЛУЧНО!
*Ветување: со среброто ќе стане подобар човек.

***
*Кај наредникот од Ватерло – гостилница во Монфермеј која постои од 1800 до 1823
година, а чиишто сопственици се брачниот пар Тенардие.
*1818 година (временски информант) една жена со мало девојче во рацете доаѓа во
гостилницата, пред која седат две дотерани девојчиња.
20 стр. Описи: девојчето е опишано како „едно од најубавите суштества што може да
се видат“. *РОМАНТИЧАРСКИ ОПИС.
*Идилична слика на мајка со заспано дете в раце.
*Опис на мајката: тажна, изморена со болежлив изглед и плачлив израз = невидлива
убавина.
*ФАНТИНА (мајката) – убава, неписмена и несреќна девојка, оставена (напуштена,
заборавена) од Толомиес, таткото на нејзиното дете. На 22 години продала сè што има и
заминала од Париз.
*Средбата на Фантина и Госпоѓа Тенардие – сопственичка на гостилницата. *КЛУЧНО.
*Опис на Тенардиевица: ковчеста и цврста жена; жена – војник. Чита прости љубовни
романи.
*Фантина крие детали од нејзиниот живот и лажно се претставува.
*ИНИЦИЈАЛНО И КЛУЧНО: Фантина се одушевува од сликата како нејзината ќерка
Козета игра со двете ќерки на Тенардиевица, па ќе посака нејзиното дете да биде згрижено
во семејство; занесена од романтичната претстава за дом, сестри, семејство, љубов.
*Ја остава ќерката кај Тенардиеви како би можела да работи и да заработува, со ветување
дека за тоа ќе добијат паричен надоместок. Со парите од Козета, господинот Тенардие си
ги отплаќа долговите и се спасува од затвор.
22 стр. „Кои беа Тенардие? Ни добри работници, ниту интелектуални луѓе“.
*Луѓе со мрачни нагони = чудовишта. *Со парите на Козета покриваат долгови, ѝ ги
продаваат дури и алиштата. Ја хранат од отпадоци од храна, ја облекуваат во партали. И
нивните ќерки Епонима и Азелма се лоши со неа.
*Козета е дете слугинка = Пепелашка.
*Нараторот е колеблив и не расветлува некои луѓе и настани: „Тенардие раскажуваше –
ако можеше да му се верува – дека бил војник... “. Се претставувал како наредник од
војната во 1815 година.
*Фантина работи во Монтреј на Море. Заработува и праќа пари кај Тенардиеви кои ја
лажат и користат, и постојано ја накачуваат сумата која треба да им биде испратена за
Козета.
***
*Индустриски пресврт во 1815 година во Монтреј на Море.
*Контраст: Градот расте, Фантина пропаѓа.
*Човекот (туѓинецот) кој направил револуционерни промени (сè уште не му се открива
идентитетот). Има фабрика која се занимава со црна стакларија. Опишан е како човек со
ранец на грбот кој не зборува многу и е осамен. Познат по тоа што спасил две деца од
пожар.*ИНДИЦИЈА.
*ЧИЧКО МАДЛЕН – сопственик на фабрика која е и работно место и засолниште за сите
во градот во кој нема гладни. *УТОПИЈА.
*Во 1820 година станува претседател на општината, назначен од кралот.
*ЧИЧКО го викаат од милост и присност. *Физички силен и дарежлив човек.
*Во 1821 година, Мадлен дознава од весник за смртта на бискупот Мириел, поради што
носи и црнина. (Јасно дека Мадлен е Жан Валжан.)
*ИНСПЕКТОР ЖАВЕР е единствениот човек во градот којшто е непријателски настроен
кон Мадлен. Претставен како висок човек со голем нос со редингот и бастум кој постојано
го следи Мадлен. Тој е вреден и посветен на службата и на државата. Живее самотно,
лишен од секакви задоволства. *Авторитетен, страшен и сомничав.
***
*Мадлен е натпросечно силен човек кој ќе успее да извлече човек од под коњска кола.
Станува збор за Фошлеван, осиромашен чорбаџија кој пак го мрази Мадлен, бидејќи
успеал да се обогати.
*Жавер раскажува дека познава еден робијаш кој исто како и Мадлен може на грб да
поткрене коњска кола. Мадлен пребледува од страв дека ќе биде препознаен. Хероизмот и
хуманоста на Мадлен – го спасува и згрижува Фошлеван, му остава и пари.
***
*Фантина е озборувана од жените со кои работи. Љубоморни ѝ се. ЗАБИТЕ И КОСАТА Ѝ
СЕ АДУТИТЕ НА ФАНТИНА.
*Во фабриката дознаваат дека има вонбрачно дете, ја поткажуваат на настојничката која
ќе ја избрка од работа.
*ПРЕДРАСУДИ И ОПШТЕСТВЕНИ КЛИШЕА ЗА ТОА КАКО (НЕ) ТРЕБА ДА
ЖИВЕАТ ЖЕНИТЕ.
*Фантина живее во беда и болест. Топлите раце и кашлицата се симптоми за туберкулоза.
Поради бедата и очајот ја продава косата, и им праќа пари на Тенардиеви за Козета. Убава
е и без коса, но таа не ја поднесува својата истрижана глава. За нејзината беда го обвинува
и мрази господин Мадлен. Има љубовник, парталко кој ја малтретира. Живее во болка и
надеж. Тенардиеви ја лажат дека Козета е многу болна. Од беда ги продава предните заби
на панаѓур. *Накажан и тажен изглед.
*Млади луѓе – контиња кои ги презираат жените од улицата. Потсмев дека е грда.
*Батамбоа е млад и арогантен човек, кој згаден од изгледот на Фантина, ја навредува и ѝ
фрла снег во блузата, со цел да ја навреди и понижи. Таа му се одмаздува гребејќи го по
лицето. Жавер ја носи во полициска станица од каде што ќе ја спаси Мадлен и ќе ја смести
во фабричката болница.
37 стр. „Фантина почувствува некаква топлина во срцето“. *РОМАНТИЧАРСКИ.
*Епонима и Азелма се болни, за нивното лечење Фантина праќа пари, знаејќи дека е болна
Козета.
*Пресврт: Жавер му раскажува на Мадлен дека го пријавил мислејќи дека тој е Жан
Валжан, но вистинскиот Жан е в затвор. *Извесен Шанматје е посочен од двајца
затвореници дека е Жан Валжан. *РЕТАРДАЦИЈА И ЗАПЛЕТ.
*На Фантина ѝ се влошува здравјето. Пет години ја нема видено Козета. Еуфразија е
вистинското име на Козета.
44 – 45 стр. Нараторот открива дека Мадлен е Жан Валжан. Се обраќа кон читателите со
„веќе знаете“. *ИНТЕРАКЦИЈА.
*ИНТРОСПЕКЦИЈА: Жан Валжан размислува за тоа дека Бог сакал, тој да прави добри
дела. Но има дилема: дали да се пријави и да го ослободи Шанматје, или да остане и
да ѝ помогне на Фантина.
*Визија: ќе ја победи бедата и ќе создаде нов свет.
*Судницата во која му се суди на Шанматје, односно божемниот Жан Валжан,
вистинскиот Жан Валжан го потсетува на неговото робијашко минато. Неколку робијаши
велат дека Шанматје е Жан. Шанматје се брани со раскажување на својата тешка судбина.
Во затвор е поради една гранка со јаболка која ја нашол на земја.
*Жан Валжан се сожалува и признава дека тој е бившиот затвореник и бегалец.
63 стр. Телесни белези за препознавање.
*Фантина е во претсмртно бунило, слуша детски глас за кој е убедена дека е Козета. Сите
ја лажат дека Козета е во близина. Умира сфаќајќи дека ја лажат. Закопана е на
колективни гробишта за сиромашни и бездомници. Во меѓувреме Мадлен е уапсен во
болницата. По апсењето е напуштен од сите. Тука завршува и идиличниот живот во
градот кој го развил. Неговиот имот е разделен. Тој повторно успева да побегне од
затворот.
ВТОР ДЕЛ: КОЗЕТА
*Во Тулон во 1823 година еден морнар на бродот Орион е спасен од смрт благодарение на
еден робијаш, кој откако го спасил, паднал во морето и го прогласиле за мртов.
*Козета им слугува на Тенардиеви. Сред ноќ ја праќаат во шума за да полни вода.
*СТАВ И УЖАС.
*Фолклорна матрица. *Романтичарски белег.
*Опис на Тенардиевица: висока, костенлива, месеста жена со продорен глас; грда е и има
брада. Личи на травестиран маж, а така и се однесува – пие, пцуе и се тепа.
*КАРИКАТУРА.
*Тенардие е слаб, ситен и препреден човек; голем фалбаџија и воен профитер.
*Козета е тажна како стара жена. Постојано е измачувана. Шета боса на студот за да
полни вода. Во еден излог се загледува во една кукла. Куклата е скапа, па сите само ја
посакуваат. Никој од околината не може да ја купи. Во шумата го среќава Ж. В. кој ѝ
помага. Козета не се плаши од непознатиот човек кој го сретнува (Ж. В.). Кај Тенардиеви
живее со забрани, прекори и ќотек. Не смее да ги допира играчките на Епонима и Азелма.
Тие постојано ја малтретираат. Камшикот за неа е секојдневие.
*Изглед: слаба, бледа и изгледа помала. Парадокс на животот: плете чорапи за сите, а
самата оди боса.
*Од непознатиот човек (Ж. В.) ја добива елегантната кукла како подарок. Девојчињата ѝ
љубоморат. Дури и добива златник за Бадник во стариот чевел. *ОБИЧАЈ; ТРАДИЦИЈА.
106 стр. Чучулига е прекарот на Козета.
*Пред непознатиот гостин во крчмата, Тенардие глуми дека многу ја сака Козета, но
гостинот ја зема Козета и заминува со неа. Првпат откако е дојдена кај нив Козета е
облечена во алишта, а не во партали. Тенардие ги следи и сака да му изнуди пари, но тоа
не му успева.
110 стр. „Имаше некакво чувство дека се наоѓа до милостивиот Господ“.
*ДОВЕРБА, СИГУРНОСТ.
***
*Навраќање кон минатото: Жан Валжан не се удавил, туку успеал да се скрие во чамец.
*Вешт пливач и снаодлив човек.
*Во Париз изнајмил стан за да живеат со Козета. После долго време е спокоен, затоа што е
прогласен за мртов. 25 години живее без семејство, па Козета му го исполнува и
разубавува животот. Козета до тој момент не сакала никого.
*Чувство дека се татко и ќерка. *Излечена самотија.
*Жавер се доселува во куќата во која се потстанари со цел да го следи Ж. В.
*Ж. В. и Козета се селат кај Фошлеван во манастирот Мал Пикпис. Тука се кријат.
Фошлеван им се одолжува. Тука Ж. В., односно Мадлен добива нов идентитет Илтим
Фошлеван – брат на стариот градинар Фошлеван.
*Во женскиот манастир Козета станува ученичка. Игуменијата ја прима бидејќи е грда,
што би значело дека ќе стане калуѓерка.
*ТРАНСФОРМАЦИЈА: Козета се разубавува.
ТРЕТ ДЕЛ: ВАТЕРЛО
*Навраќање кон минатото (историски настани).
*17 и 18 јуни 1815 година (фактографија).
*За битката помеѓу Наполеон и Велингтон и за очекувањата на Наполеон дека ќе ги
порази Англичаните и Прусите.
*Поради лошите временски околности, Наполеон ја губи битката.
*На фронтот шетаат крадци и воени профитери. Тенардие украл сребрен крст од
Понмерси, ранет офицер. Спасувајќи го офицерот му се претставува како наредник
Тенардие. А, Понмерси од битката останал само со лузна на лицето и лузни во душата.
Кралот Луј XVIII не му признал ниту едно одликување. По војната живее самотен живот.
Бил во брак со госпоѓа Жилнорман, но нејзиниот татко никогаш не го прифатил. Останал
вдовец и има син. Стариот Жилнорман не му го дава синот и го уценува со наследството.
*Мариус, синот на Понмерси расте во духот на семејната традиција на дедото Жилнорман.
Дедо му (90 г.) е ројалист кој за неговиот татко вели дека е републикански разбојник.
*Писмо од офицерот до синот. Обид да се видат пред смртта. Умира од воспаление на
мозокот. Му остава писмо со аманет да го најде Тенардие кој го спасил кај Ватерло.
154 стр. „Тој имаше само една вина, премногу ја сакаше својата земја и својот син“.
*Романтичарски белези: љубов и идеализам.
*ТРАНСФОРМАЦИЈА: Мариус станува републиканец во чест на неговиот татко. Дедото
го брка од дома. Чита и истражува. Живее сиромашно, созрева и станува адвокат.
*Љубов и култ кон сопствениот татко и неговото дело.
*РОМАНТИЧАРСКА СРЕДБА: во парк постојано сретнува девојка која седи на клупа со
нејзиниот татко. Разочаран е кога ќе нема да ја види.
*ТРАНСФОРМАЦИЈА: Козета пораснала и се разубавила; станала елегантна.
*Мариус живее во куќата Горбо во која се потстанари и Тенардиеви, но се
претставуваат како Жондрет. Многу се сиромашни и чудни. Мариус ги набљудува
преку една дупка од таванот.
*Тенардие, односно Жондрет ги препознал Козета и Жан Валжан, па ќе се потруди да му
направи стапица на Жан Валжан. Мариус ќе го пријави случајот кај Жавер. Тенардие и
неколку разбојници го малтретираат Жан Валжан. Жавер ги апси, а Жан Валжан бега.
167 стр. Жан Валжан: „Вие сте клетници“. *НАСЛОВОТ.
*Мариус е разочаран од Тенардие и заминува од куќата.
*Ж. В. е со идентитет Илтим Фошлеван и живее со Козета во една запуштена куќа.
*Козета е најубавата и најсредената девојка во квартот, но и во Париз.
*РОМАНТИЧАРСКИ БЕЛЕГ.
*Мариус ѝ се допаѓа на Козета, но Ж. В. го мрази.
*РОМАНТИЧАРСКИ АМБИЕНТ: градина, клупа, опојни мириси, чисти души.
176 стр. „Козета беше за него мирис, а не жена“. *СЕТИЛНОСТ.
*Дедото на Мариус е против идејата Мариус и Козета да бидат во брак. Го советува да му
биде љубовница. Мариус во лутина го напушта домот, лут на дедото, а при тоа стравува
дека Козета ќе биде одведена во Англија. И стариот Жилнорман пати по внукот.
177 стр. „Козета, ти давам чесен збор дека ќе умрам ако заминеш“.
*РОМАНТИЧАРСКИ: писмо, страдање, ветување...
ЧЕТВРТИ ДЕЛ: ГАВРОШ
*Мало оставено и парталаво момче на околу 11 – 12 години. Живее на улица – студена
улица и студени родители. *СУДБИНА.
183 стр. „Татко му не мислеше на него, а мајка му не го сакаше ... Калдрмата му беше
помека од срцето на мајка му“. Сираче и скитник со живи родители.
*Немирно, бледо и остроумно дете; голем шегаџија што скита, краде и пее. *СЛОБОДА.
*ГАВРОШ син на Жондрет.
185 стр. Факти – јуни, 1832 година – бунт сред погребната поворка на генералот Ламарк.
Се појавува коњаник облечен во црно со црвено знаме во рацете. И Гаврош е дел од
нештата. Зема кубура; шета со неа и пее народни песни.
*Домот на Гаврош: живее во еден споменик во форма на слон. Во утробата на слонот се
сместени и уште две деца – неговите родени браќа. Гаврош е загрижен за нив, затоа што
заминале и не се вратиле.
*Гаврош се шета со мавтајќи со оружјето в рака. Крши излог од една берберница, со цел
да му се одмазди на човекот кој ги избркал двете деца од неговото живеалиште.
*Толпа предводена од Анжолра, Курферак, Комбефер, Феи, Баорел и Жан Прувер – група
млади луѓе кои се бунтуваат на деспотизмот.
*ЗА РЕПУБЛИКАТА.
188 стр. Живот посветен и жртвуван за татковината. *РОМАНТИЧАРСКИ.
*Гаврош има чувство дека е корисен. Ужива во немирите и бунтот. Има и задача.
195 стр. Групата ќе успее да го фати и Жавер кој е на задача. Гаврош ја користи пушката
на Жавер која е празна.
*Паѓаат и жртви за републиката. Мариус пука во еден стражар кој нишани во Гаврош.
204 стр. Мариус преку Гаврош ѝ испраќа страдалничко љубовно писмо на Козета.
*РОМАНТИЧАРСКИ – патење за љубов, хероизам, очекувана смрт за идеалите и
татковината.
*Гаврош ужива во безредието додека го носи писмото за Козета. Пее и крши и го спасува
својот живот. Писмото му го предава на Фошлеван (Жан Валжан) кој во почетокот е
среќен што Козета не е со Мариус, но потоа се вклучува и тој во борбата.
* Гаврош пее сред најопасните престрелки.
216 стр. „Тој беше самовилско дете од бајките“. *Убиен.
*Жан Валжан се нафаќа да го убие Жавер, но кога ќе останат сами ќе го пушти на
слобода. *ЧЕСЕН И НЕОДМАЗДОЉУБИВ, СОВЕСТ, ЕТИКА.
*Во битката скоро сите од дружината на Мариус се убиени, а Мариус е тешко ранет. Жан
Валжан ќе успее да го извлече.
ПЕТТИ ДЕЛ: ЖАН ВАЛЖАН
*Жан Валжан се обидува да побегне со Мариус в раце преку еден канал со нечистотија.
*Евакуација на преживеаните бунтовници во подземјето, односно во каналите. Полицијата
знае каде се кријат, па пребарува по каналите. Жан Валжан доаѓа до една затворена врата
преку која не може да избега. При тоа со себе го носи Мариус кој е тешко ранет.
227 стр. Излез од безизлез: Тенардие се појавува во каналот. Мисли дека Мариус е мртов и
дека е убиен од Жан Валжан. Им ги претресува џебовите и ги пушта на слобода.
*КРАДЕЦ, ВОЕН ПРОФИТЕР. *Корисен: повторно спасува животи, додека ограбува.
*Се појавува и Жавер. *Соработка.
*Го носат Мариус во домот на дедото, кој е убеден дека внук му од инает кон него загинал
во востанието. *Клучно за промена на мислењето на дедото.
237 стр. Средбата на Мариус и Козета. *РОМАНТИЧАРСКИ: љубов, растрепереност,
опиеност.
*Козета има документи со нејзиниот вистински идентитет Еуфразија, и има наследство.
*Свадба, убавина, елеганција и среќа. *БАЈКОВИТОСТ. *РОМАНТИЧАРСКИ.
*Жан Валжан во празната соба ги набљудува детските алишта на Козета. *ТАГА,
НОСТАЛГИЈА, МЕЛАНХОЛИЈА, СЕЌАВАЊА.
*Мариус го кани Жан Валжан да живее во нивниот дом. *СЕМЕЈНА ИДИЛА.
243 стр. Жан Валжн му го открива својот идентитет и својата затвореничко – бегалска сага
на Мариус. Совесен човек е, па затоа и не може повеќе да ја чува таа тајна. Но Мариус не
сака Козета да ја сознае тајната.
246 стр. Жан Валжан не може да живее без Козета.
*Мариус не му верува на Фошлеван, но му верува на Жан Валжан.
*Жан Валжан инсистира Козета да не го вика татко. Има потреба да се одвои од неа,
заради тајната, но многу ја сака и пати за неа.
*РАСВЕТЛУВАЊЕ НА ТАЈНИТЕ И РЕШАВАЊЕ НА НАСТАНИТЕ: Тенардие, со цел да
изнуди пари се појавува во домот на Мариус. Го клевети Жан дека е крадец и убиец.
Мариус сфаќа дека му изнудува пари и дека и тој и Жавер се спасени, а не убиени од Жан
Валжан. Му дава пари на Тенардие да замине во Америка со едната ќерка. Тоа е гест само
заради аманетот од татко му. Инаку и самиот знае колку расипан човек е Тенардие.
*Тенардиевица е умрена, а Тенардие во Америка се занимава со нечесна работа – трговец
со црни робови. *НЕПРОМЕНЕТ.
*Жавер се самоубил.
*Жан Валжан умира на 80 години. Околу него се Козета и Мариус. Ги откриваат сите
тајни и си простуваат. Козета дознава за мајка ѝ Фантина; за наследството кое е
спечалено, а не украдено. Ѝ ги остава во наследство и свеќниците од бискупот, убеден
дека сторил добро дело. Верува во Бога.
*Атмосфера на љубов, заедништво и простување. Умира среќен и спокоен.

You might also like