Наставно програмски

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

1. Какви јазици постојат?

- Јазиците може да бидат природни и вештачки.

2. Што е програмски јазик?

- Програмски јазик е јазик за изработка на програми, составен од симболи кои компјутерот може
да ги преведе во директни акции. Програмските јазици се развиени за комуникација помеѓу
човекот и компјутерот.

3. Што е програма?

- Програма е низа од наредби кои се изведуваат по точно одреден редослед и со точно


дефинирана цел и претставува постапка за решавање на некоја задача со компјутерот запишана
во текстуална форма во некој програмски јазик.

4. Што е наредба?

- Наредба е основен елемент на програмата и претставува инструкција до компјутерот да изврши


одредени дејства.

5. Како се нарекува постапката на запишување на инструкции преку наредби на некој


програмски јазик?

- Постапката на запишување на инструкции преку наредби на некој програмски јазик се нарекува


програмирање.

6. За кои програмски јазици сте слушнале?

- C, C++, Python, Java

7. Кои групи програмски јазици постојат?

- Тие се делат на 4ри: машински, симболички, виши и високи програмски јазици.

8. Каков јазик е машинскиот, зошто не се програмира во него?

Тој е јазикот на компјутерот односно единствен јазик што го разбира секој компјутер и којшто
непосредно работи.Се состои од наредби наречени машински инструкции кои се изразуваат само
со нули и единици т.е. само со бинарни цифри. Меѓутоа, записот на наредбите со бинарни броеви
е многу голем и непрегледен, затоа машинските програми на хартија најчесто се запишуваат во
хексадецимален броен систем.

9. На кој јазик треба да биде програмата, за да може компјутерот да ја извршува директно?

- На програмски јазик.
10. Дали е поедноставен машинскиот или симболичките програмски јазици?

- Поедноставен за програмерите, и нас луѓето, е симболичкиот јазик, но сепак како процес за


разбирање со компјутерот е покомплициран бидејки овој јазик не е разбирлив за компјутерот па
за да може програмите напишани на симболички јазик да се извршуваат со компјутерите постојат
програми преведувачи наречени асемблери кои ги преведуваат наредбите напишани со
симболочки јазик во наредби на машински јазик кој ги разбира компјутерот.

11. Како се нарекуваат системските програми кои имаат задача да ги преведуваат програмите
од симболички на машински јазик?
- Преведувачи наречени асемблери.

12. Која е задачата на асемблерот?

- Задачата на асемблерот е да ги преведе наредбите напишани на симболички јазик во машински


јазик за компјутерот да ги разбере.

13. Какви програмски јазици се вишите програмски јазици?

- Вишите програмски јазици се јазиците на кои се мисли кога зборуваме за програмирање.


Основната идеја за вишите програмски јазици била програмите да се пишуваат слично со
човечкиот природен јазик.

14. Кој е првиот виш програмски јазик и кога се појавил?

- Првиот виш програмски јазик е FORTRAN – FORmula TRANslator и се појавил во 1957 година.

15. На што се должи масовното користење на вишите програмски јазици?

- Се должи на неговата разбирливост и едноставно користење не само за програмерите туку и


обичните луѓе кои не ја познаваат стручноста и техниката на машинското и симболичкото
прграмирање.

16. Како се делат вишите програмски јазици според начинот на обработка на податоците?

- Тие се делат на императивни и декларативни.

17. Како се делат вишите програмски јазици според областа на примена?

- Тие се делат на јазици за: делови апликации, научни апликации, системски софтвер,
компјутерска комуникација, вештачка интелегенција и специјална намена.

18. Кои се императивни програмски јазици?

- Тие се делат на процедурални и објектно ориентирани.


19. Кои се декларативни програмски јазици?

- Тие се делат на функциски и логички.

20. Објасни ја техниката на структурирано програмирање?

- Структурно програмирање е програмирање каде почетната задача се дели на помали и полесни


за решавање задачи.

21. Како се пишувааат програмите со процедуралните програмски јазици?

- Со процедуралните јазици програмите се пишуваат според процедурата (постапката) која е


опишана со избрзаната метода за решавање на задачата.

22. Наброј некои од процедуралните програмски јазици!

- Некои од најпознатите процедурални програмски јазици се Pascal, C, Basic и Fortran.

23. Какви се процедуралните програмски јазици?

- Тие се јазици каде за секоја задача се користи соодветна метода за решавање, со која од
зададените почетни влезни податоци, преку аритметички и логички пресметувања, се добиваат
крајните излезни податоци. Една иста метода може да се примени на различни влезни податоци и
поради тоа велиме дека методите и податоците се разделени.

24. Какви се објектно-ориентираните програмски јазици?

- Тие се јазици каде за разлика од процедуралните јазици, секој објект си има свои методи, кои
може да се применат само на неговите податоци. Меѓу попознати јазици се: C++, Java, C#, Delphi,
Simula, Eiffel, Omega.

25. Што претставуваат програмите напишани со функциските програмски јазици?

- Програмите во функциските јазици претставуваат функција составена од попрости функции.

26. Која е главната карактеристика на функциските програмски јазици?


- Главната карактеристика на функциските програмски јазици е користење на изрази и функции.

27. Која е главната карактеристика на императивните програмски јазици?

- Главната карактеристика на императивните јазици е тоа што во нив се користат наредби и


процедури.

28. Зошто се измислени логичките програмски јазици?


- Тие се измислени за специјална примена при решавање проблеми од вештачката интелегенција.
29. На кој принцип се пишуваат програмите во логичките програмски јазици?

- Тие ги користат принципите на формалната логика, каде се задава множество на тврдења


(аксиоми) и правила на заклучување (резонирање). Со примена на правилата на заклучување врз
тврдењата, се доаѓа до одговорот на поставената задача, односно се генерираат нови тврдења и
правила на заклучување.

30. Зошто се развиени голем број на виши програмски јазици?

You might also like