Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Трансформацијата на Жан Валжан од романот

„Клетници“ на Виктор Иго

Романтизам, период на сликовито претставување на секојдневната отуѓеност,


меланхолија, невозвратена љубов, внатрешното мачење на секој од романтичарските јунаци.
Потрагата по идеален свет и хармоничен живот е застапена во најголемиот број од делата
пишувани во романтичарскиот период. Како најкарактеристичен може да се истакне романот на
светскиот романописец Виктор Иго , „Клетници“. Жан Валжан претставува еден секојдневен
пример за романтичарска жртва, која се трансформира од почетниот парталив и беден затвореник
во силно морален и етички воспитуван херој на кој секој му се восхитува.

Уште од самиот почеток на петтомскиот роман, кај Жан Валжан се забележува душевната
добрина и желба да помаѓа на останатите. Тоа ни е сликовито претставено со неговиот обид за
огрбување на леб од пекарата, со цел да ги задоволи неопходните потреби за своите сакани. Овој
подвиг му влијае негативно, го претвара во лик кој нема свој идентитет, туку се пронаоѓа само
како бројка. Се забележува неговата интелектуалност, каде иако станува мрачен и темен карактер,
сепак успева да го задржи своето внатрешно самоосудување и емпатија. Желбата да продолжи со
убав и спокоен живот, го надминува гневот и фрустрацијата која ја чувствува кон општеството.
Сепак постои големо двоумење и колебање во погледот да го одбере правилниот пат и да им
помогне на оние кои се наоѓаат во тешки и неправедни ситуации. Кулминацијата на неговата
трансформација се забележува кога ќе биде фатен од бискупот како ги краде неговите сребрени
виљушки, но тој самиот потполно се освестува при признавањето дека тој е вистинскиот Жан
Валжан спасувајки го својот невин козатвореник со што воедно се истакнува неговата искреност и
доверливост. Битно е да се забележи неговата емпатија при крајот, каде иако ја имал можноста за
убивање на својот жандармериски непријател, сепак сочувствува и во тоа се гледа неговата
емоционалното издигнување во морален лик.

Трансформацијата на Жан Валжан се забележува од почетокот до крајот на делото. Таа


преминува многу препреки, кои ликот успева да ги совлада и да го промени својот карактер од
сиромашен затвореник во среќен и исполнет јунак.

You might also like