Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Звучни бранови

Запомни

1.Појавите кои ги восприемаме (регистрираме) со нашето сетило за слух се викаат звучни


појави или звук.

2.Телото што го создава звукот се вика звучен извор.

3.Звучниот извор создава звук само кога осцилира.

4.Звукот се пренесува во материјална средина ,а не се пренесува во вакуум.

5.Брзината на звукот зависи од еластичните својства на средината и нејзината температура.

6.Звучните бранови се лонгитудинални ,а во тврдите тела може да бидат и трансверзални.

7.Звучните бранови според фрекфенцијата се делат на:


-инфразвук (механички осцилации со фрекфенција помала од 16 Hz , f˂16 Hz )
-Чуен звук (механички осцилации со фрекфенција меѓу 16 Hz и 20000 Hz , 16 Hz ˂ f ˂ 20000
Hz )
-Ултразвук (механички осцилации со фрекфенција поголема од 20000 Hz , f ˃ 20000 Hz)

8.Според тоа каков осет ќе предизвика звукот се разликуваат три вида звук:
*Тон
*Шум
*Тресок

9.Звукот што се добива при правилно осцилирање на звучниот извор и е пријатен за


слушање се вика тон.

10.Звукот што се добива при неправилно и сложено осцилирање на звучниот извор и е


непријатен за слишање се вика шум.

11.Силен и остар шум се вика тресок.

12.Карактеристиките на звукот се:


- јачина или интензитет : објективна и субјективна или гласност
-висина
-боја

13.Објективната јачина на звукот се определува со енергијата што звучниот бран ја


пренесува во единица време низ единица површина што стои нормално на правецот на
ширење на звукот.
I = E / St ( W/ m2 )

14.Најмалата објективна јачина на звукот што човекот може да ја регистрира се вика праг
на чујноста и изнесува Imin = 10-12 W /m2

15. Најголемата објективна јачина на звукот што човекот може да ја регистрира со осет на
болка се вика граница на болка и изнесува Imah = 1 W /m2
.
16.Јачината на звукот што ја регистрираме со нашето уво се вика субјективна јачина или
гласност L.
L = k log I / Imin , ако k=1 B ( бел ) , ако k= 10 dB (децибел )

17.Висината на звукот зависи од фрекфенцијата на звукот.Колку фрекфенцијата е поголема и


висината е поголема.

18. Бојата на звукот зависи од бројот и видот на вишите хармоници,како и од формата и


начинот на осцилирање на звучниот извор.

You might also like