Дифракција на бранови

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Дифракција на брановите

Запомни

1. Појавата на свртување на брановите во геометриската сенка на препреките отстапувајки


од праволиниското ширење се вика дифракција на брановите.

2.Услов да настане дифракција на брановите е димензииите на препреките на кои


наидуваат да се споредливи со брановата должина на брановите(димензиите на препреките
да се многу мали ).

3.Дифракцијата на светлината може да биде од Френелов и Фраунхоферов тип.

4.Дифракцијата е од Френелов тип ако светлината потекнува од точкаст светлински


извор, а појавата се набљудува на екран кој се наоѓа на ограничено растојание зад
препреката.

5.Дифракцијата е од Фраунхоферов тип ако светлината потекнува од широк светлински


извор т.е се работи со паралелен светлински сноп ,а појавата се набљудува на екран што се
наоѓа на бесконечно растојание зад препреката или што е сеедно во фокусот на една собирна
леќа поставена зад препреката.

6.Услов за да се создадат темни ленти на екранот при дифракција од Фраунхоферов тип на


една пукнатина е:
-патната разлика меѓу светлинските бранови кои се среќаваат во дадената точка на екранот
да биде цел број бранови должини
Δd = k•λ k = 1,2,3, Δd – патна разлика

7. Услов за да се создадат светли ленти на екранот при дифракција од Фраунхоферов тип на


една пукнатина е:
-патната разлика меѓу светлинските бранови кои се среќаваат во дадената точка на екранот
да биде непарен број од половина бранова должина
Δd =(2k+1)•λ /2 k = 0,1,2,3, Δd – патна разлика

8.Дифракциона (оптичка ) решетка е оптички елемент кој се состои од голем број многу
тесни проѕирни пукнатини помеѓу кои се наоѓаат непроѕирни делови.
Тоа е стаклена или метална плочка на која се нанесуваат голем број на засеци.

9.Под константа на дифракциона решетка се подразбира збирот од должината на


проѕирните и непроѕирните делови.
d=a+b
d – константа на дифракциона решетка
a – ширина на проѕирниот дел
b- ширина на непроѕирниот дел

10.Равенката на дифракционата решетка е искажана со изразот : Δd = d sin α

-Услов за да се набљудуваат максимуми (светли ленти ) на дифракционата


слика(дифрактограм) е патната разлика меѓу светлинските бранови кои се среќаваат во една
точка на екранот да е цел број бранови должини.
kλ =dsin α ,k =0,1,2,,3
- Услов за да се набљудуваат минимуми (темни ленти ) на дифракционата
слика(дифрактограм) е патната разлика меѓу светлинските бранови кои се среќаваат во една
точка на екранот да е непарен број од половина бранова должина.
(2к + 1) λ / 2 =dsin α ,k =1,2,,3

11.Под разделна моќ на оптичкиот инструмент се подразбира аголот φ под кој се гледаат две
блиски точки од телото сеуште разделени.
sin φ≈ φ = 1,22 λ / D
λ – бранова должина на светлината со која се набљудува
D – дијаметар на отворот ( леќата)

12 .За да може ликовите на две блиски точки да бидат видени како одделени потребно е да
биде задоволен Рејлиевиот критериум кој гласи :Централниот максимум од дифрактограмот
на едниот лик да се поклопи со првиот минимум од дифрактограмот на вториот лик .

You might also like