ПИРЛС 2021 домашна

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Активности што треба да се реализираат за следната работна средба за ПИРЛС

Насоки за подготовка и реализација на наставни практики за потребите на ПИРЛС тестирањето

1. Координаторот за ПИРЛС закажува онлајн средбасо наставниците на ниво на актив за IV oдд. И


се договара начинот на планирање и реализација на зададените барања од БРО.

2. Интерпретација на текст по избор од учебникот по македонски јазик. Интерпретацијата треба да


се направи со помош на прашања и задачи според барањата на ПИРЛС студијата по нивоа. Исто
така, треба континуирано да се консултира Упатството.

3. Интерпретација на текстот „Пита за непријателот “ преку веќе подготвените прашања ..

4. Изготвување дневни подготовки за тоа кога и како се реализирале погоре наведените барања
поврзани со текстовите. Координаторот треба да ги собере дневните планирања со реализираните
часови во коисе вметнати елементи со ПИРЛС задачи и да ги испрати до одговорниот советник од
БРО на договорениот датум.

5. Наставникот доставува рефлексија од одржаните часови до одговорниот советник заедно


дневните подготовки. Наративниот текст од рефлексијата треба да опфаќа:

- Согледувања од наставникот колку учениците го разбрале текстот (ликови, тема, идеја, порака,
редослед на настаните, проблем и сл.;

- Вршеле одредени предвидувања по барање на наставникот;

- Успешно го прераскажале текстот почитувајќи ја граматиката (правилно користеле глаголско


време и правилно применувале индиректен говор);

- Кои видови прашања учениците најтешко/погрешно ги одговараат и сл.?

ЗАДАЧИ ВО ПИРЛС ПОСТАВЕНИ СПОРЕД БАРАЊАТА ВО НИВОАТА

Прво ниво: Учениците бараат експлицитни информации дадени за постапките на ликовите и


нивните чувства во форма на нарација или дијалог, како и лоцирање на експлицитен заклучок.
Исто така, одговараат на задачи поврзани со читање разновидни материјали што содржат мапи,
графикони, дијаграми, шеми и слично и оттаму точно се лоцираат и се репродуцираат
експлицитно дадените факти.

Пр. Што се случило ....? Каде се наоѓал тој предмет ...? Каде започнува патеката...? Зошто тој
дошол овде?

Второ ниво: Учениците препознаваат и воспоставуваат врски меѓу настаните, пр. зошто нешто се
случило, почеток и тек на настаните, улогата на главниот лик, раскажувачот, согледуваат порака на
текст, прават елементарни интерпретации, потоа потребно е да лоцираат соодветен дел од
брошура, текст и слично заради препознавање и презентација на релевантен факт.
Пр. Што мислиш, кој го направи тоа во текстот? Што од она што се случува во приказната
ни го покажува тоа? Како се менуваат чувствата на ликот....? Како се чувствувал/а .....на
почетокот на приказната? Како се чувствувал/а на крајот на приказната? Според текстот со
која опасност биле соочени....?

Трето ниво: Учениците одговараат напрашања што се однесуваат на кратки приказни кои имаат
една или две проблемски ситуации и два централни лика за кои можат да дискутираат и да
споредуваат, да ги опишат нивните постапки, да донесуваат заклучоци за врската меѓу намерите и
постапките, да препознаваат значење на некои јазични фигури.

Откриваат специфична информација за која треба внимателно читање, интерпретираат


информации базирани на интегрирање на повеќе информации од текстот и од личното искуство,
разбираат различни видови текстови и едноставни метафори.

Пр. Наведи две нешта по кои ликовите се разликуваат...? Од она што го прават во
приказната, ликовите ... и .... ти дозна какви се, опиши во што се разликуваат? Дали мислиш
дека е лесно да се појде таму...? Наведи причина поради која е лесно или пак не е лесно да се
појде таму? Дали би сакал/а и ти да појдеш...искористи го она што го прочита да ти помогне
да објасниш? Која информација ти кажува дека ....е ....?

Четврто ниво: Учениците интегрираат идеи содржани во целиот текст за да ги поврзат постапките,
намерите и чувствата на ликовите во целина и притоа своите интерпретации ги поткрепуваат со
факти.Интегрираат информации од различни видови текстови и нивните лични познавања и го
применуваат тоа во ситуации кои можат да се случат во реалниот живот, решаваат реални
проблемски ситуации.

Пр. Од она што го прават во приказната, ликовите...и ....ти дозна какви се, опиши во што се
разликуваат и што прави секој од нив за да го покаже тоа? Ти дозна каков е ликот...опиши
каков е тој и наведи два примери од тоа што тој/таа го прави што го покажува тоа? Напиши
две различни чувства кои .... ги имал/а во врска со...? На таа група, какви информации и
требаат за да стигне/да ја постигне целта?

ДА СПОРЕДИМЕ

Прашањата во наставата која ја реализираме наспрема прашањата од ПИРЛС

Прашањата кои се користат во реализацијата на часовите по мајчин јазик кај нас наредени по
нивоа од едноставно кон посложено:

1. Кој лик/ови ги среќаваме? Каде се случува дејството? Кога се случува дејството?

2. Колку и кои настани се случуваат во овој текст? Да ги наброиме по хронолошки ред?

3. Наведи зошто...(се бара експлицитен факт); Прочитај ј ареченицата во која...?

4. До какви заклучоци дојде ? Наведи ја пораката/пораките од/за текстот.


Прашањата кои се користат во реализацијата на тестирањата ПИРЛС наредени по нивоа од
едноставно кон посложено:

1.Што се случило? Кој е ликот...? Каде се случува настанот?

2. Што мислиш, кој го направи тоа во текстот? Што од она што се случува во приказната ни
го покажува тоа? Како се менуваат чувствата на ....? Како се чувствувал .....на почетокот на
приказната? Како се чувствувал на крајот на приказната? Според текстот со која опасност
биле соочени....?

3. Наведи две нешта по кои ликовите се разликуваат...? Од она што го прават во


приказната, ликовите ... и .... Ти дозна какви се, опиши во што се разликуваат? Дали
мислиш дека е лесно да се појде таму...? Наведи причина поради која е лесно или пак не е
лесно да се појде таму? Дали би сакал/а и ти да појдеш...искористи го она што го прочита
да ти помогне да објасниш? Која информација ти кажува дека ....е ....?

4. Ти дозна каков е ликот...Опиши каков е тој и наведи два примери од тоа што тој/таа го
прави што го покажува тоа? Напиши две различни чувства кои .... Ги имал/а во врска со...?

При споредување на прашањата кои се користат во нашата настава и оние на кои учениците ќе
одговараат можеме да видиме дека постои еднаквост само во првото ниво ( редните броеви пред
прашањата означуваат и тежинско ниво). Екплицитни заклучоци во ПИРЛС се бараат уште во
второто ниво додека кај нас праксата покажува дека тоа се прави во највисокото ниво. Во третото
и четвртото ниво кај нас треба повеќе внимание да обрнеме на повикувањето и директното
обраќање на ученикот и да поставуваме барања кои ќе содржат: опиши, наведи, објасни, поврзи.

ПРЕДЛОЗИ ЗА ПРОМЕНИ

-да планираме повеќе време за читање, читање на глас, читање по групи, читање во себе;

-да користиме повеќе наставни средства и пишани материјали од различни, но сепак релеванти
извори;

-да даваме конкретни насоки за читање и однапред писмено подготвени прашања преку кои ќе
постигнеме разбирање на текстот што го читаме со учениците;

-да поставуваме прашања кои ќе поттикнуваат и ќе бидат на повисоко ниво (односно во рамките
на третото и четвртото ниво на барања според ова тестирање);

-да задаваме соодветни домашни задачи со барања соодветни на текстот;

-текстовите кои ни се нудат по различни предмети, а се поврзани со откривање информации,


селектирање податоци и донесување заклучоци да ги користиме по пат на интегриран пристап
и за целите кои се во рамките на читање со разбирање.

Оттаму следува заклуокот дека сите ние како формални чинители на образовниот процес треба да
се насочиме и да вложиме напори за подобрување на нашите резултати, не само повисоко на
скалата на тестирањата во рамките на ПИРЛС, туку повисоко во компетенциите на нашите ученици
во поглед на читањето со разбирање. Вклучувајќи го нашиот професионален однос кон
предизвиците од ПИРЛС да се придвижиме кон повисоко ниво на читање со разбирање како
основна вештина потребна на секоја личност.

You might also like