Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Исторја

Прва група
1. Обіасни го создавањето на средновековните градови
- За време на нападите на варварските племиња на Римското Царство од 4-7 век , најмногу настрадале
римските градови. Голем дел од нив биле опљачкани, разурнати и опустошени, само мал дел успеале
да се одржат и да го продолжат живтот и во среднито век. Населението во градовите се занимавало
главно со земјоделство. Од 11 век започнале да никнуваат нови населби, како центри на занаетчии и
трговци. Средновековните градови настанале во периодот од 9 век како резултат на одвојувањето на
занаетчиството од селското стопанство. Со развиотокот на производството се појавил вишок на
производи, а со тоа потреба од продажба на производите. Селаните-занаетчии, почнале да ги
напуштаат селата и да се населуваат на места каде што можеле да ги продаваат своите производи и
каде постоеле поволни услови за развој на занаетчиството. Занаетчиите најчесто се населувале во
градовите што се зачувале од римскиот период, кои биле утврдени со ѕидови и им обезбедувале
сигурност во работат. Нови населби на занаетчии никнувале на места каде што минувал народ и
можеле полесно да ги продаваат нивните производи. Од таквите населби од средината на 9 век почнале
да никнуваат градови како центри на занаетчиството и трговијата.
2. Што се разбира под хуманизам и ренесанса
- Во 14 и 15 век во Италија се појавила и развивала нова световна култура, спротивна на постојаната
средновековна црковна култура. Новата култура од Италија се проширила и во околните земји, а во 16
век ја зафарила цела Западна Европа. Новата култура била наречена хуманизам и ренесанса.
Хуманистичката култура била целосно насочена кон изградување на сестрано развиен човек, способен
научно да ги објаснува природните појави. Човекот, а не Бог сзастанал во центарот на новиот поглед на
светот. Оттука потекнува името на новиот правец во културата-хуманизам (латински хуманус-човек).
Носителите на новата хуманистичка култура биле наречени хуманисти. Хуманистите ја исучувале
грчката и римската култура. Се зголемил интересот за делата на старите грчките и римски писатели , а
античките ракописи се препишувале и брзо се ширеле. Сето тоа кај современиците оставале впечаток
како да се обновува античкаѕа култура. Поради тоа, новата култура се нарекува ренесанса- преродба.
3. Наведете ги главните причини за големите географски откритија
- Со освојувањето на мала азија и балканот од страна на османлиите, ликвидирање на византиското
царство и освојување на Константинопол во 1453 година, биле прекинати сите сувоземни трговски
патишта кон источните земји. Стоката од источните земји кои доаѓала од во Европа прекупреку
арапските трговци станала многу скапа. Поради тоа, Европејците почнале да бараат нови морски
патишта кон источните земји што довело до откривање на нови земји.
4. Обасни го поводот за почеток на реформацијата, воедно одговорите кој и кога ja започнал реформациата во
Германија
- Верско, социјално, политичко и идеолошко движење кое се појавува од почетокот на 16 век, насочено
против злоупотребите на католичката црква. Ова движење ќе доведе до расцеп на Католичката црква и
до формирање на Лутерантската црква. Најголемото незадоволство проитв Католичката црква и лично
против папата било изразено во Германија. Повод за почетокот на борбата за реформа на католичката
црква било повторното продавање на индулгенции од папата Лав Х. Против продавањето на
индулгенции особено остро истапил Мартин Лутер, кој јавно го критикувал продавањето на индулгеции и
злоупотребите на римските папи. Своите забелечки и критики Лутер ги изнел во 95 тези кои ги закачил
на вратата од црквата во Витенбург 1517. Овој настан се смета за почеток на реформацијата во
Германија.
5. Во што се состои значењето на мирот во Аугзбург од 1555 година
- Со цел да се спречат повторни безредија во Германија, државниот совор во 1529 година, го потврдил
решението за забрана на Лутеровото учење. Лутеровите приврзаници јавно протестирале против таа
одлка, поради тоа тие биле наречени протестанти. Кралот Карло V за да ги уништи протестантите и да
гп врати верското единство тргнал во војна против германските кнезови. Победувал. Овој успех од
кнезот не ги плашел останатите кнезови и затоа тие му се спротивставиле, изгубил. КАрло разочаран од
неуспешната борба за уништување на реформацијата, а и поради болест се откажал од престолот, а
неговиот брат Фердинанд Хазбушки го наследил. Фердинанд немал намера да војува и затоа свикал
државен собор во 1555 година во Агзубург, каде бил склучен верски мир. Со мирот во Агзубург, на
протестантите во германија им била призната рамноправноста со Католиците.
6. Кои барања ги истакнувале француските просветители Волтер, Русо, Монтескуе..
- Тое барале ограничување на кралската власт, слобода на говорот и печатот, религиозна толеранција и
гарантирање на сопственост. Француските просветители побарале поделба на државната власт на
законодавна, извршна и судска.
Втора група
1. Што се подрзбира под поимот цехови и обіасни како функционирале
- Сите занаетчии од иста струка се обединувале во цехови- здруженија . Во градовите имало цехови на
ковачи, пекари и др. Целта на цехот била да ги штити интересите на своите членови. Ти што не биле
членови немале право да го работат занаетот во тој град или да отворат работилница. Секој цех имал
свои правила на= за работа. Цехот имал свое знаме, печат. Цехот иим помагал на своите членови и
нивните семејства, во сличај на болест или смрт на некој член на цехот. Занаетчијата кој имал право да
отвори занаетчиска работилница се викал мајстор. Работилницата му била во неговиот дом. Мајсторот
работел сам со своето семејство, а и земал на подучување ученици-чираци. Кога ќе поминело доволно
време чиракот станувал калфа и добивал плата и работел за мајсторот.
2. Објасни што отфрлиле хуманистите, кој бил главниот предмет на интерес кај нив и кон
што се насочиле нивните погледи на светот
- Во 14 и 15 век во Италија се појавила и развивала нова световна култура, спротивна на постојаната
средновековна црковна култура. Новата култура од Италија се проширила и во околните земји, а во 16
век ја зафатила цела Западна Европа. Новата култура била наречена хуманизам и ренесанса.Со
развојот на градовите се појавил слој на богати граѓани кои не биле задоволни од феудалниот поглед на
светот и од црковната култура. Новиот граѓански слој сакал да ја унапреди културата, да го направи
животот поубав и побогат за да може да ужива во него. Поради тоа, кај граѓаните се зголемил интересот
за развојот на науките кои можеле да помогнат во унапредувањето на производство и др. Такби биле
природните науки: математика, физика, хемија, биологија и др. Хуманистичката култура била целосно
насочена кон изградување на сестрано развиен човек, способен научно да ги објаснува природните
појави. Човекот, а не Бог сзастанал во центарот на новиот поглед на светот. Оттука потекнува името на
новиот правец во културата-хуманизам (латински хуманус-човек). Носителите на новата хуманистичка
култура биле наречени хуманисти.
-
3. Објасни ги последиците од големите географски откритија
- Географските откритија имале огромно влијание врз економскиот живот во европа. Пред се, дошло до
преместување на трговските патишта и центри. Средоземното Море почнало да го губи своето значење.
Главните трговски патичта биле пренесени на Атлантскиот Океан и Северното Море. Една од крупните
последини од гепграфските откритија била т.н. револуција на цените.Скапоцените метали пристигнуваке
во големи количини, каде што поради богатите наоѓалишта и експлоатацијата на робовите се
произведувале поевтино. Евтиното производство на залто и сребро предизвикало паѓање на нивната
вредност, а пораст на цените на земјоделските производи. Географските откритија ја потврдиле
теоријата дек аземјата е тркалезна. Големите географски откритика по своите последици претставуваат
значајна пресвртница во човековата историја.
4. Наброј ги причините за појавата на реформациата во Германија
- Верско, социјално, политичко и идеолошко движење кое се појавува од почетокот на 16 век, насочено
против злоупотребите на католичката црква. Ова движење ќе доведе до расцеп на Католичката црква и
до формирање на Лутерантската црква. Реформацијата била предизвикана од повеќе причини. Една од
причините е економската положба на црквата која преку разни финансиски давачки собирала големи
парични средства. Многу од црковните великодостојници, на чело со папата воделе раскошен и
скандалозен живот. Еден од начијите на збогатување што ги практикувала црквата било продавањето на
индулгенции. Најголемото незадоволство проитв Католичката црква и лично против папата било
изразено во Германија. Повод за почетокот на борбата за реформа на католичката црква било
повторното продавање на индулгенции од папата Лав Х. Против продавањето на индулгенции особено
остро истапил Мартин Лутер, кој јавно го критикувал продавањето на индулгеции и злоупотребите на
римските папи. Своите забелечки и критики Лутер ги изнел во 95 тези кои ги закачил на вратата од
црквата во Витенбург 1517. Овој настан се смета за почеток на реформацијата во Германија.
5. Објасни кој jа ширел реформацијата во Швајцарија и какви промени биле воведени
според главните претставници во оваа земја
- Во Швајцарија најистакнати претставници биле Улрих Цвингли и Жан Калвин, чие учење е познато под
името калвинизам. Цвингли барал да се отстрани се од религиозната критика што не се сретнува во
Библијата. Тој ги затворил манастирите, а нивните имоти ги дал на сиромашните и на училиштата.
Калвин наметнал строги морални норми: ги намалил забавите и тетарските претстави, им забранил на
жените да носат свилени фустани и др. Според Калвинизмот, богатите луѓе правеле добрп, а
сиромашните биле мирзливи и го навредувале Бога. Кљалвин стекнал многу приврзаници и во другите
европски земји.
6. Кој бил напознатиот претставник во XIII век на сколастиката и објасни во што се
состоат неговите научни сознанија
- Еден од најпознатите претставници на сколастиката во 9 век бил Тома Аквински. Во своите дела тој дал
систематизација на средновековниот поглед на светот. При тоа, преку размислување, уочил дека во
откривањето на вистината, покрај црквата, извесна улога игра и човековиот разум. Тоа било причина
поради која се до 19 век црквата не ги прифатила неговите дела.
Трета rpyпa
1. Што се подразбира под поимот гилди и обасни како функционирале
- Гидлите биле здруженија на трговци, кои имале за цел да ги штитат интерсите на теговците. Градските
трговци имале свои работилници во градот, а тргувале и со други градови. Во градовите често биле
одржувани панаѓури-саеми, пазари. Најпрочуени биле панаѓурите во Источна Франција во областа
Шампања. Трговците-купувачи, доаѓале на панаѓурите со различни пари. Бидејќи секоја земја и речиси
секој град имал свои монети, на трговците им биле потребни пари-сарафи. Сарафите со извесна такса,
на трговците им ги разменувале парите со монети какви што биле потребни за купопродажба. Сарафите
се претвориле во банкари. Првите банки се појавиле во Италија.
2. Како бил откриен морскиот пат за Индија
- Португалците успеале до го пронајдат морскиот пат за Индија додека Колумбо ги откривал новите земји
на запад. Славата му припаднала на морепловецот Васко де Гама. Со три брода, во 1497 година тој
тргнал по патот на Бартоломеј Дијаз, ја заобиколил Африка и во Мај 1948 година стигнал до брегот на
Индија.
3. Објасни какви мерки презела католичката црква во борбата против ширењето на реформацијата
- Реформацијата и нанела големи штети на католичката црква. За да ја врати власта, католичката
спровела реформи и презела оштри мерки против реформаторите. Таа борба на католичката црква е
наречена католичка реформција или противреформација.Папата Павле 3 во 1545 година го свикал
Концилот во италијанскиот Град Тренто. Собирот траел до 1563 годиина. Тука е прецизирана црковната
католичка доктрина: папата бил признат како единстевн раководител на католичката црква и др.
4. Bo XIV и XV век во Европа е забележан технички напредок. Наброи некои нови технички
откритија во овој период
- Новите технички пронајдоци откирени во преиодот од 14-15 век биле компасот, географската карта,
астролабот, огненото оружје кои многу придонеле за развојот на морепловството и трговијата.
5. Што се подразбира под поимот сколастика
- Универзалната наука што била под контрола на црквата е позната под името Сколастика. Учениците
биле воспитувани дека апсолутната вистина ја кажува црквата и размислувања. Тие биле способни да
водат долги и бесцелни полемики околу некое религиозно прашање.
6. Како била организирана Лутеровата црква и наведи кои промени ги вовел Мартин Лутер.
- Лутер ја променил католичката црква. Тој ги поедноставил црковните церемонии, ги укинал раскошните
црковни обреди, иконите биле отстранети. Тој ги задржал само крштевањето , исповедувањето и
причеста. Така организираната црква била наречена според него Лутерантска или Протестантска Црква.
Четврта група
1. Кои биле назначанните претставници на историографијата во периодот на хуманизмот и ренесансата?
- Во историографијата претставник на хуманизмот во Италија е Николо Макијавели, кој во делото
„Кнезот“. Во Холандија Еразмус Ротердамски со делата „Пофалба на лудосра“ и „Пофалба на глупоста“.
Во Англија Томас Мор со делото „Утопија“. И претставник на утопскиот социјализам во Италија Томазо
Кампанела со делото „Градот на сонцето“.
2. Кои биле Језуитите и обасни ги нивните цели
- Важна улога во контрареформацијата на католичката црква одиграле монашките редови, особено
„Исусов ред“, односно Језуитите. Монашкиот ред на Језуитите познат како „Друштво на Исус“- исусовци,
бил основан во 1534 година од шпанскиот благородникк Игнацио Лојола, со цел да се бори за јакнење на
католичкото христијанство. Језуитите биле учени луѓе, работеле како професори во универзитетите и
отварале свои училишта. Во одбрана на интересите на католичката црква тие не бирале средства, си
дозволувале секаков грев, се служеле со лаги, убиства итн. Центри на језуитската дејност биле Шпанија
и Австрија.
3. Што се подрзабира под поимот цехови и обіасни како функционирале
- Сите занаетчии од иста струка се обединувале во цехови- здруженија . Во градовите имало цехови на
ковачи, пекари и др. Целта на цехот била да ги штити интересите на своите членови. Ти што не биле
членови немале право да го работат занаетот во тој град или да отворат работилница. Секој цех имал
свои правила на= за работа. Цехот имал свое знаме, печат. Цехот иим помагал на своите членови и
нивните семејства, во сличај на болест или смрт на некој член на цехот. Занаетчијата кој имал право да
отвори занаетчиска работилница се викал мајстор. Работилницата му била во неговиот дом. Мајсторот
работел сам со своето семејство, а и земал на подучување ученици-чираци. Кога ќе поминело доволно
време чиракот станувал калфа и добивал плата и работел за мајсторот.
4. Обасни ги последиците од географските откритија
- Географските откритија имале огромно влијание врз економскиот живот во европа. Пред се, дошло до
преместување на трговските патишта и центри. Средоземното Море почнало да го губи своето значење.
Главните трговски патичта биле пренесени на Атлантскиот Океан и Северното Море. Една од крупните
последини од гепграфските откритија била т.н. револуција на цените.Скапоцените метали пристигнуваке
во големи количини, каде што поради богатите наоѓалишта и експлоатацијата на робовите се
произведувале поевтино. Евтиното производство на залто и сребро предизвикало паѓање на нивната
вредност, а пораст на цените на земјоделските производи. Географските откритија ја потврдиле
теоријата дек аземјата е тркалезна. Големите географски откритика по своите последици претставуваат
значајна пресвртница во човековата историја.
5. Што се подразбира под поимот „95 тези,
- Најголемото незадоволство проитв Католичката црква и лично против папата било изразено во
Германија. Повод за почетокот на борбата за реформа на католичката црква било повторното
продавање на индулгенции од папата Лав Х. Против продавањето на индулгенции особено остро
истапил Мартин Лутер, кој јавно го критикувал продавањето на индулгеции и злоупотребите на римските
папи. Своите забелечки и критики Лутер ги изнел во 95 тези кои ги закачил на вратата од црквата во
Витенбург 1517. Овој настан се смета за почеток на реформацијата во Германија.
6. Во што се состои значењето на вестфалскиот мировен договор од 1643 година!
- Најголемата верска војна во вропа избила во 1618 меѓу Протестантите и Католиците и била позната
како триесетгодишната војна. Траела од 1618-1648. Поголем дел од војната се водела на територија на
Германија и Чешка Војната се водела меѓу Протестантскиот сојуз (Шведска, Франција, и др.) и
Католичката лига (Шпанија, Аврстрија, и др.). Војната придонела појава на голем глад и болести помеѓу
населението и намалување на населението на Германија, Италија итн. Оваа војна завршила со
потпишување на Вестфалски договор во 1648 , но без победник. Со овој мир се признава слобода на
верата на Лутеранците и на Калвинистите. Германија била поделена на повеќе државички.
Вестфалскиот договор го спречил обединувањето на Германија во национална држава. Со овој договор
е создаден систем на независни нации-држави. Војните веќе не се водат од верски причини туку од
интересите на државите.

You might also like