Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Мотивирање на вработени

Мотивација|Рани теории|Современи теории


 Мотивирање – процес преку кој на напорите на едно лице им се додава енергија,
се насочуваат и се одржуваат кон постигнување на една одредена цел.
-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
 Хиерархија на потреби – теорија на Maslow според која човековите потреби како
физиолошки, сигурносни, социјални, за почит, за себе остварување обликуваат
вид на хиерархија;
 Теорија X и Y - теорија на McGrergor со две претпоставки(X и Y):
-Претпоставка X - вработените не сакаат да работат, се мрзливи, избегнуваат
одговорност и мора да се присилуваат да работат;
-Претпоставка Y - вработените се креативни, уживаат во работата, бараат
одговорност и можат сами да се насочуваат;
 Теорија на два фактори – теорија на Herzberg која тврди дека суштинските
фактори се поврзани со задоволство од работата и мотивираност, додека
несуштинските фактори се поврзани со незадоволство од работата;
-Хигиенски фактори – фактори кои го елиминираат незадоволството од
работата, но не мотивираат;
-Мотиватори – фактори кои ги зголемуваат задоволството од работата и
мотивацијата;
 Теорија на три потреби – теорија за мотивација која ги поставува трите стекнати
потреби како главни мотиватори на работа:
-Потреба за достигнување - желба да се успее и да се стане извонреден во
однос на некои стандарди;
-Потреба за моќ - потреба да се влијае врз другите да се однесуваат на начин на
кој не би се однесувале;
-Потреба за здружување - желба за пријателски и блиски меѓучовечки односи;
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
-
 Теорија на поставување цели - тврди дека специфичните цели ги подобруваат
перформансите и дека тешките цели, откако ќе се прифатат, се со повисоки
перформанси отколку лесните цели;
 Теорија на засилување - теорија која тврди дека однесувањето е функција од
неговите последици.
 Дизајн на мотивирачки работни места - начин на кој се комбинираат задачите за
да формираат комплетна работа.
 Теорија на праведност – теорија каде што вработениот го споредува својот
коефициент на влез-резултат со оној на релевантни поединци и потоа ја коригира
неправедноста
 Теорија на очекувања – теорија според која поединецот се стреми да се однесува
на одреден начин, што се базира на очекувањето дека дејството ќе биде проследено
со даден резултат и врз привлечноста на тој резултат за поединецот.
Современи проблеми на мотивацијата
 Тешки економски состојби – Економската рецесија во последните години е тешка
за многу организации. Отпуштања, скратени буџети, минимално или отсуство од
покачување, кратење на бенефиции, исклучување на бонуси, продолжени часови за
завршување на работата е реалноста со која многу вработени се соочуваат;

16 Тема
 Крос-културни предизвици - Голем дел од современите теории за мотивација се
развиени во САД од американци и за американци. Менаџерите не смее автоматски
да прифатат дека мотивациските програми кои функционираат на една географска
локација е функционираат и на другите;
 Разновидна работна сила - Компримирана работна недела (повеќе работни
часови на ден, но помалку денови), флексибилно работно време, споделување на
работата (двајца или повеќе луѓе делат едно работно место со полно работно
време), работа од дома (вработените работат од дома користејќи компјутери);
 Мотивирање на професионалци – Професионалците имаат силна и долгорочна
посветеност на нивното поле на експертиза, лојалноста е кон нивната професија, не
кон работодавачот, имаат потреба редовно да го обновуваат своето знаење, не го
дефинираат своето работно време како 9-5.;
 Мотивирање на контингентни вработени – Можност да станат редовни
вработени, можност за обуки, праведни компензации и бенефиции;
 Мотивирање на вработени со ниско ниво на вештини и вработени со минимални
плати: Програми за признанија за вработените – Обезбедување искрена пофалба;

Програми за наградување
 Open-book mеnagment – пристап во мотивацијата каде што финансиските
извештаи се споделуваат со сите вработени.
 Признанија на вработените – програми базирани на лично внимание и
изразување на интерес, одобрување и благодарност за добро завршена работа.
 Pay-for-performance – варијабилни планови за компензација според кои
вработените се платени врз основа на мерење на некои нивни перформанси.

16 Тема

You might also like