Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Овој дом е против користењето на социјалните мрежи како

примарен извор на информации

Дефиниции од тезата:
Против користење-спротивно од употребата односно нешто да не биде
користено.
Социјални мрежи-секоја форма на електорнска комуникација која им овозможува
на корисниците да споделуваат идеи, содржина, информации и пораки може да се
опише како социјални медиуми. Достапни се многу различни платформи, а меѓу
кои најпознати се фејсбук и твитер.
Примарен извор-извор кој е најблиску до оригиналниот настан, истражување или
искуство.
Информации-под информација го подразбираме само она сознание кое го менува
значењето на приемачот, односно сознанието кое дава ново значење, различно од
претходното.
Дополнителни дефиниции:
Медиуми-Сите видови средства за масовна комуникација (интернет,
радиодифузни медиуми, печат).
Медиумската писменост-пристап кон образованието од 21 век. Медиумската
писменост дава рамка за пристап, анализа, оценување, креирање и учество со
пораки во различни форми – од печатени пораки, преку видеоматеријали, па сѐ до
интернет. Со медиумската писменост подобро се разбира улогата на медиумите во
општеството, но и основните вештини за испитување и самоизразување што им се
неопходни на граѓаните што живеат во демократија.
Погрешни информации (мисинформации)-Неточни информации или
информации што настанале како резултат на ненамерна грешка или незнаење
Дезинформации-Информации што се лажни и се создадени намерно за да ја
доведат во заблуда јавноста во однос на одредена личност, социјална група,
организација или земја
Традиционални медиуми-под традиционални медиуми се подразбираат радио,
телевизија, весници, билборди, списанија итн. Тие се основани пред социјалните
медиуми.
Модерен тип на медиуми или мас медиуми-оној дел од медиумите кои допираат
до многу голема публика.
Медиумско новинарство или мултимедијално новинарство-практика на
современото новинарство кое дистрибуира вести преку повеќе медиумски
платформи.
Граѓанско новинарство-непрофесионално новинарство-е одржување и
создавање врски меѓу новинарите и заедницата, меѓу новинарство и граѓанство.
Echo chamber-ситуација во која луѓето слушаат само мислења од еден тип или
мислења кои се слични на нивните.

You might also like