Professional Documents
Culture Documents
Женските ликови во делата на романтичарите
Женските ликови во делата на романтичарите
Во секое романтичарско дело, женските ликови играат голема улога. Тие имаат различни
карактеристики и атрибути, но и многу сличности. Преку овие дела добиваме слика за положбата
во општеството на жените во тоа време во споредба со денес.
Еден од главните ликови во ,,Страданијата на младиот Вертер" е Лота. Гете овој лик го
базира на Шарлота, негова пријателка од реалниот живот во која бил длабоко занесен. Во делото,
Лота е опишана како прекрасна и ангелска. Вертер неа ја сметал за совршената жена. Таа е
грижлива личност бидејќи откако ќе почине нејзината мајка, таа ќе ја превземе улогата на
мајчинство на своите браќа и сестри. Исто така ја посетува и г-ѓа М. на смртната постела.
Снаодлива е поради тоа што успева да одржи врска со Алберт, а истовремено да поминува време
и со Вертер. Откако ќе дознае за чувствата на Вертер спрема нејзе, таа е збунета и го информира
Вертер дека не смее да се надева на нејзината љубов и нивното пријателство се распаѓа. Ленора е
женскиот лик во поемата ,,Гавранот" на Едгар Алан По. Таа е опишана како жена со исклучителна
убавина. Претставена е како личност која не направила никакво зло и била совршена. Поетот е
опседнат со неа, тој секогаш ја споменува и размислува на неа. Но не знаеме многу за неа. Не
можеме да дознаеме како изгледа и која е таа за нараторот. Таа претставува идеја, спомен, но не и
вистински лик. Во ,,Клетници" еден од најважните ликови е Козета. Фантина, нејзината мајка, ја
остава кај семејството Тенардиеви на многу мала возраст со цел да оди да заработи пари.
Тенардиеви наместо да се грижат за неа, ја користат како слугинка. Козета е интелегентна и
вредна. На возраст од пет години, таа мора да ги извршува сите напорни работи во куќата. Ваквото
несреќно детство остава трага на нејзиниот карактер и став према другите. Сепак, таа не ја губи
надежта на слобода. Нејзините соништа се оствариле кога Жан Валжан ја откупил и ја спасил.
Покрај лошите искуства од минатото, таа ќе прерасне во убава девојка. Се заљубува во Мариус
Понмерси и подоцна се мажи за него.