Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Цар Самоил 

или цар Самуил e  основоположник на македонското средновековно царство.


Владеел на преминот од X кон XI век формирајќи пространо царство на територијата
на Балканскиот Полуостров.

Се истакнува како вешт војсководец, немирен дух и тиранин. Во житијата го опишуваат


како непобедлив.

Во 969 година заедно со своите браќа учествува во востанието против бугарската власт.
Во 973 година бил во дипломатска мисија во Кведлихбургер, кај германскиот цар Отон.
После 976 година, учествувал во востанието против византиската власт.

Успеал да собере голема војска и да изгради борбена тактика со која можел да води
успешни војни против Византија. Стратегијата се сведувала на брз и ненадеен напад.
Самуил и неговите војсководци го пуштале противникот да мине низ тесните долини, а на
враќање во зседа го сочекувале и уништувале. Ваквата стратегија овозможила
македонската војска долго да и се спротиставува на Византија.

Самуил бил безмилосен и решен да ја превземе власта, како и многу пати во македонската
историја. Тој се пресметал со сите соперници и станал единствен владетел (монарх) на
целата држава.

По сите овие големи територијални освојувања кон крајот на X век од Рим на Самоил му
била дадена согласност за царска круна. Крунисувањето за цар било извршено за
свеченост во присуство на Преспанскиот патријарх и преставниците на Папата Григориј и
Силвестер, кон крајот на X и почетокот на XI век во царската престолнина Преспа.
Круната на македонскиот цар била направена од злато и била украсена со скапоцени
камења и бисери. Македонската престолнина и патријаршкиот престол, од Преспа биле
преместени во Охрид.

По крунисувањето на Самоил за цар, Македонското царство прераснало во најмоќна


држава на Балканот, која била силен противник на Византија. Во границите на
Македонското Царство влегувале: цела Македонија без Солун и Сер, Тесалија, цела
Албанија, Зета, Тавинија, Захумје, Босна, Србија, Срем и цела Бугарија.

Умрел на 6 октомври 1014 година, на 70-годишна возраст, во својата престолнина на


островот Преспа. Бил погребан во соборната цркава во Ахил.

You might also like