Professional Documents
Culture Documents
4 Станари
4 Станари
Ана
Неда
Јас и брат ми живееме во една куќа на вториот кат. Имаме две спални, дневна
соба со мала кујна и бања. Во кујната има мал шпорет и неколку шољи, чаши,
лажици и виљушки. Не можеме да готвиме, па мајка ми секоја недела ни носи
нешто. Кујната ја користиме само за кафе и за чај. Газдарицата живее на
долниот кат и често нè контролира. Мораме постојано да чистиме и да го
фрламе ѓубрето. Не смееме да се враќаме доцна и ако гледаме телевизија по
12:00 часот навечер или слушаме гласна музика доаѓа и се кара со нас. Еднаш
имавме гости подоцна и таа беше многу лута.
Горан
Изнајмувам една соба во стан кај една постара жена. Собата не е многу добра,
мебелот е стар, работната маса е многу мала и немам полици за книгите, но
пријатно е. Жената се грижи за мене како за свој син, ми готви и не ме
контролира, но собата ја чистам сам. Не е проблем во секое време да ја
користам бањата, но морам да ја чистам потоа. Седам навечер до колку сакам,
но не ѝ се допаѓа кога ми доаѓаат многу пријатели.