Стеван Гајдов и Кирил Македонски

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 5

Историја на музика

Тема: Стеван Гајдов и Кирил Македонски

Изработил:
Стефан Јовановски

БИТОЛА, 2023 г.
Стеван Гајдов

Роден е во 1905 година во Велес. Тој е првиот македонски образован


музичар. Историјата на македонската музика досега на своите страници забележала
неколу исклучителни личности, чија творечка инвенција и делување претставуваат
вистински стожер на македонската музичка култура, а меѓу нив е и Стефан Гајдов.
Денеска, со задоволство констатираме дека во личноста на Стефан Гајдов се
содржат почетоците, развојот и високите дострели на македонската музичка
култура, благодарение на неговата многуслојна музичка наобразба која го
презентирала во хрватската и македонската средина како музички педагог,
професор, учебникар, диригент, композитор и како еден од најуспешните
раководители на неколку музички институции. Најстарото музичко училиште во
Македоинија е во Велес и го носи неговото име.

Живот
Пораснал во скромно занаетчиско семејство во кое мајка му, Евгенија,
познатата песнопојка, го создавала благопријатниот амбиент во кој неговата
природна дарба се среќавала со творечките изблици на народниот музички гениј, а
татко му му’ овозможувал да се сретне со звукот на повеќе народни инструменти.
Оттаму не зачудува фактот што од најрана младост покажал љубов кон музиката
преточена преку неговиот интерес за хорското пеење и народните инструменти. Од
сите нив, – најмногу го привлекувала мандолината на која набрзо и научил да свири.
Првите познавања за музиката ги добил уште на деветгодишна возраст од
музичарот Илија Настов, кај кого се запишува во Велешката гимназија. Набрзо
Настов заминува во Учителската школа во Скопје, а водењето на хорот и оркестарот
му го препушта на најмузикалниот ученик – Стеван Гајдов. Знаењата ги надградил
во Велешката гимназија кај познатиот професор и раководител на хорови Стеван
Шијачки. Токму тој му овозможил совладување на основната музичка писменост. Во
1922 година со неколку млади вљубеници во музиката, меѓу кои и Живко Фирфов,
го формирале оркестарот што го нарекле „Гром“. Набрзо оркестарот престанал да
работи, а Гајдов преминал во КУД „Горски“ каде што ги подучувал членовите до
август 1926 година. Меѓу членовите на друштвото бил и Кочо Рацин. Следниот чекор
во неговото музичко образование било решението, поттикнато и од фактот што веќе
не можел да обезбеди средства за елементарна егзистенција, да замине во Белград
и станува прв Македонец што го завршува наставно-теорискиот оддел при
Музичката школа. Во тие три години колку што трае школувањето негови
професори се Јосип Славенски, Коста Манојловиќ, Милое Милоевиќ, Миховил Логар.
Уште за време на школувањето во Белград се чувствува неговиот творечки
афинитет кон хорската музика. Неговите творби создадени во ова време веднаш
биле прифатени, особено од напредната македонска и општојугословенска
младина, а во нив се потцртува конкретното постоење на специфичниот македонски
национален и културен бит. По завршувањето, се вратил во Велес и станува
професор на Велешката гимназија. Само една година подоцна, во 1930 година – го
формира хорот „Јека се Вардара“ на чиј репертоар става многу македонски, меѓу
кои и свои композиции. Револтот што го предизвикал кај тогашните власти
придонело тој да биде преместен во Хрватска (јануари 1932), во градот Вуковар.
Како што вели самиот, таму поминал „десет прекрасни години во мир и спокојство“.
Во фабриката „Бата“ со големи почести бил повикан да го води хорот, со кој подоцна
ја прославил фабриката и се прославил и себеси. Со тие стотина хористи, главно
чиновници и работници во хорот „Радиша“ изведувал дел од потешкиот хорски
репертоар, на многу концерти во поширокиот регион. Во 1940 година со тој хор
победил на смотрите на десетината такви хорови (од Белград, Загреб, Љубљана,
Нови Сад) од тогашна предвоена Југославија. „Вуковарскиот“ период е особено
значаен во творештвото на Стеван Гајдов. Од печат излегле повеќе дела за мешан,
детски, женски хор и композиции за глас и пијано во чија основа се наоѓала
македонската народна песна.

Творештво
Своето творештво го базирал врз македонскиот фолклор, но за разлика на
некои други композитори тој обработува поединечни народни песни во форма на
хорски минијатури, а одбегнува да пишува ракатки и рапсодии. Напишал 3
оркестарски дела, 67 хорски дела, 9 камерни дела, 18 вокално-инструментални
дела, 8 песни за деца, 10 солистички дела, 11 соло песни. Во 1934 го пишува својот
познат гудачки квартет во c-moll во два става. Во првиот став ја користи народната
песна Гора и јунак, а во втората став Билјана платно белеше. Послем 10 години
пишува кончертино за гудачки оркестар кој има посовремен музички израз. Гајдов
претежно е хорски композитор кои свооите обработски ги пишува за мешан хор како
и за класа пиано. Од сите негови композиции за мешан хор најголема уметничка
вредност има делото Копачите од текст на Кочо Рацин. Во оваа композиција по
барање на текстот тој не користи фолклор. За машки хор познати се: Мамо главата
ме боли и Дојди ми Доне. Од инструменталните композиции позначајни се 3
инвенции, прелудиум и фуга за пиано.
Кирил Македонски

Кирил Македонски (Битола, 19 јануари 1925 - Скопје, 2 јуни 1984) —


македонски композитор, автор на првата македонска национална опера „Гоце“, која
својата премиера ја доживеала во Скопје, во 1954 година. Покрај камерни творби,
тој пишувал музика и за радиодрами и за театарски пиеси, потоа за краткометражни
филмови, како и за играниот филм „Македонска крвава свадба“. Се категоризира во
втората генерација македонски повоени композитори.

Живот
Кирил Македонски своето основно образование го завршил во Битола,
средното образование го продолжил во Битола и во Скопје, а матурирал во 1946
година. Студирал во музичките академии во Загреб, Сараево и Љубљана, на отсекот
за композиции и диригирање. Во 1970 година, како стипендист на полската влада
престојувал шест месеци во Варшава. Потоа, во текот на 1974 година, тој се
усовршувал и на Меѓународниот институт за современа музика во Дармштат,
Западна Германија. Учествувал на меѓународниот конгрес за нова музичка нотација
во Ган, Белгија во 1974 година. Со свои стручни и научни трудови учествувал на
повеќе симпозиуми и конгреси. Неговите композиции се изведувани во Македонија
и во повеќе други земји, како: (Западна Германија, Источна Германија, Франција,
Советскиот Сојуз, Полска, Романија, Бугарија
Холандија, Данска, САД, Куба, Аргентина и др).
На Педагошката академија „Климент Охридски“ во Скопје работел како
професор од 1973 година, каде што на групата за музичко воспитување ги предавал
предметите хармонија и интонација.

Творештво
Покрај операта „Гоце“, Кирил Македонски е автор на уште две други опери
со историска тематика: „Цар Самуил“ од 1966 година и „Илинден“ од 1972 година.
Покрај оперите, Кирил Македонски напишал и пет симфонии, 20 свечени песни-
химни, камерни дела, соло-песни, а балетот „Делфина“ и ораториумот „Кирил и
Методиј“ никогаш не биле изведувани.
Инаку, Кирил Македонски творел во мошне неповолни услови: операта
„Гоце“ ја напишал со помош на позајмен клавир од Радио Битола, додека операта
„Цар Самуил“ ја напишал според слухот, понекогаш без никаков инструмент.
Првично, операта „Илинден“ требало да се вика „Даме“ и таа била замислена како
противтежа на операта „Гоце“, но со текот на времето, името „Даме“ се изгубило.
На почетокот, операта „Цар Самуил“ не можела да се изведува во Македонија, така
што познатиот оперски пејач Борис Христов му предложил на Кирил Македонски да
ја постави во Рим, под услов да биде наведено дека Самуил е бугарски цар, но Кирил
Македонски не го прифатл тоа. Подоцна, оваа опера доживеала 50 изведби во
Македонија.
Кирил Македонски е носител на меѓународното признание „Диплома за
музикотерапија“, издадено од Меѓународниот биографски институт од Кембриџ,
Англија. Исто така, во публикацијата на УНЕСКО, национална комисија за Белгија,
тој е забележан како работник во областа на музикотерапијата во светот. На 15 мај
2015 година, во Битола, бил одржан свечен концерт по повод
деведесетгодишнината од раѓањето на Кирил Македонски и шеесетгодишнината од
неговото творештво.

Заклучок
Овие два композитори се многу значајни за македонското музичко
творештво, бидејки твореле за македонската историја и фолклор. Многу
направиле за македонската воклана музика и ја представиле надвор од границите
на македонската држава.

Користена литература
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%B5%D1%84%D0%B0%D0%B
D_%D0%93%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B2
https://sokom.mk/mk/%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%84%D0%B0%D0%BD-
%D0%B3%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B2/
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9A%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BB_%D0%
9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0
%B8h
https://sokom.mk/mk/%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BB-
%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%B
A%D0%B8/

You might also like