Формулар За Пополнување На Лични Податоци За Исполнување На Права По Основ На Сопственост На Акции Finalna

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ФАРМАЦЕВТСКА ХЕМИСКА КОЗМЕТИЧКА ИНДУСТРИЈА

ФОРМУЛАР ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ


ЗА ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ПРАВАТА ПО ОСНОВ НА СОПСТВЕНОСТ НА АКЦИИ

Име и презиме ___________________________________________________________

Адреса на живеење _______________________________________________________________

ЕМБГ _______________________________________________________________

Банка депонент _______________________________________________________________

Број на трансакциска сметка __________________________________________________________________

Ве молам да ме контактирате на1:

☐ Телефонски број (повик или СМС) __________________________________________________

☐ Електронска адреса (е-маил) __________________________________________________

Со потпишување на овој формулар:

 потврдувам дека сум запознаен/а дека Алкалоид АД Скопје ги обработува моите лични податоци
внесени во овој формулар, заради исполнување на законска обврска за исполнување на моите права по
основ на сопственост на акции
 ги прифаќам Правилата и условите за обработка на личните податоци (прикажани на задната страна).

Место и датум

Акционер,

________________________

1
Во зависност од тоа на кој начин сакате да Ве контактираме, соодветно означете ги полињата и внесете ги потребните
податоци.
адреса: контакт:
АЛКАЛОИД АД Скопје, бул. Александар Македонски 12, www.alkaloid.com.mk; alkaloid@alkaloid.com.mk ЕДБ: 4030946257762
1000 Скопје, Република Северна Македонија тел: +389 2 3104 000; факс: +389 2 3104 014 ЕМБС: 4053575
АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО ФАРМАЦЕВТСКА ХЕМИСКА КОЗМЕТИЧКА ИНДУСТРИЈА

Правила и услови за обработка на личните податоци

Кој ги обработува Вашите лични податоци?


 Друштвото АЛКАЛОИД АД Скопје, со седиште на бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република
Северна Македонија, ЕМБС 4053575, во својство на контролор на личните податоци
 Секое останато друштво од Република Северна Македонија ангажирано од страна на АЛКАЛОИД АД Скопје во
својство на обработувач на лични податоци, и/или
 Секоја јавна институција на која АЛКАЛОИД АД Скопје е обврзан да и ги достави Вашите лични податоци, по
основ на договор или по основ на обврска која произлегува од важечките прописи

За која цел се врши обработка на Вашите лични податоци?


АЛКАЛОИД АД Скопје ги обработува Вашите лични податоци: име и презиме, адреса на живеење, ЕМБГ, банка
депонент и број на трансакциска сметка, како и податоци за контакт (телефонски број и/или електронска адреса), со цел
исполнување на Вашите права по основ на сопственост на хартии од вредност - акции во АЛКАЛОИД АД Скопје.

Која е правната основа за обработка на Вашите лични податоци?


Обработката на Вашите лични податоци од страна на Комисијата за хартии од вредност е законска обврска, а во
согласност со Законот за хартии од вредност.
Со цел исполнување на Вашите права по основ на сопственост на хартии од вредност – акции во АЛКАЛОИД АД
Скопје, АЛКАЛОИД АД Скопје врши обработка на Вашите лични податоци, при што правна основа за обработката на
Вашите лични податоци е Законот за трговските друштва.

Како се заштитени Вашите лични податоци?


АЛКАЛОИД АД Скопје ги обработува Вашите лични податоци во согласност со одредбите на Законот за заштита на
лични податоци и другите соодветни позитивни законски прописи.
Секое лице кое има пристап до Вашите лични податоци, без разлика дали е овластено вработено лице во АЛКАЛОИД
АД Скопје, и/или е вработено лице во друштво ангажирано од страна на АЛКАЛОИД АД Скопје, е обврзано да ја
заштитува тајноста на податоците. Само лицата кои се овластени од страна на АЛКАЛОИД АД Скопје имаат право да
пристапат до Вашите лични податоци, до степен потребен за извршување на работите во нивна надлежност, со примена
на најсовремени технички и организациски мерки за заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на податоците.

Во кој рок се чуваат Вашите лични податоци


Вашите лични податоци ќе се обработуваат и чуваат, се додека постои законска основа за обработка на Вашите лични
податоци како сопственик на акции.

Кои се Вашите права?


Ве информираме дека имате право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката, како и право на
приговор. Овие Ваши права произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.
Барањата за остварување на Вашите права, можете да ги упатите на:
 електронска адреса на офицерот за заштита на лични податоци на АЛКАЛОИД АД Скопје,
dpo@alkaloid.com.mk
или
 поштенска адреса АЛКАЛОИД АД Скопје, бул. Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Северна
Македонија - Oфицер за заштита на лични податоци.
Доколку имате прашања во врска со обработката на Вашите лични податоци, можете да се обратите и на телефонски број
на офицерот за заштита на лични податоци: +389 2 3104 000.

Воедно за сите прашања поврзани со акционерство може да контактирате со АЛКАЛОИД АД Скопје писмено на
следниов e-mail: valentinav@alkaloid.com.mk или на телефон: +389 2 3104 252.

Доколку сметате дека со обработката на Вашите лични податоци се прекршени одредбите на Законот за заштита на
личните податоци, имате право да поднесете барање пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен
орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на
територијата на Република Северна Македонија.
адреса: контакт:
АЛКАЛОИД АД Скопје, бул. Александар Македонски 12, www.alkaloid.com.mk; alkaloid@alkaloid.com.mk ЕДБ: 4030946257762
1000 Скопје, Република Северна Македонија тел: +389 2 3104 000; факс: +389 2 3104 014 ЕМБС: 4053575

You might also like