Professional Documents
Culture Documents
3.Поделба на масажа
3.Поделба на масажа
3.Поделба на масажа
Лекција 3
ПОДЕЛБА НА МАСАЖАТА
Постојат повеќе поделби на масажата.
Во зависност од средствата со кои се спроведува масажата, таа се дели на:
• мануелна масажа, која се состои од примена на механичка сила преку
рацете на масерот со специјални движења, фатови и меѓуфатови;
• подводна масажа, која претставува примена на воден млаз под при-
тисок во вода и се изведува во специјални кади;
• вибрациона масажа, кај која се масираат одредени делови од телото со
вибрации кои потекнуваат од електрични апарати - електромасажери;
• масажа со комбиниран притисок, која се изведува со специјални апа-
рати во кои се создава потпритисок и натпритисок во одредени ин-
тервали (васкулатори);
• пневмомасажа, која претставува начин на изведување масажа со
специјални уреди кои исфрлаат воздух под контролиран притисок, но исто
така и вендузи со чаша;
• ултразвучна,инфразвучна масажа, која настанува со примена на
ултразвук,инфразвук со специјални апарати;
• криомасажа, која претставува еден од начините на апликација на мраз и
студено во тераписки цели.
Според техниката на масажа т.е според фатовите(зафатите) и
меѓузафатите кои се применуваат при мануелна масажа разликуваме:
Масажа со мазнење
Масажа со триење
Масажа со гмечење
Масажа со тропкање
Масажа со вибрации
1
1.Медицинска масажа, се применува во лекување на различни
заболувања и повреди и може да биде класична и рефлексна.
Фатовите во класичната и рефлексната масажа се идентични, но постои
разлика во крајниот резултат кој се добива со масажата, како и со
начинот на дејствување врз организмот.
Класичната масажа најмногу дејствува на местата на непосредната
примена, додека рефлексната масажа дејствува далеку од местото на
примена.
Класичната масажа дејствува на крвните садови, кожата и мускулното
ткиво, додека рефлексната масажа дејствува и на внатрешните органи.
Мануелна лимфна дренажа претставува метода на избор во лекување на
лимфедем кој се јавува поради опструкција на лимфниот систем.
Рефлексна масажа
- масажа на нервни точки и масажа на рефлексните зони се применува
кај бројни нарушувања на организмот. Се масираат точки кои се болни на
притисок.
Хед покажал дека извесни зони т.н. Хедови зони се поосетливи и
поболни. Тие се наоѓаат на кожата на главата, лицето, трупот и
екстремитетите, а одговараат на некои внатрешни органи. Со примена на
масажа или на некоја друга физикална процедура во предел на Хедовите
зони доаѓа до извесно ублажување или подобрување на потешкотиите.
2
Масажата се состои во ритмички притискања со јагодиците од средниот
прст потпомогнат со показалецот на одредена точка. Главна цел е
рефлексно влијание на внатрешниот орган.
-Aкупресура е стара кинеска техника. Се состои во притисок со прст на
избраните стандардни т.н. акуточки, преку кои се постигнува нивна
стимулација или инхибиција. Таа е замена за акупунктура, при која
наместо игли за стимулација или инхибиција на одбраните точки се
користат јагодиците од прстите.
Исто така, сите делови од телото се проектираат и на ушната школка, но на
неа се применува само акупунктура.
- Шијацу масажа, која се развила во Јапонија, основните фатови се
притискање и истегање, најчесто со прсти. Дејството е рефлексно и преку
акупунктурните точки.
2.Спортска масажа, се применува за зголемување на функционалните
способности на спортистите и намалување на заморот.
3.Козметичка масажа, се применува за негување на телото и за
зголемување на општата здравствена состојба.