Мојата држава и економијата во неа

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Мојата држава и економијата во неа

Нашата држава претставува организација со моќ да ги уредува општествените


односи и таа е политичка организација. Таа моментално е демократска држава со
Устав и има три независни власти и тоа законодавна власт (парламент), извршна
власт (влада) и судска власт (врховен и други судови). Нашата држава е република
односно власта е избрана од претставници на народот. Ние имаме слобода на
говор, почитување на човечките права и законот. Меѓутоа, не било секогаш така.
Поради појавата на многу војни и желбата за поседување на што поголема
територија Македонија во минатото се нарекувала СФРЈ и таа била во кооперација
со некои од соседните земји. Кога некои земји се во соработка, тоа значи дека тие
имаат некоја заедничка цел. По долго време, конечно во 1991 нашата држава
станала независна, парламентарна република каде што извршна власт има
претседателот со мандат од 5 години и Владата која е избрана од страна на
Собранието која има законодавна власт и го сочинуваат 120 пратеници. Што се
однесува до економијата, економскиот развој е процес со кој се зголемува
производството во државата. Има неколку начини како економски да ја зајакнеме
нашата држава, почнувајќи од напорите за штедење преку намалување на цената
на некој производ или со зголемување на приносот на ресурси. Како што знаеме
нашата држава има слаба економија што се должи и до населението, бидејќи
најпрво тоа обезбедува труд и претприемништво како важен фактор за развиток на
економијата. Од друга страна, повисоката стапка на раст на населението ја
зголемува побарувачката за стоки што доведува до зголемување на потребите за
потрошувачка и поголем проблем со невработеноста. Уште една причина за
лошата економска состојба е достапноста на природни ресурси и нивното
правилно искористување, бидејќи самото поседување на одредени природни
ресурси не може да одреди добар економски развој ако не знаеме да ги
употребиме и усовршиме.
Во последните години, економското планирање игра важна улога во забрзувањето
на економијата, не само во нашата, туку и во многу повеќе земји. Економскиот
развој се смета за важна стратегија за изградба на различни општествени и
економски институции и организации заедно со развојот на земјоделскиот,
индустрискиот и услужниот сектор на рамномерен начин.

You might also like