Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 15

СУГС ,,ГИМНАЗИЈА ЈОСИП БРОЗ ТИТО”- СКОПЈЕ

ДРЖАВНА МАТУРА

ИНТЕРЕН ИСПИТ ПО ИСТОРИЈА

Време за решавање 150 минути

2022-2023 година
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ
ПАРАРЕЛКА
ОЦЕНА

УПАТСТВО ЗА КАНДИДАТОТ
Внимателно прочитај го упатството.
Тестот содржи задачи.
На задачите се одговара на еден од следните начини: - со заокружување на буквата пред
точниот одговор; - со пишување кус одговор на соодветното место; - со пишување текст
во просторот што е предвиден за тоа; - со поврзување. Внимавај на јазикот и на
правописот во одговорите.
Пишувај читливо. Нечитливите одговори се вреднуваат со нула (0) поени.
Во тестот пишувај исклучиво со пенкало кое пишува сино или црно. Ако погрешиш,
напишаното прецртај го. Одговорите на задачите напишани со молив се вреднуваат со
нула (0) поени. Препишувањето е најстрого забрането. Сите идентични или слични
текстови, како и текстовите испишани со различни ракописи се вреднуваат со нула (0)
поени. Покрај секоја задача е даден бројот на поените за точниот одговор.
Ти посакуваме многу успех !
1. Како се нарекува комплексот од брани, насипи и канали за регулирање на
водата?

A. Навигационен систем.
Б. Хидросистем.
В. Иригационен систем.
Г. Хелиоцентричен систем. 1/

2. Најпознато дело кај Сумерците од крајот на III милениум пред нашата ера е:

A. Изида и Озирис.
Б. Рамајана.
В. Епот за Гилгамеш.
Г. Илјада и една ноќ 1/

3. Државите чиишто владетели во антиката располагаат со неограничена власт


се?

A. теократски држави.
Б. демократски држави.
В. деспотски држави.
Г. диктаторски држави 1/

4. Што претставуваат хиероглифите?

A. Цртежи и знаци на египетското писмо.


Б. Патокази на патиштата.
В. Знаци на глинени плочки.
Г. Цртежи на глинени плочки 1/

5. Што е значајно за атинскиот реформатор Солон?

A. Го забранил ропството за долг.


Б. Го обновил должничкото ропство.
В. Демосот добил политички права.
Г. Власта во државата ја имало Народното собрание. 1/

6. Кој од наведените императори го поделил Римското Царство на два дела?

A. Клавдиј.
Б. Веспазијан.
В. Трајан.
Г. Tеодосиј I 1/

7. Кој крал ги обединил македонските племиња и области?

A. Филип II.
Б. Александар I.
В. Архелај.
Г. Пердика I.

1/
8. Која од наведените карактеристики не е белег на византиската цивилизација?

A. Христијанството.
Б. Државното уредување по урнек на Римската Империја.
В. Хеленистичката култура.
Г. Готската архитектура.
1/
9. Броењето на годините кај муслиманите (според Хиџра) започнува во 622
година. Кој настан се случил тогаш?

A. Се родил пророкот Мухамед.


Б. Мухамед ја напуштил Мека и заминал за Медина.
В. Мухамед ја освоил Мека.
Г. Мухамед се преселил во Ерусалим.
1/
10. Кое е врховното божество кај античките Македонци?

A. Зевс.
Б. Диос.
В. Дионис.
Г. Јупитер
1/
11. Кој бил последниот архиепископ во 1767 година кога била укината
Охридската архиепископија?

A. Теофилакт Охридски.
Б. Димитриј Хоматијан.
В. Арсениј.
Г. Гаврил
1/
12. Која од наведените пароли претставува симбол за Француската револуција?
A. Слобода или смрт!
Б. Смрт за тиранијата, да живее народот!
В. Слобода, еднаквост и братство!
Г. Долу кралот, да живее револуцијата
1/
13. За време на војната за независност, Американците во 1781 година го донеле
првиот устав според кој САД била:

A. парламентарна монархија.
Б. република.
В. мултинационална монархија.
Г. колонија на Велика Британија
1/
14. Покрај Димитар Поп Ѓорѓиев Беровски, во Разловечкото востание од 1876
година се истакнала уште една личност. За која личност станува збор?

A. Дедо Иљо Малешевски,.


Б. Натанаил Кучевишки.
В. Поп Стојан.
Г. Ѓорѓија Пулевски.
1/
15. Што е предвидено за Македонија со Сан-Стефанскиот договор од 1878 година?

A. Да добие автономија.
Б. Да влезе во составот на Бугарија.
В. Формирање на привремена влада.
Г. Да биде поделена помеѓу Србија, Бугарија и Грција

16. Каква одлука е донесена на Смилевскиот конгрес?

A. За кревање на востание во Битолскиот револуционерен округ.


Б. За извршување на Солунските атентати.
В. За формирање на привремена влада во Крушево.
Г. За прогласување на Македонија за меѓународен протекторат.
1/
17. Кој од наведените револуционери на 2 август 1944 година имал чест да го
отвори првото заседание на АСНОМ ?

A. Павел Шатев.
Б. Петар Поп Арсов.
В. Панко Брашнаров.
Г. Димитар Влахов
1/
18. На кој датум во 1945 година капитулирала фашистичка Германија, а истиот
денес се одбележува како Ден на победата над фашизмот и како ден на
Европската Унија?

A. 9 мај.
Б. 1 септември.
В. 23 октомври.
Г. 31 декември.
1/
19. На Потсдамската конференција од 2 август 1945 година, Големите сили донеле
одлука, за?

A. за формирање на Меѓународен монетарен фонд.


Б. за формирање на Меѓународен трибунал.
В. за формирање на Светската банка за обнова и развој.
Г. за формирање на НАТО пактот
1/
20. Чија била иницијативата за формирање на Друштвото на народите во 1919
година?

A. На американскиот претседател Вудро Вилсон.


Б. На францускиот претседател Шарл Де Гол.
В. На германскиот канцелар Ото фон Бизмарк.
Г. На австро-унгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд.
1/
21. Со Мајскиот манифест донесен на 6 мај 1924 година дошло до привремено
обединување на левицата и десницата во македонското национално -
ослободителнодвижење. Под чие влијание бил донесен овој документ?

A. Под влијание на Велика Британија и Франција.


Б. Под влијание на САД.
В. Под влијание на Коминтерната и советската дипломатија.
Г. Под влијание на Бугарија и другите балкански влади.
1/
22. Во 1925 година во Виена била основана ВМРО (Обединета). Под чие влијание
и со чија поддршка била формирана оваа организација?

A. Под влијание и со поддршка на германската влада.


Б. Под влијание и со поддршка на бугарската влада.
В. Под влијание и со поддршка на Балканската комунистичка федерација и
Коминтерната.
Г. Под влијание и со поддршка на владите на Англија и Франција
1/
23. На Првото заседание на АСНОМ, во манастирот Прохор Пчински била
прогласена?

А. Демоктраска Федерална Македонија


Б. Народна Република Македонија
В. Социјалистичка Република Македонија
Г. Република Македонија
1/
24. Со цел да се искаже незадоволството од фашистичката окупација и поделбата
на Македонија на 2 август 1941 година во Прилеп и Битола биле
организирани?

А. Илинденски демонстрации
Б. Диверзантски акции
В. Собирање на оружје
Г Формирање на штабови
1/
25. Со октомвриската револуција 1917 година во Русија започнал да се гради нов
систем на општествено и државно уредување познат како?

А. Социјалистички
Б. Капиталистички
В. Феудален
Г. Робовладетелски
1/
26. Со доаѓањето на Адолф Хитлер на власт Германија започнала да спроведува
активна политика за?

А. Ревизија на Версајскиот мировен договор


Б. Нетрпеливост на границата меѓу Германија и Франција
В. Зачувување на политичкиот status guo
Г. Решавање на спорните прашања
1/
27. Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) на чело со Јосип Броз Тито по
нападот на СССР 22 јуни 1941 година во Југославија?

А. Започнала со антифашистичката војна


Б. Застана на страна на Централните сили
В. Покажа нетрпеливост
Г. Го признала поразот
1/
28. Кој е основачот на Франската држaва?
А. Клодовик
Б. Карло Велики
В. Карло Мартел
Г. Пипин Кусиот
1/
29. Во времето на византискиот император Јустинијан I се создал?

А. Цариградскиот универзитет познат како Магнаурска школа


Б. Бил изграден градот Константинопол
В. Утрден зид да ги спречи вараварските напади
Г. Царскиот Хиподром во Константинопол
1/
30. Познатата црква во Цариград Св. Софија денеска позната како Аја Софија
била градена за време на?

А. Византискиот императот Јустинијан I


Б.Римскиот император Константин Велики
В.Латинскиот императот Балдуин Фландриски
Г. Во времето на турскиот султан Осман
1/

31. Како резултат на Првата балканска војна Албанија се стекнала со државност.


А. Која од Големите сили се заложила за Албанија да добие државност?

Б. На која меѓународна конференција Албанија била признаена за независна државa

2/
32. Најголема битка во епохата на Наполеоновите војни се одиграла од 16 до 19
октомври 1813 година кај Лајпциг.
А. Под кое име е уште позната оваа битка?

Б. На што бил принуден Наполеон по оваа битка?


В. Сто дена по враќањето на власт во Франција, Наполеон доживеал нов пораз.
Во која битка?

Г. Што одлучиле победниците на Виенскиот конгрес?

4/
33. Во границите на која држава дејствувале Илинденската организација, МЕФО,
Македонската револуционерна организација?

1/

34. Со решенијата на Санстефанскиот мировен договор во 1878 година на


Балканот била прокламирана една голема држава со која Русија стекнала
големо влијание во источниот дел на Балканот.
Koja e таа бaлканска држава? 1/

35. Кој е автор на битовата драма Печалбари? 1/

36. Кој е последниот лидер на перестројката?


1/

37. На кој конгрес била донесена конечната одлука за кревање на Илинденското


востание? 1/

38. Кој е авторот на знаменитата книга „За Македонцките работи“? 1/


39. Кој прв го шири христијанството во Македонија ? 1/

40. Анализирај го текстот, а потоа одговори на прашањата


Браќа земјаци и мили комшии! Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници од
убавото Крушево и од неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и
убедување не можејќи веќе да ја трпиме тиранијата... денеска дигнавме глава и решивме
со пушка да се браниме. За право за слобода и за човечки живот ве каниме и вас, да
дојдете заедно да водиме борба!... Елате под бајракот на Автономна Македонија!
Македонија е наша заедничка мајка и вика за помош“.
А. Од кој документ е извадок овој текст?

Б. До кого бил испратен овој документ?

В. Под кое име во историјата е позната привремената востаничка власт во Крушево?

Г. Кој стоел на чело на крушевското горско началство ? 4/

41. Анализирај го текстот, а потоа одговори на прашањата


Територијата ѝ била намалена за 13%. Сите колонии во Азија и Африка ѝ биле одземени.
Алзас и Лорен биле отстапени на Франција. Германските вооружени сили не смееле да
бројат над 100 000 војници. Производството на оружје било забрането. Императорот на
Германија бил обвинет за тешко нарушување на меѓународниот морал и требало да биде
осуден како воен криминалец. Било предвидено формирање на Друштвото на народите.
A. За кој договор станува збор во текстот?

Б. Помеѓу кои страни е потпишан договорот?

В. Од која војна е произлезен овој договор? 3/


42. Анализирај го текстот, а потоа одговори на прашањата
. „За да победи во борбата против Рим, Тарант го повикал епирскиот крал... Првата битка
завршила со победа на епирскиот крал... во следната, 279 година пред нашата ера, тој
извојувал нова победа над Римјаните, но таа го чинела големи загуби. - Ако ги победиме
уште еднаш Римјаните, целосно ќе пропаднеме“ – рекол епирскиот крал.“
А. Кој епирски крал ја изговорил последната реченица во текстот?

Б. Со кој израз во историјата се означува победата на кралот извојувана со големи загуби?

В. Какво државно уредување имала римската држава во тој период? 3/

43. Анализирај го текстот, а потоа одговори на прашањата


„Дошол на свет во времето на големиот судир на народите. Бил страв и трепет за сите
земји, а најголем непријател на Западното и Источното Римско Царство; затоа од
римските цареви го добил прекарот „Камшик Божји.“
А. За која личност станува збор во текстот?

Б. Со кој историски настан од IV и V век е поврзан неговиот народ? 2/

44. Анализирај го текстот, а потоа одговори на прашањата


Откако ја издал наредбата за фрлање на атомските бомби, претседателот на
САД изјавил: „На никој не му е потешко од мене кога е во прашање употребата
на атомските бомби, но јас бев многу вознемирен и лут поради ненадејниот на -
пад на Јапонците врз Перл Харбур“.
Одговори на прашањата:
А. Кој претседател на САД ја дал оваа изјава?

Б) Врз кои јапонски градови биле фрлени атомските бомби? 2/


45. Анализирај го текстот, а потоа одговори на прашањата
На истиот ден, кога Германија започнала војна на запад, на 10 мај 1940 г., во Велика
Британија премиер станал еден конзервативен политичар. Во своето познато обраќање до
јавноста, тој им ветил на сонародниците само „крв, пот и солзи“, но и решеност да ја води
војната докрај. Својата решителност ја демонстрирал со одбивањето
на мировната понуда од Хитлер, но и со формулирањето на еден нацрт-документ, кој
подоцна станал темел за многу меѓународни договори и меѓународни организации
по Втората светска војна.

А. Кое е целосното име на личноста за која станува збор во текстот?

Б. Како е наречен документот кој бил потпишан во август 1941 година? 2/

46. Анализирај го текстот, а потоа одговори на прашањата


Македонската револуционерна организација (МРО) била основана во 1893 година во
градот Солун. Основачи биле млади македонски интелектуалци. Во 1896 година бил
одржан првиот конгрес на организацијата кога, покрај другото, била донесена одлука да
се отвори нова институција - Задгранично претставништво.
А. Наброј барем тројца од основачите на МРО.

Б. Кој бил највисок раководен орган на организацијата?

В. Кои биле првите задгранични претставници? 3/

47. Внимателно погледај ја фотографијата и потоа одговори на прашањата?


А. Како се вика најголемата пирамида во Египет, која е прогласена за едно од седумте
чуда на светот од периодот на антиката?

Б.Кои лица биле погребувани во пирамидите?

В. Како се викал врховниот бог, за чиишто синови се сметале египетските фараони?

Г. Како се нарекува балсамираното тело на фараонот?

Д. Како се нарекува огромната скулптура што се наоѓа покрај пирамидата?

Ѓ. Како се нарекува областа во Египет каде што има најголема концентрација на кралски
гробници? 6/

48. Внимателно погледај ја фотографијата и потоа одговори на прашањата?

А. Која организација ја основаат трите личности во времето на Студената


војна?

Б. Каде и кога била основана оваа организација?

В. Врз кои принципи се темелела оваа организација?

Г. Зошто земјите членки на оваа организација почнале меѓусебно да се

поврзуваат?
4/

49. Внимателно погледај ја фотографијата и потоа одговори на прашањата?

На сликата се претставени Сталин, Рузвелт и Черчил - лидерите на најмоќните


земји од антифашистичката коалиција. Тие за време на Втората светска војна
се сретнале двапати за да ги усогласат ставовите за привршување на војната и
уредувањето на односите во светот по војната.
А) Кога се одржала првата средба меѓу нив и под кое име е позната?

Б. Која била клучната одлука од првата средба меѓу нив?

В. Кога и каде била одржана втората средба меѓу овие лидери?


Г. Што било договорено на втората средба во однос на Германија по нејзиниот конечен
пораз?

Д. На втората средба биле прецизирани деталите за создавање на нова


меѓународна организација, која ќе се грижи за одржување на мирот во
светот. За која организација станува збор? 5/

50. Внимателно погледај ја фотографијата и потоа одговори на прашањата?

А. На сликата ви е претставена која воена формација?

Б. Војската била формирана во времето на кој македонски владетел?

В. Копјата кои се прикажани на сликата се познати под името ? 3/

You might also like