Professional Documents
Culture Documents
Руските Двојни До Самиот Врв На МИ6 и На ЦИА
Руските Двојни До Самиот Врв На МИ6 и На ЦИА
Британскиот разузнавач и советски шпион Ким Филби (Харолд Адријан Расел Филби,
1912-1988.) на прес-конференцијата кога Харолд Макмилан го ослободи од
обвинението за шпионажа.
Getty Images
Филби е најпознатиот член на петорката советски шпиони во Кембриџ,
Велика Британија. Носител е на највисоките британски и советски
државни ордени. Тој во 1945 година го има добиено Орденот на
Британската Империја од кралицата Елизабета Втора за заслуги во
Втората светска војна, а во 1947 година, на почетокот на Студената
војна, Јосиф Сталин му додели Орден на Црвеното знаме.
Ким Филби, британски разузнавач кој работеше како двоен агент и пребега во СССР.
На фотографијата Ким Филби е на одмор со својата последна сопруга Руфина Пухова
во Русија во текот на седумдесеттите години од минатиот век.
Getty Images
Потоа, во 1949 година Филби беше поставен за главен претставник на
Британската разузнавачка служба во Вашингтон (Колумбија). Тогаш тој
благодарение на положбата доби пристап до податоците на ЦИА за
планираниот преврат насочен против просоветски настроениот
албански лидер Енвер Хоџа. Овие информации стасаа до Москва по што
албанските командоси беа ликвидирани за време на обидот да се
спуштат со падобран на земја, а Хоџа продолжи да владее.
Филби во 1963 година можеше да биде откриен и затоа пребега во
СССР, каде потоа живееше четвртина век. Во интервју за „Сандеј тајмс“
кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век тој рече дека
„животот тука [во Русија] е малку тежок, но јас сум врзан за оваа земја
и никаде на друго место не би сакал да живеам“.
2. Џорџ Блејк
Џорџ Блејк, двоен агент кој испорачуваше тајни податоци на Русите, работејќи како
британски шпион.
Getty Images
3. Олдриџ Ејмс
Претставниците на американската разузнавачка служба им приговараа
на британските колеги поради тоа што на време не ги откриле врвните
советски шпиони, но и самите се најдоа во жижата на скандал кој ја
затемни репутацијата на ЦИА и предизвика смена на нејзиното
раководство.
Поранешниот постар службеник на ЦИА Олдриџ Хејзен Ејмс.
Getty Images