Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Краткорочно планирање на наставен час во III одд.

Наставник: Слободанка Мартинова Арсовска

I. ИДЕНТИФИКАЦИОНИ ПОДАТОЦИ:
1. Наслов на наставната единица: Запознавање на учениците со материјалот и
програмата за работа во III одд.
2. Наслов на тематската единица: Hello
3. Број/Тип на часот: 1/повторување
4. Реализација: 01.09.2015
II. ЦЕЛИ НА ЧАСОТ:
 Запознавање на учениците со новиот материјал

III. НАСТАВНИ ФОРМИ И МЕТОДИ НА РАБОТА: дијалошки приод и фронтална


настава
IV. НАСТАВНИ СРЕДСТВА И ПОМАГАЛА: Учебник, флеш карти, кукла, CD-аудио
V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЧАСОТ- ФАЗИ
ВОВЕДЕН ДЕЛ:
Учениците се поздравуваат со наставникот. Наставникот за да создаде
пријатна атмосфера на учениците им посакува успешен почеток на новата учебна година и
ги прашува дали се одмориле и како си поминале за време на летниот одмор.
ГЛАВЕН ДЕЛ:
Потоа следи кратка презентација на учебникот, односно на приказните кои
ќе се обработуваат во текот на учебната година. Исто така, наставникот преку кратка
презентација на приказната ги запознава учениците и со определениот вокабулар кој треба
да се совлада во текот на учебната година и притоа ги потпрашува на што се сеќаваат од
претходната година. Наставникот им нагласува на учениците дека оваа учебна година ќе
учат да читаат и пишуваат на англиски јазик.
ЗАВРШЕН ДЕЛ:
Наставникот им кажува на учениците кој неопходен прибор треба да се обезбеди за
успешно завршување на предвидените обврски не само во текот на часот туку и
предвидените домашни задачи.
ЗАБЕЛЕШКИ:

________________________________________________________________________
________________________________________________________________________
_____________________________________________________________________

You might also like