Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

1. Што е финансиски систем?

Финансискиот систем е збир на институции; финансиски пазари; финансиски средства и инструменти и


финансиски услуги, чија главна цел е размена на средствата. Финансискиот систем има клучна улога во
економскиот развој на земјата. Тој ги овозможува и промовира и штедењето и инвестициите, но и создава
врска помеѓу сите негови чинители, а воедно и ја олеснува експанзијата на финансиските пазари. Во
наједноставна форма, финансискиот систем е систем што им овозможува на давателите на кредит и
примателите на кредит да разменуваат средства.

2. Што се финансиски институции?


Финансиските институции како дел од финансискиот систем се делат на традиционални финансиски
институции (банки, штедилници) и небанкарски финансиски институции - НБФИ (осигурителни компании,
пензиски фондови, лизинг, небанкарски финансиски друштва).

3. Што се Финасиски Пазари?


Финансиските пазари како елемент на финансискиот систем претставуваат пазари на кои се среќаваат
понудата и побарувачката за финансиски средства и ја играат најважната економска функција –
зголемување на економската ефикасност. Од аспект на предметот кој се тргува на пазарите и неговата
рочност, финансиските пазари се делат на пазари на пари и пазари на капитал.

4. Што се Финансиски инструменти?


Финансиските инструменти се важна компонента на финансискиот систем. Средствата со кои се тргува на
финансиските пазари се нарекуваат финансиски средства, обврзници, или друг вид на финансиски
инструменти. Тие претставуваат облици во кои може да се држи имотот на субјектите на стопанството или
пооделни сектори. На нивната развиеност делуваат бројни фактори, а пак, развиеноста на финансискиот
пазар се мери преку развиеноста на инструментите. Најважни финансиски инструменти
се: пари, чекови, меници, акции, обврзници, благајнички записи, комерцијални записи и сл.

5. Што се финансиски услуги?


Финансиски услуги е термин што се однесува на услугите што ги нуди финансискиот пазар. Финансиски
услуги е исто така термин што се користи за да се опишат организации кои се занимаваат со управување со
пари. Примери се традиционалните финансиски институции, НБФИ,, осигурителните компании,
компаниите за кредитни картички и брокерските куќи и сл.

6. Дефиниција за инвестициони фондови


Инвестиционите фондови, се инвестициски средства преку кои се здружуваат парите на повеќе
инвеститори за да инвестираат во финансиски средства како акции или обврзници. Вредноста на
заедничкиот фонд зависи од перформансите на неговите средства. Со придонес со повеќе инвеститори,
инвестиционите фондови им обезбедуваат на малитеинвеститори на професионално управувани портфолија
и ги диверзифицираат нивните инвестиции. Секој инвеститор купува акции на заеднички фондови, кои се
акумулираат во заеднички фонд со кој управува друштво за управување. Фондот купува финансиски
средства на берзите, депонирајќи го купениот имот кај депозитар. Нето вредноста на имотот се пресметува
со делење на вкупната вредност на имотот со бројот на единици.

7. Што се акции?
Акција (Share) – сопственичка хартија од вредност, која претставува неделив и идеален дел од основната
главнина на акционерското друштво. Таа е пренослива хартија од вредност.
Основната поделба на акциите е на: Обични акции кои се најчестиот вид на акции. Имателите на обични
акции се заеднички сопственици на друштвото и Приоритетни акции кои се со фиксен принос кои на
имателите на истите им даваат право на приоритет при исплаќањето дивиденда или при ликвидација на
друштвото во однос на имателите на обични акции, но дури по исплаќањето на каматите на имателите на
корпоративните обврзници и другите кредитори.
8. Што е пазар на капитал?Пазарот на капитал е збир на односи помеѓу понудата и побарувачката на
долгорочни хартии од вредност. Тоа вклучува размена на средства помеѓу корисниците, кои плаќаат
надоместоци на заемопримачите во форма на камата, дивиденди или капитални добивки. Страните на
понудата и побарувачката на долгорочните монетарни средства ги вклучуваат населението, економијата,
државата и банките. Населението делува како нето доверител, инвестирајќи повеќе од сопствените средства
отколку што користи, додека економијата е најголемиот нето-корисник на средства. Пазарот на капитал
создава хартии од вредност, акции и обврзници преку издавање и продажба на хартии од вредност, кои
подоцна се тргуваат на секундарниот пазар. Пазарот е регулиран со законодавство и институции кои го
олеснуваат работењето на сите учесници.

9. Кои се посредници на пазарот на капитал?

1. Дилери - Дилерот служи како посредник помеѓу купувачите и продавачите, кој всушност ги
купува финансиските инструменти на продавачот, во надеж дека ќе може да ги продаде во иднина по поволна
цена.
2. Брокери - Брокерот претставува поединец или финансиска институција која дава информации, што се
однесуваат за возможното купување или продавање на финансиските инструменти. Било купувачот или
продавачот на финансиски инструменти може да го контактира брокерот, чија работа е едноставно да ги спои
купувачите и продавачите
3. Инвестициски банки - компании што учествуваат на пазарот на капитал и по својата суштина воопшто не
претставуваат банки во класична смисла на зборот. Тие се занимаваат со брокерски работи, давање
инвестициски совети, управување со портфолијата на клиентите, финансиски анализи, вршат советодавна улога
при емисија на хартии од вредност, се јавуваат како преземачи на емисијата на хартии од вредност и сл
4. Комерцијални банки- Комерцијалните банки играат многу важна улога во економскиот живот на секоја земја.
Тие се јавуваат како главни глумци на пазарот на пари и капитал и во обезбедувањето на понудата и во
обезбедувањето на побарувачката на паричните средства.

You might also like