Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 14

Потребата од дигитализација на археолошките истражувања

Како што ни е познато археологијата за прв пат во Европа се појавува како


колекционерска дејност во почетокот на XVIвек, со тоа што богатото боржуарското
население ги претставувало своите археолошки откритоци со цел да го докажат својот
социјален статус. Со текот на време тие започнале да ги распознаваат културните од
материјалните вредности на предметите кои што ги поседувале, а воедно со тоа започнува
и научната работа врз колекционерските дејности. Археологијата се занимава да ги
проучи, зачува и претстави пронајдените културни наследства. Ниту тогаш, па ниту сега
археологија не успеала да ги задоволи потребите за обичното население, односно и покрај
научните истражувања, ископувања и претставувања на недвижните и движните
предмети, невозможно е да се претстави егзактниот амбиент во кој што самите тие
првично се наоѓале. Денес со помош на компјутерската технологија, со мали финансиски
сретства ние можеме визуелно да го возобновиме предметот или објкетот во неговата
примарна форма и примарен амбијент во кој што се наоѓал за време на неговиот живот.
Преку дигитализирање на археолошките пронајдоци ние се обидуваме истите тие да ги
доведеме до обичниот народ за кој во неговите очи на терен се само обични руини и
расфрлани камења. Ако успееме во нашата цел, односно се повеќе да го привлечеме
обичното население кон археологијата, тоа нема да помогне само врз развивање на
општата колективна свест за културата и културното наследвно, воедно ќе помогне и врз
развивање на археолошкиот туризам и економија.

Што сакаме да постигнеме со развивање на компјутерската технологија во


археологијата? Покрај првичната цел: Визуелно претставување на објектот,
дигитализирањето е неопходно и во идните конзерваторски и реставраторски проекти.
Поточно, со применување на овие методи ние можеме да го намалиме деструктивниот
елемент кој се наоѓа во теренските истражувања. Во текот на истражувања земјата се
ископува а археолошките наоди излегуваат на површина, за движните наоди, нивната
конзервација е многу по едноставна затоа што можеме да ги извадиме од досегашната
нивна состојба во земјата (која што може да биде поволна, но во повеќето случаи и
екстремно штетна за нив) додепа за разлиак од нив недвижните наоди се по комплицирани
за нивна конзервација и доколку се наоѓаат во лоши услови треба веднаш да се применат
конзерваторски постапки со цел тие да се зачуваат. Кога го наведуваме зборот
деструктивност во археологијата, се мисли на сите оние постапки кои што мораат да се
случат во текот на едно истражување. Најпрост пример можеме да дадеме со повеќе слоен
локалитет на кој што се наоѓаат два или повеќе културни хоризонти од два или повеќе
различни периоди. Според практика тимот на археолози ја прави својата политика и
одлучува кој период ќе биде зачуван и ќе биде презентиран а кој мора да се отстрани. Под
деструкција исто така можи да се наведат и безброј примери каде што недоволно обучени
археолошки тимови со цел да го претстават наодот преминуваат во фаза на реставрација
за кој што немаат доволно информации за неговиот автентичен изглед со што го добиваат
спротивното од нивната цел, намесдто да го зачуваат наодот тие целосно го умиштуваат
без да можи тој повторно да се врати во неговата in situ положба. Не секогаш биле криви
самите археолози, во повеќе наврати можеме да заклучиме дека и покрај нивната
професионалност и педантност при работа тие живееле во период на не доволно развиена
технологија ( мислејќи дека е доволна и дека тоа е максимумот што можат да го извлечат)
со која што би можеле да ги направат нивните реставраторски проекти. Затоа преку
дигитално визуализирање на наодот, можеме да направиме повеќе варијанти како тој би
изгледал, како би можел да се конзервира, на кој дел од него можи да се направи
реставрација и најбитно од се во секој момент и со секое ново понатамошно истражување
и добивање на нови информации за наодот, ние можеме да го смениме неговиот визуелен
изглед. Со дигитализирање на нашите наоди, ние не само што го заштитуваме предметот,
туку му даваме и една друга варијанта на презентација која што е достапна и прилагодна
за секоја маса од општеството, без никаква потреба од нивно археолошко предзнаење. Со
дигитализирањето ние наодот можеме да го направиме достапен за негово понатамошно
проучување низ целиот свет, без притоа билокако да му наштетиме на реалниот наод, кој
што ќе го зачуваме во поволни услови за идните генерации со надеж за поголем
технолошки развиток кој што би му го вратил реалниот автентичен изглед на наодот.

Потребни предзаења и собирање на информации за изработка на 3Д модел

Се разбира, за изработка на еден таков проект неопходно е да се извршат


класичните археолошки истражувања т.е. систематски археолошки ископувања,, преку
кои што ќе ги добиеме сите информации кои што ни се потребни за изработка на еден
таков 3Д модел. Станува збор за збир на информации на наодот кој што сакаме да го
визуализираме. Пред да започнеме со било каква обравотка на наодот ние прво треба да го
истражиме локалитетот од каде што тој е ископан. Односно нас ни се од клучна важност
податоците за тоа од кој период потекнува нашиот иден модел и целосно проучување на
тој период. Под овај поим треба да потпаднат: архитектурата која што се користела во тој
период, начинот на градење, декорација, материјали а ако имаме и доволно археолошки
остатоци тука можи да се вклучат и фреските. Без овие податоци ние не само што не
можеме туку и не смееме да започнеме со било каква реконструкција. Краток пример
можеме да дадеме за реконтрукција на античка Атина, која што тимови на грчки
археолози направија целосни реконструкции за тоа како изгледала античка Атина со тоа
што веќе имаа предзнаење како изгледале одредени објекти. Друг пример имаме и во
Република Македонија каде што е направена реконструкција на уништениот театар од
Скупи, кој што можел да се спореди со останатите римски театри во Македонија. Следно
во нашата постапка за реконструкција на еден објект треба да направиме истражување за
типот на градбата и нејзината улога. Овие податоци повеќе се потребни за ентериерот т.е
внатрешноста на објектот, кој што повеќе би биле претпоставки отколку реални in situ
пронајдени археолошки остатоци. Тоа се првичните и основни информации кои што треба
да ги поседуваме за да ја започнеме
нашата 3Д реконструкција на било кој
објект или артефакт. Следно што е
потребно се техничките. За добра
реконструкција техничкиот цртеж
(сл.?) треба да поседува координати и
најважно димензии на основите, преку
кои што ние ке се водиме. Фото
документацијата е исто така од клучна
важност за визуализацијата на
објектот, секако добро е и самиот
моделер да биде во текот на ископувањето, но во
најголем број на случаи тоа не е така, па затоа со
фотодокументацијата археолозите лесно можат да му
го претстават изгледот на објектот кој што треба да
се изработи. Како најблагодетен податок кој што
можеме да го добиеме од археолошкиот тим е нивен
технички цртеж на целосна реконструкција на
објектот (сл.?). Следно пред да започнеме со нашата визуелна реконструкција потребно е
да ги знаеме фазите на живот кој што ги поминал еден објект. Што сакаме да кажеме со
ова, еден објект како денешно време така и во минатото не се користел само за својата
примарна цел за која што бил изграден, туку тој во текот на својот живот го менувал
својот изглед заедно со потребите од неговата намена. Наједноставни примери можеме да
ги дадеме безбројните христијански цркви кои што со потпаѓањето под муслимаска власт
биле пренаменети во џамии. Археолошките тимови треба да заклучат кој дел од градбата
му припаѓа на соодветен период, пример: дали тремот пред објектот потекнува од
христијанскиот или муслиманскиот период, со овие информации ние ќе можиме да
одлучиме кој дел од објектот му припаѓа на одредениот период на градбата за потоа да
одлучиме кој ќе биде реконструиран кој ќе биде отстранет. Дури откако ние целосно ке го
истражиме објектот, ќе ги собереме сите информации можеме да продолжиме со следните
постапки на визуелната реконструкција а тоа е 3Д моделирањето.

Вовед во 3Д моделирање

Моделирањето односно визуализацијата на археолошка градба може да се подели


на три фази и тоа: скицирање, моделирање и текстурирање. Под првиот поим „скицирање“
подразбираме искористување на техничките цртежи од теренските истражувања и
вметнување на првичните фигури врз цртежите кои што подоцна ке ни го претставуваат
објектот. Во оваа фаза најбитно е да се обрне внимание на димензиите и позициите на
објектите да бидат исти со реалната ситуација на терен. Преку оваа фаза ние ке ја добиеме
основната форма на нашиот визуелен објект претставена преку геометриски фигури.
Следната фаза – моделирањето, се состои од давање форма на тие фигури преку разни
манипулации и додавање на разни детали (сл.?), се со цел да се доближи нивниот изглед
на посакуваните предмети. Текстурирањето фактички претставува боење на самите
предмети. Преку текстурите ние му ја даваме сликата на досегашните безбојни фигури
(сл.?).

3Д реконструкција на „Градба 2“ од Врбјанска чука

За разлика од „по новите“ објекти изградени од камен и малтер, кој што кога ќе се
ископаат со археолошките истражувања можеме да ги најдеме во руинирана фаза од
животот со зачувани темели, ѕидови дури во некои случаи фрески, мозаици и органски
материјали, во праисториските истражувања
тоа е сосема поинаку. Кај праисториските
истражувања многу ретко се наоѓаат во
целост зачувани ѕидовите на објектите, тоа е
така поради тоа што најголем дел од
материјалите кој што се користеле биле од
органско потекло. Поради тоа во
реконструкција на овие објекти многу
повеќе се работи на претпоставка отколку
на реални факти за тоа како изгледале
објектите и како треба ние да ги направиме.
Конкренто за изработната на моделот на
„Градба 2“ од локалитетот Врбјанска Чука беа искористени повеќегодишните
истражувања, кои што за среќа целосно ги утврдија границите каде што се простирал тој
објект и целосно ја истражиле внатрешноста на градбата. Со овие информации ние
преминавме во фазата на моделирање. Со помош на техничката документација и
ортофотографијата (сл.?) можевме по лесно да ги изработиме границите на објектот и
неговата внатрешност. Во внатрешноста на објектот ги поставивме пронајтените in situ
објекти како : печките, амбарите, столбците (треба да се напомене дека од органските
материјали се пораноѓаат само траги) и керамичките предмети (сл.?).
3Д реконструкција на Градба со Арки од локалитетот Стоби

За почеток на реконструкцијата на Градба со Арки, според горе наведените методи


започнавме со проучување на самата градба, најзначајни за целото тоа се проф.д-р
Антонио Јакомовски и Мила Шурбаноска, кои што во текот на нивните истражувања
успеаа да извлечат доволно информации од градбата за да се овозможи нејзина
реконструкција. Моделирањето, мора да се започни со поставување на техничкиот цртеж
под виртуелната мрежа (grid), со цел да имаме јасни и точни димензии. Потоа над
техничкиот цртеж се започнува со поставување на основна фигура за моделирање (сл.?;?),
најчесто бидејќи е најпрактична се поставува коцка на која што и ја менуваме формата
според техничкиот цртеж. После ова се започнува со бришење на одредени делови кои
што се отповеќе и формирање на темелите (сл.5;6).
Сега кога веќе ја имаме моделираната основа, започнуваме со така наречено
„подигнување“ на градбата. Под овај
поим подразбираме издигнување на
ѕидовите според наведените висини кои
што ги добиваме од теренските
истражувања (сл.?). како што веќе
напоменавме од добиените информации
на терен ние ја знаеме висината на
градбата а исто така знаеме дека нејзе ја
сочинувале два спрата, поделени со
архитавна греда. Во овај случај (сл.?) можи да
се заприметат и прозорци кои што не се во
нивната првична реконструкција од страна на
проф.д-р Антонио Јакомовски и Мила
Шурбаноска но по сугестија на Гоце Павловски
и делумно самостојно истражување ги
поставивме прозорците за поубав изглед,
нормално ова го направивме поради слободата
која што ја имаме во дигиталната
реконструкција и доколку во иднина се докажи
дека немало прозорци тие можат едноставно да
се отстранат.

Следно е поставување на внатрешниот


ентериер, а во овај случај најрепрезентативни
се арките по кои што го носи името оваа градба.
За реконструкција на арките употребивме
сличен метод како и за основата. Поточно за
разлика од техничкиот цртеж тука се
искористија фотографии од арките кои што на
првиот спрат се целосно зачувани (сл.9), па
преку самата слика е многу едноставно да ги поставиме нашите геометриски фигури во
форма на арката според нејзиниот оргинален изглед (сл.?). Воедно беше изработена и
камената пластика која што ги украсувала арките. Камената пластика за разлика од
останатите делови бара повеќе внимание, практика и искуство при нејзината изработка.
Таканаречените капители ги изработивме во компјутерскиот софтвер Maya, додека пак
плочите со плиток рељеф составени од декорација со композиција на стилизирани дабови
лисја беа изработени во повеќе софтверски програми. Поради на плочите со плиток рељеф
најпрво тие беја соответно прилагодени
на компјутерскиот софтвер Photoshop за
подоцна нивната дводимензионална
форма да биди дообработена, односно
тие да се издигнат во плиток релјеф на
тридимензионални фигури. За оваа цел
беја искористени алатките на
компјутерскиот софтвер Zbrush. Вака
секој оделно моделираните предмети се
поставуваат во една целина, кој што ја
оформуваат градбата.
Дигитална реставрација на мозаиците

Скоро во секоја римска градба од значаен тип можиме да сретнеме мозаици. Во


основа мозаиците претставуваат редење на природни камчиња, плочки, керамика или
стакло во разни орнаменти или слики. Овие материјали се поставуваат на однапред
подготвена површина а потоа се полираат и се премачкуваат за заштита. Кај нас во
Македонија имаме многу примери од прекрасни мозаици, она што е деликатно за нив е
нивната конзервација. Покрај тоа што е финаниски скапа, таа бара многу време,труд и
најважно од се професионалност во својата работа, па затоа и многу од мозаиците не се
реставрираат туку само се оставаат во нивната првобитна форма. Конкретно во оваа
Градба со Арки мозаиците се дел кој е невозможен да се избегни без да се додади. Според
информациите кои што ги добивме тие се пронајдени во својата in situ положба (сл.?) во
двете западни апсидални соби. Ортофотографиите од мозаиците направени од страна на
археолозите се безпрекорни, но со една огрома мана, со текот на времето држејќи го
целиот товар од урнатините и земјата тие распукале и се несоодветни за употреба во
визуелната реконструкција. За нивна реставрација на терен веќе напоменавме дека
можеби од финансиски или пак технички аспект тоа е не остварливо, затоа повторно тука
пристапивме со нивна дигитална реконструкција. Поточно кажано преку
ортофотографиите (сл.?) на мозаиците, ние преку компјутерскиот софтвер Photoshop
можеме дел по дел да ги реконструираме и да изгледаат како нови (сл). Дигиталната
реконструкција на мозаиците се прави преку превземање на најзачуваните детали и
пополнување врз оштетените делови. Тука најмногу што треба да се внимава е бојата и
формата на каменот (во овај случај мермерот) да биде иста на таа што ја превземаме и на
таа што ја пополнуваме. Преку овај макотрпен метод за потребите на оваа реконструкција
успеавме делумно да ги вратиме во живот уништените мозаици. Тука исто така треба да
напоменам дека некои од тука прикажаните реконструкции (сл.?;?) се со различна боја т.е
различен мермер од оргиналите, поради потребите за нивната натамошна употреба во
моделирањето, односно во последниот процес на моделирањето – рендер, се со цел
подобро и по блиску да се долови амбиентот во кој што тие првично се наоѓале.

You might also like