Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Промашениот живот го прави човекот несреќен

Што му треба на човек да биде среќен? Живееме во стереотипно општество во време на војни,
пандемии, политички кризи каде човекот е во постојана борба за пронаоѓање на својот
идентитет. Го зголемивме нашето богатство, но ни се намалија човечките вредности.
Зборуваме премногу, сакаме премалку и мразиме пречесто, научивме како да преживуваме,
но не и како да живееме. Додадовме години во животот но не и живот во годините. Која е
нашата цел во животот?

Гледам на тротоарот контејнер за ѓубре. Над него млада жена со извалкан фустан која
сигурно памти подобри времиња. Гледам на некого му зборува и од контејнерот излегува
девојче со темен тен и кадрава коса, ја дига главата и и вели на мајка си: „Нема...“, а на лицето
сепак и стои насмевка. Вкочанет продолжувам да гледам како повторно нурнува да побара
храна со истата насмевка како да сега ќе најде нешто. Дали е тоа тој промашен живот? По
нежната насмевката на детето си велам не.

Некој човек цел живот го посветил на својата работа, се образувал, вредно работел од утро
до мрак, за да може а овозможи се на своите деца. Работејќи заборавил дека најубавите
години на животот му поминуваат. Дали неговиот живот е промашен? Неговите деца весело
трчаат околу него смеејќи се, играјќи и весело му се фрлаат во прегратка. Дали тој човек е
несреќен? Облеан со сета љубов во неговиот свет? Секако дека не, тој го има најголемиот
благодет во животот.

Царот Соломон во животот стекнал огромно богатство. Изградил величествена куќа, засадил
прекрасна градина и направил преубави езера. Во својот двор довел многу слуги, можел да си
има се што ќе посака. Удобниот живот му донел задоволство и среќа, но таа среќа не траела
долго. Со текот на времето сфатил дека од таквиот живот нема никаква корист и на крајот се
чувствувал празно и незадоволно.

Што го прави животот промашен? Промашен живот е оној во кој задоволството се бара во
површни работи без да се загребе на површината и да се нурне подлабоко. Животот е
постојана борба а промашен живот е кога ќе се откажеш и покрај се што си постигнал во него.
Тој може да биде промашен само ако ние го дозволиме тоа.

You might also like