Professional Documents
Culture Documents
Раскошоти богатството
Раскошоти богатството
Раскошоти богатството
вистински среќен
Гледам на тротоарот контејнер за ѓубре. Над него млада жена со извалкан фустан која
сигурно памти подобри времиња. Гледам на некого му зборува и од контејнерот излегува
девојче со темен тен и кадрава коса, ја дига главата и и вели на мајка си: „Нема...“, а на лицето
сепак и стои насмевка. Мајката милно ја погали по главата и и рече: „Обиди се повторно“.
Девојчето се истопи под напливот на љубовта на нејзината мајка.
Во истиот момент во блискиот парк се слушаше раздразлив плач од друго дете. Го свртев
погледот и што да видам? Убаво облечено девојче само што го фрли јадењето и сокот на
земја. Реакцијата на мајката, застрашувачка. Толку силно го удри детето што нејзиниот плач
одекнуваше и по нивното заминување.
Парадоксална ситуација, рака на љубовта која го смирува гладниот и го прави среќен и рака на
лутината која го расплакува ситиот. Некои луѓе се само богати, а некои имаат само пари.
Раскошот и богатството носат површна среќа и ништо не вреди ако не се загребе под
површината, да се нурне подлабоко и да се најде тоа возвишено чувство-љубов. Само со
љубов можеме цврсто да ја фатиме среќата и да го спасиме она што малку остана да се спаси.