Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 14

УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ


„СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

Семинарска работа

Предмет:

Православна Догматика II

тема:
СВЕТА ТАЈНА МИРОПОМАЗАНИЕ

Ментор: Кандидат:
Асс. М-р Борче Грамбозов Димитар Поп Атанасов

Скопје, мај 2021.

1
СВЕТА ТАЈНА МИРОПОМАЗАНИЕ

А) Вовед

Преку светата тајна миропомазание христијанинот добива посебни дарови од


Светиот Дух, потребни за растеж во моралниот живот, во светоста. Оваа света тајна
ја востановил Госпот Исус Христос, а апостолите ја применуваат врз верниците по
нивното крштевање. Денес ова света тајна се извршува веднаш по крштевањето
како посебна света тајна, а не како составен дел на крштевањето. Ја извршува
свештеникот или архиерејот, помачкувајки ги со свето миро поедините делови од
телото (челото, очите, носот, устата, ушите, градите, рацете и нозете), со
изговорување на формулата: „печат на дарот на Светиот Дух“. Светото миро може
да го освети само архиереј. Тоа се врши на св. Литургија на Велики четврток. Се
подготвува од масло, вино и разни миризливи билки. Архиерејот оваа света
материја ја разделува на парохиските свештеници за извршување на оваа света
тајна.

Б) Што е миропомазание и за што служи

Преку крштението човекот се раѓа за нов духовен живот; и оправдан и осветен,


влегува во царството на Христовата благодат. Како што на новороденчето, за да
зајакне и расте, му треба воздух, светлина и други помошни средства, исто така и
во духовниот живот на човекот, по духовното раѓање му требаат силата и даровите
на Светиот Дух, за со нивна помош, не само да се одржува во духовниот живот,
туку и да зајакне и да расте во него. Оваа Божја сила му се дава на новородениот,
крстениот човек преку тајната миропомазание. Миропомазанието е тајна во која на
онот којшто се крстил преку помазувањето со Свето миро на одредени делови од
телото, при што, се кажуваат зборовите: „Печат на дарот на Светиот Дух“ (на
црковнословенски „Печат дара Духа Свјатаго“), му се даваат благодатните сили,

2
коишто се потребни за тој да се утврди и да расте во духовниот живот 1. Од
апостолите, па се до денес миропомазанието се вршело по крштението како
посебен чин различен од крштението, со кои се дава благодат и Свет Дух. Според
светите отци, ваквото учење се темели на учењето на Светото Писмо2.
Миропомазаниего е Света тајна. Спасителот ветил дека ќе им го даде Светиот
Дух на оние кој веруваат во Него и со тоа го навестил востанувањето на оваа тајна:
„Кој верува во Мене, од неговата утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат
реки од жива вода. А ова го рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние, кои
веруваат во Него...“ (Јован 7, 38 - 39). Овде се зборува за даровите на Светиот Дух
кои се неопходни за сите кои веруваат во Господ Исус Христос, а не за вондредни
дарови ои се даваат само на некои, како на пример пророците и апостолите.

В) Потврда за Светата тајна Миропомазание

„А во последниот голем ден од празникот застана Исус и извика со висок глас,


велејќи: „Кој е жеден, нека дојде при Мене да пие! Кој верува во Мене, од неговата
утроба, како што е речено во Писмото, ќе потечат реки од жива вода.“ А ова го
рече за Духот, Кого што ќе Го примат оние, кои веруваат во Него; оти Светиот Дух
уште не им беше даден, бидејќи Исус уште не беше прославен.“ (Јован, 7, 37-39).
Како што се гледа, ова ветување на Спасителот ни го толкува самиот
евангелист Јован на следниов начин: жедните што ќе му пријдат на Христа да пијат
од Неговиот извор - односно оние што ќе се крстат и ќе станат членови на Неговата
Црква - Ќе го примат Духот Свети во свое време, кога ќе слезе Духот по
прославувањето на Христос.
Накратко: покрај крштевањето и по крштевањето постои уште еден свет чин,
преку кој на верниците ке им бидат соопштени даровите на Духот Свети. Така тоа
го сфатија апостолите и така го применуваат. Еве и сведоштво од Светото писмо.
1
Испор. Макариј, православно догматско богословиe, II, 225. оваа тајна во Светото Писмо, а и кај
старите црковни писатели се нарекува со најразлични имиња. Така, се нарекува: помазание (2 Кор.
1, 21), печат или знак, тајна на помазување, утврдување (2 Кор. 1, 21), совршенство (Кол. 1, 28; 4,
12), давање на Духот, полагање раце (Евр. 6, 2) итн.
2
„Кога чуја апостолите, што беа во Ерусалим, дека Самарија го примила словото Божјо, ги пратија кај нив
Петра и Јована, кои, штом слегоа, се помолија за нив за да Го примат Духот Свети“ (Дела. 8,14)
„И кога Павле ги положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив“. (Дела 19,6)
„За полагањето раце“. (Евр. 6, 2)

3
„Кога чуја апостолите, што беа во Ерусалим, дека Самарија го примила словото
Божјо, ги пратија кај нив Петра и Јована, кои, штом слегоа, се помолија за нив за да
Го примат Духот Свети. Оти уште ниту на еден од нив не беше слегол Он, а само
беа крстени во името на Господа Исуса. Тогаш полагаа над нив раце и тие Го
примаа Духот Свети.“ (Дела. 8, 14 - 17)
Од текстот јасно се гледа дека Самарјаните најпрвин беа крстени. Меѓутоа,
апостолите не сметаа дека тоа е доволно за правилно растење во верата. Тие сметаа
дека покрај крштевањето е потребно „да се положат рацете врз нив“ за да го примат
Духот Свети. Таа постапка без сомнение не потекнува од нивна лична иницијатива.
Тие за тоа морале да бидат поучени од самиот Спасител, иако таа непосредна поука
не е запишана никаде во Светото Писмо. Дека таа поука постоела произлегува од
самиот факт што апостолите така и постапуваат.
„1Во она време, додека Аполос беше во Коринт, Павле минуваше низ горните
земји, па дојде во Ефес и, откако таму најде некои ученици, им рече: Кога
поверувавте, примивте ли Дух Свети? А тие му одговорија: Ние не сме ни чуле
дека има Дух Свети. Тој им рече: А во што се крстивте? Тие одговорија: Во
Јовановото крштавање. Павле рече: Јован крштаваше со покајно крштавање,
велејќи му на народот да верува во Оној, Кој иде по него, односно во Исуса Христа.
А кога го чуја тоа, тие се крстија во името на Господа Исуса. И кога Павле ги
положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив, и тие почнаа да зборуваат на
разни јазици и да пророкуваат.“ (Дела 19, 1 - 6). Бидејки апостолите ја извршувале
тајната миропомазание веднаш по слегувањето на Светиот Дух врз нив (на
Педесетница) - значи дека ја востановил самиот Спасител и дека апостолите добиле
заповед за неа затоа што ништо не правеле своеволно, туку само тоа што го
слушале од Христа. Кога Спасителот ја востановил оваа тајна - точно не се знае. Се
смета дека ја востановил по воскресението кога им се јавувал на апостолите во
текот четириесетте денови и ги поучувал за Царството Божјо.
За да ги заштити верниците од оние што ги заведуваат, значи од тогашните
сектанти и еретици, апостол Јован: „А вие имате помазание од Светиот“ (1. Јов.
2,27). „ И помазанието што го примивте од Него, пребива во вас, и немате потреба

4
некој да ве учи; но бидејќи самото помазание ве учи на сè, и е вистинско, и не е
лага, тоа останете во него онака, како што ве научило тоа“ (1, Јов. 2,17)
Исто така и апостол Павле го споменува помазанието на дарот од Дохот
Свети, пишувајќи им на Коритјаните: „Бог е Оној, Кој нѐ утврди со вас во Христа и
нѐ помаза; Он и нѐ запечати и ни даде залог на Духот во срцата наши“ (2 Кор. 1,21-
22).
Сосема е разбирливо дека апостолите зборот „помазание“ тука го употребуваат
во смисла на внатрешно невидливо дејство на Духот Свети врз душата на
помазаниот. Но, природно е да се запрашаме, зошто тие тоа духовно дејство го
нарекуваат помазание? Дали тој израз можеби го означува и надворешното дејство
што служи како видлив знак на помазанието од Духот, како што крштевањето го
нарекоа „бања“ поради надворешниот знак на оваа света тајна, односно поради
потопувањето во вода. Таа помисла е сосема веројатна и логична, па од тоа може да
се заклучи дека апостолите не само што „ги полагаа рацете“ врз новокрстените,
туку дека и ги помачкуваа или тој начин на извршување на оваа Света тајна им го
предадоа на епископите и свештениците, се разбира со тоа претходно да се прочита
одредена молитва, како што правеа самите апостоли (Дела 8, 15).
Сите тие елементи постојат во Православната Црква уште од апостолско време,
а покрај наведените цитати од Светото писмо за тоа може да се наведат и цитати од
најстарите христијански списии и од делата на светите отци.

Г) Вршител на Света тајна миропомазание, примател, време и место на


служење

Редовен вршител на Света тајна миропомазание не е само епископот, туку и


презвитерот. Но, единствено епископот има власт да осветува миро за оваа тајна 3, а
презвитерот може да ја врши оваа тајна само со миро кое го осветил епископот.
Имаме сведоштва дека до 3ти век само апостолите и нивните наследници
епископите4 ја вршеле оваа тајна, а имаме и сведоштва дека од 3ти век, па наваму
3
Испор. 6 канон од Картагинскиот собор и прав. Испов. 1. дел на 105 прашање
4
(Дела 8, 14 - 17; 19, 6)

5
презвитерот ја вршел оваа тајна. Апостолските установи5; велат: „ Ти, епископе,
или, презвитеру, прво помажи со свет елеј, потоа крсти со вода и најпосле запечати
со миро“; без сомнение од 4ти век оваа тајна ја служат и презвитерите, за коешто,
пак, имаме многу сведоштва. Источната православна црква од минатото до денес се
држела за едно мислење, т,е, дека служители на Света тајна миропомазание, покрај
епископите се и презвитерите. На Запад, од 5ти век, почнуваат да ги оддалечуваат
презвитерите од оваа тајна, а ова конечно е формулирано на Триденскиот собор:
„(Sess. VII Can. 3.): Si quist dixerit sanctae confirmationis ordinarium ministrum non
esse solum episcopum, sed quemvis simplicem sacerdotem, A. S. (т.е. anathema sit)“.
Епископот Филафелфиски Гаврил (+1616) во своето дело за седумте тајни, вели
дека правото на презвитерот да ја служи оваа тајна му е дадено, за да не постане
некој од крстените без благодатта на Светиор Дух, а е во опаснос да почине.
Примател на Светата тајна помазание, воопшто е секој којшто е крстен во
името на Света Троица, деца и возрасни, а Света тајна миропомазание се лужи над
секој од нив, веднаш по крштението.
Бидејќи Света тајна миропомазание се служи веднаш по крштението, значи
времето и местото на миропомазанието се исти како и при крштението. Според
песните на Ефрем Сирин, во Сирија свечено крштевање и миропомазување се
извршувало на Епифанија (Јавување, Богојавление). Миропомазувањето не се
одлужува по крштението, туку се извршувало заедно со крштението.6
Оваа тајна не се повторува, со исклучок на оние кои ке се одречат од Христос,
па потоа повторно ке се вратат при Него. Одделно Светата тајна миропомазание се
служи само во следниве случаеви: 1) при помазување на цареви и кралеви на
престолот; и 2) кога крштението во неволја било извршено од страна на мирјанин.

Д) Видлива и невидлива страна на оваа света тајна

Видливата страна на тајната миропомазание е крстовидно помазување со Свето


миро на одредени делови од телото на крстениот, при што се кажуваат зборовите:

5
Lib.VII, c. 22 (Migne, Patr. gr. T. 1. 1012).
6
Правило од Вториот вселенски собо; 95 рав. Шестиот вселенски собор; 48 прав. Лаодикискиот
собор. Прав испов. Ибит.

6
„Печат на дарот на Светиот Дух“. Овде треба да разликуваме: 1) материја на
тајната, 2) зборови кои се кажуваат при служењето на тајната, и 3) самите дејствија.
Материја на тајната е Светото миро, кое има право да го освети само епископ.
Употребата на мирото има свој почеток уште од времето на апостолите. Веќе кон
крајот на првиот век, тие го замениле полагањето раце со миропомазание. Поради
брзото ширење на христијанството, апостолите не можеле секаде да стигнат. Затоа
осветувале миро и им го праќале на свештениците за да ја извршуваат оваа тајна.
ОД нив овој начин го примиле нивните наследници. Значи, оваа тајна уште од
првите векови се извршувала со миропомазание, како на Исток, така и на Запад.
Земено е мирото како материја, затоа што уште во Стариот завет тоа се излевало
врз свештениците, царевите и пророците за да ги примат даровите на Светиот Дух.
Светото миро е направено од елеј, балсам и други состојки. Елејот омекнува,
прецтавува лек за рани, ги зајакнува ослабените и кога телото ке се намачка со елеј,
го прави еластично. Балсамот, освен пријатниот мирис има сила кога телото ке се
намачка со него да нему дава да се распаѓа, а верниците преку дарот на Светиот
Дух, кој им се дава во тајната миропомазание, се чуваат од гревовно распаѓање.
Светата тајна миропомазание се извршува со кажување на зборовите: „Печат на
дарот на Светиот Дух“. Овие зборови, без сомнение, се темелат на зборовите од
светиот апостол Павле (2. Кор. 1, 22 - „Он и нѐ запечати и ни даде залог на Духот
во срцата наши“) и уште од старина се употребуваат при вршењето на оваа тајна, а
се наведуваат во 7 какон од Вториот Вселенски собор, како општо познати и често
употребувани при оваа тајна. Со овие зборови миропомазаниот се запечатува и
засилува во даровите на Светиот Дух, а кои ги прима за зајакнување на својата
христијанска вера.
Во почетокот, миропомазанието се вршело со молитва и полагање раце и во
Делата Апостолски7 не се споменува ништо за помазување. Сепак во апостолските
списии имаме места од кои може да заклучиме дека и апостолите знаеле за
помазанието и го вршеле8. Денес Светата тајна миропомазание се врши со крсто
видно помазување, како што се врши секое дејство со кое е поврзано давањето на
разни благодати. На крстениот најпрво му се помазува челото а потоа ушите, носот
7
Дела Апостолски 8, 14 - 17; 19, 5 - 6; Евр. 6, 2 - 4
8
2. Кор. 1, 21 - 22; 1. Јов. 2, 20, 27.

7
и градите, а според 7 канон од Вториот вселенски собор, крстените се помазувале
на челото, очите, носниците, усните и ушите. А во денешниот чин на
миропомазание е пропишано на крстениот да му се помазуваат челото, очите,
носниците, устата, ушите, градите и нозете.
Невидливото дејство на тајната миропомазание е во тоа што крстениот се
исполнува со силата на Светиот ДУх и се утврува во нов духовен живот. Даровите
на Светиот Дух ја исполнуваат душата, ја просветлуваат и го оспособуваат разумот
за правилно разбирање на главните вистини на верата кои се неопходни за спасение
и ја утврдуваат волјата во доброто.

Ѓ) Свето миро

Според учењето на Православната црква, материја за Света тајна


миропомазание мирото осветено според пропишаниот одред и чин од епископот.
Мирото, како единствена материја за служење на оваа тајна, Православната црква
го признавала во сите времиња, а го признава како апостолска установа, а од
почетокот, како божевствено. Навистина во прво време светите апостоли ја
служеле оваа тајна на слегување на светиот дух врз крстените со полагање на
рацете (Дева 8, 16 - 19; 19, 1 - 7), но ова уште во апостолско време е заменето со
помазување со миро (2. Кор. 1, 21). Целосна потврда за ова има во Апостолските
Установи, каде што за помазувањето на крстениот со миро, се зборува како за
апостолска установа9. Какво било мирото во апостолско време, дали и како било
осветувано, незнаеме да кажеме, но секако било слично на Старозаветното (2. Мој.
30, 23 - 38). и во 3ти век, материјата на оваа тајна било мирото, но од што се
состоело, позитивно не знаеме. Единствено што знаеме е дека било миризливо, што
го сугледуваме од молитвите пред помазанието и дека било осветувано со посебен
чин10. Од 4ти век, свето миро било осветувано со посебен чин, а ова осветување
единствено право да го служи има епископот.

9
Constitutions Apostolic. 1. III. C. 16 - 17. (Migne, Patr. Gr. T. 1, 797 - 800).
10
„Елејот со кој што се помазуваат крстените се осветува во олтарот“ - Tertull, Debabtizmo.

8
Псевдо - Дионисиј11 ни укажува на многу миризливи материи, како составни
делови на Светото миро и го нарекува - миро кое божествено најсовршено делува.
Свети Василиј Велики вели дека осветувањето на Свето миро е стар обичај уште од
апостолското предание. Прекрасен пример за осветување на Свето миро ни дава
Кирил Ерусалимски, кој во третата мистагошка катихеза (бр. 3) на неофитите вака
им ја толкува светоста на мирото: „ не треба да го сметаш оној елеј како обично
миро; бидејки како што лебот на Ефхаристијата по повикувањето на светиот дух,
не е повеѓе обичен леб, туку Тело Христово така и ова миро, по епиклезате не е
повеѓе едноставно или како што може да се рече обично, туку е благодат Христова
и преку божественото присуство Христово ни Го дава Светиот ДУх“. ЗА Светото
миро слично вели и светиот Глигориј Нискиј, односно мистично масло, мирото, по
осветувањето од Светиот ДУх има сосема поинакво дејство. Во ефхологијата на
Серапијон Тмуитски во Египет, современик на светиот Атанасиј Велики, има
„молитва на хризмата, со која се помазуваат крстените“, што е за нас од голема
важност. Во неа се моли, Бог да му даде на мирото небесно дејство (еднакво
благодатна сила) за крстените кои се помазани со него во знак на спасоносниот
крст на Единородниот... како препородени и обновени во бањата на препородот,
исто така да станат учесници на дарот на Светиот Дух; за оние коишто се утврдени
со овој печат да станат силни и цврсти, неповредени и недопрени, без досада или
измама, да живеат во верата и сознавањето на вистината до крајот 12... Исто така и
во Василиевите канони ја имаме вмолитвата за хризмата. Од 8ми век па наваму има
поблиски податоци за овој чин односво во Гоаровата евхологија го има чинот за
осветување миро, кои се однесува на 8ми век според овој чин епископот го осветува
мирото за време на Литургијата на Велики четврток.

Е) Римокатоличко и Протестанско учење за тајната миропомазание

Римокатоличко учење:

11
De ecclesiastica hierarchia, c. IV, 2 (Мigne, Pаtr. gr. T. 3, 473).
12
Wobbermin, Texte und Untersuchungen, s. 12

9
Во Светата тајната миропомазани, римокатолиците се разликуваат од
православните во: вршителот, начинот на извршување, формулата и времето на
давање на тајната.
Кај римокатолиците оваа тајна ја врши само епископ, а свештеник само во
исклучителни случаеви, со посебно овластување од епископ, и тоа во одредено
време. За да ја оправдат оваа своја пракса, тие се повикуваат на тоа што во
Самарија ѓаконот Филип крштевал, но неможел да положи рака, односно да ја
изврши тајната миропомазание, туку тоа го направие апостол Петар и апостол
Јован и на тоа што апостол Павле во Ефес положил рака на крстените 13.
Повикувањето на Филип е неоправдано, затоашто тој бил ѓакон, а не презвитер. И
повикувањето на случајот со апостол Павле исто така е неоправдан, затоа што тој
пред да положи рака врз нив за да го примат Светиот Дух, ги крстил. Оправдано би
било нивното повикување доколку тие биле крстени од презвитери, а
миропомазанието го извршил апостол Павле. Од овие места не се гледа дека
презвитерите немале право да ја извршуваат Светата тајна миропомазание. Во
старата Црква и на Исток и на Запад (до 9ти век) свештениците имале право за
извршување на тајната. За тоа ни сведочат Апостолските установи (книга 7ма глава
43, 44) и светите отци.
Римокатолиците се разликуваат од нас и по начинот на извршување на тајната
мирпомазание. Покрај помазувањето и тоа само на челото, полагаат и рака.
Вистина е дека апостолите на почетокот ја извршувале оваа тајна со полагање на
рака, но самите го смениле овој чин со помазување со свето миро. Исто така, и
помазувањето само на челото нема основа во старата Црква, затоашто и тогаш се
помазувале главните делови на телото. Ерменците, јаковитите и несторианите, исто
така ги помазуваат сите делови како и православните.
Формулата на тајната миропомазание кај Римокатолицита гласи: „Те
знаменувам (обележувам) (името) со знамението (обележјето) на крстот и те
укрепувам (утврдувам) со мирото на спасението во името на Отецот и Синот и
13
„ Кога чуја апостолите, што беа во Ерусалим, дека Самарија го примила словото Божјо, ги пратија кај нив
Петра и Јована,.кои, штом слегоа, се помолија за нив за да Го примат Духот Свети. Оти уште ниту на еден од
нив не беше слегол Он, а само беа крстени во името на Господа Исуса. Тогаш полагаа над нив раце и тие Го
примаа Духот Свети“. (Дела 8, 14-17)
„И кога Павле ги положи рацете над нив, слезе Духот Свети на нив, и тие почнаа да зборуваат на разни
јазици и да пророкуваат“ (Дела 19, 6).

10
Светиот Дух“. Потоа епископот полека го удира по образ миропомазаниот
говорејќи: „Мир на тебе“ - што значи дека е должен стрпливо да ги поднесува
навредите заради Христа и да живее во мир со сите. Според некои, удирањето
означува достоинство на синовство кое го добива како христијанин или татковска
нежност на епископот. Оваа нивна формула нема основа во Светото писмо; не
употребувана во старата Црква (и кај нив до 15ти век); не одговара на суштината на
тајната и премногу го истакнува извршителот на тајната. И обичајот со удирањето
по обрас не се спомнува никаде во старата Црква.
Тајната миропомазание римокатолиците не ја дабаат веднаш по крштението,
туку помеѓу седмата и дванаесеттата година. Ова го оправдуваат со тоа што
крстениот треба да пристапи на тајната миропомазание свесен, со доволно
познавање на основните верски вистини и за да се сеќава дека тајната е извршена
врз него. Таков обичај немало во старата Црква. И апостолите оваа тајна ја
извршувале веднаш по крштението (Дела 19, 5-6). Вака постапувала
Римокатоличката црква се до 12ти век. Самарјаните не го примиле миропомазанието
веднаш по крштението поради тоа што Филип како ѓакон неможел да ја изврши
оваа тајна. И во други случаи апостолите тајната миропомазание не ја извршувале
одвоено од крштението. Причина за тоа дека децата до седум години не треба да ја
примаат оваа тајна ја наоѓаат со фактот дека тие не се свесни и дека треба да се
запознаат со верските вистини. Тоа истото би требало да важи за крштението, но
тие крштеваат мали деца врз основа на верата на кумот. Освен тоа, благодатните
сили кои се даваат во тајната миропомазание се неопходни за утврдување, јакнење
и духовен раст на децата. Една од причините за давање на оваа тајна на децата е и
тоа што може да се случи некое дете да почине пред да ја прими тајната. Вистинса
причина за овој стаф ка римокатолиците е од практична страна. Бидејќи само
епископот ја извршувал оваа тајна, тој неможе да стигне секаде, па поради тоа оваа
тајна ја извршува еднаш на одредено место по извесен број години.

Протенстанско учење:

11
Протенстантите ја отфрлиле оваа тајна сметаат дека е непотребна, затоа што со
крштението се даваат опростување на гревовите. Според нив миропомазанието е
повторно крштевање. Ова нивно мислење нема основа во Светото писмо, затоа што
таму јасно се гледа дека крштението и миропомазанието се две посебни тајни.
Освен тоа, една благодат се дава при крштението - заради опростување на
гревовите, а друга при миропомазанието - за духовен раст и напредок.
Уште првите реформатоти ја отфрлиа Светата тајна миропомазание, тврдејки
дека нема основа во Светото писмо и дека таа воопшто не е потребна покрај
Светата тајна крштение. Овој стаф на првите протестанити го прифатија сите
протенстански секти. Некои баптистички проповедници велат дека
миропомазанието на децата или на возрасните што се крстени не се покажуваат
никакви дарови од Светиот Дух14.
Дискусијата по овие протенстански и сектански приговори е многу куса: а) Не
е точно дека Светата тајна мирпомазание нема основа во Светото писмо. б) Не е
точно дека таа Света тајна покрај крштевањето е непотребна. Ако ја извршуваат
апостолите, значи дека ја сметаат за потребна. А тоа понатаму значи дека
сектанскиот поглед е спротивен на Светото писмо. в) Даровите да Светиот ДУх не
се од материјална природа за да ги видиме. Дејството на Светиот Дух е невидливо
како и самиот Тој. Но, плодовите од тие дарови можат многу пати да се
почувствуваат во душите и да се видат во побожниот живот на христијаните, а во
случај на светителство тие се дури и допирливи. Ако, пак, и во примањето на оваа
Света тајна постојат христијани што паѓаат во разни гревови, тоа е од причина што
благодатта никогаш не дејствува насилно, туку само помага во нашиот растеш во
Христа. Впрочем, кога баптистичкиот приговор би бил точен, би можел да се
однесува и на нивното крштевање. Какви дарови на Светиот Дух се покажуваат кај
нивните верници по крштевањето?

Користена литература:

14
Симо Ралевиќ, Како се то појавило?

12
1. Поповић архимандрит Д-р Јустин, Догматика Православне Цркве книга 3,
Београд, 1978.

2. - Православна догматика книга 2, Македонска православна богословија


„Свети Климент Охридски“, Скопје, 2006.

3. Мирковиќ протопрезвитер д-р Лазар, Православна Литургика, втор посебен


дел (Свети тајни и Молитвословија) превод на македонски, Охрид, 2002.

4. Милин, д-р Лазар. Црквата и сектите (превод на македонски). Скопје, 1999.

5. https://www.mocdanz.org.au/mk_MK/
%D0%A1%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B0-
%D0%A2%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B0-%D0%9C
%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BC
%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B5/.

6. https://preminportal.com.mk/polezno-i-potrebno/2135-sveta-tajna-krshtenie-
miropomazanie-prichest.

7. https://pokajanie.mk/2018/08/17/9223/.

Содржина:

13
1. Вовед........................................................................................................................2

2. Што е миро помазание и за што служи.............................................................2

3. Потврда за Светата тајна Миропомазание......................................................3

4. Вршител на Света тајна миропомазание, примател, време и место на


служење........................................................................................................................5

5. Видлива и невидлива страна на оваа света тајна..........................................6

6. Свето миро.............................................................................................................8

7. Римокатоличко и Протестанско учење за тајната миропомазание...........9


Римокатоличко учење....................................................................................10

Протестанско учење.......................................................................................12

8. Користена литература.......................................................................................13

9. Содржина.............................................................................................................14

14

You might also like