Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

Универзитет “ Св.

Кирил и Методиј” – Скопје


ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
Институт за историја на уметност и археологија
-насока: Археологија-

Синопсис на Магистерски труд на тема

Римски терми:

Ментор: Кандидат:
Проф. д-р Антонио Јакимовски Антонио Стојановски
Индекс:

Скопје 2023
Содржина:

1. ВОВЕД
2. ОПРАВДАНОСТ НА МАГИСТЕРСКИОТ ТРУД
3. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО
4. МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАП
5. КОМПОЗИЦИЈА НА ТРУДОТ
6. ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА
7. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
ВОВЕД

Во текот на четиригодишните додипломски студии на археологија, иако првично


антиката изгледаше толку основно и површно, со текот на нејзиното проучување и
истражување, таа прерасна во еден мистичен период кој што не ги познава своите
граници. Кога станува збор за античкиот период во Република Македонија, слободно и со
целосно право можеме да кажеме дека рамномерно се носиме со останатите соседни
држави, каде што може да се сретнат исто толку археолошки богатства колку и во сите
останати европски држави. Архитектурата пак од друга страна, е онаа преку која што ние
дознаваме за секојденвниот живот на нашите предци. Преку архитектонските остатоци
ние дознаваме за нивниот живот, за распоредот на нивните градови, за секојдневните
обичаи, од обичните граѓански станбени простори, до раскошните империјалистички
палати. Она за кое што ќе се обидам да го обработам во овој труд е новиот луксуз кој што
пред доаѓањето на Римјаните, на нашите простори бил непознат во тие размери и тие
практики. Римските бањи се еден феномен кој што влегува во секојдневниот живот на
нашите предци и може да се каже дека и до ден денеска не е исклучен од употреба. Преку
овој труд ќе се обидам да ја објаснам архитектурата, инженерството и градежните техники
кои што биле воведени за изградба на бањите, а исто така не треба да се исклучи и
нивната важност од социјалниот аспек кој што имал огромно влијание врз римските
граѓани.

Со започнување од првите изградени римски бањи во самиот Рим, градежниот


материјал, правилата на користење и нивната популарност, па се до нивната изградба во
античките градови на денешна територија на Република Македонија. Овој труд ќе
претставува една синтеза на материјали кој што верувам дека подоцна ќе биде
компатибилен за обработка и за користење првично од страна на студентите и оние кои
што сакаат да го истражуваат античкиот период, а подоцна и за научни студии од каде
што лесно ќе може да се користат сите информации за тоа како изгледале, како се
користеле и како функционирале римските бањи.
ОПРАВДАНОСТ НА МАГИСТЕРСКИОТ ТРУД

Сумирајќи ги погоре споменатите сознанија и истражувања за оваа област во


антиката, одлучив мојот постдипломски труд да го посветам токму на оваа област во
античкиот период оти сметам дека за ова во досегашните истражувања во Република
Македонија, се има посветено многу малку внимание и потребно е да се сумираат и да се
прошират досегашните истражувања.

Со овој магистерски друг ќе се обидам да ги афирмирам и презентирам


најрепрезентаттивните истражени римски бањи во Република Македонија, преку
спојувањето на останатите фактори кои што биле клучни за нивна изградба и како тие
влијаеле врз дотогашното автохтоно население.
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Основни цели на моите истражувања се следните:

Да се изврши увид и анализа на римското владеење, од социјален, економски,


научен и воен аспект.

Римското влијание врз античките градови во Македонија, исто од социјален,


политички, економски а најважно од се од архитектонски аспект.

Потеклото и изградбата на првите римски бањи.

Истакнување на архитектонските и технолошките достигнувања. Каде што се


вклучуваат конструктивните методи, употреба на градежни материјали и стручна работна
сила.
Целосна анализа на нивниот внатрешен и надворешен дизајн, вклучувајќи
појаснување за сите простории но и напредниот систем за загревање на водата.
Улогата на бањите од социјален аспект, каде што ќе се вклучи и хиерархалната
поделба во римското општество.
Изградба на римските бањи во античките градови во денешна Република
Македонија.
Опис и детална анализа на 7-те најрепрезентативни римски бањи во Република
Македонија:
1. Бањски компекс во Куќата на Перистериј – Стоби.
2. Бањски компекс до Коцкарница – Стоби
3. Бањски компекс од Градската Вила – Скупи
4. Бањски компекс од Градска вила – Хераклеа
5. Бањски компекс во Приградската вила – с.Бардовци
6. Бањски компекс од Епископската Резиденција – Баргала
7. Бањски комплекс од Банско - Струмица
Видео илустрација, поточно целосна дигитална реконструкција на една бања која
што потекнува од Република Македонија, во самата анимација ќе биде претставен,
целосниот систем на водовот, загревање на водата, релаксација на граѓаните и одвод.
Притоа нема да се исклучи и точноста и прецизноста на архитектонските елементи во
самата 3Д реконструкција.
МЕТОДОЛОШКИ ПРИСТАП

Основниот метод во рамките на истражувањата на темата претставува археолошко-


типолошкиот метод, пронаоѓањето и истражувањето на пишаните извори за овој период ,
првично од странска литература која што најмногу ќе се користи за основите на римскиот
период и изградбата на првите бањи, вклучувајќи ги и нивните архитеконски и
социолошки аспекти. Што се однесува до теренските истражувања најмногу ќе се
користат истражувањата на археолозите и нивните публикации од Република Македонија.

Верувам дека ваквиот компаративен метод ќе овозможи увид и споредба на


археолошкото наследво што го поседуваме во Република Македонија, со она што е во
Европа, а исто така преку споредбата ќе се увидат грешките кои се направени од страна на
нашите археолози, но и од странската научна фела, со што ќе дадеме уште поголема
афирмација на нашите истражувања. Покрај тоа ќе се овозможи и поголема експонираност
на помалку познатите бањи заедно со нивните локалитети во Република Македонија.
КОМПОЗИЦИЈА НА ТРУДОТ

Апстракт

I. Вовед
1. Општ осврт кон Хеленистичкиот период
2. Општо појаснување за тоа колку бањите биле важен аспект во римската
цивилизација
3. Општо појаснување за јавните бањи и нивната употреба во римскиот период
II. Историски развиток на римските бањи
1. Краток расказ за потеклото на римските бањи и нивиот развиток.
2. Истражување за популарноста на јавни бањи, поточно: како тие стануваат
составен дел од Римската култура
3. Истакнување на архитектонските и технолошките достигнувања нивна
конструкција.
III. Инженерски техники и материјали
1. Контруктивни методи
2. Употреба на разновидни материјали (камен, цемент, мермер итн..)
3. Улогата на стручна работа сила (архитекти/инженери, робови)
4. Аквадуктот како главен дел за водовод
5. Хипокатусов систем.

IV. Структура и Дизајн на римските бањи


1. Разгледување и појаснување на плановите типична римска бања, поточно:
a. Објаснување на секоја просторија засебно и нивната улога ( тепидариум,
калдариум, фригидариум и нататио)

V. Совијален, културен и хигиенски аспект


1. Анализа на социјалниот и културниот аспект на римските бањи
a. Рекреација
b. Јавно собирање за дискусија
2. Хиерархалната поделба во римските бањи (улогата на римските граѓани и
робовите)
3. Опис на ритуалите и нормите за користење на јавните римски бањи
a. Ритуал на бањање
b. Масажа
c. Религиски аспект
4. Потребата на римските бањи од хигиенски аспект.
VI. Значајни римски бањи пронајдени во Република Македонија
1. Бањски компекс во Куќата на Перистериј – Стоби.
2. Бањски компекс до Коцкарница – Стоби
3. Бањски компекс од Градската Вила – Скупи
4. Бањски компекс од Градска вила – Хераклеа
5. Бањски компекс во Приградската вила – с.Бардовци
6. Бањски компекс од Епископската Резиденција – Баргала
7. Бањски комплекс од Банско - Струмица
VII. Видео илустрација – Дигитална реконструкција на римска бања од Македонија
1. Дигитална реконструција на една бања од Р.Македонија
2. Видео илустрација од системот на работа на римските бањи
a. Водовод
b. Загревање на топла вода
c. Одвод
VIII. Значајност и влијание на римските бањи во подоцнежните Европски и Малоазиски
култури
IX. Заклучок
1. Повторување на главните точки, есејски прераскажано сите заедно
2. Трајното влијание на римските бањи врз античкото општество и
последователните империи.
1. ЗАКЛУЧНИ СОГЛЕДУВАЊА

Конечно, на крајот од синопсисот со предлог разработката на темата под наслов:


Римските терми, слободен сум да ги изнесам следните размислувања.

Пред мене стои задача компонирана од следните сегменти:

 Прикажување на Римската култура, нејзиното влијание врз античките градови во


Република Македонија, придонесот на римските бањи, материјалните остатоци од
бањите во Република Македонија како и социјалните и општествени елементи на
секојдневниот живот.

Оттука сметам дека значајната задача на моето истражување ќе биде обидот да се


согледа античката цивилизација во археолошка смисла на територијата на Македонија и
да се активира негово истражување и афирмирање кое што во моментов се наоѓа на
пониско ниво за разлика од останатите археолошки локалитети? .
ОСНОВНА ЛИТЕРАТУРА

1. Green, P. (2007). „Alexander the Great and the Hellenistic Age“. Weidenfeld &
Nicolson.
2. Walbank, F. W. (1984). „The Hellenistic World“. Harvard University Press.
3. Eck, W., & MacCormack, S. (Eds.). (2012). „The Cambridge Companion to the Age of
Constantine“. Cambridge University Press.
4. Jones, C. P. (1992). „The Roman World of Dio Chrysostom“. Harvard University Press.
5. Fagan, G. G. (1999). „Bathing in Public in the Roman World“. Michigan Classical Press
6. Kyle, D. G. (1998).„ Spectacles of Death in Ancient Rome“. Routledge.
7. Ward-Perkins, J. B. (1981). „Roman Imperial Architecture. Yale University Press“.
8. Adam, J. P. (1994). „Roman Building: Materials and Techniques. Routledge“.
9. Macaulay-Lewis, E. (2011). „Building an Empire: Architecture and Urbanism in the Age
of Augustus“. Cambridge University Press.
10. O'Sullivan, T. (2009). „Walking in Roman Culture“. Cambridge University Press.
11. Janet DeLaine. "The Baths of Caracalla"
12. Белдедовски, Звонко -Трајче Нацев -2006: „Новооткриен термален објект во
Баргала44, Macedoniae Acta Archaeologica 17,’ Скопје 2006, 289-302.
13. Корачевиќ, Душанка -2002: Скупи, градска територија, Скопје 2002.
14. MacDonald, William L. -1986: The Architecture of the Roman Empire II, an urban
appraisal,New Haven-London 1986.
15. Трухелка, Tinpo -1929: „Археолошке белешке Јужне Србије, Терме y
Бардовцима44, Гласник Скопскогнаучногдруштва V, Скопје 1929, 78-80.
16. Djordje Mano-Zisii, James Wiseman „STUDIES IN THE ANTIQUITIES OF STOBI“
17. Farrington Andrew „Lycia (Antiquity), Roman baths“
18. Sadi Maréchal „Public and Private Bathing in Late Antique“
19. Дафина Герасимовска. „ТЕРМАНЛНИТЕ КОМПЛЕКСИ ВО РИМСКИТЕ
СТАНБЕНИ ОБЈКЕТИ“ – Годишен зборник, Филозофски Факултет

You might also like