„Македонска Крвава Свадба" (Целата Драма) - Македонски Јазик и Литература

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 1

Почетна » пишување и читање » !и!

лиотека »
„Македонска крвава свад!а“ (целата драма)

„Македонска крвава
свадба“ (целата драма)
!и!лиотека, македонска литература,
македонска литература на почеток од 20.век

Македонски Јазик

Прирачник за
матура – НОВО
ИЗДАНИЕ
560 ден

Додај во кошница

„Македонска крвава свадба“ е најпознатата драма од


Војдан Чернодрински. Во продолжение прочитајте ја
целата драма:

МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА

ЛИЦА ШТО УЧЕСТВУВААТ:

ДЕДО КУЗМАН, 80-90-годишен старец

БАБА КУЗМАНИЦА, негова жена

ТРАЈАН, БОГДАН – нивни синови

БЛАГУНА, жена на Трајан

ДУКО, син на Трајан

ЦВЕТА, ќерка на Трајан, 15-17-годишна

МИТРА, жена на Богдан

НИКО, ЃУРЕ, АРСЕ – ситни деца на Богдан,

МОЈСО – кум на Трајан

МОЈСОВИЦА, кума

СПАСЕ, овчар, љубовник на Цвета

ТРЕНКО, I ОВЧАР, II ОВЧАР – пријатели на Спасе

ОСМАН-БЕГ, чифлик сајбија

РАСИМ, ШЕФКИЈА, ИСМАИЛ – полјаци и другари


на Осман-бег

КРСТА, ПЕТКАНА – потурчени рисјанки

ТЕФИК ПАША, валија

СЕКРЕТАР НА ВАЛИЈАТА

СЕЛИМ ОЏА

ЕДЕН ТУРЧИН (пијан)

I ЗАПТИЈА

II ЗАПТИЈА

III ЗАПТИЈА

ЗАПТИЈА КАЈ ВАЛИЈАТА,

МЕЗЛИЧ, КОНЗУЛСКИ ПРАТЕНИЦИ,


АРХ.НАМЕСНИК, ГРАЃАНИ, СЕЛАНИ,
СЕЛАНКИ, ЖЕТВАРИ, ЖЕТВАРКИ, ТУРЦИ,
ДЕЦА И ДР.

ДЕЈСТВИЕ ПРВО

СЦЕНА ПРВА

Опстановка: широко поле со неожнеани ниви,


покриени со крстини, полози и снопје. Целото поле е
оживеано од жетвари. Самата сцена претставува
започната, но неожнеана нива. Во неа Трајан, удобно
седнат, од мократа долга слама прави појаси. Богдан,
потпрен на левото колено, врзува снопје притискајќи
ги со десното колено. Благуна и Цвета жнеат. Околу
пладне е. Пред кревањето на завесата започнуваат да
пеат:

Саракино, варај, варај, малка моме.

Овчар свири варај, в`долно поле

(Завесата полека се крева)

ПОЈАВА ПРВА

Ќе да идам варај, да го видам

Да го видам варај, в`долно поле.

ТРАЈАН, БОГДАН, БЛАГУНА, ДУКО И ЦВЕТА

ТРАЈАН: (Бришејжи ја потта од челото). Страшна


горештина, бреј! Изгоревме!…

БОГДАН: Времето му е, бре брате, та асли требит да


е горештина.

БЛАГУНА: Камо да подржит вака времево, дур да се


соберит бериќетов, та нека е лошо после.

ТРАЈАН: И много горештина не чинит. Ево… (Се


раскопчува) На, жива вода сум.

БОГДАН: А бре, ама нема што да прајме, сиромаси


сме, селани; да сме граѓани, ќе работевме под сенка,
ќе седевме и на готово ќе јадевме.

(Цвета започнува да пее, а по неа и другите)

Ако ми е, варај, род роднина:

Надеја се, варај, след недела!

Ако ми е, варај, јабанџија:

Надеја се, варај, след година!

ЦВЕТА: (Исплашена потскокнува и вика) У! Мајко!


Татко, змија! (покажува со прст).

СИТЕ: (Изненадени). Што! Змија, к`де е?

ЦВЕТА: Ево ја! Ено ја, бегат, удрете!

ДУКО: (Со стап во рацете) Бегајте! Чекајте да ја


отепам. (Удира со ластегарката). А, пустина ниедна!
(Продолжува да ја удира).

ТРАЈАН: Удри, удри, отепај ја синко!

БОГДАН: По глаа, по глаа удри. Змија инаку не се


отепуа.

ТРАЈАН: Бре, пустината ниедна, колка е!

ДУКО: Не ти тебе касање. (Ја крева ластегарката).

БЛАГУНА: (Исплашена). Леле, колкаа била,


штурината! Фрли ја тамо синко!

ТРАЈАН: Не, не, остај ја тука! Да не оживит пак, да


ја гледаме. (Кон Цвета) Се уплаши ќерко, много?

БОГДАН: Како не се уплашила, не е играчка, умират


чоек од неа.

ЦВЕТА: Леле, за малку ќе ме укасаше.

БЛАГУНА: (Кон Цвета). Земај, напи се вода, ќерко,


земај. Види колко пож`лте. Дуко, подај го стомнето
одтаде.

БОГДАН: Море убо оту не ја укаса.

БЛАГУНА: (Крстејќи се). Сполај ти тебе господи,


оти ми го заварди момичево. Варди не и чувај не
сите од лошо.

ТРАЈАН: Напи се, ќерко, напи се. На уплав водата


помагат.

ДУКО: Арно е кажав! Здроби и глаата, напрај и на


парчиња ако мојт нека каста после. Така требит и на
Турците да им сториме за да не касаат.

БЛАГУНА: Колку луѓе умреле од змија, колку


жетварки, току…

ДУКО: Много умреле од змија, ама ја велам многу


појќе умреле од другиве змии со две нозе што со уста
не касаат тие, а со куршум и нож. И колко илјади има
умрени, број немат…

БОГДАН: Море, да се далеку од нас и едните и


другите.

ТРАЈАН: Ами и мене колку пати ќе ме укасале и од


едните и од другите. Џанам требит да се чинит дикат
чоек.

БОГДАН: А бре, брате, дикат, дикат, ама и дикатот не


помогат; што му е пишано на чоека, ќе му врвит
преку глаата.

БЛАГУНА: И не е арно змија да види чоек.

ТРАЈАН: А! Тамам работа, ти ќе кажиш некој женски


будалштилок; не било на добро, јок!

БЛАГУНА: Така кажуваат, чунким. (Блеат овците,


ѕвонци, оддалеку кавал свири оро)

ТРАЈАН: Ајде, ајде тамо! Слушај како свирит


кавалон, та не ти требит тебе такви ни солени ни
печени.

ДУКО: (Игра) Хај-де, хај-де, опа!

БОГДАН: Де, бре! Де бре из полозите!

ТРАЈАН: Бре, да му е алал, ама свирење свирит! Кој


ли ќе е аџаба?

БОГДАН: (Кон Дуко). Некој овчар ќе е.

ДУКО: Овчар е, ами кој свирит други по тоа време, и


така убоо, ако не е овчар. Овчарлок, џанам пашалок!

БЛАГУНА: Си терат овците пред себе и си свирит,


бре луѓе!

БОГДАН: А бре, да ти е алал!

ТРАЈАН: Види го, види го, земјана е кревет! И… да


сакат да дојдит да ни посвирит.

ЦВЕТА: (Зад нив игра. На себеси). Белки е тој?

БЛАГУНА: А, мори ќерко, не е далеку, бргу ќе ти


играме на свадбата.

ЦВЕТА: (Засрамена сопира). Ама убоо свирит, мори


мајко!

БОГДАН: Нека е жива саде и тоо ќе бидит. Еден


јунак шо сум и нашол во веков го немат. Ем личен е,
ем попски син е! Учен до тамо!

БЛАГУНА: Попските синој не се за фалење, брате!

БОГДАН: Ами ако попските синој не чинат, на


гојадарот чинат.

ТРАЈАН: В` град, в` град ми ја сакаат. Тамо живот да


живејт. Тамо барем не е толко страшно од Турците,
ја!

ДУКО: К`де ќе сакат та`, тамо ќе ја дајме.

БЛАГУНА: Бре, кој те научи така синко? Али


даскалот? За тоа ве берит околу него? Ве учит да не
слушате мајка, татко, да мрсите в пости и да креате
глаа, комитлок да прајте.

ТРАЈАН: Де, де, а де! К`де отеравте вие работава;


рибата в море, тавата на оган! Е, у-ааааа!

БОГДАН: Ја велам, кај ќе бидит касмет тамо ќе а


дајме. (Глас од овци и ѕвонци се слуша наблизу).

ТРАЈАН: А, така да ми си жив бре братко! Тој лаф на


место го кажа. (Го здогледува овчарот). А, ето и
овчарот идет да ни посвирит. Ела бре брате, да не
повеселиш малку со кавалот.

СПАСЕ: (Од надвор). `Рррр пустине.

(Влегува Спасе)

ПОЈАВА ВТОРА

ИСТИТЕ И СПАСЕ

(Цвета и Спасе често крадешкум се погледнуваат).

БОГДАН: Тамам, тамам! За в`лкот зборувавме и


в`лкот на врата.

СПАСЕ: Ајрија да е, со здравје да се јадит, до година


појќе, поубоо браќа.

СИТЕ: Амин брату, амин!

ДУКО: Ние работиме, а други ќе го јадат брате.

СПАСЕ: (Со воздишка). О, знам, знам… Бериќетов


арен ми се гледа оваа година.

ТРАЈАН: Абре, сполај богу, арен е. Греота е да се


плачеме, ама што марифет…

СПАСЕ: Пченките малу не ќе чинат, оту голема суша


е, ама пак арни ќе бидат.

БОГДАН: Абре, се арно не может да бидит!

ДУКО: И житото арно е, ама за нас не, за други, за


други.

БЛАГУНА: Сушата за овчарите ич не чинит, ама за


жетварите многу убаа си е.

СПАСЕ: За то` така си е, мори стрино. Трева ич


немат, та овците и гладни си и дотеруваме дома.

ДУКО: Кога нема трева овчарот знајт и во нивјето да


си напасуват овците. (Се слуша ѕвонење на ѕвонци и
блеење на овци и тоа многу близу).

ЦВЕТА: (Покажува кон овците). Ено ги, си се


напасија во јачменон!

СПАСЕ: (Се свртува кон овците). Бре види ги еднош


пустињето. (Вика). Арррр, пустиње, аррр в`лкот да ве
јадит. Абре Шарко! (Кучето лае). Држ бре! Држ бре!
(Се враќа) Бреј! МНого немирни овци имам… Ни
една да не останит.

ТРАЈАН: Џанам шо е кабил, и да не сакат овчарот


овците ко ајвани влагаат и во нивјето. Толко години
ја сум бил овчар, та `и знам тие работи.

БОГДАН: Убоо нешто е чоек да бидит овчар, ама да


си имат и свој овци.

СПАСЕ: А, бре братко, вистина, убоо е, ама сега ич


не чинит; не е сега ко пред година коа имаше
пасалишта. Сега Турците пасалиштата `и напраија
нивје, та остана саде по междите да `и пасеме
овците, стрико! Ако се твој овците и да те види
полјакот, оту и пасиш покрај нивјето тешко тебе; ама
ако се на некој бег, ништо не ти прајт. И цела нива да
ја запустат, ама наша да е нивата. Ако е турска, голем
ќотек ќе има.

ДУКО: То се знајт оту така ќе бидит. Турчин на


Турчин никојпат не прајт вреда, а ние рисјаните еден
со друг ќе се изедиме.

СПАСЕ: Лоши времиња дојдоа, бараќа, лоши!

ДУКО: Полоши не можит да бидат; лоши луѓе, лоши


времиња току трпи душо, црнеј кожо!

СПАСЕ: (Со воздишка). Е, ќе трпиме до кога ќе


можеме, а после… да се живи р`це!…

ТРАЈАН: (Погледнува кон овците). Машала, арна


стока си имал. Твој се, бре брату?

СПАСЕ: А, мој. Да имам ја толку овци со мене не ќе


се зборват!

БОГДАН: Ами чиј се?

СПАСЕ: На Имер ага; крвникот, не го знајте?

ТРАЈАН: Како да не го знајме, да му се запустит


името…

ДУКО: Страшен крвник е! Пред две години ништо


немаше, а сега цел чифлик има, а пак колку души е
истепал, број нема!

СПАСЕ: Турчинот лесно се обогатуат, браќа, дур има


плашливи рисјане да се праат на ќори, кога некој
Турчин им зема стоката.

ДУКО: Сите полјаци голичи биле, а бегој станале.

БОГДАН: Сила им е царство им е, што сакат ти


праат.

СПАСЕ: Дип не е то така бре стрико, ама ние сме им


дале та сила, за така да ни праат; ако малу се
завардуваме, не би не скубале.

ДУКО: Така е брате! Секој чоек од глаата си патит, а


ние пак има много да птиме со овие глаи…

ТРАЈАН: Ами од кое село си, бре синко?

СПАСЕ: Од Црвена Вода сум, стрико.

БЛАГУНА: Имаш мајка, татко?

СПАСЕ: А, немам.

ТРАЈАН: Ами како така?

СПАСЕ: Ја сум бил много малечок кога татка ми го


отепале Турци. Одвај малу го паметвам, а мајка кога
ја бев десетина години, и та` умре од жал по него.

СИТЕ: Е, завалија! (Пауза).

СПАСЕ: Та ја сум сирак.

БОГДАН: Сирак?

ЦВЕТА: (настрана). Ах, кутриот!

ДУКО: Ами зошто го отепале бре брате?

СПАСЕ: Е, бре брате, што ми п равиш, ја и ти оште


ништо не знајме од патилата в`ова пуста земја…

ТРАЈАН: (Тажно). Допрва, допрва има да тргате,


синко.

БОГДАН: Зошто и како станало?

СПАСЕ: Мајка на младо време, била мошне убаа.


Сите јунаци се натпретекнувале, кој побрго
стројници да пуштит и да ја посакат. И голема кавга
станала за неа. Еден непрокопсаник роден саде за
пакост, некадарен да ја сврши сам работата, ти го
поткупуват полјакот селски за да му бидит стројник.

То куче се пофалуват на деда, татко е на мајка ми, да


не ја даат на други, а да ја дајт на тој ѓавол.

ТРАЈАН: Види мрсното куче.

СПАСЕ: А мајка и татко толко много се сакале, што


еден за други в`огон се фрлале. Полјакот се зафалил
на сите да ја не земат, оту лошо ќе и најдит; од страх
сите тргнале р`ка…

ДУКО: И јаз`к, страшливци!

СПАСЕ: Саде татко не сакал да чует за флабите на


полјакот и се оженил за мајка. Полјакот, три години
после свадбата, го пречекал татка на пустија и го
отепал.

СИТЕ: Господ да им платит на тие кучиња.

СПАСЕ: Ако бидам жив, ја ќе им платам за крвта


таткоа и мајкина!

ДУКО: Да ти е јаз`к ако не им платиш!

ТРАЈАН: Еј гиди, гиди, патила наши!

БЛАГУНА: (Настрана). Да е далеко од нас.

СПАСЕ: : Ето виѓате како си ваѓаме очите еден со


други.

ДУКО: Е, бре брате!

СПАСЕ: Ако еден овчар е страшлив, убајте јагниња


в`лкот ќе му `и јадит; така е и за нашите убај
момичиња.

СИТЕ: Така си е, вистина!

ТРАЈАН: Ама остана нешто малку од татка ти, бре


брате, или не? Куќа, кошара, нивје?

СПАСЕ: Остај, остај, сполај му, колку да не е без ич.

БОГДАН: Али си женет, али не си женет?

СПАСЕ: А, женет? Не сум, кој ми даат жена мене бре


стрико.

ЦВЕТА: (Радосна, на страна). Ах, неженет!

БОГДАН: Ако ти е ќеф, посвири ни малу, со кавалот,


убоо свириш, не му мисли много…

СПАСЕ: Биѓат, биѓат, како не, за атарот ваш, а колко


за мислење ич не му ја мислам; една душа сум; како
да е ќе поминам; ама господ да не ми земат душава,
дур не платам на душманите…

ДУКО: Ја сум ти другар во тие работи, а сега ајде


речи некоја, ама…

ТРАЈАН: Старовремска…

ДУКО: А, не таква, некоја нова, нова.

БЛАГУНА: Некоја кумитска сакат тој; даскалот го


учит такви песни да пејт.

СПАСЕ: Кумитските се убај стрино! Сега му е

You might also like