Download as odp, pdf, or txt
Download as odp, pdf, or txt
You are on page 1of 19

Култура на

здравото живеење
Израбитиле:
Моника
Спасовска
Теодор
Стефановски
Драгана
Насковска I-5
Изработила:Моника СпасовскаI-5
Зрнести плодови
Сите зрнести плодови, како јагоди, малини, капини,
боровинки, се богати со хранливи влакна кои се многу
важни за нормален и здрав дигестивен систем. Малините
имаат најмногу хранливи влакна и се со анти-канцерогени
својства, боровинките имаат дупло помалку влакна, но се
богати со антоцијанини и антиоксиданси кои помагаат при
подобрување на меморијата, а јагодите како овошки со
најмало количество хранливи влакна од зрнестите плодови,
се богати со витамин Ц, кој е добар за кожата. Тие исто така
помагаат во намалувањето на телесната маса.
Јајца
Јајцето како извор на високо квалитетен протеин, може
навистина да ви даде поголема моќ. Една неодамнешна
студија покажала дека, луѓето кои за доручек јадат пржени
јајца и тост, се чувствуваат позаситено и јадат помалку на
ручек, отколку кога појадуваат ѓеврек (кој има отприлика
сличен број на калории). Дури и кога внимавате на вашиот
холестерол, едно јајце одлично би се вклопило во вашата
дневна исхрана. Жолчката од јајцето содржи лутеин и
зеаксантин – два антиоксиданси кои ги одржуваат очите
здрави
Грав
Гравот е одличен извор на железо, минерал кој го
пренесува кислородот од белите дробови до клетките низ
нашето тело. Бидејќи телото не може да апсорбира исто
количество железо преку растителната храна, како што
може преку говедското или пилешкото месо, комбинирајте
го гравот со храна богата со витамин Ц, за да го зголемите
нивото на апсорпција на железо. Гравот е исто така богат со
растителни влакна, кои помагаат за регулација на нивото на
холестерол во крвта.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се богати со незаситени масти кои се
добри за срцето. Студиите на „Seventh-Day Adventists“
(религиозна вероисповед која придава големо значење на
здраво живеење и вегетаријанска исхрана) покажуваат дека
луѓето кои редовно консумираат јаткасти плодови, си го
продолжуваат животот за отприлика 2 и пол години.
Оревите се најверојатно во центарот на вниманието,
поради нивното високо ниво на алфа-линоленска киселина
која е добра за здравјето на срцето и која го подобрува
расположението.Здрава храна препорачлива за секој ден
Брокула
Оваа зелена велесила претставува пакет од витамини Ц, А и
К (кој им помага на коските), како и фолна киселина. Постои
уште една причина поради која брокулата често се наоѓа на
првото место на листата за здрава храна – таа обезбедува
здрава доза на сулфорафан, еден вид на изотиоцијанат за
кој се смета дека го спречува ракот, преку помагање во
стимулирањето детоксификација на ензимите во
организмот.
Сладок компир
Слатките компири се сјајно портокалови поради фактот што
содржат алфа и бета каротен. Телото ги претвора овие
соединенија во витамин А, кој помага при одржувањето на
здравјето на очите и коските и подобрувањето на
имунитетот. Еден среден сладок компир обезбедува речиси
четири пати повеќе од препорачаната дневна вредност на
витаминот А, плус неколку други витамини како Ц и Б6,
калиум, манган, лутеин и зеаксантин, што го прави еден од
најхранливите зеленчуци.
Јогата,Пилатесот,Медитацијата,Фитнесот
Изработил: Теодор СтефановскиI-5
Јога
Јога е систем од вежби за телесно и
духовно прочистување и морално
усовршување. Јогата опфаќа физички
вежби, вежби за дишење и
медитации.Јоггата помага во грижата
и зајакнувањето на телото и умот.
Помага и во зголемување на
концентрацијата, го подобрува
дишењето,го намалува стресот и
многу други бенефити.
Пилатесот
Пилатес претставува серија од
контролирани движења, кои се
изведуваат или на специјални справи
(реформатор) или на подот. Методата
Пилатес се фокусира врз подобрување
на флексибилноста, силата и
сознанието за вашето тело, без
непотребно трупање на
маса.Најважни принципи во пилатесот
се контрола,концентрација,правилно
дишење,точност,течност на
движењата,центрирање.
Медитација
Медитацијата е техника со помош на која
физичкото и духовното тело се доведуваат во
хармонија.
За време на медитација се ослободуваат сите
енергетски блокади кои ги има во телото, се
зголемува енергетскиот проток и се зголемува
свеста.Се смета дека медитацијата е првата
техника која се практикува многу одамна, при
која луѓето нашле мир и задоволство во самите
себе. придобивки од практикувањето
медитација се
Намалување на стресот,контролирање на
анксиозноста,го намалува крвниот
притисок,помага подобро да се фокусирате,го
подобрува расположението.
Фитнес
Фитнес е состојбата да се биде физички
подготвен и здрав.Фитнесот ви помага
да бидете во форма, и физички и
психички, бидејќи резултира во општа
состојба на благосостојба, зголемена
самодоверба и леснотија во
исполнувањето на задачите од областа
на спортот и и дневните. Општите цели
на фитнесот се подобрување на
кондицијата,подобрување на
физичкиот изглед, подобрување на
самодовербата и др.
Болести на зависности – дрога и алкохол
Изработила :Драгана Насковска I-5
Што е тоа дрога ?
• Од фармаколошка перспектива, под дрога се подразбира хемиска состојка која
може да предизвика промена на биохемиските и на физиолошките процеси во
ткивото или во организмот во кој се наоѓа.
• Во поширока смисла, под дрога се подразбираат сите природни или вештачки
состојки кои имаат психоактивно дејство на живиот организам во кој се наоѓаат,
односно кои предизвикуваат промена на менталните и на физиолошките
процеси на организмот. Ова сфаќање повеќе се однесува на дрогите кои не се
употребуваат поради медицински цели и на состојките кои често се нелегални за
употреба.
• Покрај изразот „дрога“, за означување на истиот поим често се употребува и
изразот „психоактивна супстанција“. Двата изрази се сметаат за синоними.
• Иако многумина не можат да разберат, во дроги се вбројуваат и: алкохол, тутун,
кафе, испарувачи (гасови, пареа од лепила, аеросоли или слични производи),
лекарства што се издаваат со или без лекарски рецепт и новите психоактивни
супстанции.
• Дроги се употребувале речиси низ целата историја на човештвото.
• Луѓето употребуваат дроги од најразлични причини, како на пример: потреба за
лекување или за олеснување на психичка или физичка болка; од религиски или
духовни (спиритуални) потреби; за забава; за опуштање; за социјализација.

Како користењето на дрога може да стане зависно
• Зависноста е состојба која се одликува со повторно и компулсивно
барање и користење на дрога, алкохол или други слични супстанци и
покрај негативните општествени, ментални и физички последици.
Оваа состојба е вообичаено придружена со психолошка и физичка
зависност од супстанцата која се користи и со појава на симптоми на
одвикнување штом количината на супстанцата која се зема е
намалена или нејзиното користење е прекинато. Кога постои
зависност, лицето не го контролира користењето на дрога, туку
користењето на дрога го контролира лицето. Кога личноста ќе ја
загуби способноста да направи разумен избор дали да користи дрога
или алкохол или не, тогаш тој или таа се зависни. Во случајот кај некои
дроги, зависноста настапува многу брзо. Тоа значи дека дури и по
едно, две или три земања, лицето може да добие таква силна желба
за дрога, така што истото е приморано повторно да ја земе
супстанцата, и покрај фактот што лицето веќе знае кон што сè ова
може да го доведе.
Дејството на алкохол и негова употреба на млади години
• Алкохолот се апсорбира во крвта преку стомакот и цревата. Преку
цирклуација на крвта, алкохолот влегува во сите делови на
телото. Алкохолот особено влијае врз пренесувањето на
сигналите во мозокот и нервите. Алкохолот го забавува развојот
на мозокот и влијае врз развојот на личноста. Пиењето на
млада возраст ,или консумирањето на големо количество
алкохол за време на пубертетот го забавува развојот на мозокот.
Младите кои пијат почесто ,имаат голема шанса да развијат
зависност од алкохол на постари години. Алкохолот влијае и врз
количеството на хормони во пубертетот.Тоа може да влијае на
развојот на коските и мускулите за време на пубертетот.
Ризици од употреба на алкохол
• Ризици од краткотрајна употреба:
• - нарушување на кординација
• - нејасен вид
• - бавно размислување
• - агресија
• - развлечен говор
• - правење работи за кои корисникот подоцна може да зажали
• Ризици од долготрајна употреба
• - Развој на зависност и одаденост на алкохол
• - Сириозно оштетување на црниот дроб ( цироза и рак на црниот дроб) , срцето , нервите ,
мозокот и стомакот.
• - оштетување на меморијата

You might also like