Кочански ориз Природни услови за одгледување и рецепти за готвење

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Придобивки и недостатоци од консумација на ориз

После пченицата, најчесто користена житарица во светот е оризот. Во нашата кујна


многу е застапен, но за жал во најголема мера се користи белиот, рафиниран ориз. За
да може организмот во целост да ги искористи сите хранливи состојки на оваа корисна
житарица, а да го избегне дополнителното внесување на хемикалии (пестициди), се
препорачува употреба на интегрален ориз,по можност органски. Под поимот
интегрален, се подразбира ориз на кога му е отстранета лушпата, но е оставена
обвивката на зрното, која е права ризница на витамини и минерали. Во неа се наоѓа
голема количина од витамините од Б групат а кои делуваат за смирување на нервниот
систем. Од минералите застапени се селен,калуим,силицуим,калциум, фосфор,
магнезиум и железо. Овие минерали се важни за здравјето на кожата, косата, забите,
а селенот ја подржува работата на тироидната жлезда и бубрезите.
Оризот содржи висок процент на јаглени хидрати, што му ја дава високата енергетска
вредност. Во 100 грама ориз има околу 340 калории. За разлика од белиот,
интегралниот ориз има поголема количина .
Оризот е намирница која се одликува со лесна сварливост, па се препорачува во
исхраната кај лица кои имаат здравствени проблеми чир на желудникот и
дванаестпалачното црево. Водата во која оризот се варел може да се користи при
болки во стомакот и дијареја.

Оризот е втора по значење житна култура (после пченицата) и со него се исхранува


голем број од населението во светот. Освен за исхрана, тој се користи за правење
алкохолен пијалак - саке, а со преработка на оризовата слама се добива хартија.
Од витамини, има витамин Е – во р`кулците, и скоро сите витамини од групата Б – во
лушпата.
Поради својот биолошки состав, оризот не е само храна, туку и лек.
Уште во старата кинеска медицина, оризот играл важна улога. Неговите лековити
својства ги признала и научната медицина: оризовата вода како природно средство
против пролив, оризовото брашно во исхрана на доенчињата и децата.
Оризот има многу важна улога во диеталната исхрана. Сепак, често оризот во
исхраната погрешно се користи: излупен и глазиран (помалку вреден), наместо
природен, интегрален.

Оризот и неговите лековити вредности


Оризот е одличен извор на енергија која се употребува во телото за активност
на мозокот, физичка активност и телесни функции. После јаглехидратите,
протеините се вториот најбогат елемент во оризот.Оризот е извонредно хранлив
360 калории во 100 грама. Сиромашен е со масти, но богат со скроб, па затоа е
лесно сварлив. Оризот е богат со минерали. Најмногу има фосфор и тоа 116
милиграми и калиум, а нешто помалку магнезиум, калциум, манган, железо,
сулфур, бакар, цинк, кобалт…Од витамини, оризот најмногу содржи витамин Е и
витамини од групата Б.

Оризот е една од основните намирници во секојдневната исхрана на едно


семејство. На македонските простори се препознатливи оризовите насади во
Кочани, што оризот го прави неизбежен дел и од традиционална но, и
современата македонска кујна.
Домашниот ориз како и оризот кој доаѓа од увоз може да се приготви на
различни начини, од традиционалната тава со пилешко месо, па се до
модерните трендови на подготовка на рижото со морски плодови. Најчесто
традицијата е поврзана со белиот ориз, но се почесто се наметнува темата
дали интегралниот ориз е поздрав за организмот.

Оваа житарица е одличен извор на енергија за подобра активност на мозокот и


телесните функции. Оризот е извонредно хранлив, има 360 калории во 100
грама, не содржи речиси воопшто масти, а од составот 73% припаѓаат на
јаглехидратите.
Оризот е богат со скроб, па затоа е многу лесно сварлив. Оризот содржи и
минерали, како фосфор, калиум, а има нешто помала количина на магнезиум,
калциум, манган и железо. Од витамините најмногу ги содржи витаминот Е и
витамините од групата Б.

Ориз во Кочанско
Долината на Кочани припаѓа на групата на т.н. континентални субмедитерански
предели кои се карактеризираат со најизразено преместување на
континентална и медитеранска клима и со високи температурни амплитуди.
Климатските услови во регионот главно зависат од географската положба и
релјефот. Температурата е значаен фактор кој има големо влијание врз
биохемиските процеси на оризот. Во прилог на ова, неопходни се оптимални
температури, како и ограничените вредности во кои не може да се одгледува.
Потребната просечна дневна температура на воздухот за време на вегетација
за успешно одгледување на ориз треба да биде помеѓу 18-20 °C.
На оризот му е потребна интензивна сончева светлина, додека дифузна
светлина го пролонгира периодот на созревање. Во регионите каде се
одгледува ориз не треба да има силен ветер кој може да овозможи вршење на
зрната од метлицата, сплескување или откорнување на целото растение.
Збирот на температурата за време на вегетација на оризот во кочанскиот
регион е во рамки од 2700 °C до 4500 °C што значи дека основните услови на
одгледување, како топлина, вода и светлина се погодни за одгледување на
ориз.

 Округлиот ориз е обичен бел ориз, се користи за правење пилаф, паела, сите
видови житни култури. Таквиот ориз апсорбира вода двојно поголем од
неговиот волумен, затоа пропорцијата на вода-ориз 2: 1
 Кинески долг ориз - оризот има долго зрно, обично зазема многу повеќе вода,
до три волумени. Однос вода-ориз 3: 1
 Целиот ориз (кафеав ориз) - Зрното не е излупено, така што е потребно
подолго време да се готви и апсорбира повеќе од два волумени вода. Овој
ориз е најздрав.
 Паричен ориз - за време на процесот на парење, витамини во оризовата лушпа
продираат длабоко во зрното, со што се зголемува хранливата вредност на
оризот, додека можноста оризот да апсорбира масти за време на готвењето е
нагло намалена. Обично варениот ориз не е мек, житото ја задржува својата
форма подобро, па затоа е полесно да се готви таков ориз.
РЕЦЕПТИ ОД ОРИЗ

Сутлијач или сутлијаш[1] (турски: sütlaç) е вид сладок десерт што се добива со варењето
на ориз во млеко.
Сутлијашот се приготвува со варењето на ориз во млеко со додатоци: шеќер,, ванилин
екстракт или шеќер а може да биде украсен со рендано чоколадо или овошје. Може по
желба да се додаде и цимет, Се служи топол или ладен во порции (чинии).
Оваа посластица е редовно јадење на македонската, српската, бугарската и турската кујна
од каде и потекнува овој десерт.

Лапа — специјалитет од ориз, вода и афионово семе (мак). Се смета за својствен


на кочанскиот регион во Македонија.
Карактеристично за подготовка на лапата е што се користат скршени оризови зрна (уфак)
што овозможува, по варењето, оризот воопшто да не се забележува, односно се добива
еднолична смеса.
Пред да се стави семето од афион, истото се потпечува, па се толчи во соодветен сад
(дибек) сè додека од него не почне да излегува масло. Потоа се разредува во студена
вода, па се истура во зовриена вода во која има сол и масло. Така се вари околу половина
час. Потоа се додава оризот и се доварува додека се добие еднолична смеса, на која по
вкус може да и се додаде уште сол.[1]
Всушност, лапата е еден вид збогатен пилав, и таа обично се јадела за време на
верски празници кога се постело. Така, наместо млеко, за да се збогати ова јадење, се
додавало семето од афион.

(лапа)
Оризот е состојка што редовно се користи во македонската кујна. Покрај
класичните јадења во кои се употребува како главна или споредна состојка,
може да научите и неколку нови јадења со кои ќе го збогатите неделното мени.

Оризот е многу значаен дел од исхраната на многу луѓе ширум светот. Постојат
разни негови видови и различни начини на употреба, па во зависност од тоа,
тие можат да варираат во вкусот и хранливоста.
Главните два типа на ориз во светот, па и кај нас се: интегралниот и белиот
ориз. Двете намирници потекнуваат од истото зрно, но белиот ориз минува низ
повеќе степени на рафинирање и процесирање. Интегралниот ориз може да се
смета за полнозрнеста храна. Тој е лесен за подготовка и може да се
искомбинира во многу рецепти.

(Оризово поле во Кочанско)

(Оризница во Кочанско)

Традиционална жетва на ориз

Секоја година традиционално се одржуваат Денови на оризот во градот Кочани.

Изработиле
учениците од III г
одд.
Ментор- Љубинка
Велкова

You might also like