Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 10

✿═════ღ ஐ✿Ƹ̵Ӝ̵̨ ̡ ̄Ʒ✿ஐ ღ═════✿

•´•.✿.•´¯Среќен роденден драга моја¯`•.✿.•`•

Морам да признаам дека им се восхитувам на мажите затоа што имаат особена привилегија
да размислуваат праволиниски за проблемите и со самото тоа побрзо да дојдат до решение,

за разлика од жените кои заради разгренето размислување т.е. аналитички метод, често
изгубат од вид што бил самиот проблем, а не па да дојдат до некакво си решение...

Среќен роденден! Биди убава, здрава, среќна и уживај во животот онака како што вистински
посакуваш!

"Тајната на животот е искреноста и чесноста. Ако успееш да го одглумиш тоа, си успеал"в

posakuvam da slavish ushte mnogu rodendeni vo dobro zdravje vedro raspolozenie i bezbroj srekni
momenti so vashite sakani .Sreken najsreken rodenden !!!
Честито матура . Уште многу успеси понатаму во животот. Секоја пречка да биде само нов
предизвик за него. Да чекори само напред а назад да се сврти колку само да види од каде тргнал.
Сонот негов да стане негова реалност.

Честитки. Уште многу успеси понатаму во животот. Секоја пречка да биде само нов предизвик за
неa. Да чекори само напред , а назад да се сврти колку само да види од каде тргналa. Сонот нејзин
да стане нејзина реалност.

Честитки! Му посакувам уште многу големи и мали победи кои ќе му донесат безброј радости,
насмевки и остварување на сите желби!

Успехот не доаѓа сам, туку мораме да одиме кон него. Само напред! Честитки и му посакувам
среќа и успеси понатаму!

★ ⋰⋱ ★ ⋰⋱ ★ ⋰⋱★ ⋰⋱ ★ ⋰⋱ ★ ⋰⋱ ★⋰⋱ ★
❤ ★ ⋰⋱ ★ ⋰⋱ ★ ⋰⋱★
❤ ❤ ⋰⋱ ★ ⋰⋱ ★⋰⋱ ★ ★ ⋰⋱ ★

⋰⋱ ★ ⋰⋱ ★⋰⋱ ★

Срекен роденден лепото!!! Остани и натаму прекрасна како што си. Ти посакувам среќа,
успех, насмевки, прегратки, љубов... Желбите немаат лимит, ти одбери што ти треба! Те
гушкам!
Среќен роденден љубов!
Ти посакувам големи и мали победи кои ќе ти донесат безброј радости, насмевки и
остварување на желбите!
Биди ми најсреќен

Денес е твој ден. Уживај делејќи го со најблиските и пријателите, а мене дозволи ми да


бидам дел од него со оваа искрена порака. Само парче од она што ти го посакувам е
доволно за да бидеш среќен цел живот! Исполни ги соништата и уживај во она што те
прави среќен! СРЕЌЕН РОДЕНДЕН! ♥

Тебе не може да те има на друго место освен насекаде. Се останато би било празно трошење
живот, а не живеење љубов.

Драги мои! Ви го посакувам се она што би им го посакала и на моите деца. Да бидете среќни.
Среќните луѓе немаат се најдобро. Тие го извлекуваат она најдоброто од се. Живеат едноставно,
говорат љубезно, сакаат безусловно. Носете ги со себе моите зборови кои ги упатував кон вас,
сето знаење, сите анегдоти и мудрости. Немојте никогаш да трудите да бидете подобри од
другите, бидете најдобри за себе. Правете го она што мислите дека е најдобро за вас. Немојте да
се мерите со другите, бидејќи сите ние сме различни и сите ние постигнуваме некој свој
максимум, онолку колку што ни треба. Одете само напред, без да се вртите назад кон минатото.
Ве сака сите учителката.
Се вртат по вас на улица госпоѓице Беба. Не се правете дека не приметувате. Знам јас многу
добро дека жените немаат само две очи. Се вртат по вас некои лиглиња и ве гледаат. Ми иде
да им се развикам: - „Што е бе клапчовци, прв пат гледате мечта што оди?“ Ама не ме
загрижуваат воопшто, право да ви кажам. Не знаат они да како се гледа во мечта. На нив
месото им е интересно. Ама забораваат дека месото има душа што сака прва да биде
погледната. Дечишта недораснати. Не, не се сите малолетни. Има и средовечни што се вртат
по вас, ама гледаат плитко и неуко, како тинејџери, па затоа ги ставам во истиот кош на
недораснати а со самото тоа и безопасни. За вас тие се исто толку важни како плочките на
тротоарот по кој газите... внимавајќи да не се сопнете или да не ви се заглави штикличката во
некоја пукнатина. А што е најинтересно, по вас се вртат и девојки. Е, они веќе поинаку
гледаат. Гледаат во вас како да сакаат со поглед да ви ја излупат кожата и да си ја облечат на
себе. Како да сакаат од вашата коса да си направат перика. Но и тие забораваат дека убавото
не е на вас туку во вас, и никако не можат да ви го земат. Дека тоа е скриено кај што човечка
рака не може да допре. Скриено е кај што само душа може да нурне. И тоа не било која душа,
туку некоја што знае длабоко да нурка. Некоја што може и долго да издржи без воздух. Се
вртат по вас госпоѓице Беба Браун. Но вас тоа не ве допира. Ќе си одлебдите мазно по својот
пат, оставајќи зад себе нешто како ѕвезден прав. За нив тој прав е невидлив, и затоа ги
жалам. Само ретките умеат такво нешто да видат, госпоѓице Беба. Само благословените
умеат да видат и запаметат како изгледа мечта што оди. А благословените се очајно ретки... и
тоа го прави светот толку, толку мало и осамено место.
„Моја драга Клеми, во твоето писмо од Мадрас ми напиша многу мили зборови, дека сум ти го
збогатил животот. Не можам да ги го доловам задоволството коешто ми го причини, затоа што
секогаш се чувствувам дека сум ти должник, ако воопшто може во љубовта да се прават некакви
сметки".

Ќе погледнам начесто кон луѓето.


Чиниш најсреќни се.
Ќе погледнам потем в себе.
Чиниш најсреќна само еднаш бев.
А, бев, и тоа многу.
Онолку колку што ми изгледаат луѓето дека се сега.
Мислев дека љубов еднаш ти се случува.
И уште мислам.
Никогаш повторена, никогаш исто доживеана.
И колку и да кажувам и велам - тебе те нема.
Проклето.
Многу.
Неповратно.
Непреболно.
Те нема.

Камо да го вратев тој ден. Но, не се враќа. Несреќата е запишана, знам. Исто
како и среќата. Или ти се случува или не. Некои ти се доделуваат како награда
во животов, некои ти се одземаат заради нечија казна. Се мислев: зошто јас да
сум казнета? Јас љубев како никој, давав како да е последно, милував како што
милува срце вљубено. Внимавав на зборови, на постапки, на вниманија. Зарем
плаќаме нечија туѓа казна? Си се тешам со размисли, а знам дека ништо не
менува.
Нешто проклето се случи.
Тебе те нема.
Така било запишано.

Пробав да си го откорнам срцево. Да се исплачам до снемување. Да заминам


таму каде што си, но не бидува така. Не се умира со умрениот, не се живее туѓ
живот. Се носиш со болката и учиш да си посилен. Велеа дека сум млада, дека
ќе преболам, ќе зацелам, ќе заборавам. Но, како кога тој ми беше младоста?
Како кога со него ја гледав иднината? Која иднина сега да ја запишам врз
уништен материјал врз кој се запишуваат желбите? Страв ми е да сонувам, страв
ми е дека среќа не заслужувам, дека мојата еднаш ја искористив.
Толку проклето ме заболе.
Само затоа што те снема.
Само затоа што те мислев си ми се' за наеднаш да си ништо.

Ќе поминат години. Ќе поминат луѓе секакви. Некои ќе бидат налик тебе, а за


некои ќе велам дека ти така не правеше, дека ти подобро ќе постапеше. Ќе си
замислам желби и за момент ќе те ставам во нив, ќе подзаборавам. Така правев,
не знам како ќе престанам. Уживав да те делам со иднината, а отсега ќе те
зборувам само во минато.
Проклето ќе те спомнам, проклето ќе проголтам солзи.

Ќе го чекам денот кога ќе се сетам на тебе со насмевка, сега само боли, не


можам.
Ќе го чекам денот кога ќе сфатам зошто ова ми се случи мене, зошто тебе.
Зошто да се претворам во најсилна, кога со тебе можев да бидам само
најљубена.
Ќе чекам да се појават оние очи со сјајот твој.
Бидејќи ти постоеше и ќе постоиш пак.
Таков не заминува, таков повторно се раѓа.
Дотогаш ќе ме болиш бидејќи толку проклето те нема...

Тагите зад мојата насмевка

Ти кажав дека сум добро.


Не сум.
Ти кажав дека преболев.
Не сум.
Мислиш сум најдобрата.
Колку не сум.
Очекуваш најдобро.
Го немам.
Уште не.

Мислев ми поминало лошото време. Сум научила сама да пливам, дека за тоа
должна сум само самата јас. Сум испливала на површина како никогаш досега.
Сите демони ги победив, не се враќаат. Почнав да се сакам, да ме сакаат. Сметав
дека сум зацелила.
Но, не треба да бидеш сигурен.
Се смеам можеби затоа што уште ги бркам лошите сили.
За да не им потклекнам, за да докажам.

Моите таги беа големи. Можеби поголеми од моите насмевки. Колку


поголема насмевка правев, значи толку поголема мака сум имала. На секое
натсмевање сум се борела посилно. Можеби сум изгледала убаво, но сум се
чувствувала прелошо. За другите фина, а в себе душа си кинам. Сум се изборила
за насмевка, но всушност сум се борела со себе. Сум била еден човек кој бил
удиран, многупати. Дали в душа дали на тело - веќе и не било ни толку важно.
Тагата, предавството, нељубовта болат и повеќе од камшик.
Сум пробувала.
Можеби се' уште и пробувам.

Немој да се залажуваш.
Немој да те лажам.
Јас само сакам помош, сакам само прегратка. Сакам прибежиште за да си ги
исплачам солзите. Сакам сигурно место каде што ќе ги исфрлам
несигурностите. Цело време тоа го правев преку насмевките. Мислев
насмевката убива. И да, убивала. Но, ме уби мене. Почнав да се смеам секому,
само за да не се откријам каква сум. За да не придонесам уште таги врз оние
постоечките. Мислев дека со насмевките ќе привлечам само среќи.
Наместо да се исплачам како човек.

Не верувај кога ми е убаво. Прво прашај ме, ако си човек. Не знаеш кога со
насмевката си правам корито за солзите, само за другите да не видат како тие се
слеваат надолу по земјата. За да не мора другите да газат по нив и да речат:
„Еве ја, пак плачела!“
Полесно ми е кога кога ме гледаат силна.
Тогаш не ме повредуваат, тогаш помалку плачам.
Ако си човек, направи ми вистинска насмевка.
Сум слушнала дека само со вистинска среќа солзите се бришат.

Еве сум, пак плачам. Ме гледаш? Не ме гледаш, се скривам. Бегам да не ме


види никој, бидејќи не смеам да бидам ваква. Не смее мене ова да ми се
случува. По правило, човекот мора да се смее. Не смеам да плачам, не.
Тоа е за мали деца.
Како ти оди животот? Не ми кажувај, сигурно подобро од мојот. Не си бил
оставен вака како мене, сигурно луѓето те сакаат што и да направиш. Па, како
така? Јас колку и да помагам, колку и да покажам квалитети, не ме сакаат
луѓето. Тешко ми е, ме слушаш? Тешко ми е!!! Чекам да помине секој ден,
очајно чекам. Времето го преживувам, дишам од потреба. Не сум се чуствувала
подолно во животот.
Во ред ли е тоа?

Понекогаш, не знам како се чувствувам кон насмевките од другите. Не знам


дали се радувам на нивната среќа, дали и’ се восхитувам, дали љубоморам,
завидувам, се сожалувам, се депримирам. Како долго време да се навикнав со
несреќава. Така се чувствувам во душава, не дека се работи за месеци или
години. Срам ми е да кажам дека не сум во моментот среќна. Што? Зборувам
глупости? Во ред е да бидам некогаш несреќна? Како, пријателу? Зошто?

Добро, убаво ми велиш, редно е да ги избришам солзите. Доволно исплакав,


првиот чекор е повеќе од доволен. Да ги избришам солзите и да оставам место
за насмевките. Морам да размислувам рационално, иако чувствата ме
навјасале. Да, ми се редат несреќни моменти едно по друго, но има денови кога
среќата не се додржува. Сум се израдувала од едно, па од друго, па од трето.
Велиш, со тешкиве денови созревам? Не сум размислила така. Можеби во
животот допрва ми доаѓа голема моќ, слава, љубов и среќа, и морам да бидам
подготвена. Мора да знам како е на дното за да не останам сама на врвот. Со
тоа ќе знам како им е на оние врз кои ќе се редат несреќи како сега мене кога
ќе бидам среќна. Ќе бидам приземјена во моето задоволство. Нема да
дозволам да ме победи надмоќта и да бидам сурова. Затоа што, може пак да ме
снајдат тешки денови и ќе ми биде потешко. Да, овие моменти ме учат за
иднината. Да знам како да преживеам. Ме учат да бидам човек!

Фала ти, пријателу, што ме исчита. Тешко ми е, но ќе биде подобро. Не е во


ред да не биде во ред.
Во ред е да ти е тешко, во ред е да созреваш.
Таков е редот, така растеме.
Доколку ти зависи среќата од мене - те ослободувам!
Ако животот со тоа ќе ти биде посреќен - оди, ич не ме гледај!
Те ослободувам.
Себична бев, знам.
Те стискав во моите пранги од љубов, те мачев со моето внимание.
Знам, затоа сега те ослободувам.
Те ослободувам од онаа девојка со која правеше планови, смислуваше имиња
на деца, поминуваше време.
Не знам како досега не сфатив дека те задушувам со тоа!
Себична.
Напната.
Масирачка.
Лудачка.
Еве, сега ми текна.
Слободен си!
Живеј со тие што не те бараа никогаш за добро, попотребни ти се.
Радувај се со оние кои никогаш не те прашаа дали ти треба нешто.
Јас со таквите прашања само во робија те држев, стоеше стиснат, заробен.
Јас и мојата глупава љубов!
Ослободи го, нека си ја почувствува среќата како човек.
Како слободен човек.
Мене не ме прашувај, мене така и ми треба. Терор човек сум, напнат човек сум.
Порано се нарекував борец во животот, сега само човек кој не знае каде треба
да застане.
Мислев дека треба да се бориш за тоа што го сакаш, но не, требало да го
ослободиш.
Никој не сака толкави синџири од љубов, толку прашања како ти поминал
денот.
Сфатив, добро, ќе те ослободам.
Еден ден, можеби ќе се ослободам и јас.
Ќе се ослободам од љубовта кон тебе.
Ќе си речам и себеси еден ден така:
„Еве, те ослободувам, уживај.“
Немој да мислиш дека не гледам колку вредиш. Ти си најубава-та од
најубавите. Не дека другите мора таква да те мислат, не дека светот треба да се
сложи со тоа. Ти сама по себе треба да знаеш дека вредиш. Ти сама по себе си
принцеза.
Но, не моја принцеза.
Бидејќи ни јас не сум Крал, ни принц.
Само еден обичен дворски шут.

Наместо да ти ја намалувам тагата, јас ти ја намалувам самодовербата.


Очигледно толку знам. Толку ми се дало. Слушам гласини дека сум бил многу
убав, згоден, сите ме сакале. И јас тоа си го мислам за себе, а не смеам. Не ни
треба. Не си го ставам прстот на чело и да сфатам дека треба да се однесувам
како кон принцеза кон мојата девојка, или барем да научам како се прави тоа.
Знам дека поубаво ќе се чувствувам тогаш, сигурен сум.

Мојата божемна убавина не ме топли. Навечер спијам без љубов, до мене не


лежи таа што ја сакам. Не ни ја имам таа што ја сакам. Не ни можам да одберам
една од многуте за да биде таа вистинската. Веројатно тоа го прави срцето, така
сум слушал. А, и пред сите сум само еден лош човек, со тек на време ти ќе ме
отсакаш, ќе ме замразиш, ќе ја преминуваш улицата кога ќе ме видиш и ќе ме
избришеш од се’ што не’ поврзува.
Лошото време ќе го поврзуваш само со мене.

Те молам, убавице, немој да си ја ставаш таа тешкотија на срцето. Не вредам.


Немој да се чувствуваш помалку убава поради мојата грдотија одвнатре. Немој
да мислиш дека секоја нова е поубава од тебе, бидејќи верувај дека јас тоа на
секоја и’ го правам. Секоја што била моја, била и оставена од мене. Била
понижена, била депресивна, лута, бесна, омаловажена. Останала без љубовта
од другата страна, од онаа која јас сум ја давал.
Ох, но како да објаснам: љубовта никогаш не ни постоела.
Јас сум нудел само страст, заљубеност која е премногу различна од љубовта.

Ова го кажува оној малечок глас во мене, оној кој би требало да претставува
мојата совест. Тоа е оној собир на советници кои се собираат одвреме навреме
за да дискутираат околу моите нечесни дела. Бројат колку сум оставил, која
девојка повеќе сум ја понижил, за која девојка сметаат дека воопшто не
требало да ја допрам или онаа која заслужила од мене такво нешто. Но, ова
никогаш не би ти го кажал в лице, не сум толку силен. Се сметам за горд, но
всушност сум инаетлија. Не сум направил нешто добро за да бидам горд.
Понекогаш се гордеам на тебе, убавице. Бидејќи една таква дама дозволила да
биде со еден ваков како мене. Помислила дека вредам. Издржала со мене.
Пробала да ме смени кон подобар човек. Горд сум на оние кои не шират лошо
за мене, бидејќи знам дека се тоа добри луѓе. Бидејќи не му сакаат најлошо на
својот непријател, му посакуваат подобра иднина што и да направил.
Јас сум само тоа - непријател на оној кој те сака.

Убавице, јас само тивко ќе кажам дека заслужуваш подобар. Ќе те одминам и


јас на улица непогледнувајќи те и ќе посакам само најдобро за тебе. Не очекувај
ни да ти се извинам, ни да ти барам прошка, ни објаснување. Мојот наведнат
поглед ќе ти го објасни тоа.
Остави ме јас да си се уништувам, се’ додека не дојде онаа која ќе ме
дотолчи.
А, ти убавице, и тоа како заслужуваш подобар.

ам поради што ме засака. Знам што си кажал кога првпат си ме видел. Сум била
најубавата што дотогаш си ја сретнал, сум била културна и фина при првиот
поздрав. Издвоена од толпата, најубава во просторијата.

Не дека тоа е мојот опис. Не се доживувам таква. Скромна сум. Наивна.


Повлечена. Неинтересна. Можеби дека тој ден бев на фризер, имав ново
фустанче. Шминката ја погодив. Случајно си ме видел под вистинскиот
рефлектор во дискотеката. Можеби си бил ти осамениот, желен за девојка,
одамна оставен, отфрлен од љубовта. Јас сум ти изгледала како утеха, нешто да
смениш.

Нема да бидам секогаш таква. Често ќе бидам грда, со расипана шминка,


здебелена, нерасположена, лоша, со погрешна комбинација, со храна околу
устата, со несредена коса и одраснат корен, со поткршени нокти. Остарена и
тажна. Мрзлива и опадната. Нема да се издвојувам од толпата. Ќе бидам
изморена од напорниот ден, разочарана од неисполнетите очекувања.
Расплакана за глупости. Љубоморна и посесивна. Напорна и глупава.
Ќе бидам само човек.

Но, многу ќе те сакам. Не поради комплиментите што ми ги даваш, туку


поради вниманието што го трошиш. Поради што со мене си подобар човек.
Бидејќи се смируваш со мене кога си лут на светот. Бидејќи твоите раце се
најсилни за мојата слаба душа, бидејќи тие секогаш ќе одговараат со мојата
големина на прегратката. Бидејќи празнините низ твоите прсти точно се
исполнуваат со моите. Бидејќи телото ми се затоплува кога си ми блиску. Не сум
празна по твојот краток бакнеж.
Не сум лоша кога ќе ми се насмевнеш. Не сум старата, туку сум нова и посилна
личност по тебе.

Не поради твоите успеси. Или по поранешните девојки. Не по тоа што секоја


девојка помислувала да биде со тебе. Нема да те сакам ако си поинаков од она
што те знам. Ќе те сакам само поради она кога ќе сме сами, далеку од светот.
Далеку од оние што ни сакаат зло, оние што не нѐ сакаат заедно. Далеку од
оние кои мислат дека или јас или ти сме предобри за другиот. Дека не се
заслужуваме. Дека од каде ли сме се нашле. Дека повеќе си одговараме со
некој друг. Со некој кој ќе одговара на мојата висина, а таа ќе биде доволно
позната за твојата репутација.
Јас ќе те сакам само поради она што го носиш внатре, а не поради
вчерашниот твој успех.

Затоа сакај ме и памти ме поради сите добра што ти ги правам.


Поради љубовта што ти ја давам.
Заљуби ме во срцево, тоа секогаш ќе биде исто кон тебе.

Znaj da uspeh ne dolazi sam, već moramo ići prema njemu. Samo napred! Čestitam i želim ti sreću u budućem
radu.

You might also like