трудово право цел испит

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 60

A.ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ – стр.

1. Цел, примена, дефиниции на Законот за работни односи


2. Забрана на дискриминација, видови, исклучоци
3. Вознемирување и полово вознемирување, мобинг, товар на
докажување во случај на спор
4. Времетраење на договорот за вработување
5. Форма, страни и услови на договорот за вработување
6. Права и обврски на страните при склучување на договор за
вработување
7. Обврски на работникот
8. Конкурентска забрана, конкурентска клаузула, надоместок и
престанок
9. Обврски на работодавачот
10. Договор за вработување на определено време, сезонска работа со
скратено работно време со повеќе работодавачи
11. Договор за вработување за вршење на работа од дома, куќни
помошници и менаџерски договор
12. Приправнички стаж, волонтерски стаж и пробна работа
13. Начин на престанување на важноста на договорот за вработување
14. Откажување на договорот за вработување (начини и форма)
15. Откажување на договорот за вработување (причини)
16. Откажување на договорот за вработување поради кршење на
работниот ред, дисциплина или работните обврски со или без
отказен рок
17. Права и обврски на страните за време на отказниот рок и испратнина
18. Отказ од страна на работодавачот и од страна на работникот
19. Плаќање на работа (основна плата, надоместок, место и начин на
плаќање)
20. Работно време (полно работно време, прекувремена работа, забрана
на вршење работа подолго од полното работно време)
21. Дополнително работење, скратено работно време во посебни случаи
и во посебни услови
22. Распоредување на работно време,прераспределба,работа во смени
и пресметување на работно време
23. Ноќна работа
24. Пауза и одмори
25. Годишен одморFопределување,стекнување и начин на користење
26. Отсуство од работа
27. Надомест на штетаFодговорност,паушално обештетување
28. Посебна заштита на работниците за време на бременост,породување
и родителство
29. Заштита на работниците кои сеуште не наполниле 18 години возраст
30. Заштита на инвалиди со право на професионална рехабилитација и
посебна заштита на повозрасни работници
31. Одстранување на правата на работодавачот и судска заштита
32. Мирно решавање на индивидуалните и колективните работни
спорови
33. Синдикати и здруженија на работодавачи – асоцијации на работници
и работодавачи,статут на синдикатите и здруженијата на
работодавачите
34. Права, способност на синдикатите, односно здруженијата на
работодавачитеFрегистар и постапка за упис во регистарот
35. Судска заштита на членовите на синдикатот и на правото на
здружување, синдикален представник, нивна заштита

1
36. Колективни договори, видови, примена, учесници
37. Репрезентативност на синдикатот и здруженија на работодавачи –
услови за определување
38. Орган надлежен за утврдување на репрезентативноста, постапка по
барање за утврдување на репрезентативноста
39. Склучување на општ колективен договор, страни, времетраеење,
престанок
40. Регистрација на колективните договори и судска заштита на правата
од колективен договор
41. ШтрајкFправа, обврски и последици од организирањето и учеството
во штрајкот
42. Судска забрана на незаконски штрајк, надомест на штета и
незаконско исклучување од работа
43. Економско социјален совет (овластување,состав)
44. Вршење на работи во странство
45. Работа на деца помлади од 15 години , ученици и студенти
46. Инспекции и надзор во областа на работните односи
47. Прекршочни одредби

Б. ЗАКОН ЗА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ – стр. 26

1. Поим за државни службеници, групи и звања


2. Агенција за државни службеници – надлежности,организациона
поставеност
3. Вработување во државната служба – постапка и услови
4. Мобингот во државната служба
5. Права и должности на државните службеници
6. Дисциплинска одговорност на државните службеници
7. Материјална одговорност на државните службеници
8. Оценување на државните службеници
9. Престанок на вработувањето на државните службеници
10. Заштита на правата на државните службеници
11. Регистар на државните службеници
12. Надзор на спроведување на законот на државните службеници

В. ЗАКОН ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА


НЕВРАБОТЕНОСТ – стр. 32

1. Основни задачи на размена на трудот согласно законот за


осигурување и вработување во случај на невработеност
2. Обука, преквалификација или доквалификација
3. Советување на работодавците за вработување на невработените
лица со поволни услови
4. Посредување за вработување
5. Права на осигурување во случај на невработеност

Г.ЗАКОН ЗА АГЕНЦИИТЕ ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА – стр. 34

1. Поим, цел и услови за основање на Агенција за привремени


вработувања
2. Отстапување на работници за вршење на привремени работи30

2
Д. ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТА НА СТРАНЦИ – стр. 35

1. Постапка за издавање на работна дозвола врз основа на барање


на странец
2. Постапка за издавање на работна дозвола врз основа на барање
на работодавач и корисник на услуги
3. Лична работна дозвола
4. Дозвола за вработување и дозвола за работа на странец
5. Сезонска работа на странци
6. Работа од страна на странски претставници на компании и услови
7. Регистрација на почетокот и завршувањето на работата која ја
извршуваат странци

Ѓ. ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ – стр. 39

1. Задолжително здравствено осигурување и осигурени лица


2. Основни здравствени услуги
3. Права од здравствено осигурување
4. Права на здравствена заштита
5. Право на надоместок на плата за време на привремена
спреченост за работа поради болест, повреда (услови, основица,
висина и исплата на надоместок на плата)
6. Постапка за остварување на правата од задолжителното
здравствено осигурување
7. Доброволно здравствено осигурување

Е. ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА – стр. 42

1. Поим и права на законот за здравствена заштита


2. Самостојно вршење на здравствена дејност со личен труд
3. Здравствена заштита во вонредни услови и во услови на штрајк

Ж. ЗАКОН ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ – стр. 44

1. Поим и права од закон за пензиско и инвалидско осигурување


2. Право на старосна пензијаF поим, пензиска основа
3. Права врз основа на инвалидност, повреда при работа,
професионална болест, инвалид на трудот
4. Права врз основа на работна способност
5. Право на инвалидска пензија , поим, услови
6. Право на семејна пензија
7. Право на паричен надоместок за телесно оштетување

З. ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА – стр. 47

1. Поим, цел, дефиниции и мерки за подобрување на условите за вработување и


работење на инвалидно лице

3
S.ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА – стр. 47

1. Закон за безбедност и здравје при работа – цел, примена, дефиниции


2. Општи обврски на работодавачот согласно законот за безбедност и
здравје при работа
3. Права и обврски на вработените согласно законот за безбедност и
здравје при работа
4. Совет за безбедност и здравје при работа
5. Прекршочна постапка – орган, прекршочна комисија согласно законот
за безбедност и здравје при работа

И. ЗАКОН ЗА СУДСКА СЛУЖБА – стр. 51

1. Вработување на судските службеници


2. Права и должности на судската служба
3. Дисциплинска одговорност на судските службеници
4. Материјална одговорност на судските службеници
5. Престанок на вработувањето на судските службеници
6. Заштита на правата на судските службеници
7. Судска полиција

Ј. ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА – стр. 54

1. Поим и корисници на социјална заштита


2. Забрана за директна, индиректна дискриминација согласно законот
за социјална заштита
3. Социјална превенција
4. Вонинституционална заштита
5. Институционална заштита
6. Социјална парична помош
7. Постојана парична помош
8. Парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на
дете без родители и родителска грижа
9. Право на парична помош на мајка која родила четврто дете
10. Паричен надоместок за помош и нега на друго лице
11. Еднократна парична помош и помош во натура
12. Надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете
со телесни или ментални пречки во развојот
13. Парична помош за социјално домување
14. Здравствена заштита
15. Постапка за социјална заштита
16. Постапки што се водат во Центарот за социјална работа согласно со
други прописи

4
A.ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

1. Цел, примена, дефиниции на законот за работни односи


Со овој закон се уредуваат работните односи меѓу работниците и работодавачите кои
се воспоставуваат со склучување на договор за вработување. Цел на законот е
вклучување на работници во работниот процес, како и обезбедување на усогласено
одвивање на тој процес, при што се почитува правото на работниците на слобода на
трудот, достоинство и заштита на интересите на работниците во работниот однос.
Дефиниции: 1)"Работниот однос" е договорен однос меѓу работникот и работодавачот
во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај
работодавачот, за плата и други примања, лично непрекинато ја извршува работата
според упатствата и под надзор на работодавачот; 2) "Работник" е секое физичко лице
кое е во работен однос врз основа на склучен договор за вработување; 3) “Работник на
определено работно време” значи лице со договор за вработување склучен непосредно
помеѓу работодавачот и работникот, каде што истекот на договорот за вработување е
определен од објективни услови и тоа доаѓањето на одреден датум, завршување на
одредена задача или појавата на одреден настан; 4) “Работник на неопределено работно
време” значи лице со договор за вработување на неопределено време; 5) “Испратен
работник” е работник кој на ограничено време, работи на територијата на земја членка
што не е државата во која има редовно вработување; 5) "Работодавач" е правно и
физичко лице, како и друг субјект (орган на државна власт, орган на единица на
локалната самоуправа, подружница на странско друштво, дипломатско и конзуларно
претставништво), кои вработуваат работници врз основа на договор за вработување; 6)
"Помал работодавач" е работодавач кој вработува до 50 работници; 7) "Работно време"
е секој период во кој работникот работи и е на располагање на работодавачот за
извршување на работите и работните задачи согласно со закон; 8) "Време за одмор" е
секој период кој не е работно време; 9) "Работа во смени" значи секоја метода на
организирање на работата во смени во која работниците се сменуваат едни по други на
исто работно место во согласност со одреден план и кое може да биде континуирано
или со прекини, вклучувајќи ја потребата за работниците да работат во различно време
во даден период на денови или недели; 10) "Сменски работник" е секој работник
чијшто распоред на неговата работа е дел одработа во смени; 11) “Претпријатие” значи
јавно претпријатие, трговско друштво или трговец поединец што врши трговска
дејност, без разлика дали работи за профит или не, кое се наоѓа на територијата на
земјите членки; 12) “Установа” значи деловна единица дефинирана во согласност со
закон, која се наоѓа на територијата на една земја членка, каде што економската дејност
се спроведува на тековна основа со човечки и материјални ресурси; 13) „Колективни
договори или одлуки на арбитража што се прогласени за општо важечки” се
подразбираат колективни договори или одлуки на арбитража што мораат да ги
почитуваат сите претпријатија во таа географска област и од одделна струка или
економската гранка односно оддел, согласно со Националната класификација на
дејности; 14) „Претставници на работниците” се претставниците на работниците
предвидени со закон и со законите на земјите членки на Европската унија.

2. Забрана на дискриминацијата (видови, исклучоци)


Работодавачот не смее барателот на вработување (во натамошниот текст: кандидат за
вработување) или работникот, да го става во нееднаква положба заради расно или
етничко потекло, бојата на кожата, полот, возраста, здравствената состојба, односно
инвалидност, религиозното, политичко или друго убедување, членување во
синдикатите, националното или социјалното потекло, статус на семејството, имотната
состојба, половата насоченост или заради други лични околности. Забраната на
директна или индиректна дискриминација се однесува на дискриминација на
кандидатот за вработување и на работникот. Директна дискриминација е секое
постапување со кое лицето било ставено, се става, или би можело да биде ставено во
понеповолна положба од други лица во споредбени случаи. Индиректна

5
дискриминација постои кога определена навидум неутрална одредба, критериум или
пракса, го става или би го ставила во понеповолна положба во однос на другите лица,
кандидатот за вработување или работникот поради определено својство, статус,
определување или уверување. Дискриминацијата, кај работодавачот, е забранета во
однос на : 1) условите за вработување, вклучувајќи ги и критериумите и условите за
избор на кандидати за вршење на определена работа, во која било гранка односно
оддел, согласно со Националната класификација на дејности на дејности и на сите
нивоа на професионална хиерархија; 2) напредувањето во работата; 3) пристапот до
сите видови и степени на стручно оспособување, преквалификација и
доквалификација; 4) условите за работење и работа и сите права од работен однос и во
врска со работниот однос, вклучувајќи и еднаквост на плати; 5) откажувањето на
договорот за работа и 6) правата на членовите и дејствувањето во здруженијата на
работниците и работодавачите или во која било друга професионална организација,
вклучувајќи ги и повластиците кои произлегуваат од тоа членство. Не се смета за
дискриминација правење разлика, исклучување или давање предимство во однос на
определена работа, кога природата на работата е таква или работата се врши во такви
услови што карактеристиките поврзани со дискриминацијата претставуваат вистински
и одлучувачки услов за вршење на работата, под услов целта што со тоа се сака да се
постигне да е оправдана и условот да е одмерен. Сите мерки предвидени со овој закон
или друг закон кои се однесуваат на посебната заштита и помош на определена
категорија на работници, а посебно на оние за заштита на инвалидите, постарите
работници, бремените жени и жените кои користат некое од правата од заштита на
мајчинството, не се сметаат за дискриминација ниту смеат да бидат основа за
дискриминација.

3. Вознемирување и полово вознемирување, мобинг, товар на докажување во


случај на спор
Забрането е вознемирување и полово вознемирување. Вознемирувањето и половото
вознемирување претставува дискриминација. Возиемирување е секое несакано
однесување предизвикано од некој од случаите од членот 6 на овој закон кое има за цел
или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на
работникот, а кое предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или
навредливо однесување. Полово вознемирување е секое вербално, невербално или
физичко однесување од полов карактер кое има за цел или претставува повреда на
достоинството на кандидатот за вработување или на работникот, а кое предизвикува
страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување. Забранет е
секаков вид психичко вознемирување на работно место (мобинг). Психичко
вознемирување на работно место (мобинг) претставува дискриминација. Психичко
вознемирување на работно место (мобинг) е секое негативно однесување од поединец
или група кое често се повторува (најмалку во период од шест месеца), а претставува
повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработените лица и
предизвикува страв или создава непријателско, понижувачко или навредливо
однесување, чија крајна цел може да биде престанок на работниот однос или
напуштање на работното место. Извршител на психичко вознемирување на работното
место (мобинг) може да биде едно или повеќе лица со негативно однесување, без оглед
на нивното својство (работодавач како физичко лице одговорно лице или работник).
Ако кандидатот за вработување, односно работникот, во случај на спор изнесе факти
дека работодавачот вршел дискриминација, на работодавачот е товарот на
докажувањето дека немало каква било дискриминација, освен ако докаже дека
различниот третман е направен поради исклучоците од забраната за дискриминација.
Во случај на спор, кога е извршен мобинг, товарот на докажувањето паѓа на поединец
или група против кои е поведен спор за вршење на психичко вознемирување (мобинг)
на работно место, освен ако докажат дека различниот третман е направен поради
исклучоците од забраната за дискриминација.

6
4. Времетраење на договорот за вработување
Со потпишување на договорот за вработување се заснова работен однос меѓу
работникот и работодавачот. Правата, обврските и одговорностите врз основа на
вршењето на работата од работниот однос и вклучување во задолжителното социјално
осигурување врз основа на работниот однос, започнуваат да се остваруваат со денот на
стапувањето на работникот на работа, договорени во договорот за вработување.
Работодавачот е должен да поднесе пријава/одјава (образец М1/М2) за работникот во
задолжително социјално осигурување (пензиско и инвалидско, здравствено и
осигурување во случај на невработеност), во Агенцијата за вработување на РМ. Ако
датумот на стапување на работа не е определен во договорот за вработување, како
датум на стапување на работа се смета датумот на потпишувањето на договорот за
вработување. Работникот не може да стапи на работа пред да се склучи договор за
вработување и пред работодавачот да го пријави во задолжигелно социјално
осигурување. Договор за вработување се склучува за време чие траење однапред не е
определено (работен однос на неопределено време). Договор за вработување може да се
склучи и за време чие траење однапред е определено (работен однос на определено
време). Договор за вработување, во кој не е утврдено времето за кое е склучен
договорот, се смета за договор за вработување на неопределено време.

5. Форма, страни и услови на договорот за вработување


Договорот за вработување се склучува во писмена форма. Договорот за вработување се
чува во работноте простории на работодавачот каде што работи работникот. Примерок
од склучениот договор за вработување му се врачува на работникот на денот на
потпишувањето на договорот за вработување. Страни на договорот за вработување се
работодавачот и работникот. Ако работодавачот е правно лице, единица на локалната
самоуправа, подружница на странско друштво или друга организација, во име на
работодавачот настапува негов застапник, определен со закон, актот за основање или
статутот или од него писмено овластено лице. Ако работодавачот е орган на државната
власт, во име на работодавачот настапува функционерот или од него писмено
овластено лице. Кога се склучува договор за вработување со лица со посебни
овластувања и одговорности, во име на работодавачот настапува органот, определен со
законот, актот за основање или статутот. Договор за вработување може да склучи
младо лице под 18 години возраст и кое има општа здравствена способност. Се
забранува работа за дете под 15 години возраст или дете кое не завршило задолжително
образование, освен за учество во активности кои со закон е утврдено дека може да ги
извршува, но не подолго од четири часа дневно. Работникот кој склучува договор за
вработување, мора да ги исполнува условите за вршење на работата, определени со
закон, актот на работодавачот, односно условите барани од страна на работодавачот.
Работодавачот е должен со акт да ги определи посебните услови за вршење на работата
на секое поединечно работно место. Оваа обврска не се однесува на помалите
работодавачи. Инвалидот кој е оспособен за одделни работи, се смета дека има
здравствена способност за склучување на договор за вработување за тие работи.
Странски државјани или лица без државјанство можат да склучат договор за
вработување, ако ги исполнуваат условите определени со овој и со друг посебен закон,
со кој се уредува вработување на странци.

6. Права и обврски на страните при склучување на договор за вработување


Работодавачот потребата од работници ја обезбедува преку: 1) огласување на јавен
оглас во дневниот печат на товар на работодавачот; 2) објавување во службата
надлежна за посредување при вработување, без наплата; 3) агенција за посредување
при вработување со наплата од работодавачот, во согласност со закон. Кога
работодавачот вработува работници по пат на јавен оглас, е должен во јавниот оглас да
ги наведе условите што се бараат за вршење на работата, рокот за пријавување, кој не
смее да биде пократок од пет работни дена и рокот во кој работодавачот по истекот на
рокот за пријавување ќе изврши избор. Работодавачот не смее слободното работно

7
место да го објави само за мажи или само за жени, освен ако определениот пол е
неопходен услов за вршење на работата. Работодавачот смее да бара од кандидатот
само приложување на докази за исполнување на бараните услови за вршење на
работите. Работодавачот при склучувањето на договорот за вработување не смее да
бара податоци за семејниот, односно брачниот статус и планирање на семејството,
односно доставување на други исправи и докази кои што не се во непосредна врска со
работниот однос. При склучувањето на договорот за вработување работодавачот може
да го провери знаењето, односно способноста на кандидатот за вршење на работата за
која што се склучува договорот за вработување. Работодавачот мора пред
склучувањето на договорот за вработувањето да го запознае кандидагот со работата,
условите на работа, како и правата на работниците кои се поврзани со вршењето на
работата на работното место за кое што се склучува договорот за вработување. При
склучувањето на договорот за вработување кандидатот е должен да му достави на
работодавачот докази за исполнување на условите за вршење на работата и да го
извести за сите нему познати факти, значајни за работниот однос, како и за болестите
или други околности кои можат како било да го оневозможат или суштествено да го
ограничат при извршувањето на обврските на договорот, или можат да го загрозат
животот или здравјето на лицата со кои при извршувањето на своите обврски доаѓа во
контакт. Работодавачот мора во рок од осум дена од денот на склучувањето на
договорот за вработување писмено да го извести кандидатот кој не е избран дека не е
избран и кој кандидат е избран.

7. Обврски на работникот
Работникот е должен совесно да ја извршува работата на работното место за кое што
склучил договор за вработување, во време и на место, кои шго се определени за
извршување на работата, почитувајќи ја организацијата на работа и деловната
активност на работодавачот. Работникот е должен да ги почитува барањата и
упатствата на работодавачот во врска со исполнувањето на работните обврски од
работниот однос. Работникот е должен да ги почитува и спроведува прописите за
заштита при работа, да го заштити својот живот и здравје, како и здравјето и животот на
другите лица. Работникот има право да одбие извршување на работата доколку е
изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот, кога не се спроведени
безбедносните мерки и да побара нивно отстранување. Работникот е должен да го
известува работодавачот за суштинските околности кои влијаат, односно би можеле да
влијаат на исполнувањето на неговите договорни обврски. Работникот е должен да се
воздржува од сите постапки кои со оглед на природата на работата што ја врши кај
работодавачот, се штетни или би ги повредиле интересите на работодавачот.
Работникот не смее да ги искористи за своја сопствена употреба или да ги предаде на
трето лице податоците што се сметаат за деловна тајна на работодавачот, кои како
такви со посебен акт ќе ги определи работодавачот и кои му биле доверени на
работникот или со кои бил запознат на друг начин. Секој работник кој доаѓа во контакт
со материјали, информации и податоци кои се класифицирани е должен да ја чува
тајната на истите.

8. Конкурентска забрана, конкурентска клаузула и надоместок и престанок


За времетраењето на работниот однос работникот не смее без согласност на
работодавачот за своја или на туѓа сметка да врши или склучува работи кои спаѓаат во
дејноста на работодавачот и значат или би можеле да значат конкуренција на
работодавачот. Работодавачот може да бара обештетување на штетата, настаната со
таквото постапување на работникот, во рок од три месеца од денот кога дознал за
вршењето на работата или склучувањето на зделката, односно во рок од две години од
довршувањето на работата или склучувањето на зделката. Ако работникот при своето
работење или во врска со работата се здобива со технички, производни или деловни
знаења и деловни врски, може во договорот за вработување, работникот и
работодавачот, да договорат забрана за вршење на конкурентско дејствување по

8
престанувањето на работниот однос (конкурентска клаузула). Конкурентската клаузула
може да се договори најдолго за период од две години по престанувањето на договорот
за вработување и тоа само во случаите кога на работникот му престанува договорот за
вработување по негова волја или вина. Конкурентската клаузула не смее да ја исклучи
можноста за вработување на работникот. Ако конкурентската клаузула не е изразена во
писмена форма, се смета дека не е договорена. Ако почитувањето на конкурентската
клаузула, му оневозможи соодветна заработка на работникот, работодавачот е должен
за сето време на почитувањето на забраната да му исплатува паричен надоместок на
работникот. Паричниот надоместок мора да се определи со договорот за вработување и
месечно може да изнесува најмалку половина од просечната плата на работникот во
последните три месеца пред престанувањето на договорот за вработување.
Работодавачот и работникот можат да се договорат за престанување на важноста на
конкурентската клаузула.

9. Обврски на работодавачот
Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди работа, за која што страните се
договориле во договорот за вработување. Работодавачот на работникот е должен да му
ги обезбеди сите потребни средства и работен материјал, за да може непречено да ги
исполнува своите обврски и да му овозможи слободен пристап до деловните
простории. Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди соодветно плаќање
за вршењето на работата. Работодавачот мора да обезбеди услови за безбедност на
животот и здравјето на работниците во согласност со посебните прописи за здравје и
безбедност при работа и да ги преземе неопходните мерки со кои се гарантира дека на
секој работник му е дадена доволна обука соодветна на посебните карактеристики на
работата, водејќи сметка за неговата стручна подготовка и искуство. Работодавачот е
должен да ја штити и почитува личноста и достоинството на работникот, како и да
води сметка и да ја штити приватноста на работникот. Личните податоци на
работниците можат да се собираат, обработуваат, употребуваат и доставуваат на трети
лица само ако е тоа потребно заради остварување на правата и обврските од работниот
однос или во врска со работниот однос. Во случај кога работникот заради издржување
на казна или изречена воспитна, или заштитна мерка, не може да ја врши работата за
период пократок од шест месеца или заради отслужување воен рок, притвор и во др,
времено престане да ја врши работата, договорот за вработување не престанува да важи
и работодавачот не смее да го откаже освен ако е поведена постапка за престанување
на работодавачот, за кој период договорот мирува.

10. Договор за вработување на определено време, сезонска работа со скратено


работно време со повеќе работодавачи
Договор за вработување може да се склучи на определено време за вршење на исти
работи, со прекин или без прекин до пет години. Договор за вработување на
определено време за замена на привремено отустен работник може да се склучи до
враќање на привремено отсутниот работник. Работникот кој по договор за
вработување на определено време врши сезонски работи, односно работа во нееднакво
распоредено работно време без прекин најмалку три месеца во годината и притоа
одработи повеќе часови отколку што е одредено за работа со полно работно време,
може да бара часовите да му се пресметаат во работни денови со полно работно време.
Договор за вработување може да се склучи, исто така, и за работно време пократко од
полното работно време (скратено работно време). За скратено работно време се смета
времето кое е пократко од полното работно време кај работодавачот. Работникот има
право на годишен одмор со минимално времетрање од десет работни дена. Работникот
може да склучи договор за вработување со скратено работно време со повеќе
работодавачи и така да го постигне полното работно време определено со законот.
Работникот е должен да се договори со работодавачите за работното време, начинот на
користењето на годишниот одмор и другите отсуства од работа. Работодавачите, кај
кои е вработен работникот со скратено работно време, се должни на работникот да му

9
обезбедат истовремено користење на годишниот одмор и други отсуства од работа,
освен ако тоа не би им предизвикало штетни последици.
11. Договор за вработување со вршење на работа дома, куќни помошници и
менаџерски договор
Како вршење на работа дома се смета работа која работникот ја врши во својот дом или
во простории по свој избор што се надвор од деловните простории на работодавачот.
Со договорот за вработување со вршење на работа дома работодавачот и работникот
можат да се договорат, работникот да ја врши работата која што спаѓа во дејноста на
работодавачот или која е потребна за извршување на дејноста на работодавачот дома.
Работодавачот е должен договорот за вработување за вршење на работа дома да му го
достави на инспекторот на трудот, во рок од три дена од денот на склучувањето на
договорот. Инспекторот на трудот може на работодавачот да му го забрани
организирањето на работа дома, ако работата дома е штетна за работниците кои
работат дома, или за животната и работната средина каде што се врши работата.
Договор за вработување може да се склучи за вршење работи на куќни помошници. Со
договорот за вработување може да се договори обезбедувањето сместување и исхрана
на работникот кај работодавачот да претставува дел од платата на работникот, кој дел
во договорот мора да е изразен во пари. Најмалиот износ на заработувачка не може да
биде помал од 50% од заработувачката на работникот. Ако договор за вработување
склучуваат деловните лица (менаџери), во договорот за вработување страните можат
поинаку да ги уредат правата, обврските и одговорностите од работниот однос особено
за: 1) условите и ограничувањата на работниот однос на определено време; 2)
работното време; 3) обезбедувањето на дневен и годишен одмор; 4) плаќањето на
работата и 5) престанувањето на важноста на договорот за вработување. Работоводниот
орган (менаџер), правата и обврските од работен однос, за времето додека е именуван,
односно избран на таа должност, ги остварува кај рабоходавачот кај кого е именуван,
односно избран според одредбите на овој закон и друг закон, колективен договор и
договорот за вработување.

12. Приправнички стаж, волонтерски стаж и пробна работа


Со закон, друг пропис или колективен договор на ниво на дејноста може да се одреди,
да се склучува договор за вработување како приправник, кој за првпат започнува да
врши работа соодветна на видот и степенот на своето стручно образование, заради
оспособување за самостојно вршење на работата во работниот однос. Приправничкиот
стаж може да трае најмногу една година. Приправничкиот стаж може сразмерно да се
продолжи, ако приправникот работи со пократко работно време од полното работно
време, но најмногу за шест месеца. Траењето на приправничкиот стаж може да се
скрати на предлог на одговорното лице, но најмногу до една третина од првобитно
одреденото траење. За времетраење на приправничкиот стаж работодавачот е должен
на приправникот според програмата да му обезбеди оспособување за самостојно
вршење на работата. За времетраење на приправничкиот стаж работодавачот не смее на
приправникот да му го откаже договорот за вработување, освен во случај на
спроведување постапка за престанување на работодавачот. При склучување на
договорот за вработување работникот и работодавачот можат да се договорат за пробна
работа. Во договорот за вработување покрај сите права и обврски од работен однос се
утврдува висината на платата и времетраењето на пробната работа, кое не може да биде
подолго од шест месеца. Пробната работа може да се продолжи во случај на оправдано
отсуство од работа (болест и слично). Во времетраењето на пробната работа
работникот може да го откаже договорот за вработување со отказен рок од три работни
дена. Ако волонтерскиот стаж е услов за полагање на стручен испит или за самостојно
вршење на дејност, во согласност со посебен закон, треба да се врши со склучување на
договор за волонтерски стаж, меѓу работодавачот и волонтерот. Договорот за
изведувањето волонтерски стаж мора да биде склучен во писмена форма, а копија од
истиот во рок од три дена од потпишувањето, мора да се достави до инспекцијата на
трудот.

10
13. Начини на престанување на важноста на договорот за вработување
Договорот за вработување престанува да важи: 1) со изминување на времето за кое што
бил склучен; 2) со смрт на работникот или работодавачот (физичко лице); 3) поради
престанување на работодавачот согласно со закон; 4) со спогодбено раскинување; 5) со
отказ; 6) со судска пресуда и 7) во други случаи утврдени со закон. При престанување
на работниот однос работодавачот е должен, најдоцна во рок од три дена, да му ги
врати на работникот сите негови документи и да му издаде потврда за видот на
работата што ја вршел. Договорот за вработување на определено работно време
престанува да важи со изминувањето на рокот за кој што бил склучен, односно кога
договорената работа е завршена или со престанувањето на причината, заради која што
бил склучен. Договорот за вработување престанува да важи со смртта на работникот
или со смртта на работодавачот (физичко лице). Во случаи на отворање на постапка за
престанок на работодавачот, престанува да важи договорот за вработување на
работникот. Работниците на кои работодавачот не им исплатил плата и не им уплатил
придонеси од плата три месеца последователно, имаат право да покренат иницијатива
пред надлежен суд за престанок на работодавачот и со тоа им престанува работниот
однос во согласност со закон.м Сите права, обврски и одговорности од договорот за
вработување и работен однос преминуваат на новиот работодавач во случаите кога ќе
настанат статусни измени. Во случај на пренесување на активности на трговско
друштво или делови на трговското друштво или во случај на пренесување на задачи
или дел од нив од работодавачот - преносител на друг работодавач - стекнувач, правата
и обврските кои произлегуваат од работен однос во целост преминуваат на
работодавачот - стекнувач на кого се врши пренесувањето. Договорот за вработување
страните можат кога било да го раскинат со писмена спогодба која мора да содржи
одредба за последиците, кои што настануваат за работникот поради договорното
раскинување при остварувањето на правата врз основа на осигурување за случај на
невработеност.

14. Откажување на договорот за вработување (начини и форма)


Договорните страни можат да го откажат договорот за вработување со отказен рок. Во
случаите определени со закон, договорните страни можат да го откажат договорот за
вработување без отказен рок. Секоја од страните може да го откаже договорот за
вработување само во целост. Работникот може да го откаже договорот за вработување
ако писмено изјави дека сака да го откаже договорот за вработување. Работодавачот
може да го откаже договорот за вработување, само ако постои основана причина за
отказ поврзана за однесувањето на работникот (лична причина на страна на
работникот) или ако причината е заснована на потребите на функционирањето на
работодавачот (деловна причина). Ако работодавачот го откажува договорот за
вработување, е должен да го наведе основот за отказот, утврден со закон, колективен
договор и акт на работодавачот, да ја докаже основаноста на причината која го
оправдува отказот и истите да ги наведе во образложението. Отказот на договорот за
вработување задолжително се изрекува во писмена форма. Работодавачот е должен
писмено да го образложи откажувањето на договорот, како и да му укаже на
работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од осигурување во
случај на невработеност. Отказот на договорот за вработување мора да и биде врачен
на договорната страна, на која и се откажува договорот за вработување.

15. Откажување на договорот за вработување (причини)


Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување, кога не
е можно продолжување на работниот однос, ако: 1) работникот заради своето
однесување, недостаток на знаења или можности или заради неисполнување на
посебните услови определени со закон, не е способен да ги извршува договорните или
други обврски од работниот однос (лична причина) или 2) престане потребата од
вршење на одредена работа под условите наведени во договорот за вработување заради

11
економски, организациони, технолошки, структурни или слични причини на страна на
работодавачот (деловни причини). Неосновани причини за откажување на договорот за
вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални
активности во согласност со закон и колекгивен договор; 2) поднесување на тужба или
учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на
договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни
органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и
родителство и нега на член на семејството; 4) користење на одобрено отсуство од
работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена
вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој
закон.

16. Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и


дисциплина или работните обврски со и без отказен рок
Работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на работникот поради
кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со
закон, колективен договор, акт на работодавачот и договорот за вработување со отказен
рок, особено ако: 1) не ги почитува работниот ред и дисциплина според правилата
пропишани од страна на работодавачот; 2) не ги извршува или несовесно и
ненавремено ги извршува работните обврски; 3) не се придржува кон прописите што
важат за вршење на работите на работното место; 4) не се придржува на работното
време, распоредот и користењето на работното време; 5) не побара отсуство или
навремено писмено не го извести работодавачот за отсуството од работа; 6) поради
болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа,
писмено не го извести работодавачот; 7) со средствата за работа не постапува совесно
или во согласност со техничките упатства за работа; 8) настане штета, грешка во
работењето или загуба, а за тоа веднаш не го извести работодавачот; 9) не ги почитува
прописите за заштита при работа или не ги одржува средствата и опремата за заштита
при работа; 10) предизвикува неред и насилнички се однесува за време на работата и
11) незаконски или неовластено ги користи средствата на работодавачот.
Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување без
отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување
на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата
за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако работникот:
1) неоправдано изостане од работа три последователни работни дена или пет работни
дена во текот на една година; 2) го злоупотреби боледувањето; 3) не се придржува кон
прописите за здравствена заштита, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно
дејствување на отрови и други опасни материи и ги повредува прописите за заштита на
животната средина; 4) внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични
средства; 5) стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно
невнимание предизвика штета на работодавачот и 6) оддаде деловна, службена или
државна тајна.

17. Права и обврски на страните за време на отказниот рок и испратнина


Работникот и работодавачот можат да го откажат договорот за вработуваље во
законскиот или договорно определениот отказен рок. За време на отказниот рок,
работодавачот е должен да му овозможи на работникот отсуство од четири часа во
текот на работната недела заради барање на ново вработување. За време на отсуството
од работа работникот има право на надоместок на плата, согласно со колективен
договор. Против одлуката за отказ на договорот за вработување со отказен рок
работникот има право на приговор до органот на управување, односно работодавачот
во рок од осум дена од денот на добивањето на одлуката за отказ. Одлука по
приговорот се донесува во рок од осум дена од денот на неговото поднесување. Отказ
на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот, работодавачот
може да му даде на работникот во рок од три месеца од денот на дознавањето за

12
фактите кои се основа за давање на отказот, односно во рок од шест месеца од денот на
настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот. Работодавачот, пред да
го откаже договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски,
организациони и слични промени), поради кои престанува потребата од вршење на
определена работа, може на работникот да му понуди: 1) вработување кај друг
работодавач; 2) стручно оспособување или 3) нов договор за вработување. Во случај на
откажување на договорот за вработување од деловни причини, работодавачот е должен
на работникот да му исплати испратнина, и тоа: 1) до пет години поминати во работен
однос - во висина од една нето плата; 2) од пет до десет години поминати во работен
однос - во висина од две нето плати; 3) од десет до 15 години поминати во работен
однос - во висина од три нето плати; 4) од 15 до 20 години поминати во работен однос -
во висина од четири нето плати; 5) од 20 до 25 години поминати во работен однос - во
висина од пет нето плати и 6) над 25 години поминати во работен однос - во висина од
шест нето плати. Основица за пресметка на испратнината е просечната нето плата на
работникот во последните шест месеца пред отказот, не помала од 50% од просечната
нето плата исплатена по работник во РМ во последниот месец пред отказот.

18. Отказ од страна на работодавачот и од страна иа работникот


Работодавачот може на работникот да му го откаже договорот за вработување, ако: 1)
на работникот со правосилна одлука му е забрането да врши определени работи од
работниот однос или ако му е изречена воспитна, заштитна или безбедносна мерка,
поради која не може да врши работи подолго од шест месеца или ќе мора поради
издржување на затворска казна да биде отсутен од работа повеќе од шест месеца и 2)
работникот не ја изврши успешно пробната работа. Работникот може по истекот на три
дена откако претходно писмено го предупредил работодавачот на исполнувањето на
обврските, да му го откаже договорот за вработување, ако: 1) работодавачот повеќе од
три месеца не му обезбедува работа и така не му ја исплаќа определената плата; 2) не
му е овозможено вршење на работата заради одлука на надлежната инспекција за
забрана на вршење на работниот процес или забрана на примена на средствата за
работа подолго од 30 дена и работодавачот не му ја исплаќа законски определената
плата; 3) работодавачот најмалку три месеца исплаќа намалена плата за работата; 4)
работодавачот три пати последователно или во период од шест месеца не исплаќа
плата за работата во законски, односно договорно определениот рок; 5) работодавачот
не ја обезбедува заштитата на работникот при работа, а работникот претходно побарал
отстранување на заканувачката непосредна и неизбежна опасност за животот и
здравјето; 6) работодавачот го навредува и насилнички се однесува кон него или
наспроти неговите предупредувања не го спречува таквото однесување од страна на
другите работници; 7) работодавачот не му обезбедува еднаков третман со оглед на
полот и 8) работодавачот ништо не презел работникот да не стане жртва на полово
вознемирување. Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на
работник за време на бременоста, раѓање и родителство и отсуство поради нега и
чување на деца. Ако судот донесе правосилна одлука со која е утврдено дека на
работникот незаконски му престанал работниот однос, работникот има право да се
врати на работа, ако тоа го бара.

19. Плаќање на работата (основна плата, надоместок, место и начин на плаќање)


Работникот има право на заработувачка - плата, согласно со закон, колективен договор
и договорот за вработување. Платата е составена од основната плата, дел од платата за
работната успешност и додатоците. Основната плата се определува земајќи ги
предвид барањата на работното место, за кое работникот го склучил договорот за
вработување. Работната успешност на работкикот се определува земајќи ги предвид
домаќинскиот однос, квалитетот и обемот на вршењето на работата, за која што
работникот го склучил договорот за вработување. Додатоците се определуваат за
посебните услови при работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време и
тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на

13
дежурство, согласно закон, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор, работа
во празници определени со закон и додаток за работен стаж. Платата на работникот за
работа со полно работно време не може да биде пониска од минималната плата
утврдена според закон и колективен договор. Работодавачот е должен на работникот да
му ја исплати платата до крајот на денот на исплаќање на вообичаеното место за
исплата. Ако платата се исплаќа преку банка на сметката на работникот или на друг
безготовински начин, платата мора да му биде на располагање на работникот на
определениот ден за исплаќање. Работникот има право на надоместок на платата за
целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во
случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот (отсутност од работа
поради користење на годишниот одмор, платениот вонреден одмор, дообразување, со
закон определени празници и од работа слободните денови). Работодавачот исплаќа
надоместок на платата и во случаите на неспособност на работникот за работа
поради негова болест или повреди до 21 ден, а над 21ден се исплаќа на товар на
здравственото осигурување. Работникот има право на надомест на трошоци поврзани
со работата за: 1) службено патување; 2) теренски додаток; 3) користење на приватен
автомобил за службени патувања; 4) одвоен живот од семејството и 5) смрт на
работникот или член на неговото семејство.

20. Работно време (полно работно време, прекувремена работа, забрана за вршење
работа подолго од полното работно време)
Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно. Работната недела
по правило трае пет работни дена. Со закон, односно со колективен договор може да се
одреди како полно работно време, работното време кое е пократко од 40 часа неделно,
меѓутоа не помалку од 36 часа неделно. Работникот е должен на барање на
работодавачот да врши работа преку полното работно време (прекувремена работа): 1)
во случаи на исклучително зголемување на обемот на работата; 2) ако е потребно
продолжување на деловниот или производниот процес; 3) ако е нужно да се отстрани
оштетување на средствата за работа, што би предизвикало прекинување на работата; 4)
ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имотот, како и безбедноста на
прометот и 5) во други случаи определени со закон или колективен договор.
Прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и
најмногу 190 часа годишно. Работодавачот не смее да наложи работа подолго од
полното работно време: 1) ако работата може да се изврши со соодветна организација
или распределба на работата, распоредување на работното време или воведување на
нови смени; 2) на работникот жена, во согласност со одредбите на овој закон поради
заштита на бременоста, раѓање и родителството; 3) на мајка со дете до три години
старост и самохран родител со дете до шест години старост, освен ако работникот даде
писмена изјава дека доброволно се согласува со прекувремена работа; 4) на повозрасен
работник; 5) на работник кој не наполнил 18 години возраст; 6) на работникот на кој
врз основа на мислење на лекарската комисија поради таквото работење ќе му се влоши
здравствената состојба; 7) на работникот кој има полно работно време пократко од 36
часа неделно поради работа на работното место, каде што опстојуваат поголеми
опасности од повреди или здравствени оштетувања и 8) на работникот кој работи
помалку од полното работно време (скратено работно време) во согласност со
прописите за пензиско и инвалидско осигурување (инвалидност), прописите за
здравствено осигурување (медицинска рехабилитација) или други прописи (родителски
обврски).

21. Дополнително работење, скратено работно време во посебни услови и во


посебни случаи
Работникот, кој работи полно работно време, може по исклучок да склучи договор за
вработување со скратено работно време со друг работодавач, меѓутоа најмногу за десет
часа неделно, со претходна согласност на работодавачите, каде што е вработен со
полно работно време. Обврзен составен дел на договорот за вработување е договорот за

14
начинот на остварувањето на правата и обврските од овој работен однос со оглед на
правата и обврските на работникот кај работодавачот, каде што е вработен со полно
работно време. На работникот кој работи на особено тешки, напорни и штетни по
здравјето работи, а чие штетно влијание врз неговото здравје, односно работна
способност не може во целост да се отстрани со заштитни мерки, работното време му
се скратува сразмерно на штетното влијание врз неговото здравје, односно работна
способност, во согласност со закон и колективен договор. При остварување право на
плата и другите права од работен однос, скратеното работно време се изедначува со
полното работно време. Како особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи се
сметаат: особено тешка физичка работа; работа под зголемен атмосферски притисок;
работа под зголемена бучавост; работа во вода или влага; работа изложена на
јонизирачки зрачења и работа на височина или длабочина. Работникот кој работи
помалку од полното работно време (скратено работно време) во согласност со
прописите за пензиско и инвалидско осигурување (инвалидност), прописите за
здравствено осигурување (медицинска рехабилитација) ги остварува правата од
задолжителното социјално осигурување кога би работел со полно работно време.

22. Распоредување на работното време, прераспределба, работа во смени и


пресметување на работното време
Распоредувањето и условите за времено прераспоредување на работното време се
одредуваат со закон, колективниот договор или договорот за вработување. При
распоредување на полното работно време работникот не смее да биде распореден на
помалку од четири работни дена во неделата. При распоредување, како и временото
прераспоредување на полното работно време, работното време не смее да трае повеќе
од 40 часа неделно и не помалку од четири часа дневно. Прераспределбата на
работното време може да се изврши кога тоа го бара природата на дејноста, односно
работите и задачите. Прераспределбата на работното време се врши така што вкупното
работно време на работникот во просек да не биде подолго од 40 часа во работната
недела во текот на годината. Работодавачот може да ја организира работата и во смени.
Работа во смени значи секој метод на организирање на работата во смени во која
работниците се сменуваат едноподруго на исто работно место во согласност со одреден
план и кое може да биде континуирано или со прекини, вклучувајќи ја потребата за
работниците да работат во различно време во даден период на денови или недели.
Работникот кој поради прераспоредување на работното време и кој во времето пред
престанувањето на работниот однос во календарската година поминал повеќе работни
часа на работа, отколку што е тоа одредено за работата со полно работно време, може
да бара, веќе одработените работни часови да му се пресметаат во работни денови со
полно работно време. Вкупниот работен стаж во календарската година не смее да
надминува 12 месеца.

23. Ноќна работа


Ноќна работа се смета работењето во ноќно време. Ноќно време е периодот меѓу 22,00
часот и 6,00 часот наредниот ден. Работникот кој работи ноќе барем три часа од
својата редовна дневна работна обврска, односно работникот кој одработува ноќе
третина од полното работно време од својата годишна работна обврска, има право на
посебна заштита за ноќна работа. Работодавачот, на негов трошок е должен на
работниците кои работат ноќно време да им обезбеди: 1) подолг одмор; 2) соодветна
храна; 3) стручно раководство на работниот, односно производниот процес и 4)
лекарски прегледи, пред нивно ангажирање во ноќна работа и во редовни временски
периоди утврдени со закон. Ако работата се врши во смени, работодавачот е должен да
обезбеди периодично менување на работниците. Работното време на работникот кој
работи ноќно време не смее да трае просечно повеќе од осум часа на секои 24 часа.
Работничка од областа на индустријата и градежништвото не може да се распореди на
работа ноќе ако работата во тоа време би оневозможила да оствари одмор од најмалку
седум часа во времето меѓу 22,00 часот и 5,00 часот наредниот ден. Забраната не се

15
однесува на работничка која има посебни овластувања и одговорности или која врши
работи на здравствена, социјална и друга заштита на работници. По исклучок, на
работничка може да и се определи да работи ноќе кога е неопходно да се продолжи
работата прекината од виша сила и кога е потребно да се спречи штетата на суровини
или на друг материјал.

24. Паузи и одмори


За време на дневното работно време работникот кој работи шест часа и подолго од
шест часа има право на пауза во траење од 30 минути. Работникот кој работи со
пократко работно време, меѓутоа најмалку четири часа дневно, има право на пауза во
траење од 15 минути. Паузата може да се одреди дури по два часа работа и најдоцна
три часа пред крајот на работното време. Работникот има право на дневен одмор од
најмалку 12 часа непрекинато во текот на 24 часа. Работникот има право на неделен
одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато, плус 12 часа дневен одмор во текот
на 24 часа. Со колективните договори може да се одреди дневниот и неделниот одмор
во просечно минимално траење, како што го определува закон, во случаите на
сменското работење да го обезбедува во подолг временски период, меѓутоа не подолг
од шест месеца. Работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20
работни дена, но тој може да се продолжи до 26 работни дена.

25. Годишен одмор (определување, стекнување и начин на користење)


Работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена, но тој
може да се продолжи до 26 работни дена. Повозрасен работник, инвалид, работник со
најмалку 60% телесно оштетување и работник кој негува и чува дете со телесен или
душевен недостаток има право на уште три работни дена годишен одмор. Траењето на
годишниот одмор се определува според времето поминато во работен однос, условите
за работа и други критериуми утврдени со колективниот договор. Празниците, саботите
и неделите и слободните денови, отсуствата поради боледување, како и другите
случаи на оправдано отсуство од работа не се пресметуваат во деновите на годишниот
одмор. Како ден на годишен одмор се смета секој работен ден кој е според распоредот
на работното време кај работодавачот за конкретниот работник одреден како работен
ден. Работникот кој за прв пат заснова работен однос се стекнува со правото на цел
годишен одмор, кога ќе оствари непрекината работа од најмалку шест месеца, без оглед
на тоа дали работникот работи полно работно време или пократко работно време од
полното. Годишниот одмор по правило се користи во текот на календарската година.
Годишниот одмор може да се користи и во два дела, со тоа што првиот дел мора да трае
најмалку 12 работни дена. Работодавачот е должен на работникот да му обезбеди
искористување на 12 работни дена годишен одмор до крајот на тековната календарска
година, а остатокот до 30 јуни идната година. Годишниот одмор се користи земајќи ги
предвид потребите на работниот процес, како и можностите за одмор и рекреација на
работникот водејќи сметка за неговите семејни обвреки. Работникот има право на
платен одмор заради лични и семејни околности (за склучување на брак, раѓање на дете
(само за таткото) и/или смрт на близок роднина), до седум работни дена.

26. Отсуство од работа


Работникот може да отсуствува од работа без надомест на плата и придонеси од плата
во случаите и под условите утврдени со колективен договор, но најдолго три месеца во
текот на календарската година. За време на неплатеното отсуство на работникот му
мируваат правата и обврските од работниот однос. Работникот има право на отсуство
од работа со надоместок на плата за празниците на РМ, кои што се определени како
слободни денови од работа. Работникот има право на отсуство од работа со надоместок
на плата во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда
и во други случаи во согласност со прописите на здравственото осигурување. Право на
отсуство од работа со надоместок на плата има работникот заради вршење на
непрофесионална функција, на која бил избран на непосредни државни избори,

16
функции, односно должности на кои е именуван од страна на судот, како и работникот
кој е повикан на должноста воен обврзник, како и на изведување на одбранбени
должности и др. Работникот кој доброволно дава крв има право на отсуство од работа
на два последователни работни дена за секое давање крв. На работник кој е избран или
именуван на државна или јавна функција, утврдена со закон, а чие вршење бара
привремено да престане да работи кај работодавачот, му мирува работниот однос за
време на вршење на функцијата и има право, во рок од 15 дена по престанувањето на
функцијата што ја вршел, да се врати на работа кај работодавачот за вршење на работи
кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка. Работникот кој се образува,
дошколува или оспособува, има право на платено отсуство од работа заради полагање
на испити.

27. Надомест на штета (одговорност, паушално обештетување)


Работникот кој на работа или во врска со работата намерно или од тешка небрежност
му предизвика штета на работодавачот е должен да ја надомести. Ако повеќе
работници предизвикаат штета секој, меѓу нив е одговорен за оној дел на штетата што
го предизвикал. Ако повеќе работници предизвикале штета со намерно казниво
дејствие, за штетата се солидарно одговорни. Ако работникот на работа или во врска со
работата намерно или од крајно невнимание му предизвика штета на трето лице,
работодавачот е должен на тоа лице да му ја надомести штетата, а работникот е должен
да ја надомести штетата на работодавачот. Ако утврдувањето на висината на штетата
би предизвикало несразмерни трошоци, обештетувањето може да се определи во
паушален износ, ако случаите на штетните дејствија на работникот и висината на
паушалното обештетување се определени со колективен договор. Со колективен
договор за работникот можат да се определат начинот и условите за намалување или
простување од плаќањето на обештетувањето. Ако на работникот му е предизвикана
штета при работа или во врска со работата, работодавачот е должен да му ја надомести
штетата, според општите правила на одговорност за надоместок на штетата.

28. Посебна заштита на работниците за време на бременост, породување и


родителство
Работниците поради бременост и родителство имаат право на посебна заштита во
работниот однос. За време на бременост и уште една година по породувањето,
работничката не смее да врши работи, ако тие со зголемена опасност влијаат на
нејзиното здравје или здравјето на детето. Бремените работнички кои работат со
опасни хемиски материи треба да бидат запознаени со дополнителните ризици од овие
супстанции за нив и неродените деца. Работодавачот на смее да бара какви било
податоци за бременоста на работничката, освен ако таа самата не ги достави заради
остварувањето на правата за време на бременоста. Ако работничката врши работа која
за време на нејзината бременост може штетно да влијае на нејзиното здравје или
здравјето на детето, работодавачот е должен да и обезбеди вршење на друга соодветна
работа и плата, како да ја вршела својата работа, ако тоа за неа е поповолно. За време
на бременост или со дете до една година возраст, работничката не смее да врши
прекувремена работа или да работи ноќе. Работничка за време на бременост, раѓање и
родителство има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеца
непрекинато, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) една
година. Работничката може да го започне отсуството за бременост, раѓање и
родителство 45 дена пред раѓањето, а задолжително 28 дена пред раѓање. Работничка
која посвојува дете има право на отсуство до наполнување на деветмесечна возраст на
детето, а доколку посвоила повеќе деца (две или повеќе) една година. Работничка која
користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, ако сака може да се врати
на работа и пред истекот на отсуството, но не и пред 45 дена од денот на раѓање на
детето. Доколку отсуството од работа за родителство не го користи работничката,
правото на отсуство од работа за родителство го користи таткото или посвоителот на
детето. Ако работничка роди мртво дете или ако детето умре пред истекот на

17
отсуството поради бременост, раѓање и родителство, има право да го продолжи
отсуството за време колку што според наодот на лекар е потребно да закрепне од
раѓањето и од психичката состојба предизвикана со губењето на детето, а најмалку 45
дена, за кое време и припаѓаат сите права врз основа на отсуството за бременост,
раѓање и родителс-тво. Еден од родителите на дете со развојни проблеми и посебни
образовни потреби има право да работи со половина од полното работно време ако
двајцата родители се во работен однос или ако родителот е самохран, врз основа на
наод од надлежна лекарска комисија, ако детето не е сместено во установа за
социјално-здравствено згрижување. Скратеното работно време се смета како полно
работно време. Работникот кој користи отсуство поради бременост, раѓање и
родителство, отсуство за нега и заштита на дете има право на надоместок на плата.

29. Заштита на работниците кои се уште не наполниле 18 години возраст


Работниците кои се уште не наполниле 18 години возраст во работниот однос имаат
посебна заштита. На работниците кои се уште не наполниле 18 години возраст
работодавачот не смее да им наложи да вршат тешки физички работи, работи кои се
вршат под земја или под вода, работи со извори на јонизирачки зрачења и други
работи кои можат штетно и со зголемена опасност да влијаат на здравјето, односно
здравствениот развој со оглед на нивните психофизички специфичности. Работното
време на работникот кој се уште не наполнил 18 години возраст не смее да биде
подолго од осум часа дневно и 40 часа неделно. Работникот на возраст под 18 години
има право на одмор од 16 последователни часови во текот на периодот од 24 часа.
Работникот кој се уште не наполнил 18 години возраст не смее да работи ноќе меѓу
22,00 часот и 6,00 часот наредниот ден. По исклучок може да се одреди работникот кој
се уште не наполнил 18 години возраст да работи ноќе во случај на виша сила, кога
таквата работа трае определено време и мора веднаш да биде извршена, а
полнолетните работници не се на располагање. Во тој случај мора на работниците кои
се уште не наполниле 18 години возраст, да им биде обезбеден одмор во наредните три
дена. Работникот кој се уште не наполнил 18 години возраст има право на годишен
одмор зголемен за седум работни дена.

30. Заштита на инвалиди со право на професионална рехабилитација и посебна


заштита на повозрасни работници
Работодавачот обезбедува заштита на инвалидите при вработувањето, оспособувањето
или преоспособувањето во согласност со закон. На работникот инвалид на трудот со
право на професионална рехабилитација по основ на професионална неспособност за
работа, работодавачот е должен му обезбеди услови за вршење на професионалната
рехабилитација и да го распореди на друга работа со полно работно време во
согласност со прописите од пензиското и инвалидското осигурување. На работникот
кај кого постои непосредна опасност од настанување на инвалидност, работодавачот е
должен да му обезбеди распоредување на друга соодветна работа, и надоместок на
плата во висина на разликата меѓу платата на која работел работникот пред
распоредувањето и платата на новото работно место. Опасност од настапување на
инвалидност постои кога кај работникот поради вршење на одредени работни задачи,
условите за работа без оглед на мерките што се применуваат или може да се
применуваат, влијаат врз здравствената состојба и работната способност на работникот
во таа мера што е забележано нарушување на неговата здравствена состојба, поради
што е потребно распоредување на друго работно место соодветно на неговото
образование и способност заради спречување од настанување на инвалидност.
Работниците повозрасни од 57 години жени и 59 години мажи, уживаат посебна
заштита, согласно со овој и друг закон. На повозрасниот работник работодавачот без
согласност на работникот не смее да му одреди прекувремена или ноќна работа.

31. Остварување на правата кај работодавачот и судска заштита

18
Ако работникот смета дека работодавачот не му ги обезбедува правата од работниот
однос или крши кое било од неговите права од работниот однос има право да поднесе
писмено барање до работодавачот кршењето да го отстрани, односно да ја исполни
својата обврска. Ако работникот смета дека со писмена одлука на работодавачот е
прекршено неговото право, има право во рок од осум дена од врачувањето на одлуката
со која било прекршено правото, да бара од работодавачот истото да го отстрани. Ако
работодавачот во натамошниот рок од осум дена по врачувањето на писменото барање
на работникот не ги исполни своите обврски од работниот однос, односно не го
отстрани кршењето на правото, работникот може во рок од 15 дена да бара судска
заштита пред надлежниот суд. Против одлуката за отказ на договорот за вработување,
работникот може да поднесе тужба во рок од 15 дена од врачувањето од страна на
работодавачот, пред надлежниот суд. Работникот може паричните побарувања од
работниот однос да ги остварува непосредно пред надлежниот суд. Неизбраниот
кандидат за вработување кој смета дека при изборот била прекршена забраната на
дискриминација, во рок од 15 дена од приемот на известувањето од страна на
работодавачот може да бара надомест на штета пред надлежниот суд.

32. Мирно решавање на индивидуалните и колективните работни спорови


Во случај на индивидуален и колективен работен спор, работодавачот и работникот
можат да се договорат решавањето на спорот да го доверат на посебен орган утврден со
закон. Со колективен договор може да се определи арбитража за решавање на
колективни работни спорови. Со колективниот договор се одредува составот,
постапката и други прашања заначајни за работата на арбитражата. Ако работодавачот
и работникот се согласат со арбитражно решавање на работниот спор, одлуката на
арбитражата е конечна и задолжителна за двете страни. Против одлуката на
арбитражата не е допуштен спор пред надлежниот суд.

33. Синдикати и здруженија на работодавачи (асоцијации на работници и


работодавачи, статут на синдикатите, односно здруженијата на работодавачите)
Работниците имаат право, по свој слободен избор, да основаат синдикат и во него да
се зачленуваат, под условите пропишани со статутот или правилата на тој синдикат.
Синдикатот е самостојна, демократска и независна организација на работниците во која
доброволно се здружуваат заради застапување, претставување, унапредување и заштита
на своите економски, социјални и други поединечни и колективни интереси.
Работодавачите имаат право, по свој слободен избор, да основаат здружение и во него
да се зачленуваат, под условите пропишани со статутот или правилата на тоа
здружение. Здружението на работодавачите е самостојна, демократска и независна
организација во која работодавачите доброволно стапуваат заради претставување,
унапредување и заштита на своите економски, социјални и други интереси.
Синдикатите и здруженијата можат да се основаат без какво било претходно
одобрување. Работникот, односно работодавачот слободно одлучува за своето
стапување и истапување од синдикатот, односно здружението на работодавачите.
Синдикатите и здруженијата на работодавачите, мора да имаат статут заснован и
донесен на начелата на демократското застапување и демократско почитување на
волјата на членовите. Со статутот се утврдуваат: целта на здружувањето во синдикатот,
односно здружението на работодавачите, внатрешната организација на синдикатот,
односно здружението, називот, седиштето, подрачјето на дејствување, симболот,
органите на синдикатот, односно здружението, начинот на избор и разрешување на
тие органи, нивниот мандат, овластувањата на органите, постапката за зачленување и
престанок на членството, начинот на определување на членарината, начинот на
донесување и измени на статутот, правилата и другите општи акти, начинот на
стекнување, располагање, начинот, условите и органите кои одлучуваат за поделба на
имотот на синдикатот, односно здружението на работодавачи во случај на престанок на
дејствување и надзор над имотот и престанокот на работата на синдикатот, односно
здружението на работодавачите.

19
34. Правна способност на синдикатите, односно здруженијата на работодавачите,
регистар и постапка за упис во регистарот
Синдикална организација на ниво на работодавач стекнува својство на правно лице со
денот на упис во Централниот регистар на РМ. Синдикатите и здруженијата на
работодавачите на повисоко ниво, се запишуваат во регистарот на синдикати, односно
регистарот на здруженија на работодавачи кој се води во министерството надлежно за
работите од областа на трудот. Во регистарот се запишува: денот на основањето,
називот, седиштето, подрачјето на дејствување, називот на извршното тело, името на
лицето овластено за застапување и престанокот на дејствување, престанокот на
овластувањето на подружницата, односно другиот облик на внатрешното организирање
во правниот промет. Запишувањето во регистарот се врши врз основа на барање на
синдикат на повисоко ниво, односно на здружение на работодавачи на повисоко ниво.
Со барањето за упис мора да се приложи: одлуката за основање, записникот од
основачкото собрание, статутот, називот на основачот и членовите на извршното тело,
името и презимето на лицето или лицата овластени за застапување и податоците за
бројот на членовите на синдикатот врз основа на платена членарина. По барањето за
упис на синдикатот на повисоко ниво, односно здружението на работодавачите во
регистарот се донесува решение од кое еден примерок се доставува до Централниот
регистар на РМ. Решението содржи: дата и упис и број под кој синдикатот, односно
здружението на работодавачите е запишан во регистарот, назив на синдикатот,
односно здружението на работодавачите седиште и име и презиме на лицето, односно
лицата овластени за застапување.

35. Судска заштита иа членовите на синдикатот и на правото на здружување,


синдикален претставник и нивна заштита
Член на синдикатот, односно здружението на работодавачите може да бара судска
заштита во случај на повреда на неговите права утврдени со статутот или другите
правила на синдикатот, односно здружението. Синдикатот, односно здружението на
работодавачите и нивните здруженија на повисоко ниво можат да бараат од судот да ја
забрани дејноста која е спротивна на правото на слободно здружување на работниците,
односно работодавачите. Синдикатот, односно здружението и нивно здружение на
повисоко ниво може да бара надомест на штета која ја претрпеле поради таквите
дејности. Синдикатите самостојно одлучуваат за начинот на нивното застапување кај
работодавачот. Синдикатите кои имаат членови вработени кај одреден работодавач
можат да именуваат или изберат еден или повеќе синдикални претставници кои ќе ги
застапуваат кај тој работодавач. Синдикалните претставници имаат право кај
работодавачот да ги штитат и промовираат правата и интересите на членовите на
синдикатот. Работодавачот е должен на синдикатите и нивните претставници да им
овозможи навремено и успешно остварување на правата и пристап до податоците
важни за остварување на тоа право. Синдикатот е должен да го извести работодавачот
за именувањето на синдикалниот претставник. Синдикалниот претставник е заштитен
од отказ согласно со овој закон. На синдикалниот претставник заради синдикална
активност не може да му се намали платата или да му се откаже договорот за
вработување. На синдикалниот претставник за времето на вршење на должноста,
работодавачот може да му го откаже договорот за вработување само со претходна
согласност на синдикатот. Ако синдикатот во рок од осум дена не се изјасни за давање
или ускратување на согласноста, се смета дека е согласен со одлуката на
работодавачот. Заштитата од отказ трае за времето на траењето на мандатот и
најмалку две години по престанување на мандатот.

36. Колективни договори (видови, примена, учесници)


Колективен договор се склучува како општ на ниво на РМ, посебен на ниво на гранка
односно оддел, согласно со Националната класификација на дејности и поединечен на
ниво на работодавач. На ниво на РМ се склучува: 1) општ колективен договор за

20
приватниот сектор од областа на стопанството и 2) општ колективен договор за јавниот
сектор. Општиот колективен договор за јавниот сектор се однесува на органите на
државната власт и други државни органи, органите на единиците на локалната
самоуправа, установите, јавните претпријатија, заводите, агенциите, фондовите и други
правни лица кои вршат дејност од јавен интерес. Општиот колективен договор за
приватниот сектор од областа на стопанството се применува непосредно и е
задолжителен за работодавачите и вработените во приватниот сектор. Општиот
колективен договор за јавниот сектор се применува непосредно и е задолжителен за
работодавач и вработените во јавниот сектор. Колективниот договор на ниво на гранка
односно оддел, согласно со Националната класификација на дејности се применува
непосредно и е задолжителен за работодавачите кои се членови на здружението на
работодавачите потписници на колективниот договор или кои дополнително му
пристапиле на здружението. Со колективните договори се уредуваат правата и
обврските на договорните страни кои го склучиле тој договор, а може да содржи и
правни правила со кои се уредува склучувањето, содржината и престанокот на
работните односи и други прашања од работните, односи или во врска со работните
односи. Колективен договор склучуваат работодавачот или репрезентативното
здружение на работодавачите и репрезентативниот синдикат. Учесниците во
склучувањето на колекгивниот договор се должни да преговараат. Ако во текот на
преговорите не е постигната согласност за склучување на колективен договор,
учесниците можат да образуваат арбитража за решавање на спорните прашања.

37. Репрезентативност на синдикатот и на здружението на работодавачи (услови


за определување)
Репрезентативност на синдикат за територијата на РМ, односно на здружение на
работодавачи за територијата на РМ се определува заради учество во трипартитни тела
за социјално партнерство и трипартитни делегации на социјалните партнери.
Репрезентативен синдикат за територијата на РМ е синдикат кој ги исполнува следниве
услови: 1) да е запишан во регистарот на синдикати кој го води министерството
надлежно за работите од областа на трудот; 2) во него да членуваат најмалку 10% од
вкупниот број на вработени во РМ кои плаќаат членарина на синдикатот; 3) да
здружува најмалку три синдикати на национално ниво од различни гранки, односно
оддели кои се запишани во регистарот на синдикати кој се води во министерството
надлежно за работите од областа на трудот; 4) да дејствува на национално ниво и да
имаат регистрирани членки во најмалку 1/5 од општините во РМ; 5) да дејствува во
согласност со својот статут и демократските принципи и 6) во него да членуваат
синдикати кои потпишале или пристапиле на најмалку три колективни договори на
ниво на гранка односно оддел, согласно со Националната класификација на дејности,
односно оддел. Репрезентативно здружение на работодавачите за територијата на РМ е
здружение кое ги исполнува следниве услови: 1) да е запишано во регистарот на
здруженија на работодавачи кој го води министерството надлежно за работите од
областа на трудот; 2) во здружението да се зачленети најмалку 5% од вкупниот број
работодавачи во приватниот сектор од областа на стопанството во РМ или 3)
работодавачите членки на здружението да вработуваат најмалку 5% од вкупниот број
вработени во приватниот сектор во РМ; 4) членки на здружението да бидат
работодавачи од најмалку три гранки, односно оддели; 5) да има свои членки во
најмалку 1/5 од општините во РМ; 6) да склучило или пристапило на најмалку три
колективни договори на ниво на гранка односно оддел, согласно со Националната
класификација на дејности, односно оддел и 7) да дејствува во согласност со својот
статут и демократските принципи.

38. Орган надлежен за утврдување на репрезентативноста, постапка по барањето


за утврдување на репрезентативноста
Репрезентативноста на синдикат, односно на здружение на работодавачи на ниво на
РМ, на ниво на јавен сектор, на ниво на приватен сектор од областа на стопанството и

21
на ниво на гранка односно оддел, согласно со Националната класификација на
дејности, односно оддел согласно со Националната класификација на дејности, ја
утврдува министерот надлежен за работите од областа на трудот, на предлог од
Комисија за утврдување на репрезентативноста. Комисијата е составена од девет члена,
од кои по три претставника на Министерството за труд и социјална политика,
Министерството за правда и Министерството за економија. Барање за утврдување на
репрезентативност до Комисијата доставува синдикат, односно здружение на
работодавачи на повисоко ниво. Со барањето се поднесуваат и докази за исполнување
на условите за репрезентативност и тоа: 1) решение од уписот во регистарот на
синдикати, односно здруженија на работодавачите; 2) список на членовите и
пристапници на членовите; 3) список на склучени колективни договори. Комисијата
утврдува дали барањето и поднесените докази се во согласност со овој закон.
Министерот надлежен за работите од областа за трудот, на предлог на Комисијата,
донесува решение за репрезентативност. На решението за репрезентативност може да
се поднесе жалба до Владата на РМ. Против решението на владата може да се заведе
управен спор пред надлежен суд.

39. Склучување на општ колективен договор (страни, времетраење, престанок)


Општиот колективен договор за приватниот сектор го склучуваат репрезентативното
здружение на работодавачите и репрезентативниот синдикат за приватниот сектор од
областа на стопанството. Општиот колективен договор за јавниот сектор, го склучува
репрезентативниот синдикат во јавниот сектор и министерот надлежен за работите од
областа на трудот, по претходно овластување од Владата на РМ. Ако во склучувањето
на колективен договор за територијата на Републиката, согласно со Националната
класификација на дејности учествуваат повеќе репрезентативни синдикати, односно
повеќе репрезентативни здруженија на работодавачи, се образува одбор за преговори
чиј состав го определуваат репрезентативните синдикати, односно репрезентативните
здруженија на работодавачи. Претставниците на синдикатите и на здруженијата на
работодавачите кои учествуваат во преговорите за склучување на колективен договор и
кои склучуваат колективен договор, мора да имаат овластување од своите органи. Во
колективниот договор задолжително се назначуваат лицата и подрачјето на кои тој се
применува. Колективен договор може да се склучи на определено време за период од
две години, со можност за продолжување, со писмена согласност на страните на
договорот. Колективен договор склучен на определено време престанува да важи со
истекот на времето за кое е склучен. Важењето на колективниот договор може да
престане и со спогодба на сите учесници или со откажување, на начинот утврден со
колективниот договор. Кога важењето на колективниот договор се продолжува со
спогодбата на страните на договорот, спогодба се склучува најдоцна 30 дена пред
истекот на важењето на колективниот договор. Колективен договор склучен на
определено време може да се откаже само ако е предвидена можност за откажување на
договорот. Отказот на договорот мора да се достави до другите страни на договорот.

40. Регистрација на колективните договори и судска заштита на правата од


колективниот договор
Секој колекгивен договор и секоја измена на колективниот договор пред нивното
објавување мора да се достави за регистрација до министерството надлежно за
работите од областа на трудот. Колективниот договор или измената на колективниот
договор ја доставува до надлежниот орган страната која е прва наведена во тој
договор, односно страната која го откажува колективниот договор. Известување за
склучување на колективен договор на ниво на работодавач и времето за кое е склучен
се доставува до министерството надлежно за работите од областа на трудот, во рок од
осум дена од неговото склучување. Колективните договори и нивните измени и
дополнувања мора јавно да се објават во "Службен весник на РМ". Страна на
колективен договор може со тужба пред надлежниот суд да бара заштита на правата од
колективниот договор. Ако настане спор во постапката на склучување, изменување и

22
дополнување на колективен договор, спорот се решава по мирен пат. Страните во
спорот можат решавањето на колективниот работен спор спогодбено да го доверат на
арбитража.

41. Штрајк – права, обврски и последици од организирањето и учеството во


штрајк
Синдикатот и неговите здруженија на повисоко ниво имаат право да повикаат на
штрајк и да го поведат со цел за заштита на економските и социјалните права на своите
членови од работниот однос, во согласност со закон. Штрајкот мора писмено да се
најави на работодавачот, односно здружението на работодавачите против кои е
насочен, а штрајкот на солидарност на работодавачот кај кого тој штрајк се
организира. Штрајкот не смее да започне пред завршување на постапката за
помирување, согласно со овој закон. Штрајкот на солидарност може да започне без
спроведување на постапка за помирување, но не пред истекот на два дена од денот на
почетокот на штрајкот за чија поддршка се организира. Во писмото со кое се најавува
штрајкот мора да се наведат причините за штрајкот, местото на одржувањето на
штрајкот, времетраењето и денот и времето на почетокот на штрајкот. Штрајкот мора
да биде организиран на начин со кој нема да се оневозможува или попречува
организирањето и одвивањето на работниот процес за работниците кои не учествуваат
во штрајкот, забрана на влез на работниците и на одговорните лица во деловните
простории на работодавачот. Организирањето или учеството во штрајк организиран во
согласност со одредбите на овој закон и колективен договор, не претставува повреда на
договорот за вработување. Работникот не смее да биде ставен во понеповолна положба
од другите работници поради организирање или учество во штрајк, организиран во
согласност со одредбите на закон и колективен договор. На работникот може да му се
даде отказ само ако организирал или учествувал во штрајк кој не е организиран во
согласност со закон и колективен договор или ако за време на штрајкот направил
некоја друга тешка повреда на договорот за вработување. Работникот не смее на кој
било начин да биде присилен да учествува во штрајкот.

42. Судска забрана на незаконски штрајк, надомест на штета и незаконито


исклучување од работа
Работодавачот, односно здружението на работодавачите може да бара од надлежниот
суд да забрани организирање и спроведување на штрајк спротивно од одредбите на
закон. Работодавачот може да бара надомест на штета која ја претрпел поради штрајкот
кој не е организиран и спроведен во согласност со овој закон. Синдикатот може да бара
од надлежниот суд да забрани исклучување од работа за време на штрајк, спротивно од
одредбите на закон. Синдикатот може да бара надомест на штета која тој или
работниците ја претрпеле поради исклучувањето од работа за време не штрајк кое не е
извршено во согласност со закон. Одлука за забрана на штрајк донесува надлежниот
суд за работни спорови во прв степен. Постапката по барањето за забрана на штрајк,
односно отстранување од работа е итна.

43. Економско-социјален совет (овластувања и состав)


Заради утврдување и остварување на усогласени дејности со цел за заштита и
промоција на економските и социјалните права, односно интереси на работниците и
работодавачите, поттикнување на социјален дијалог и склучување и примена на
колективни договори, се основа Економско- социјален совет. Дејноста на Економско-
социјалниот совет се темели на потребата за тристрана соработка меѓу Владата на РМ,
синдикатите и здруженијата на работодавачите, во решавањето на економските и
социјалните прашања и проблеми. Економско-социјалниот совет: 1) ги следи, проучува
и оценува влијанието на економската политика и мерките на економската политика на
социјалната стабилност и развој; 2) ги следи, проучува и оценува влијанието на
социјалната политика и мерките на социјалната политика на економската стабилност и
развој; 3) ги следи, проучува и оценува влијанието на промените на цените и платите на

23
економската стабилност иразвој; 4) му дава образложено мислење на министерот за
труд за прашања и проблеми поврзани со склучувањето и примената на колективните
договори; 5) им предлага на Владата, работодавачите и синдикатите, односно на
нивните здруженија на повисоко ниво, водење на усогласена политика на цени и плати;
6) дава мислења по предлози на закони од областа на трудот и социјалната сигурност;
7) ја промовира и поттикнува потребата на тристрана соработка меѓу социјалните
партнери за решавање на економските и социјалните прашања и проблеми; 8) го
поттикнува мирното решавање на колективните работни спорови и 9) дава мислења и
предлози на министерот за труд во врска со другите прашања утврдени со овој закон.
Со спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет се определува неговиот
состав. При утврдување на составот мора да се води сметка за соодветна застапеност на
социјалните партнери.

44. Вршење на работи во странство


Во согласност со договорот за вработување работодавачот може да го испрати
работникот на работа во странство. Должината на испраќањето е една година.
Работникот може да го одбие испраќањето на работа во странство од оправдани
причини, како што се: 1) бременост; 2) инвалидност; 3) здравствени причини; 4) грижа
за дете кое не наполнило седум годишна возраст; 5) грижа за дете кое не наполнило 15
години возраст, ако работникот живее сам со детето и се грижи за неговото
воспитување и заштита и др. Ако работникот склучува договор за вработување за
вршење на работа во странство, договорот за вработување покрај обврзувачките норми
според овој закон мора да содржи и одредби за: 1) траењето на работата во странство;
2) празниците и слободните работни денови; 3) минималниот годишен одмор; 4) висина
на платата и валутата, во која што таа се исплаќа; 5) другите примања во пари, на кои
работникот има право за време работата во странство и 6) условите за враќање во
татковината.

45. Работа на деца помлади од 15 години, ученици и студенти


Кај работодавачот може учениците кои наполниле 14 години возраст и студентите да
вршат практична работа во рамките на образовната програма. На работниците помлади
од 15 години, ученици и студенти работодавачот не смее да им наложи да вршат тешки
физички работи, работи кои се вршат под земја или под вода, работи со извори на
јонизирачки зрачења и други работи кои можат штетно и со зголемена опасност да
влијаат на здравјето, односно здравствениот развој со оглед на нивните психофизички
специфичности. Работното време на работникот помлад од 15 години, ученик и студент
не смее да биде подолго од осум часа дневно и 40 часа неделно. Работникот помлад од
15 години, ученик и студент има право на одмор од 16 последователни часови во текот
на периодот од 24 часа. Работникот не смее да работи ноќе меѓу 22,00 часот и 6,00
часот наредниот ден. По исклучок може да се одреди работникот помлад од 15 години,
ученик и студент да работи ноќе во случај на виша сила, кога таквата работа трае
определено време и мора веднаш да биде извршена, а полнолетните работници не се на
располагање. Во тој случај мора на работниците помлади од 15 години, ученици и
студенти, да им биде обезбеден одмор во наредните три дена. Работникот помлад од 15
години, ученик и студент има право на годишен одмор зголемен за седум работни дена.
Работодавачот може со определено лице да склучи договор поради вршење работи кои
се надвор од дејноста на работодавачот, а кои имаат за предмет самостојна изработка
или поправка на определени предмети, самостојно извршување на определена физичка
или интелектуална работа.

46. Инспекциски надзор во областа на работните односи


Надзор над примената на овој закон, другите закони и прописи за работните односи,
колективните договори и договорите за работа со кои се уредуваат правата и обврските
на работникот и работодавачот од работниот однос, врши органот на државната управа
надлежен за работите на инспекцијата на трудот. Работите на инспекцискиот надзор ги

24
врши инспекторот на трудот. Работникот, синдикатот и работодавачот можат да бараат
од инспекторот на трудот да изврши инспекциски надзор. Ако инспекторот на трудот
утврди повреда на закон, друг пропис, колективен договор, договор за вработување и
други акти, над чија примена врши инспекциски надзор, со решение ќе му нареди на
работодавачот да донесе или поништи акт со кој ќе ги отстрани утврдените
неправилности и недостатоци. Доколку при вршењето на инспекцискиот надзор
инспекторот за труд утврди дека е сторена неправилност, е должен да состави записник
во кој ќе ја утврди сторената неправилност со укажување за отстранување на
утврдената неправилност во рок од осум дена и со истовремено врачување на покана за
спроведување на едукација на лицето или работодавачот каде што е утврдена
неправилноста при вршењето на инспекцискиот надзор. Ако инспекторот за труд
затекне на работа кај работодавачот лице со кое не е заснован работен однос согласно
со законот и лицето не е пријавено во задолжително социјално осигурување, со
решение ќе му нареди на работодавачот, во рок од 15 дена да заснова работен однос со
затеченото или друго лице на неопределено време и да му исплати надоместок во
висина од три просечни исплатени бруто плати во РМ. Организацијата надлежна за
работите на јавните приходи е должна да го известува надлежниот инспектор на трудот
за работодавачите кои не извршиле пресметка и исплата на плати, односно најниска
плата за претходниот месец. Инспекторот на трудот ќе поднесе барање за покренување
на прекршочна постапка, ако констатира дека работодавачот, односно одговорното
лице со повреда на закон или други прописи, колективни договори и договор за
вработување со кои се уредуваат работните односи, извршил прекршок. Против
решението на инспекторот на трудот може да се изјави жалба до министерот надлежен
за работите од областа на трудот, во рок од осум дена од денот на приемот на
решението.

47. Прекршочни одредби


Глоба во износ од 7.000 евра, во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок
на работодавач - правно лице, ако: 1) не е склучен договор за вработување меѓу
работникот и работодавачот; 2) не обезбеди услови за безбедност на животот и
здравјето на работниците; 3) не ги штити и почитува личноста, достоинството,
приватноста на работникот ; 4) го оневозможува или ќе се обиде да го оневозможи
инспекторот на трудот во спроведувањето на надзорот. Глоба во износ од 3.000 евра во
денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач - правно лице,
ако: 1) договорот за вработување не се чува во работните простории на работодавачот;
2) склучи договор за вработување со лице кое не наполнило 15 години возраст и кое
нема општа здравствена способност; 3) склучи договор за вработување со странец кој
не ги исполнува условите определени со овој или со друг закон; 4) не исплати плата, и
не уплати придонеси од плата и др. Глоба во износ од 1.000 евра во денарска
противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач - правно лице, ако: 1) не ги
исполнува пропишаните и договорените услови за вршење на работата определени со
закон, колективен договор, акт на работодавачот, односно барани од страна на
работодавачот; 2) објави слободно работно место во спротивност на овој закон и др.
Глоба во износ од 1.200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен
прекршок на синдикатот, односно здружението на синдикатите и работодавачите, ако:
1) синдикатот, односно здруженијата на синдикатите и работодавачите, колективниот
договор не го објават на пропишаниот начин; 2) синдикатот, односно здруженијата на
синдикатите не најават штрајк; 3) синдикатот, односно здруженијата на синдикатите
во писмото за најава на штрајк не ги наведат причините за штрајк, местото, денот и
времето на почетокот на штрајкот. За прекршоците, прекршочна постапка води и
прекршочна санкција изрекува органот на државната управа надлежен за работите од
областа на трудот. Прекрошната постапка пред прекршочниот орган ја води Комисија
за одлучување по прекршок. Прекршочната комисија одлучува по прекршоците
утврдени во овој или друг закон и изрекува прекршочни санкции. Против одлуката за
прекршок што ја донел прекршочниот орган може да се поднесе тужба за поведување

25
на управен спор. Прекршочна комисија формира министерот надлежен за работите од
областа на трудот. Прекршочната комисија е составена од претседател и два члена од
редот на државните службеници вработени во органот на државната управа надлежен
за работите од областа на трудот. Прекршочната комисија се избира за време траење од
три години со право на реизбор на членовите. Прекршочната комисија работи на
седница, а одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број членови.

Б. ЗАКОН ЗА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

1. Поим за државни службеници, групи и звања


Државен службеник е лице вработено во државната служба кое врши стручни,
нормативно-правни, извршни, управни, управно-надзорни, плански, материјално-
финансиски, сметководствени, информатички и други работи од надлежност на органот
во согласност со Уставот и со закон. Државна служба се органите на државната и
локалната власт и другите државни органи, основани согласно со Уставот и со закон.
Во државната служба, во зависност од видот на образованието, работното искуство,
одговорноста и сложеноста на работните задачи, се утврдуваат 13 звања
систематизирани во три групи: I раководни, II стручни и III стручно-административни.
Раководни звања се: генерален секретар, секретар на градот Скопје и секретар на
општина, државен советник со стекнати 300 кредити или завршен VII/1 степен и
најмалку шест години работно искуство во струката, од кои две години во државната
служба, раководител на сектор со стекнати 300 кредити или завршен VII/1 степен и
најмалку пет години работно искуство во струката, од кои две години во државната
служба, помошник раководител на сектор со стекнати 300 кредити или завршен VII/1
степен и најмалку четири години работно искуство во струката, од кои една година во
државната служба и раководител на одделение со стекнати 300 кредити или завршен
VII/1 степен и најмалку четири години работно искуство во струката, од кои една
година во државната служба. Стручни звања се: советник со стекнати најмалку 240
кредити или завршен VII/1 степен и најмалку три години работно искуство во струката,
виш соработник со стекнати најмалку 240 кредити или завршен VII/1 степен и најмалку
две години работно искуство во струката, соработник со стекнати најмалку 240 кредити
или завршен VII/1 степен и најмалку една година работно искуство во струката и
помлад соработник со стекнати најмалку 240 кредити или завршен VII/1 степен и без
работно искуство. Стручно-административни звања се: самостоен референт со
завршено више или средно образование и најмалку три години работно искуство во
струката, виш референт со завршено више или средно образование и најмалку две
години работно искуство во струката, референт со завршено више или средно
образование и најмалку една години работно искуство во струката и помлад референт
со завршено више или средно образование и без работно искуство.

2. Агенција за државни службеници (надлежности и организациона поставеност)


Агенцијата за државни службеници е самостоен државен орган со својство на правно
лице. Агенцијата за својата работа поднесува годишен извештај на усвојување до
Собранието на РМ, најдоцна до крајот на првото тримесечје на тековната, за
претходната година. Агенцијата ги врши следниве работи: поднесува иницијатива до
овластениот предлагач за донесување и изменување на Законот за државните
службеници, подготвува подзаконски акти кои се однесуваат на државните
службеници, а ги донесува Владата на РМ, донесува подзаконски акти за кои е
овластена со закон, ја пропишува содржината и начинот на подготвување на актите за
внатрешна организација и систематизација на работните места, дава писмена
согласност за вработување на државен службеник на систематизирано слободно
работно место, организира постапка за селекција и вработување на државен службеник,
води Регистар на државните службеници и др. Со Агенцијата раководи директор кој го

26
именува и разрешува Собранието на РМ за време од шест години. Директорот на
Агенцијата има заменик кој го именува и разрешува Собранието на РМ, на предлог на
Владата на РМза време од шест години. Тие одговараат пред Собранието на РМ.
Директорот на Агенцијата: ја претставува Агенцијата; го организира и обезбедува
законитото и ефикасното вршење на работите и задачите во Агенцијата и донесува
прописи и други акти за кои е овластен и презема други мерки од надлежност на
Агенцијата во согласност со закон.

3. Вработување во државната служба (постапка и услови)


Во државната служба може да се вработи лице кое ги исполнува општите и посебните
услови. Општи услови се: да е државјанин на РМ, да е полнолетен, да има општа
здравствена способност и да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за
забрана професија, дејност или должност. Посебни услови се: да има соодветно
образование, да има потребно работно искуство во струката и други услови утврдени
во актот за систематизација на работните места. По барање на државниот орган,
Агенцијата објавува јавен оглас на својата интернет страница и во најмалку два дневни
весника. Рокот за пријавување на јавниот оглас од не може да биде пократок од пет
дена од денот на неговото објавување. Агенцијата формира Комисија составена од
тројца државни службеници за селекција на државен службеник која ја спроведува
постапката. Постапката за селекција на кандидат за државен службеник се состои од
административна селекција, испит за државен службеник и интервју.
Административната селекција се состои од проверка на внесените податоци во
пријавата за вработување со условите утврдени во јавниот оглас. Испитот за државен
службеник се состои од општ и посебен дел. Административната селекција се
спроведува во рок од пет дена по завршувањето на јавниот оглас. Испитот се
спроведува во рок од 20 дена, но не пократок од 16 дена, по завршување на
административната селекција. По завршувањето на испитот за државен службеник, врз
основа на резултатите од образованието и од испитот, Комисијата за селекција
спроведува интервју со петте најуспешни кандидати кои го положиле испитот. Врз
основа на резултатите од образованието, испитот за државен службеник и интервјуто,
во рок од три дена од денот по спроведувањето на интервјуто, Комисијата за селекција
доставува ранг-листа од три најуспешни кандидати до секретарот, односно
функционерот кој раководи со органот. Секретарот односно функционерот кој
раководи со органот, во рок од три дена по добивањето на ранг-листата, е должен да
изврши избор на кандидат. Избраниот кандидат во рок од пет дена од денот на приемот
на известувањето за извршениот избор на кандидат е должен да достави докази за
исполнување на општите и посебните услови за вработување. Одлуката за избор на
државен службеник се објавува на веб страницата и огласната табла на Агенцијата за
државни службеници. Секретарот, односно функционерот кој раководи со органот,
донесува решение за вработување на државен службеник.

4. Мобилност во државната служба


Државниот орган, кој има потреба од пополнување на слободно работно место, може да
објави интерен оглас за вработување на државен службеник. Интерниот оглас може да
се спроведува за пополнување на работни места во сите звања, освен во звањата помлад
соработник и помлад референт. Интерниот оглас се објавува на интернет-страницата на
Агенцијата. Рокот за пријавување не може да биде пократок од пет дена од денот на
неговото објавување. Заинтересираниот државен службеник доставува пријава до
Агенцијата. Право да се пријави на интерен оглас има секој државен службеник, кој ги
исполнува посебните услови, т.е. има соодветно образование, има потребно работно
искуство во струката и други услови утврдени во актот за систематизација на
работните места, како и: да бил оценет со оцена „се истакнува“ или „задоволува“ за
работењето во последните две години пред објавувањето на интерниот оглас, да
поминал најмалку две години во непосредно пониско звање од звањето за кое е објавен

27
интерниот оглас и да не му е изречена дисциплинска мерка во период од 12 месеца
пред објавувањето на интерниот оглас. Постапката за селекција на пријавените
државни службеници ја спроведува Комисијата за селекција и се состои од
административна селекција и интервју. Административната селекција се спроведува во
рок од пет дена по завршувањето на интерниот оглас. Интервјуто се состои од прашања
од делокругот на работата на организациониот облик на органот и описот на работното
место согласно со актот за систематизација на работните места за кое е распишан
интерниот оглас и се спроведува во рок од пет дена по завршувањето на
административната селекција. Врз основа на резултатите од интервјуто, Комисијата за
селекција во рок од три дена од денот по спроведувањето на интервјуто, доставува
ранг-листа од тројца најуспешни државни службеници до секретарот, односно
функционерот кој раководи со органот, кој во рок од три дена, е должен да изврши
избор на државниот службеник. Избраниот државен службеник во рок од три дена од
денот на приемот на известувањето за извршениот избор е должен да достави докази за
исполнување на посебните услови за вработување. Одлуката за избор на државен
службеник се објавува на веб страницата и огласната табла на Агенцијата за државни
службеници. Секретарот, односно функционерот кој раководи со органот, донесува
решение за вработување на државен службеник. Државен службеник кој ги исполнува
посебните услови за вработување, по потреба на органот или по негово барање, може
да се распореди во истиот орган на друго работно место во исто звање согласно со
актот за систематизација за работни места.
5. Права и должности на државните службеници
Државниот службеник е должен работите да ги врши совесно, стручно, ефикасно,
уредно и навремено во согласност со Уставот и со закон. Државниот службеник е
должен да ја врши својата работа непристрасно и без влијанија од политичките партии,
да не се раководи од свои политички уверувања, од лични финансиски интереси, да не
ги злоупотребува овластувањата и статусот што го има како државен службеник и да го
штити угледот на органот. Државниот службеник е должен да ги извршува наредбите
на функционерот кој раководи со органот, односно на непосредно претпоставениот
службеник и да постапува по нив во согласност со Уставот, со закон или со друг
пропис. Државниот службеник е должен да ја чува државната и службената тајна на
начин и под услови утврдени со закон и со друг пропис. Државниот службеник има
право и должност стручно да се оспособува и усовршува во согласност со потребите на
органот во кој е вработен. Државниот службеник има право на заштита ако кон него
непосредно се упатени закани, напади и слични постапки во врска со вршењето на
службените задачи. Државните службеници заради остварување на своите економски и
социјални права имаат право да основаат синдикати и да членуваат во нив. Државниот
службеник е должен да учествува во изборниот процес како член на изборен орган
доколку биде избран од надлежен изборен орган. Државниот службеник со
членувањето во политичка партија и со учество во нејзините активности не смее да го
доведува во прашање својот статус на државен службеник, ниту вршењеето на
службените задачи кои произлегуваат од тој статус. Државниот службеник има право
на одмор и отсуства од работа. Државниот службеник во остварувањето на правата од
работниот однос има право да бара заштита пред надлежниот суд, синдикатот или друг
надлежен орган во согласност со закон.

6.Дисциплинска одговорност на државните службеници


За повреда на службената должност државниот службеник, освен секретарот, одговара
дисциплински. Државниот службеник одговара дисциплински за дисциплинска
неуредност и дисциплински престап. Дисциплинска неуредност е полесна незначителна
повреда на службената должност, односно полесна повреда на угледот на службата или
угледот на државниот службеник. Дисциплинскиот престап е потешка значителна
повреда на службената должност, односно потешка повреда на угледот на службата

28
или угледот на државниот службеник. За повреда на службената должност на
државниот службеник може со решение да му се изрече една од следниве
дисциплински мерки: 1) јавна опомена; 2) парична казна во висина од 10% до 30% од
висината на нето платата; 3) распоредување на работно место во пониско звање во
траење од шест месеца до една година и 4) престанок на вработувањето. Дисциплинска
неуредност е: 1) Недоаѓање на работа во определеното време и одење од работа пред
истекот на работното време; 2) неуредно чување на службените списи и податоци; 3)
неоправдано недоаѓање на работа до два работни дена во текот на една календарска
година; 4) неносење на ознаките со личното име, ако таква обврска постои и др.
Дисциплински престап е: 1) неизвршување или несовесно, непристојно, ненавремено
или небрежно вршење на службената должност; 2) изразување и застапување на
политичко уверување во вршењето на службените задачи; 3) незаконито располагање
со материјалните средства; 4) одбивање на вршење на службените задачи; 5)
предизвикување на поголема материјална штета; 6) злоупотреба на боледување; 7)
навредливо или насилничко однесување. Дисциплинските мерки против државниот
службеник за дисциплинска неуредност ги изрекува секретарот, односно функционерот
кој раководи со органот во кој не се именува секретар, а по претходен писмен извештај
од непосредно претпоставениот државен службеник.

7. Материјална одговорност на државните службеници


Државниот службеник е одговорен за штетата која на работа или во врска со работата,
намерно или од крајна небрежност, ја предизвикал на органот. Функционерот кој
раководи со органот формира комисија за утврдување на материјална одговорност на
државниот службеник. Комисијата е составена од три члена, и тоа: еден раководен
државен службеник, еден државен службеник со звање од истата група на звања како и
државниот службеник против кого се води постапка за утврдување материјална
одговорност и еден член од Агенцијата. Комисијата ја утврдува материјалната
одговорност за постоење на сторена материјална штета, нејзината висина и начинот на
сторување, кој ја предизвикал штетата и кој ќе ја надомести. Комисијата за утврдената
фактичка состојба поднесува извештај, врз основа на кој функционерот кој раководи со
органот донесува решение за надомест на штета. Предлог за покренување на постапка
за утврдување на материјална одговорност против државниот службеник поднесува
непосредно претпоставениот државен службеник, односно раководниот службеник или
функционерот кој раководи со органот. Постапката за утврдување на материјална
одговорност не може да се поведе, ако поминале 60 дена од денот кога непосредно
раководниот државен службеник, односно раководниот службеник или функционерот
кој раководи со органот, дознал за тоа, односно ако од денот кога е сторена
материјалната штета поминала една година. Против решението државниот службеник
има право да изјави жалба до Агенцијата во рок од осум дена од денот на врачувањето
на решението. Ако државниот службеник, во рок од три месеца од конечноста на
решението за надомест на штета, не ј а надомести штетата, органот поведува постапка
пред надлежниот суд.

8. Оценување на државните службеници


Државните службеници во текот на нивната работа, врз основа на постојано следење
секоја година се оценуваат најдоцна до крајот на првото тримесечије на наредната
година за изминатата година. Државните службеници кои во текот на годината биле
отсутни од работа подолго од шест месеци (боледување, неплатено отсуство и слично),
како и државните службеници кои работеле пократко од шест месеца нема да бидат
оценувани. Оценувањето на државните службеници го врши непосредно
претпоставениот раководен државен службеник. Оценувањето на државните
службеници се врши врз основа на податоци што се однесуваат на резултатите од
нивната работа и личните квалитети што ги покажале во текот на работењето.

29
Податоците се внесуваат во образецот кој го пропишува Агенцијата. Раководниот
службеник кој го врши оценувањето е должен да го запознае непосредно
претпоставениот раководен службеник, односно функционерот кој раководи со
органот, за извршеното оценување. Оцената за државниот службеник може да биде: "се
истакнува", "задоволува", "делумно задоволува" и "не задоволува". Државниот
службеник кој не е задоволен со оцената, може во рок од осум дена од денот на
оценувањето да поднесе приговор до комисијата за преиспитување на оцената
формирана од министерот, односно функционерот кој раководи со органот. Комисијата
која е составена од три члена по спроведеното преиспитување на оцената, во рок од 30
дена донесува одлука против која државниот службеник има право на жалба до
Агенцијата во рок од 15 дена од денот на нејзиното врачување.

9. Престанок на вработувањето на државните службеници


На државниот службеник му престанува вработувањето: по спогодба; по негово
барање; по сила на закон и во други случаи утврдени со овој закон. На државниот
службеник му престанува вработувањето по спогодба, кога со секретарот, односно
функционерот кој раководи со органот, ќе склучи писмена спогодба за престанок на
вработувањето. На државниот службеник му престанува вработувањето ако поднесе
писмено барање за престанок на вработувањето. Во тој случај отказниот рок трае 30
дена од денот на поднесувањето на барањето за престанок на вработувањето. На
државниот службеник му престанува вработувањето по сила на закон, ако: ја загуби
работната способност со денот на доставувањето на правосилното решение за
утврдување на изгубената работна способност; му престане државјанството на РМ со
денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанство на РМ; му е изречена
казна забрана за вршење професија, дејност или должност, со денот на правосилноста
на судската пресуда, биде осуден за кривично дело во врска со службената должност
или друго кривично дело кое го прави недостоен за државен службеник и за вршење на
службата во органот со денот на врачувањето на правосилната пресуда; поради
издржување на казна затвор во траење подолго од шест месеца со денот на стапувањето
на издржување на казната и наврши 64 години старост. На државниот службеник му
престанува вработувањето и во случаите, ако: неоправдано отсуствува од работа
најмалку три дена последователно во еден месец; биде оценет со оцена "не задоволува"
два пати последователно или во последните пет години најмалку три пати; се утврди
дека при вработувањето премолчил или дал невистинити податоци во однос на
општите и посебните услови за вработување; во рок од 15 дена не се врати на работа по
завршувањето на стручното оспособување или усовршување и органот на државната
управа, надлежен за инспекцијата на трудот, во рок од една година утврди дека
државниот службеник е вработен спротивно на одредбите на овој закон. Решението за
престанок на вработувањето на државниот службеник го донесува секретарот, односно
функционерот кој раководи со органот. Против решението за престанок на
вработувањето државниот службеник има право на жалба до Агенцијата во рок од осум
дена од денот на врачувањето на решението. Агенцијата одлучува по жалбата во рок од
15 дена од приемот на жалбата.

10. Заштита на правата на државните службеници


Државниот службеник на кој со решение на првостепен орган во државниот орган му е
повредено правото од службенички однос, има право да поднесе жалба до Агенцијата
во рок од 15 дена од денот на врачувањето на решението преку првостепениот орган,
освен кога со овој закон поинаку не е утврдено. Првостепениот орган е должен
жалбата, со пропратните списи, да ја достави до Агенцијата во рок од осум дена од
денот на приемот на жалбата. По поднесената жалба, Агенцијата одлучува во рок од 30
дена од денот на приемот на жалбата, освен кога со овој закон поинаку е утврдено.
Агенцијата при одлучувањето по поднесената жалба, може да ја отфрли жалбата како

30
ненавремена, нецелосна или недозволена, да ја одбие жалбата како неоснована и да го
потврди првостепеното решение или да ја уважи жалбата и да го укине решението на
првостепениот орган и предметот да го врати на повторно одлучување. Државниот
службеник кој не е задоволен од конечната одлука донесена од Агенцијата, има право
во нареден рок од 15 дена да бара заштита на своите права пред надлежниот суд.
Државниот службеник не може да бара заштита на правото пред надлежен суд, ако
претходно не барал заштита на правото пред Агенцијата, односно пред комисијата,
освен за правото на парично побарување.

11. Регистар на државни службеници


Агенцијата води Регистар на државни службеници, кој претставува единствена база на
податоци за државните службеници. Податоците што се внесуваат во Регистарот
претставуваат класифицирани информации со степен на тајност определен согласно со
закон. Како класифицирани информации се сметаат поединечните податоци за
државните службеници, што се внесуваат во Регистарот. Државниот орган е должен
секој податок за настаната промена во врска со државниот службеник да го достави до
Агенцијата во рок од 15 дена, сметано од денот на настанатата промена. Агенцијата е
должна податоците за државните службеници да ги внесе во Регистарот во рок од 15
дена од денот на нивното доставување. Податоците од Регистарот можат да ги користат
само државните службеници и државните органи. Државниот службеник и државните
органи можат писмено да побараат извод од податоците кои се водат за нив во
Регистарот. Државните органи можат писмено да побараат збирни податоци и анализи
за дел или за сите државните органи, согласно со податоците кои се водат за нив во
Регистарот. Агенцијата подготвува годишен извештај за податоците од Регистарот.
Годишниот извештај е јавен и се објавува најдоцна до крајот на првото тримесечје на
наредната година за изминатата година.

12 . Надзор над спроведувањето на законот за државни службеници


Агенцијата врши надзор над спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз
основа на овој закон во државните органи. Надзорот го вршат раководни и стручни
државни службеници од Агенцијата, овластени за тоа со решение на директорот на
Агенцијата. Надзорот може да биде редовен, вонреден или контролен. Редовниот
надзор опфаќа надзор на спроведувањето на овој закон и прописите донесени врз
основа на овој закон, како и надзор на спроведувањето на соодветната и правичната
застапеност на припадниците на заедниците на сите нивоа. Редовниот надзор се врши
според годишна програма што директорот на Агенцијата ја донесува до крајот на
тековната за наредната година. Вонредниот надзор се врши врз основа на поднесено
барање од функционерот кој раководи со државниот орган, во случај на сомневање на
Законот и прописите донесени врз основа на овој закон. Контролниот надзор се врши
по истекот на рокот определен во извештајот за отстранување на утврдени
недостатоци. Државниот орган, во кој се врши надзор, е должен на вршителот на
надзорот да му овозможи: влез во просториите на органот, писмено или усно
објаснување во врска со предметот на надзорот, увид во документација и други
информации во врска со предметот на надзорот. При вршењето на надзорот не смее да
биде повредена тајноста на личните податоци. За спроведениот надзор се составува
записник кој, во рок од седум дена од денот на завршениот надзор, задолжително се
доставува до државниот орган кој мора да достави одговор до Агенцијата. Агенцијата
во рок од седум дена по приемот на одговорот, доставува извештај во кој може да го
прифати или отфрли одговорот. Органот е должен во рок од 30 дена од денот на
приемот на извештајот да постапи по дадените укажувања. Агенцијата за спроведениот
надзор во тековната година, најдоцна до 31 јануари, донесува годишен извештај.

31
В. ЗАКОН ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА
НЕВРАБОТЕНОСТ

1. Основни задачи на размена на трудот согласно законот за вработување и


осигурување во случај на невработеност
Основни задачи на размената на трудот се: евидентирање на работодавачите и нивните
потреби од работници; примања на понуди за слободни работни места од
работодавачите и идентификување на потребите на работодавачo според условите во
искажаните потреби од работници; евидентирање на невработените лица според
нивните квалификации, знаења и искуства; споредување на потребите на работодавачот
со квалификацијата, знаењето и искуството на невработените лица; обезбедување
информации на работодавачот и на невработените лица за пазарот на трудот;
упатување на невработените лица на обука, преквалификација или доквалификација за
вработување; помош на работодавачите при вработување на невработени лица со
поволни услови; обезбедување посебни услуги за вработување на невработените
инвалидни лица; професионална ориентација на невработените и други лица заради
избор на занимање или вработување по пат на тестирање и разговор; следење на
искажаните нереализирани потреби од работници кај работодавачот; истражување,
следење и анализирање на појавите и движењата на пазарот на трудот; обезбедување
стручна и географска мобилност на работната сила заради усогласување на понудата и
побарувачката од работна сила во Република Македонија и странство; воспоставување
и одржување на добри односи и соработка на Агенцијата за вработување на Република
Македонија со работодавачите и лицето кое донесува одлуки за избор при вработување
и обезбедување права по основа на осигурување во случај на невработеност.
Стручните, организациските, административните и други работи што се однесуваат на
вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност ги врши Агенцијата за
вработување на Република Македонија, како јавна установа. Дејноста на Агенцијата е
од јавен интерес.

2. Обука, преквалификација или доквалификација


Агенцијата ги утврдува потребите на работодавачот од работници и на невработените
лица за вработување што треба да се вработат со обука, преквалификација или
доквалификација и ги информира невработените лица и работодавачите за потребите,
условите и начинот на организирање на обука, преквалификација или доквалификација.
Агенцијата за вработување врши услуги на обука, преквалификација или
доквaлификација пред престанок на работен однос, краткорочни обуки за вработување
на невработени лица, обука на работно место и обука за учество на невработени лица
во јавни работи, самостојно и преку јавни и приватни обезбедувачи на обука, со нивен
избор по пат на јавен оглас, под условите утврдени со договор меѓу Агенцијата за
вработување и обезбедувачот на обуката. Со обука, преквалификација или
доквалификација, се овозможува стекнување и дополнување на знаењата, на
невработените и други лица заради вработување. Обуката, преквалификацијата или
доквалификацијата се организира и врши во Агенцијата, односно кај работодавачот,
според посебни програми, под услови и на начин утврдени со акт на Агенцијата.
Обуката, преквалификацијата или доквалификацијата може да се врши и во јавни и
приватни установи од областа на образованието, во согласност со прописите од областа
на образованието. Координирањето на обуката, преквалификацијата или
доквалификацијата во јавните и приватните установи од областа на образованието на
лицата за време на обуката, преквалификацијата или доквалификацијата го врши
Агенцијата.

3. Советување на работодавачите за вработување на невработените лица со


поволни услови
Советувањето на работодавачите за вработување на невработени лица со поволни
услови опфаќа: услуги на работодавачот за можностите, условите и начинот на

32
обезбедување на поволности за вработување на инвалидни лица, лица на кои работниот
однос им престанал поради стечај или поради економски, технолошки, структурални
или слични промени кај работодавачот, невработени лица кои подолго чекаат за
вработување и лица од дефицитарни занимања, со упатување од страна на Агенцијата
во согласност со договор со работодавачот; услуги на работодавачот во обезбедување
на потребите од вработување со пребарување во евиденцијата на невработените
инвалидни лица, на лица кои останале без работа поради стечај или економски,
технолошки, структурални и слични промени кај работодавачот и невработени лица
кои подолго време чекаат вработување со обука, преквалификација или
доквалификација за вработување; услуги на работодавачот за условите и начинот на
обезбедување на поволностите при вработувањето на невработените лица:
организирање на средби и разговори од страна на Агенцијата со работодавачите и
невработени лица (саеми на работна сила), за условите и информирање на
работодавачите и обезбедување услуги за вработување на работници со дефицитарни
занимања, со упатување на невработено лице од една во друга подрачна единица на
Агенцијата, со организирање на обука на дополнителни или посебни знаења на одделни
невработени лица или со обука, преквалификација или доквалификација на
невработени лица.

4. Посредување за вработување
Посредување за вработување во земјата и странство врши Агенцијата бесплатно и
непристрасно. Посредување за вработување во странство се врши врз основа на
билатерален меѓудржавен договор, односно спогодба или врз основа на претходно
потпишан договор меѓу Агенцијата за вработување, односно агенцијата за посредување
за вработување и работодавачот кај кого ќе биде упатено лицето за вработување. Со
договорот задолжително се утврдуваат условите и начинот во врска со упатувањето и
работата на лицето упатено на работа во странство. Агенцијата за посредување за
вработување посредувањето го врши со наплата на услугите за посредувањето од
работодавачот. Агенцијата се запишува во Централниот регистар на РМ, врз основа на
претходно добиено одобрение за вршење посредување за вработување и не може да
отпочне со работа пред уписот во регистарот. Агенција за посредување за вработување
во земјата со наплата, може да основа лице кое е државјанин на РМ. Одобрение за
вршење на посредување за вработување со наплата дава министерот надлежен за
работите на трудот, со важност од две години. При посредувањето за вработување,
Агенцијата и агенцијата за посредување за вработување се должни да се раководат
особено од: почитување на искажаните потреби од работодавачите за работници;
невработеното лице не може да биде принудено да ја прифати понудената работа;
работодавачот не може да се принуди да ја вработи понудената работна сила;
Агенцијата е должнa навремено и правилно да ги информира невработените лица за
слободните работни места, а на работодавачите да им ја понуди бараната работна сила;
невработените лица можат да се вработуваат на работи кои одговараат на нивните
психо-физички способности и кои ќе добијат плата според договорот за работа.
Посредувањето за вработување го спроведува Агенцијата на чие подрачје е седиштето
на работодавачот. Посредувањето, Агенцијата го започнува по поднесена пријава од
работодавачот која ги содржи условите што се бараат за работното место и начинот на
пополнувањето на слободното работно место. Агенцијата врз основа на пријавената
потреба од работник кај работодавачот упатува пет кандидати кои најдобро одговараат
на условите во пријавата за потреба од работник.

5. Права на осигурување во случај на невработеност


Работниците кои се во работен однос, задолжително се осигурени во случај на
невработеност. Права од осигурување во случај на невработеност, според овој закон се:
1) паричен надоместок; 2) подготовка за вработување (обука, преквалификација или
доквалификација); 3) право на здравствена заштита, во согласност со прописите за
здравствена заштита; 4) право на пензиско и инвалидско осигурување во согласност со

33
прописите за пензиското и инвалидското осигурување на невработеното лице корисник
на паричен надоместок на кое му недостасуваат најмногу до пет години пред
исполнување на услови за стекнување право на старосна пензија, а кое нема 15 години
стаж на осигурување, до остварување на 15 години стаж на осигурување; 5) права на
инвалидни лица за вработување со поволни услови во согласност со закон. Право на
паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку девет
месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци. Право на
паричен надоместок има невработено лице за времето поминато во работен однос, за
кое се уплатувани придонеси на плата и тоа: во работен однос со полно работно време;
во работен однос со неполно работно време, пресметано во полно работно време; во
работен однос на определено време (сезонска работа) подолго од 40 часа во неделата,
ако тоа време му е пресметано во работен стаж и за работа во странство. За
остварување право на паричен надоместок како време поминато во работен однос не се
смета времето за кое невработеното лице примало паричен надоместок. Висината на
месечниот паричен надоместок за време на невработеност се утврдува врз основа на
пресметаните и исплатени плати кај работодавачот и изнесува 50% од просечната
месечна нето плата на работникот за последните 24 месеци за лице кое има право на
паричен надоместок до 12 месеци, а 40% за лице кое има право на паричен надоместок
подолго од 12 месеци. Надоместокот не може да изнесува повеќе од 80% од просечната
месечна нето плата по работник во РМ. Правото на паричен надоместок на
невработеното лице му престанува ако: заснова работен однос; основа трговско
друштво, претпријатие или друго правно лице; врши занаетчиска или друга
професионална дејност; одбие да се јави кај работодавачот ако е упатен од Агенцијата
за засновање работен однос; одбие да заснова работен однос кај работодавачот ако го
упатилa Агенцијата; одбие обука, преквалификација или доквалификација; исполни
услови за стекнување право на пензија или оствари право на пензија и др.

Г.ЗАКОН ЗА АГЕНЦИИТЕ ЗА ПРИВРЕМЕНИ ВРАБОТУВАЊА

1. Поим, цел и услови за основање на агенција за привремени вработувања


Привремени вработувања за вршење на привремени работи кај друг работодавач, може
да врши приватна агенција за привремени вработувања со наплата на надоместок.
Агенцијата за привремени вработувања може врз основа на договор за отстапување на
работник меѓу агенцијата и друг работодавач, да отстапи работник на друг работодавач
корисник за вршење на привремени работи во случај на: 1) замена на привремено
отсутен работник; 2) привремено зголемен обем на работа; 3) сезонска работа; 4)
работа на проект; 5) специфични неконтинуирани работи кои не се дел од претежната
дејност на работодавачот корисник и 6) непредвидливи краткотрај ни активности што
се ј авуваат во вршењето на претежната дејност на работодавачот корисник. Агенција
за привремени вработувања може да основа физичко лице кое: е државјанин на РМ,
има најмалку средно образование и располага со погоден работен простор во
согласност со закон. Агенцијата за привремени вработувања се запишува во регистарот
на агенции за привремени вработувања што го води министерството надлежно за
работите на трудот, врз основа на пријава за упис. Во пријавата за упис се наведуваат
името и презимето, ЕМБГ и местото на живеење;називот на агенцијата; седиштето на
агенцијата и предметот на работење. Пријава за упис поднесува физичкото лице,
основач на агенцијата. Кон пријавата за упис се приложуваат: банкарска гаранција,
лиценца за вршење на привремени вработувања издадена од министерството надлежно
за работите на трудот, изјава за основање на агенцијата, изјава за одговорно лице во
агенцијата и заверен потпис кај нотар на основачот на агенцијата и на одговорното
лице. Co уписот на агенцијата во регистарот на агенции за привремени вработувања,
агенцијата се стекнува со својство на правно лице. Агенцијата за привремени
вработувања може да врши работи на привремено вработување само во земјата.

34
2. Отстапување на работници за вршење на привремени работи
Отстапувањето на работник за вршење на привремени работи се врши врз основа на
договор за отстапување на работник кој го склучуваат агенцијата за привремени
вработувања и работодавачот корисник. Договорот за отстапување на работник
задолжително се склучува во писмена форма и содржи особено: податоци за
договорените страни, број на работници кои се потребни на корисникот, потребните
квалификации на работниците за извршување на работите, периодот за кој се бара
отстапување на работникот, местото во кое ќе се извршуваат работите, видот на
работите кои ќе ги врши отстапениот работник, придонеси за социјално осигурување и
други додатоци и надоместоци, пресметка за платата и придонесите од платата на
работникот, периодот и начинот на уплатата, висината на надоместокот за услугите на
агенцијата за привремени вработувања и условите и начинот на користењето на одмори
и отсуства на отстапениот работник. Договор не може да се склучи: за замена на
работник кај корисникот за време на штрајк; ако корисникот во претходниот период од
шест месеца од деловни причини им го откажал договорот за вработување на
работниците кои работеле на работите за кои се бара отстапување на работник и за
отстапување на работник на друга агенција за привремени вработувања или од еден на
друг корисник. Во согласност со договорот за отстапување на работник, пред
отстапувањето на работник на работодавач корисник, агенцијата за привремени
вработувања склучува договор за вработување со работникот кој се отстапува на
работодавачот корисник. Договорот задолжително содржи: податоци за договорните
страни; времетраење на договорот за вработување; дата на почеток и завршеток на
работата кај корисникот; назив и седиште на работодавачот корисник; местото на
извршување на работата; работите кои работникот ќе ги врши; работното време;
висината на платата, придонесите од плата, надоместоците, периодот и начинот на
исплата. Отстапениот работник е должен работата да ја врши согласно со упатствата на
работодавачот корисник.

Д. ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И РАБОТА НА СТРАНЦИ

1. Постапка за издавање на работна дозвола врз основа на барање на странец


Барањето за издавање на работна дозвола странецот го поднесува до дипломатско-
конзуларното претставништво на РМ во странство, во државата чиј државјанин е или
во државата каде што тој престојува врз основа на дозвола за престој. Доколку во
државата во која странецот живее, односно престојува врз основа на дозвола за престој,
нема дипломатско-конзуларно претставништво на РМ, странецот барањето го
поднесува во дипломатско-конзуларното претставништво на РМ во најблиската
држава. Барањето треба да содржи податоци, документи и докази за видот на дејноста
која странецот сака да ја реализира во РМ, местото, како и временскиот период во кој
таа ќе биде реализирана, квалификационата структура (специјалноста) на странецот,
како и деловен план за подобност од самовработување, каде што ќе биде приложена
инвестиционата и економската придобивка за државата, бројот на нови вработувања,
како и доказ за расположливите фондови за реализација на активноста. Дипломатско-
конзуларното претставништво на РМ, добиеното барање го доставува до надлежните
служби на МНР и МВР во РМ. МВР по извршената проверка барањето го доставува до
Агенцијата за вработување која во рок, не подолг од седум дена, деловниот план го
праќа на одобрување во Министерството за економија. Министерството за економија
во однос на показателите во деловниот план, во рок од 30 дена треба да достави
информација до Агенцијата за вработување во која ќе биде елаборирана економската
подобност од самовработувањето на странецот. Агенцијата за вработување на
странецот за кој е добиено позитивно мислење од Министерството за економија, му
издава работна дозвола која ја доставува до МНР кое ја препраќа до дипломатско-
конзуларното претставништво на РМ во соодветната држава. Агенцијата за
вработување на странецот за кој е добиено негативно мислење, изготвува решение со

35
кое се одбива барањето за работна дозвола и истото го доставува до МНР кое ја
препраќа до дипломатско-конзуларното претставништво на РМ во соодветната држава.
По добивањето на визата за долгорочен престој, односно решението со кое се
дозволува привремен престој во РМ, странецот може да влезе во РМ и е должен во рок
од пет дена да се јави во МВР, заради издавање на дозвола за привремен престој во РМ.
По добивањето на дозволата за привремен престој од МВР, странецот е должен да го
завери почетокот и престанокот на работата во Агенцијата за вработување , во
седиштето каде што е пријавена компанијата.

2. Постапка за издавање на работна дозвола врз основа на барање на работодавач


и на корисник на услуги
Барањето за засновање на работен однос со странец во РМ, работодавачот го поднесува
до Агенцијата за вработување. Барањето треба да содржи податоци за бројот на
работници, квалификационата структура (специјалноста), за кој вид на работа и
временскиот период за кој сака да ги ангажира работниците, опис, услови, место на
работа, цената на трудот изразена по единица час, како и изјава дека, доколку бараната
работна сила ја нема на домашниот пазар на работна сила, е согласен истата да му биде
обезбедена од страна на странски државјанин. Барањето по кое е добиен одговор од
Агенцијата за вработување дека работната сила што ја барал не може да му биде
обезбедена од домашниот пазар на работна сила, работодавачот го заверува, потврдува
и преку агенцијата за вработување го доставува до дипломатско-конзуларното
претставништво на РМ во државата од која сака да вработи работници. Дипломатско-
конзуларно претставништво на РМ во странство, добиеното барање од Агенцијата за
вработување на РМ го упатува до надлежната служба за вработување на другата
држава, со цел за спроведување на постапка за избор на работници, согласно со
барањето на работодавачот. Надлежната служба, по извршениот избор на работници од
својата држава, списокот на избраните работници, ги доставува до дипломатско-
конзуларното претставништво на РМ, кое истите ги доставува до надлежните служби
на МНР и МВР во РМ. МВР по извршената проверка, списокот на работници го
доставува до Агенцијата за вработување која го повикува работодавачот да изврши
избор од списокот на работници и за истите да пополни и потпише договор за
вработување. По извршениот избор, пополнетиот и потпишаниот договор за
вработување од страна на работодавачот, Агенцијата за вработување на работодавачот
му издава работна дозвола за лицата со кои е потпишан договорот за вработување, која
работодавачот заедно со договорот за вработување ги доставува до дипломатско-
конзуларното претставништво на РМ во соодветната држава. Дипломатско-
конзуларното претставништво на РМ во соодветната држава ја известува надлежната
служба заради известување и упатување на лицата во дипломатско-конзуларното
претставништво на РМ со цел за добивање на виза за долгорочен престој (виза "Д"),
односно добивање решение за дозволување на привремен престој во РМ.

3. Лична работнa дозволa


Работна дозвола е документ врз основа на кој домашниот или странскиот работодавач
склучува договор за вработување или работа или извршува друга работа со странец.
Работната дозвола се издава како: лична работна дозвола, дозвола за вработување и
дозвола за работа. Личната работна дозвола се издава за определен временски период
до една, односно до три години или на неопределено време. Лична работна дозвола е
обновлив или постојан облик на работна дозвола, која во текот на својата важност му
овозможува на странецот слободен пристап до пазарот на трудот. Барање за лична
работна дозвола може да поднесе странец и азилант. Личната работна дозвола се издава
без оглед на состојбата и условите на пазарот на трудот. Лична работна дозвола со
важност за период до една години се издава на: член на потесното семејството на
државјани на РМ кој поседува важечка дозвола за привремен престој (брачен другар,
дете до 18 години), член на потесното семејството на странец кој поседува лична
работна дозвола за неодреден временски период (брачен другар, дете до 18 години),

36
странец кој по потекло е од РМ или негов наследник до трето колено, кој нема
македонско државјанство, странец кој престојува во РМ врз основ на дозвола за
привремен престој за семејно обединување, странец барател на правото на азил,
странец со признат статус на бегалец, странец под хуманитарна заштита и странец под
привремена заштита. Странците, доколку им престане работниот однос не по своја
вина, можат да се заведат во евиденцијата на невработени лица во Агенцијата за
вработување. Барање за лична работна дозвола со важност за неодредено време може
да се поднесе од страна на странец кој поседува дозвола за постојан престој во РМ и
лице со признат статус на бегалец. Личната работна дозвола ќе престане да важи: 1) со
истекот на рокот на важноста на личната работна дозвола; 2) со престанување на
важноста на дозволата за престој; 3) ако странецот се откаже од својата лична работна
дозвола; 4) ако на странецот му се даде државјанство на РМ и 5) во случај на смрт на
странецот.

4. Дозвола за вработување и дозвола за работа на странец


Работна дозвола е документ врз основа на кој домашниот или странскиот работодавач
склучува договор за вработување или работа или извршува друга работа со странец.
Работната дозвола се издава како: лична работна дозвола, дозвола за вработување и
дозвола за работа. Дозвола за вработување е вид на работна дозвола која се издава во
врска со потребата за постојано вработување кај аботодавачите врз основа на
систематизирани работни места. Странец кој го има регулирано престојот во РМ и
поседува ваков вид на дозвола, може да биде вработен само кај работодавач кој поднел
барање за негова работна дозвола. Дозволата за вработување може да се издаде само
врз основа на поднесено барање, ако: 1) работодавачот ги исполнува законски
пропишаните услови; 2) квотата која важи за овој облик на вработување не е
пополнета; 3) вработувањето на странецот нема негативни влијанија на пазарот на
трудот, особено врз домашната состојба на невработеност, структурата на вработеност
или регионалните потреби за создавање на нови работни места во индустриите и 4) две
години пред поднесувањето на барањето за дозвола за вработување на странецот не му
била изречена прекршочна санкција за сторен прекршок. Во случаите поврзани со
спортисти, работници од областа на културата, научници, уредници, персонал во
дипломатски претставништва кои немаат привилегиран статус, вработувањето на
странци нема да се поврзува со пазарот на трудот и дозволите за вработување ќе се
издаваат без оглед на условите. Откако важноста на дозволата за вработување ќе
истече, дозволата за вработување не може да се обнови, освен ако се работи за прво
вработување на странецот кога дозволата е издадена со ограничување од четири
месеца. По истекот на овој период, дозволата ќе се обнови за до една година. Дозволата
за вработување престанува да важи: 1) со истекот на рокот за кој дозволата била
издадена; 2) со престанок на важноста на дозволата за престој; 3) кога работниот однос
престанува; 4) ако на странецот му е дадено државјанство на РМ и 5) во случај на смрт
на странецот. Дозвола за работа е вид на работна дозвола со претходно утврдено
временско ограничување, врз основа на која странецот може привремено да работи во
РМ, согласно со целта заради која била издадена дозволата. Во поглед на целта
дозволата за работа се поврзува со: 1) работа изведена од преместени странски
работници; 2) обука и доусовршување на странци; 3) сезонска работа на странци; 4)
работа изведена од странски претставници и 5) поединечни услуги од странци. На
странецот ќе му се издаде дозвола за работа врз основа на барањето поднесено од
работодавачот или друго правно лице. Дозвола за работа ќе се издава во рамките на
квотата определена за поединечни цели. Дозволата за работа истекува: 1) кога рокот за
кој била издадена дозволата за работа истекол; 2) при престанок на работниот однос
или договорот за работа и 3) во случај на смрт на странецот.

5. Сезонска работа на странци


Сезонска работа за странци ќе биде дозволена во рамките на активностите од сезонска
природа, единствено во случај кога побарувачката на пазарот на работна сила

37
привремено ја надминува понудата, која ќе послужи како основа за одредување на
годишната квота за овие намени. На странецот со постојано место на живеење во
странска земја ќе му се издаде дозвола за работа по барање кое е доставено од
работодавачот. Работодавачот е должен да го евидентира почетокот и завршувањето на
работата која ја извршува странецот. Физичкото лице кое не е регистрирано за
извршување на таква дејност не може да биде работодавач за сезонски странски
работници. Дозволата за работа ќе се издаде како дел од квотата која е определена за
сезонска работа. Дозволата ќе се издаде, доколку во последните две години пред
поднесување на барањето за работна дозвола на странецот, не му е изречена
прекршочна санкција за сторен прекршок. Работодавачот може да бара дозвола за
сезонска работа за странец со важност до шест месеца, а за сезонска работа во
градежништвото до девет месеца, само еднаш во календарската година. За извршување
на сезонската работа, работодавачот ќе склучи договор за засновање на работен однос
на определено време со странецот. Во наредната календарска година на странецот кој
извршува сезонска работа може повторно да му се издаде работна дозвола за намена од
било кој вид. По истекот на важноста на дозволата за сезонска работа во
градежништвото, дозволата за работа може повторно да се издаде за намена од кој било
вид по седум месеца. Дозволата за работа во областите од земјоделството и
шумарството, може да се продолжи или повторно да се издаде на истиот работодавач
или на друг работодавач, но најмногу до три пати во годината, доколку вкупното
времетраење на работата не надминува шест месеца во една календарска година.
Важноста на дозволата за сезонска работа во областа на градежништвото се ограничува
на максимум девет месеца во период од 12 месеца.

6. Работа од страна на странски претставници на компании


Компании или компании сами сопственици, кои се основани во согласност со закон кој
важи за трговските компании, се обврзани да добијат работна дозвола за странец кој
тие го назначуваат како нивен претставник. Компанија (трговско друштво) во која
работат десет или помалку од десет работници, може да добие една работна дозвола за
странски претставник на компанија (трговско друштво) и една работна дозвола за
странски претставник на филијала, без оглед на бројот на филијалите. Компанија сам
сопственик која вработува десет или помалку од десет работници, може да добие една
работна дозвола за еден странски претставник на сопственикот или една работна
дозвола за странски претставник на филијала, без оглед на бројот на филијалите.
Странска компанија (трговско друштво) која изведува деловни операции во РМ, а има
една или повеќе филијали, може да добие една дозвола за работа за претставникот на
посебна филијала, ако филијалата вработува десет или помалку од десет работници. На
странските претставници ќе им се издаде дозвола за работа врз основа на барањето кое
го поднесува работодавачот, без оглед на состојбата и условите на пазарот на работна
сила, за период до една година со можност за продолжување. Дозволата за работа може
повторно да се продолжи, доколку работодавачот докаже дека компанијата (трговско
друштво) или сопственикот ја извршувале својата дејност во текот на рокот на важење
на претходната дозвола за работа и доколку за странецот како физичко лице немало
изречена прекршочна санкција во текот на тој период за извршен прекршок. Лицата
кои имаат обврска да го регистрираат почетокот и престанокот на работата која ја
извршува странецот е работодавачот.

7. Регистрација на почетокот и завршувањето на работата која ја извршуваат


странци
Регистрацијата на работата која ја извршуваат странци е задолжителен услов кој важи
за сите странци кои врз основа на одредбите на овој закон се вработени или работат во
РМ. Лицата кои согласно со овој закон се одговорни за регистрирање на работата која
ја извршуваат странци, задолжително треба да го регистрираат почетокот и
завршувањето на работата која ја извршуваат странците. Агенцијата за вработување на
лицето кое е одговорно за регистрирање на работата на странци, му издава сертификат

38
во пропишана форма. Лицето кое е одговорно за регистрација задолжително треба да го
чува сертификатот во текот на целиот период на вршење на работата во главното место
на дејноста и во случај на теренска работа на градилиштето каде што работи странецот.
Кога регистрацијата на работата се заснова на работна дозвола, лицето кое е одговорно
е во обврска да го чува серитификатот за ист период за кој е одговорен да ги чува и
другите пропишани документи. Лицето кое е одговорно за регистрација на работата
која ја извршуваат странците е должно да даде сертификат за регистрација на работата
по барање на надзорен орган. Доколку лицето не го изврши тоа ќе се смета дека истото
не поседува таков сертификат. Во случај да се изгуби сертификатот Агенцијата за
вработување ќе му издаде на лицето одговорно за регистрацијата дупликат на истиот.
Подетални упатства за постапката за регистрација и завршување на работата која ја
вршат странците, доказот да се приложи кон барањето, како и размената на податоци
од посебни регистрации меѓу посебни органи и услуги, со правилник ќе ги пропише
министерот надлежен за работите од областа на трудот.

Ѓ. ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

1. Задолжително здравствено осигурување и осигурени лица


Здравственото осигурување се установува како задолжително и доброволно.
Задолжително здравствено осигурување се установува за сите граѓани на РМ заради
обезбедување на здравствени услуги и парични надоместоци врз начелата на
сеопфатност, солидарност, еднаквост и ефективно користење на средствата под услови
утврдени со овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон. Задолжителното
здравствено осигурување го спроведува Фондот за здравствено осигурување на
Македонија. Осигурени лица се осигурениците и членовите на нивното семејство. Co
овој закон задолжително се осигуруваат: 1) лицата во работен однос; 2) лицата кои се
избрани или именувани на постојани должности, јавни и други функции, ако за
вршењето на таа функција примаат плата; 3) државјаните на РМ кои се во работен
однос кај странски работодавци; 4) лицата кои вршат самостојна дејност; 5) лицата кои
се занимаваат со земјоделство, сточарство, живинарство, пчеларство или риболов како
единствено или главно занимање; 6) корисниците на пензии и парични надоместоци; 7)
лицата привремено невработени; 8) лицата корисници на постојана парична помош,
лицата сместени во установи за социјална заштита и во други семејства, согласно со
прописите од социјалната заштита и др. Врз основа на задолжителното здравствено
осигурување на осигуреникот, се обезбедува задолжителното здравствено осигурување
и на членовите на неговото семејство. Како членови на семејство на осигуреникот се
сметаат: брачниот другар и децата родени во брак или вон брак, посиноците,
посвоените деца и децата земени на издржување. Децата на осигуреникот се
здравствено осигурени до навршување на 18-годишна возраст, a по тие години само ако
се на редовно школување, но најдоцна до навршувањето на 26 години.

2. Основни здравствени услуги


Co задолжително здравствено осигурување на осигурените лица им се обезбедува
право на основни здравствени услуги. Основните здравствени услуги се: а) во
примарната здравствена заштита: 1) здравствени услуги заради утврдување, следење и
проверување на здравствената состојба; 2) преземање на стручно медицински мерки и
постапки за унапредување на здравствената состојба, спречување, сузбивање и рано
откривање на болестите и други нарушувања на здравјето; 3) укажување на итна
медицинска помош, вклучувајќи и превоз со санитетско возило кога е тоа неопходно; 4)
лекување во ординација, односно во домот на корисникот; 5) здравствена заштита во
врска со бременост и породување; 6) спроведување на превентивни, терапевтски и
рехабилитациони мерки; 7) превенција, лекување и санирање на болестите на устата и
забите и 8) лекови според листата на лекови што со општ акт ја утврдува Фондот на кој

39
министерот за здравство дава согласност. б) во специјалистичко-консултативната
здравствена заштита: 1) испитување и утврдување на заболувањата, повредите и
здравствената состојба; 2) спроведување на специјализирани дијагностички,
терапевтски и рехабилитациони постапки и 3) протези, ортопедски и други помагала,
помошни и санитетски справи и материјали и забнотехнички средства според
индикации утврдени со општ акт на Фондот. в) во болничката (краткотрајна и
долготрајна) здравствена заштита: 1) испитување и утврдување на здравствената
состојба, лекување, рехабилитација, нега,сместување и исхрана во болнички услови; 2)
лекови според листата на лекови што со општ акт ја утврдува Фондот на кој
министерот за здравство дава согласност, како и помошни материјали кои служат за
примена на лековите и санитетските и друг материјал потребен за лекување и 3)
сместување и исхрана на придружник при неопходно придружување на дете до
тригодишна возраст, додека е на болничко лекување, но најмногу до 30 дена. г)
обдукција на умерени по барање на здравствени установи.

3. Права од здравственото осигурување


Co задолжително здравствено осигурување на осигурените лица им се обезбедува
право на основни здравствени услуги во случај на: болест и повреда надвор од работа и
повреда на работа и професионално заболување. Основните здравствени услуги
опфаќаат услуги: а) во примарната здравствена заштита; б)во специјалистичко-
консултативната здравствена заштита; в)во болничката (краткотрајна и долготрајна)
здравствена заштита; г) обдукција на умерени по барање на здравствени установи. Во
рамките на задолжителното здравствено осигурување се обезбедува право на парични
надоместоци и тоа: 1) право на надоместок на плата за време на привремена спреченост
за работа поради болест и повреда и за време на отсуство од работа поради бременост,
раѓање и мајчинство; 2) право на надоместок на патни трошоци. Осигурените
лица имаат право на надоместок на патните трошоци ако се упатени да користат
здравствени услуги надвор од РМ. Права од задолжителното здравствено осигурување
може да оствари само лице на кое му е утврдено својство на осигуреник, односно
осигурено лице согласно со овој закон. Својство на осигуреник и осигурено лице се
утврдува врз основа на пријава за здравствено осигурување што ја поднесува
обврзникот за уплата на придонесот. Осигуреното лице има право и должност да
избере лекар во примарната здравствена заштита. Осигуреното лице може да користи
болничко лекување во странство со одобрение на Фондот, ако е во прашање
заболување кое не може да се лекува во РМ. Граѓаните за себе и за членовите на своите
семејства, односно работодавците за своите работници, можат дополнително да се
осигураат со доброволно здравствено осигурување согласно со овој закон и прописите
за осигурување, заради покривање нат рошоците за здравствени услугикоине се
опфатени со задолжителното здравствено осигурување.

4. Права од здравствена заштита

5. Право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа


поради болест и повреда ( услови, основица, висина и исплата)
Право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради
болест и повреда можат да остварат осигурениците во случај на: 1) болест и повреда
надвор од работа; 2) повреда на работа и професионална болест; 3) лекување и
медицинско испитување; 4) негување на болно дете до тригодишна возраст; 5)
негување на болен член на потесно семејство над тригодишна возраст, но најмногу до
30 дена; 6) неопходно придружување на болно лице упатено на преглед или лекување
надвор од местото на живеење; 7) неопходно придружување на болно дете до
тригодишна возраст додека ена болничко лекување, но најмногу до 30 дена; 8)
доброволно давање на крв, ткиво или орган и 9) изолираност заради спречување на

40
зараза. Основица за пресметување на надоместокот на плата претставува просечниот
месечен износ на исплатената нето плата на која е платен придонесот за
задолжителното здравствено осигурување во последните шест месеци пред
настанувањето на случајот поради кој се стекнува правото на надоместокот. Висината
на надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа ја определува
работодавецот, односно Фондот со општ акт, но најмалку во висина од 70% од
основицата за надоместокот на плата. По исклучок висината на надоместокот на плата
за време на привремената спреченост за работа предизвикана со повреда на работа,
професионална болест, за време на давање крв, ткиво или орган, како и за време на
отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на
надоместокот на плата. Висината на надоместокот на плата не може да биде повисока
од износот на две просечни месечни нето плати исплатени во РМ во претходната
година. Надоместокот на плата за првите 21 ден спреченост за работа го утврдува и
исплатува работодавецот од своите средства, а над 21 ден Фондот. По исклучок
надоместокот на плата се исплатува од средствата на Фондот од првиот ден на
привремената спреченост за работа во случај на нега на болно дете до тригодишна
возраст, доброволно давање крв, ткиво или орган, како и отсуство од работа поради
бременост, раѓање и мајчинство. Осигуреникот не може да оствари, односно ќе му се
запре исплата на надоместокот на платата за време на привремената спреченост за
работа ако: неоправдано не се јави на определен лекарски или комисиски преглед и
лекување или свесно не се придржува кон упатствата на лекарот; во времето на
привремената спреченост за работа се утврди дека работи и остварува приход и на
работодавецот кај кого нема други вработени, а во тој период остварува приходи.

6. Постапката за остварување на правата од задолжителното здравствено


осигурување
Права од задолжителното здравствено осигурување може да оствари само лице на кое
му е утврдено својство на осигуреник, односно осигурено лице согласно со овој закон.
Пријавата за здравствено осигурување се поднесува до Фондот во рок од осум дена од
денот на засновањето на работниот однос, односно од денот на стекнувањето на
својството врз основа на кое е должен да поднесе пријава за задолжително здравствено
осигурување. Правата од задолжителното здравствено осигурување, осигурените лица
ги остваруваат врз основа на здравствена легитимација или картичка за здравствено
осигурување и доказ дека придонесот за задолжителното здравствено осигурување е
платен. Осигуреното лице има право и должност да избере лекар во примарната
здравствена заштита. Осигуреното лице може да користи здравствени услуги во
специјалистичко-консултативната и во болничката здравствена заштита, со упат од
избраниот лекар. Осигуреното лице може да користи болничко лекување во странство
со одобрение на Фондот, ако е во прашање заболување кое не може да се лекува во РМ.
За правата утврдени со овој закон во прв степен решава Фондот, а во втор степен
министерот за здравство. Против конечното решение на министерот за здравство може
да се води управен спор.

7. Доброволно здравствено осигурување


Здравственото осигурување се установува како задолжително и доброволно.
Доброволно здравствено осигурување се установува за обезбедување на здравствени
услуги кои не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување. Доброволно
здравствено осигурување можат да спроведуваат друштва за осигурување основани
според прописите за осигурување. Граѓаните за себе и за членовите на своите
семејства, односно работодавците за своите работници, можат дополнително да се
осигураат со доброволно здравствено осигурување согласно со овој закон и прописите
за осигурување, заради покривање на трошоците за здравствени услуги кои не се
опфатени со задолжителното здравствено осигурување. Друштвото за осигурување со
општ акт поблиску ги утврдува условите и начинот на спроведувањето на

41
доброволното здравствено осигурување. Доброволното здравствено осигурување може
да се воспостави само како дополнително за лица за кои претходно е воспоставено
задолжително здравствено осигурување. Средствата од доброволното здравствено
осигрување не можат да се користат за плаќање на здравствени услуги опфатени со
задолжително здравствено осигурување. Доброволното здравствено осигурување се
воспоставува со договор меѓу осигуреникот и друштвото за осигурување.

Е. ЗАКОН ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

1. Поим и права од законот за здравствена заштита


Со овој закон се уредуваат правата од здравствената заштита на граѓаните, односите и
правата од здравственото осигурување, постапката на користењето на здравствената
заштита и системот и организацијата на здравствената заштита. Здравствената заштита
ја сочинуваат мерките, активностите и постапките за зачувување и унапредување на
здравјето и животната и работната средина, правата и обврските што се остваруваат во
здравственото осигурување, како и мерките, активностите и постапките кои ги
преземаат организациите од областа на здравството за зачувување и унапредување на
здравјето на луѓето, спречување и сузбивање на заболувањата, повредите и другите
нарушувања на здравјето, раното откривање на заболувањата и состојбите на здравјето,
навремено и ефикасно лекување и рехабилитација со примена на стручно-медицински
мерки, активности и постапки. Секој има право на заштита на здравјето. Заради
остварување на одредени права во случај на болест и повреда и други права од
здравствената заштита, се установува задолжително здравствено осигурување. За
одделни видови и права од здравствената заштита се установува доброволно
осигурување. Остварувањето на определени права на здравствена заштита се врши во
Фонд за здравствено осигурување кој е во состав на Министерството за здравство, со
својство на правно лице. Здравствената дејност ја вршат организациите од областа на
здравството. Здравствена дејност, можат да вршат и други организации и здравствени
работници самостојно со личен труд. Здравствената заштита се засновува врз
единството на превентивните, дијагностичко-терапевтските и рехабилитационите
мерки и врз начелата на достапност, рационалност и континуираност, како и врз
современите и потврдените достигнувања на медицинските и други науки и на етиката
на здравствените работници. Здравствена дејност можат да вршат само здравствени
работници и здравствени соработници.

2. Самостојно вршење на здравствена дејност со личен труд


Здравствен работник може самостојно со личен труд да врши здравствена дејност за
која е способен ако покрај условите предвидени со прописите за работа со личен труд
има: 1) соодветна стручна подготовка; 2) положен стручен испит; 3) соодветни
простории и опрема; 4) да не е во работен однос, или да не остварил право на пензија и
5) да има позитивно мислење (лиценца) од лекарската, стоматолошката, односно
фармацевтската комора. Одобрение за вршење на здравствена дејност самостојно со
личен труд издава Министерството за здравство кој исто така води регистар на
издадените одобренија. Здравствениот работник кој самостојно со личен труд врши
здравствена дејност е должен на надлежниот завод за здравствена заштита да му
поднесува пријави за болестите, да води евиденција и да поднесува извештаи. Фондот
за здравствено осигурување склучува договор со здравствен работник кој врши
здравствена дејност со личен труд во согласност со нормативите и стандардите за
потребниот број здравствени работници во однос на бројот на населението на одредено
подрачје. Надоместокот за укажаните услуги, материјалите и препишаните лекови од
лекар кој самостојно со личен труд врши здравствена дејност паѓаат на товар на
Фондот, под исти услови како и за здравствените организации. Здравствената дејност
не може да се врши со личен труд како дополнителна дејност. Вршењето на
здравствената дејност самостојно со личен труд престанува: 1) во случаите утврдени со

42
прописите за самостојно вршење на дејност со личен труд; 2) ако користи здравствени
работници кои не се во работен однос кај него; 3) ако му е одземена лиценцата за
работа. Решение за престанок на самостојното вршење на здравствена дејност со личен
труд донесува Министерството за здравство.

3. Здравствена заштита во вонредни услови и во услови на штрајк


Министерството за здравство и здравствените организации се должни во општите акти,
да ги утврдат своите задачи за обезбедување на здравствената заштита во вонредни
услови, како и да обезбедат средства за резерви на лекови и санитетски материјални
средства, кадри и други потреби за работа во вонредни услови. Во вонредни услови
Министерството за здравство и здравствените организации се должни да ја
приспособат својата организација на работа, да преземат мерки за непречена работа и
за отстранување на последиците од таквата состојба. При планирањето и вршењето на
работите во вонредни услови Министерството за здравство и здравствените
организации соработуваат со припадниците на цивилната заштита, организациите на
црвениот крст и другите општествени организации и здруженија и работните луѓе и
граѓаните. Министерството за здравство може на здравствените организации и на
здравствените работници да им определи посебни задачи кои во редовни услови не се
нивна дејност, односно задача. Работниците во здравствените организации правото на
штрајк можат да го остварат под услови да не се доведува во опасност животот и
здравјето на граѓаните кои бараат здравствена заштита. Заради отстранување на
штетните последици кои можат да настанат од неукажување на здравствена заштита на
граѓаните за време на штрајк, органот на управување во здравствената организација е
должен да обезбеди итна медицинска помош и минимална функција на сите
организациони делови во процесот на работата. Врз основа на преземените мерки
работниците се должни да постапуваат по соодветните наредби, инаку вршат потешка
повреда на работната дисциплина која претставува основ за престанок на работниот
однос. Ако здравствената организација не го обезбеди спроведувањето на мерките,
Владата на РМ како времена мерка може да постави: вршител на должноста - директор
за време на траењето на штрајкот; работници потребни за вршење на тие дејности; како
и да преземе мерки за обезбедување други услови потребни за спроведување на
здравствената заштита на граѓаните.

Ж. ЗАКОН ЗА ПЕНЗИСКО И ИНВАЛИДСКО ОСИГУРУВАЊЕ

1. Поим и права од законот за пензиско и инвалидско осигурување


Со овој закон се уредува задолжително пензиско и инвалидско осигурување на
работниците во работен однос и на физичките лица кои вршат дејност, како и
посебните услови под кои одделни категории на осигуреници ги остваруваат правата од
пензиското и инвалидското осигурување. Со задолжително пензиско и инвалидско
осигурување по основа на работа, се остваруваат права во случај на старост,
намалување или губење на работната способност, смрт, телесно оштетување и потреба
од помош и нега. Правата од пензиското и инвалидското осигурување се стекнуваат и
остваруваат во зависност од должината и обемот на вложувањето на средства за
пензиско и инвалидско осигурување. Права од пензиско и инвалидско осигурување се:
1) право на старосна пензија; 2) право на инвалидска пензија; 3) право на
распоредување на друго соодветно работно место, право на соодветно вработување,
право на преквалификација или доквалификација и права на соодветни парични
надоместоци; 4) право на семејна пензија; 5) право на паричен надоместок за телесно
оштетување; 6) право на најнизок износ на пензија; 7) право на паричен надоместок за
помош и нега. Правата од пензиското и инвалидското осигурување се неотуѓиви, лични
материјални права, не можат да се пренесуваат на други лица и не можат да застарат.
Средствата потребни за остварување на правата од пензиското и инвалидското

43
осигурување ги обезбедуваат осигурениците и работодавците. Средствата и правата од
пензиското и инвалидското осигурување се обезбедуваат, односно се остваруваат во
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. За остварување на
правата од пензиското и инвалидското осигурување се обезбедува двостепеност на
постапката во Фондот, односно кај работодавецот и судска заштита на правата.

2. право на старосна пензија (поим, пензиска основа)


Осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот
(маж), односно 62 години живот (жена) и најмалку 20 години пензиски стаж.
Осигуреникот кој не наполнил пензиски стаж од 20 години стекнува право на старосна
пензија кога ќе наполни 65 години живот (маж), односно 63 години (жена) и најмалку
15 години стаж на осигурување. Старосната пензија се утврдува од месечниот просек
на платите што осигуреникот ги остварил за време на вкупното траење на
осигурувањето. Како година на осигурување од која се зема платата за утврдување на
пензиската основа се зема календарската година во која осигуреникот остварил плата,
односно надоместок на плата за најмалку шест месеци стаж на осигурување. За
утврдување на пензиската основа се земаат платите, паричните надоместоци односно,
основиците на осигурување што осигуреникот ги остварил во согласност со општиот
акт на работодавецот усогласен со колективниот договор и со закон. За утврдување на
пензиската основа се зема просечната месечна плата што осигуреникот ја остварил со
полно работно време. При утврдувањето на пензиската основа вкупната плата
остварена со работа со полно, пократко од полното и подолго од полното работно
време во една година се сведува со просечен месечен износ кој одговара на платата за
полно работно време. За утврдување на пензиската основа на невработените лица кои
примаат паричен надоместок, на инвалидите на трудот кои чекаат на упатување или се
на преквалификација или доквалификација, односно чекаат распоредување на друга
соодветна работа или соодветно вработување, се зема основата од која се утврдува
паричниот надоместок. Старосната пензија се утврдува од пензиската основа во
проценти определени зависно од должината на пензискиот стаж. Осигуреникот кој ги
исполнува условите за стекнување право на старосна пензија има право на најнизок
износ на старосна пензија. Највисоката старосна пензија не може да изнесува повеќе од
80 % од просечната плата остварена во РМ во годината пред остварувањето на правото
на пензија, зголемена за 4 пати.

3. Права врз основа на инвалидност, повреда при работа, професионална болест,


инвалид на трудот
Инвалидност, постои кога кај осигуреникот, поради трајни промени во здравствената
состојба причинети со повреда при работата, професионална болест, со повреда надвор
од работата или со болест, што не можат да се отстранат со лекување или со мерки на
медицинска рехабилитација, ќе настане намалување или загубување на работната
способност за вршење на работите на работното место на кое бил распореден пред
настапувањето на инвалидноста. Како повреда при работа, се смета повредата на
осигуреникот причинета со непосредно и краткотрајно механичко, физичко или
хемиско дејство, како и повредата причинета со нагли промени на положбата на телото,
ненадејно оптоварување на телото или со други промени на физиолошката состојба на
организмот, ако таквата повреда причински е врзана со вршењето на работите на
работното место. Како повреда при работа се смета и повредата што осигуреникот ќе ја
претрпи на редовниот пат од станот до местото на работата или обратно, доаѓање на
работа од одмор или отсуство. Како повреда при работа се смета и заболувањето на
осигуреникот што настанало непосредно и како исклучителна последица на некој
несреќен случај или од виша сила за време на вршењето на работата или во врска со
неа. Професионални болести, се определени болести причинети со подолго непосредно
влијание на процесот и условите на трудот врз работната способност на осигуреникот.
Листата на професионалните болести ја утврдува министерот за труд и социјална

44
политика. Инвалид на трудот, е осигуреникот кој врз основа на инвалидност ги
остварува правата од пензиското и инвалидското осигурување.

4. Права врз основа на преостаната работна способност


Осигуреникот кај кого постои преостаната работна способност има право на: 1) работа
со скратено работно време; 2) распоредување, односно вработување на друга соодветна
работа и 3) преквалификација или доквалификација. Индивидуалниот земјоделец не ги
остварува овие права. По исклучок физичкото лице кое врши дејност има право само на
преквалификација или доквалификација и право на соодветно вработување.
Осигуреникот со преостаната работна способност за кого е утврдено дека не е способен
за работа со полно работно време на својата работа или на друга соодветна работа, со
или без преквалификација или доквалификација, има право да работи на својата работа
или на друга соодветна работа со работно време кое одговара на неговата преостаната
работна способност, но не помалку од половината од полното работно време.
Осигуреникот со преостаната работна способност кај кого е утврдено дека не е
способен да ја врши својата работа со полно ниту со помалку од полното работно
време, а е способен да врши друга соодветна работа со полно работно време има право
на распоредување на друго соодветно работно место. Распоредувањето може да се
врши и на работно место за кое се бара стручна подготовка пониска од онаа што ја има
осигуреникот. Осигуреникот со преостаната работна способност, за кого е утврдено
дека не е способен за работа со полно работно време на својата работа или на друга
соодветна работа има право на преквалификација или доквалификација, ако без тоа не
може да се распореди на други работни места со полно работно време и ако според
состојбата на инвалидноста може да се оспособи за друга соодветна работа. Правото на
преквалификација или доквалификација осигуреникот го остварува до навршени 50
години живот (маж), односно 45 години живот (жена). По завршената
преквалификација или доквалификација осигуреникот има право на распоредување,
односно вработување на работно место за кое е оспособен. Осигуреникот кај кого
постои преостаната работна способност има право на надоместок. Паричните
надоместоци се определуваат од платата, односно надоместокот на платата остварена
во годината која и претходи на годината во која настанала инвалидноста и тие не можат
да бидат пониски од 60 % од просечната плата остварена во РМ во претходното
тримесечје. Правата врз основа на преостанатата работна способност се остваруваат без
оглед на навршениот пензиски стаж.

5. Право на инвалидска пензија (поим, услови)


Осигуреникот кај кого ќе настане губење на работната способност, како и осигуреникот
со преостанатата работна способност кој поради навршување на одредени години на
живот не може со преквалификација или доквалификација да се оспособи за вршење на
друга соодветна работа стекнува право на инвалидска пензија ако: 1) инвалидноста е
причинета со повреда на работа или професионална болест - без оглед на должината на
пензискиот стаж и 2) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со
болест под услов пред настанувањето на инвалидноста да имал наполнет пензиски стаж
кој му покрива најмалку една третина на периодот од наполнети најмногу 20 години
живот до денот на настанување на инвалидноста (работен век), сметајќи го работниот
век на полни години. Осигуреник кај кого инвалидноста настанала пред навршување на
30 години живот како последица на повреда надвор од работа или болест се здобива со
право на инвалидска пензија ако на денот на настанувањето на инвалидноста имал
својство на осигуреник и ако: 1) инвалидноста настанала до навршување 20 години
живот, ако имал најмалку шест месеци стаж на осигурување; 2) инвалидноста
настанала до навршување 25 години живот, ако имал најмалку шест месеци стаж на
осигурување и 3) инвалидноста настанала до навршување 30 години живот, ако имал
најмалку 12 месеци стаж на осигурување. Инвалидската пензија се определува од
пензиската основа. На корисникот на инвалидска пензија кај кого настанало губење на
работната способност пред исполнувањето на условите за инвалидска пензија му

45
припаѓа и додаток на инвалидност кој се определува зависно од сразмерноста меѓу
работниот век и пензискиот стаж.

6. Право на семејна пензија


Семејна пензија можат да остварат членовите на семејството: 1) брачниот другар; 2)
децата (родени во брак или надвор од брак или посвоени, посиноците кои ги издржувал
осигуреникот, внучињата и други деца без родители кои ги издржувал осигуреникот) и
3) родителите (таткото и мајката, очувот и маќеата) и посвоителот, што ги издржувал
осигуреникот. Семејна пензија може да оствари и брачниот другар од разведен брак,
ако со судска одлука му е утврдено право на издржување. Членовите на семејството
стекнуваат право на семејна пензија ако умрениот осигуреник: 1) наполнил најмалку
пет години стаж на осигурување или најмалку десет години пензиски стаж или 2) ги
исполнил условите за старосна или инвалидска пензија, или 3) бил корисник на
старосна или инвалидска пензија. Ако смртта на осигуреникот настанала како
последица од повреда на работа или од професионална болест, членовите на
семејството стекнуваат право на семејна пензија, без оглед на должината на пензискиот
стаж на осигуреникот. Вдовец/Вдовица стекнува право на семејна пензија ако: 1) до
смртта на брачниот другар наполнил/а 55/45 години живот; 2) до смртта на брачниот
другар била неспособна за работа или таква неспособност настанала во рок од една
година од денот на смртта на брачниот другар; 3) по смртта на брачниот другар
останале едно или повеќе деца кои имаат право на семејна пензија по тој брачен другар,
а вдовицата ги врши родителските должности спрема тие деца. Дете стекнува односно
користи право на семејна пензија: 1) до наполнети 15 години живот, а ако е на
школување до наполнети 26 години живот или 2) ако пред смртта на осигуреникот,
односно корисникот на пензија кој го издржувал било неспособно за работа или таквата
неспособност настанала во рок од една година од денот на смртта на осигуреникот,
односно корисникот на пензија. Право на семејна пензија им припаѓа првенствено на
брачниот другар и на децата на осигуреникот, односно членови на потесното семејство.
Семејната пензија се определува од старосната или инвалидската пензија што на
осигуреникот би му припаѓала во часот на смртта. На децата без двајца родители,
семејната пензија остварена по едниот родител им се зголемува за дел од пензијата што
ја користел или што би ја користел другиот родител.

7. Паричен надоместок за телесно оштетување


Телесно оштетување постои кога кај осигуреникот ќе настане загубување,
посуштествено оштетување или позначителна онеспособеност на одделни органи или
делови од телото што ја отежнува нормалната активност на организмот и бара
поголеми усилби во остварувањето на животните потреби, без оглед на тоа дали
причинува или не причинува инвалидност. Осигуреникот кај кого телесно оштетување
ќе настане за време на траењето на осигурување се здобива со право на паричен
надоместок за телесно оштетување. Видовите на телесните оштетувања врз основа на
кои се здобива со правото на паричен надоместок и процентите на тие оштетувања ги
утврдува Фондот со општ акт, по претходно прибавеното мислење од стручните и
научните организации. Право на паричен надоместок за телесно оштетување
осигуреникот стекнува независно од тоа дали се стекнал и користи и некое друго право
од пензиското и инвалидското осигурување. Осигуреникот не стекнува право на
паричен надоместок за телесно Оштетување: 1) од 30 до 40 % според листата на
телесните оштетувања, 2) кое настанало како последица на болест или повреда надвор
од работа, 3) кое постоело пред стапувањето во работен однос, 4) како и за
подоцнежното влошување на тоа телесно оштетување. Висината на паричниот
надоместок за телесно оштетување се определува според утврдениот процент на
телесното оштетување од следниве основици: 12 % од просечната плата остварена во
Републиката во претходната година кога телесното оштетување е предизвикано со
повреда на работа или со професионална болест и 9% од просечната плата остварена во

46
Републиката во претходната година кога телесното оштетување е предизвикано со
болест или повреда надвор од работата. На корисникот на паричен надоместок за
телесно оштетување во случај на влошување на постојаното телесно оштетување или
нов случај на телесно оштетување, му се определува паричен надоместок според
новиот, односно вкупниот процент на телесно оштетување.

З. ЗАКОН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ИНВАЛИДНИ ЛИЦА

1. Поим, цел, дефиниции и мерки за подобрување на условите за вработување и


работење на инвалидно лице
Co овој закон се уредуваат посебните услови за вработување и работење на инвалидни
лица: кога самостојно вршат професија или дејност, кај работодавец или има својство
на работодавец, како и условите за основање и погодностите за работење на трговското
друштво за вработување на инвалидни лица (заштитно друштво). Инвалидно лице во
смисла на овој закон е лице чија инвалидност е утврдена од надлежен орган. На
инвалидните лица и заштитните друштва се применуваат и меѓународните договори
ратификувани во согласност со Уставот на РМ. Посебни услови и погодности за
вработување и работење на инвалидно лице се: создавање услови за работење и
адаптација на работно место; ослободување од даноци и обезбедување на средства за
придонеси и финансиска поддршка во работењето. При вработување на инвалидно
лице, работодавецот е должен да создаде соодветни услови за работење и адаптација на
работното место во зависност од работното место, видот и степенот на образованието и
видот и степенот на инвалидноста на инвалидното лице кое се вработува.
Надоместокот на трошоците за создавање на услови за вработување на инвалидното
лице и за адаптација на работното место, паѓаат на товар на Посебен фонд за
обезбедување услови за вработување и работење на инвалидните лица. Заради
вработување на инвалидни лица се основаат заштитни друштва како трговски друштва.
Заштитно друштво може да се основа ако вработува најмалку пет лица од кои најмалку
40% се инвалидни лица од вкупниот број на вработени. Заради остварување на
заеднички цели и задачи во унапредувањето на вработувањето на инвалидни лица во
заштитните друштва, овие друштва основаат Заедница на заштитни друштва, како
стопанска интересна заедница. Заедницата е должна редовно да ги прибира и следи
податоците за уплатените средства од страна на заштитните друштва. Работно
оспособување со вработување е оспособување на инвалидното лице за практична
работа за определени работи согласно со потребите на работодавецот и инвалидното
лице. Работодавецот го упатува вработеното инвалидно лице на работно оспособување
ако тоа не е оспособено за вршење на соодветните работи. Заради финансирање на
работите за создавање на посебни услови за вработување и работење на инвалидни
лица, адаптација на работно место и набавка на опрема, инструменти, апарати,
резервни делови и алати 15% од вкупно остварените средства од постојниот придонес
за вработување се издвојуваат на потсметката во Заводот најдоцна до 30 во месецот за
претходниот месец.

S.ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

1. Закон за безбедност и здравје при работа (цел, примена, дефиниции)


Co овој закон се утврдуваат мерките за безбедност и здравје при работа, обврските на
работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и
здравјето при работа, како и превентивните мерки против професионалните ризици,
отстранувањето на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука
на работниците и нивните претставници и нивно учество во планирањето и
преземањето на мерки за безбедност и здравје при работа. Одредбите од овој закон се

47
применуваат во сите дејности на јавниот и приватниот сектор, за сите лица осигурени
од повреда на работното место или професионалните болести според прописите за
пензиското, инвалидското и здравственото осигурување и за сите други лица кои се
вклучени во работните процеси. Одредбите од овој закон не се применуваат во
дејностите доколку со посебен пропис е регулирана оваа материја (вооружените сили,
полицијата, во некои посебни активности на силите за заштита и спасување).
Одредбите на овој закон не се применуваат на куќните помошници. Дефиниции: 1)
"Вработен" е лице вработено според договор за вработување и ангажирање на која било
друга правна основа, самовработен, професионална земјоделска или друга дејност и
лице кое извршува работа на работно место како дел од програма за обука; 2)
"Работодавач" е физичко или правно лице кое ги користи услугите на вработен според
договор за вработување, физичко или правно лице кое ги користи услугите на вработен
на некоја друга правна основа, земјоделец или физичко лице кое, самостојно или со
друг член на неговото домаќинстао или семејство, извршува земјоделска или друга
дејност, како негова единствена или главна професија и кој не вработува други лица; 3)
"Претставник на вработените за безбедност и здравје при работа" е лице избрано од
страна на вработените да ги застапува нивните интереси во поглед на безбедноста и
здравјето при работа пред работодавачот (во натамошниот текст: претставник); 4)
"Превентивни мерки" се сите мерки кои се преземаат или кои се планираат на сите
нивоа на работа кај работодавачот, поради спречување или намалување на ризиците по
безбедноста и здравјето при работа; 5) "Работно место" е секое место наменето за
извршување на работа лоцирана во просториите на работодавачот или во некоја
привремена или подвижна работна локација до која вработениот има пристап во текот
на неговата работа и која е под директна или индиректна контрола на работодавачот; 6)
"Работна средина" е простор во кој се извршува работата, работното место, условите за
работа, работните процеси, социјалните односи, како и други влијанија на
надворешната средина; 7) "Средства за работа" се работни и помошни простории,
опрема за работа, опрема .за лична заштита, супстанции и препарати и секое друго
средство кое се користи при работниот процес или е на друг начин поврзан со истиот;
8) "Опрема за работа" е секоја машина, апарат, алат или друга опрема која се користи
во работниот процес; 9) "Ризик" е веројатност за настанување на повреди, заболувања
или оштетување на здравјето на вработениот, како резулатат на опасност при работа;
10) "Изјава за безбедност" е документ кој ги опишува карактеристиките на работниот
процес и содржи идентификација на опасностите и процена на ризикот за безбедноста и
здравјето на работното место и пропишува соодветни мерки за заштита; 11) "Стручно
лице за безбедност при работа" е вработено стручно лице кај работодавачот назначено
од него за извршување стручни задачи поврзани со безбедноста при работа (во
натамошниот текст: стручно лице) и 12) "Овластена здравствена установа" е
здравствена установа во која се врши дејноста медицина на трудот согласно со
прописите од областа на здравството, ангажирана од страна на работодавачот за
спроведување на здравствена заштита при работа.

2. Општи обврски на работодавачот согласно законот за безбедност и здравје при


работа
Работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите
вработени од секој аспект поврзан со работата, вклучувајќи заштита од професионални
ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и
потребни средства. Обврските, работодавачот може да ги довери на овластени правни
или физички лица. Работодавачот е должен на овластени правни и физички лица да им
ги даде сите потребни информации и податоци за големината на трговското друштво,
ризиците кои ја загрозуваат безбедноста и здравјето на вработените, преземените
активности за безбедност и здравје при работа за секое работно место и околината и
друго. Работодавачот е должен да планира мерки и средства за обезбедување развој и
унапредување на безбедноста и здравјето при работа и за менување на постојните

48
технолошки процеси со помалку опасни, односно со побезбедни процеси. Секој
работодавач мора да изготви и спроведе изјава за безбедност за секое работно место,
прецизирајќи го начинот, како и мерките кои треба да се преземат. Работодавачот мора
да обезбеди мерки за безбедност и здравје при работа особено со: назначување на едно
или повеќе стручни лица за безбедност; ангажирање на овластена здравствена установа
за вршење стручни задачи за здравје при работа; донесување на безбедносни мерки
против пожар во согласност со посебни прописи; донесување мерки за прва помош и
евакуација во случај на опасност; обука на вработените за безбедно извршување на
работата врз основа на сопствена програма; обезбедување опрема за лична заштита за
вработените и нејзината употреба, доколку преземените безбедносни мерки во
работната средина не се доволни; вршење повремени прегледи и испитување на
работната средина и опрема и следење на здравствената состојба на вработните.
Работодавачот за вршење на работите од областа на безбедноста при работа мора да
назначи едно или повеќе стручни лица. Примарни обврски на стручното лице се:
советување на работодавачот за планирање, избор, купување и одржување на
средствата за работа; советување на работодавачот за опремување на работното место и
работната средина; изготвување на стручна основа за изјавата за безбедност; вршење на
редовни и контролни прегледи на хемиските, физичките или биолошките ризици во
работната средина; вршење на редовни и контролни прегледи и испитувања на
работната опрема, изработка на упатства за безбедно извршување на работата;
подготовка на програма и спроведување обуки на вработените за безбедно извршување
на работата. Работодавачот на вработените мора да им обезбеди здравствени регледи на
секои 18 месеци.

3. Права и обврски на вработените


Право и обврска на секој вработен е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и
за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него, во согласност со
обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на работодавачот, да биде
запознаен со мерките за безбедност и здравје при работа и да биде обучен за нивната
примена. Право и обврска на секој вработен е да дава предлози, мислења и забелешки
за безбедноста и здравјето при работа на стручното лице и овластената здравствена
уетанова. Вработен има право да одбие извршување на работа доколку претходно не е
информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не го
обезбеди пропишаниот здравствен преглед. Вработен има ираво да одбие извршување
на работа, доколку е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот,
кога не се спроведени безбедносните мерки и да побара нивно отстранување. Вработен
може да работи на работно место или во услови на изложеност на зголемена опасност
од повреда или нарушување на здравјето (работа при зголемен или намален воздушен
притисок, високи или ниски температури, штетни зрачења, бучава, работа под земја
или под вода, работа на височина или на длабочина и слично) само врз основа на
процена на овластена здравствена установа со која се потврдува способноста на
вработениот за односната работа. Вработените мораат да ги почитуваат пропишаните
мерки за правилно користење на средствата за работа (машини, апарати, алати, опасни
супстанции, опрема за транспорт и други средства за производствој и не смее да ги
исклучува, менува или отстранува заштитните направи на опремата. Вработениот мора
веднаш да го извести својот работодавач, преку претставникот, усно или во писмена
форма, за секој недостаток, опасност по безбедноста и здравјето или за друг инцидент
со кој може да се загрози неговата безбедност и здравје и безбедноста и здравјето на
другите вработени. Доколку работодавачот не презема мерки, за отстранување на
појавите или доколку вработен смета дека не се спроведени соодветните мерки за
безбедност и здравје, вработениот може да побара интервенција од надлежниот
инспекторат за труд.

49
4. Совет за безбедност и здравје при работа
Владата на РМ основа Совет за безбедност и здравје при работа, како експертско
советодавно тело. Советот разгледува и дава мислење и препораки за: Програмата;
состојбата во областа на безбедноста и здравјето при работа, стратегија за
кохеринтната политика за спречување и намалување на повредите на работното место,
професионалните болести и други болести и повреди кои се поврзани со работата;
стручните основи за изработка на закони и други прописи за безбедност и здравје при
работа и документи на меѓународни организации во однос на безбедноста и здравјето
при работа. Советот го сочинуваат 15 члена од кои четири члена, од репрезентативните
организации на работодавачите, четири члена од репрезентативните синдикати, три
члена именувани од Владата на РМ, еден член претставник на факултетот кој
спроведува образовна дејност на полето на безбедноста при работа, еден член
претставник на факултетот кој спроведува образовна дејност на полето на медицината
на трудот, еден член претставник на здружението на стручните лица за безбедност при
работа и еден член претставник на здружението на експерти на медицина на трудот.

5. Прекршочна постапка (орган и комисија) согласно законот за безбедност и


здравје при работа
За прекршоците, прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува органот
на државната управа надлежен за работите од областа на трудот (прекршочен орган).
Прекршочната постапка пред прекршочниот орган ја води Комисија за одлучување по
прекршок формирана од страна на министерот кој раководи со органот на државната
управа надлежен за работите од областа на трудот. Прекршочната комисија е составена
од овластени службени лица вработени во органот на државната управа надлежен за
работите од областа на трудот од кои еден ја врши функцијата на претседател на
Прекршочната комисија. Прекршочната комисија е составена од три члена од кои:
двајца дипломирани правници, од кои еден со положен правосуден испит со пет години
работно искуство во својата област и еден член со висока стручна подготовка од
областа на техничките науки, со пет години работно искуство во својата област.
Прекршочната комисија се избира за времетраење од три години со право на реизбор
на членовите. Прекршочната комисија за прекршочниот орган одлучува по
прекршоците утврдени во овој или друг закон и изрекува прекршочни санкции.
Прекршочната комисија донесува деловодник за својата работа. Против решението на
Прекршочната комисија, со кое се изрекува прекршочна санкција може да се поднесе
жалба за поведување на управен спор пред надлежниот суд. Министерот кој раководи
со органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот може да
формира повеќе прекршочни комисии кои ќе бидат надлежни за водење на прекршочна
постапка за прекршоци за одделни области и/или за одделни подрачја од РМ.
Прекршочната комисија има право да изведува докази и собира податоци кои се
неопходни за утврдување на прекршокот, како и да врши други работи и презема
дејствија утврдени со овој закон, Законот за прекршоците и/или со друг закон.
Членовите на Прекршочната комисија се самостојни и независни во работата на
Прекршочната комисија и одлучуваат врз основа на своето стручно знаење и
самостојно убедување. Прекршочната комисија работи во совет, а одлучува со
мнозинство гласови од вкупниот број на членови. За прекршоците, државните
инепектори се должни на сторителот на прекршокот да му предложат постапка за
порамнување пред да поднесат барање за прекршочна постапка.

50
И. ЗАКОН ЗА СУДСКА СЛУЖБА

1. Вработување на судските службеници


Како судски службеник може да се вработи лице кое ги исполнува следниве општи
услови: 1. да е државјанин на РМ; 2. да е полнолетен; 3. да има соодветен степен на
образование согласно со членот 7 на овој закон; 4. да го има потребното работно
искуство освен за звањата судски помошник и помлад судски референт; 5. да не му е
изречена мерка на безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност и 6.
да има општа здравствена способност. Барањето за пополнување на работното место
претседателот на судот го доставува до Судскиот буџетски совет кој по утврдувањето
на основаноста на барањето на судот, во рок од 15 дена по приемот, на судот кој го
поднел барањето ќе му даде согласност за пополнување на слободно работно место.
Јавниот оглас за избор на судски службеник се објавува во најмалку два дневни
весници. Рокот за пријавување на објавениот оглас не може да биде пократок од пет
дена од денот на неговото објавување. Претседателот на судот формира комисија за
избор на судски службеници составена од судскиот администратор, стручен судски
службеник и член на Советот. По завршување на рокот за пријавување, комисијата ги
проверува поднесените документи, при што ненавремените и некомплетни документи
ги отфрла. За кандидатите кои уредно се пријавиле на јавниот оглас се спроведува
испит во рок од 15 дена. Испитот се состои од три дела, и тоа: писмен дел, за кои
прашањата ги составува комисијата; практичен дел со работа со компјутери и интервју
со кандидатите. По завршеното интервју, комисијата во рок од пет дена составува ранг
-листа од најуспешни три кандидати која му ја доставува на претседателот на судот.
Претседателот на судот во рок од пет дена по приемот на ранг-листата врши избор на
еден од тројцата кандидати. Пополнување на привремено слободно работно место се
врши во случаи кога судскиот службеник се наоѓа на подолго боледување, на стручно
усовршување, на неплатено отсуство и кога му мирува работниот однос.

2. Права и должности на судската служба


Вработениот во судската служба има право на: 1. плата на начин утврден со овој закон,
како и право на други надоместоци што произлегуваат од работниот однос; 2. платен
одмор и отсуство од работа утврдено со закон или друг пропис; 3. стручно и
професионално усовршување; 4. основање или зачленување во синдикат или друго
здружение согласно со Уставот и законите и 5. штрајк согласно со овој закон.
Работното време изнесува 40 часа во работната недела (полно работно време). Во текот
на работното време вработениот во судската служба има право на пауза. Вработениот
во судската служба има право на годишен одмор, како и право на платено отсуство во
слуај на склучување на брак, посвојување или раѓање на дете, смрт на сопружник, дете,
родител, селидба и др. Вработениот во судската служба има право да отсуствува од
работа без надоместок на плата и придонеси од плата, но најдолго три месеца во текот
на календарската година, и тоа за: вршење на неодложни лични и семејни работи; нега
на член на семејство кој е тешко болен; посета на член на потесно семејство во
странство; изградба или реновирање на стан или семејна куќа и др. Вработениот во
судската служба е должен да: 1) го почитува работното време; 2) ја врши својата работа
професионално, совесно, одговорно, навремено и ефикасно согласно со Уставот,
законите и судскиот деловник; 3) ја врши својата работа непристрасно и без влијанија
од политички партии; 4) не ги искажува и пропагира јавно своите политички убедувања
на своето работно место и не ги злоупотребува своите верски уверувања; 5) ги
извршува наредбите на претседателот на судот, судиите, судскиот администратор и на
своите претпоставени; 6) ја чува класифицираната информација и угледот на судот; 7)
не прима подароци, паричен надоместок или каква било корист, повластување или
услуга и 8) носи на видно место ознака за личното име во текот на работното време на
работното место.

3. Дисциплинска одговорност на судските службеници

51
За повреда на службената должност судските службеници одговараат дисциплински.
Судскиот службеник одговара дисциплински за полесна и потешка дисциплинска
повреда. Полесна повреда на службената должност е: 1. недоаѓање на работа во
определеното време и одење од работа пред истекот на работното време; 2. неуредно
чување на службените списи и податоци; 3. неоправдано недоаѓање на работа до два
работни дена во текот на една календарска година; 4. не носење на ознаките со личното
име и др. За полесна дисциплинска повреда може да се изрече парична казна во висина
од 10% од едномесечен износ на платата во траење од 3 месеци. Потешка
дисциплинска повреда е: 1. неизвршување или несовесно, непристојно, ненавремено
или небрежно вршење на службената должност; 2. изразување и застапување на
политичко уверување во вршењето на службените задачи; 3. одбивање да се даде или
давање на неточни податоци на државните органи, правните лица и на граѓаните; 4.
незаконито располагање со материјалните средства; 5. одбивање на вршење на
службените задачи; 6. непочитување на одредбите за работа во услови на штрајк; 7.
предизвикување на поголема материјална штета; 8. злоупотреба на боледување и др. За
дисциплинските повреди се изрекува: парична казна од 10% до 30% од едномесечниот
износ на платата, во траење од еден до шест месеца, распоредување на пониско работно
место, во траење од шест месеца до една година, и престанок на вработувањето.
Дисциплинските мерки против судскиот службеник за полесна дисциплинска повреда
ги изрекува судскиот администратор, а по претходен писмен извештај од непосредно
претпоставениот судски службеник или судија со кој работи. Судскиот администратор
формира комисија за водење на дисциплинска постапка за потешка дисциплинска
повреда, за времетраење од две години. Претседателот на судот, врз основа на
предлогот на комисијата, во рок од три дена од доставувањето на предлогот на
комисијата, донесува решение за изрекување на дисциплинска мерка, односно за
отфрлање на предлогот, односно за запирање на постапката.

4. Материјална одговорност на судските службеници


Судскиот службеник е одговорен за штетата која на работа или во врска со работата,
намерно или од крајна небрежност му ја предизвикал на судот . Претседателот на судот
формира комисија за утврдување на материјална одговорност на судскиот службеник.
Комисијата е составена од три члена, и тоа : еден судија, судскиот администратор и
еден судски службеник. Комисијата ја утврдува материјалната одговорност за постоење
на сторена материјална штета, нејзината висина и начинот на сторување, кој ја
предизвикал штетата и кој ќе ја надомести. Комисијата, за утврдената фактичка
состојба поднесува извештај, врз основа на кој претседателот на судот донесува
решение за надоместокот на штета. Против решението судскиот службеник има право
на жалба до Советот во рок од осум дена од денот на врачувањето на решението.
Доколку во рок од три месеца судскиот службеник не ја надомести направената штета,
претседателот на судот иницира постапка за надоместок на штета согласно со Законот
за облигационите односи.

5. Престанок на вработувањето на судските службеници


На вработените во судската служба им престанува вработувањето: по спогодба; по
нивно барање; по сила на закон и во други случаи утврдени со овој закон. На
вработениот во судската служба му престанува вработувањето по спогодба, кога со
претседателот на судот ќе склучи писмена спогодба за престанок на вработувањето. На
вработениот во судската служба му престанува вработувањето ако поднесе писмено
барање за престанок на вработувањето. Во тој случај, отказниот рок трае 30 дена од
денот на поднесувањето на барањето за престанок на вработувањето. На вработениот
во судската служба му престанува вработувањето по сила на закон, ако: 1) ја загуби
работната способност, со денот на доставувањето на правосилното решение за
утврдување на изгубената работна способност; 2) му престане државјанството на РМ,
со денот на доставувањето на решението за отпуст од државјанството; 3) му е изречена
казна, односно прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или

52
должност, со денот на правосилноста на казната, односно прекршочната санкција, 4) е
осуден за кривично дело во врска со службената должност или друго кривично дело
кое го прави недостоен за судски службеник и за вршење на службата во судот, со
денот на врачувањето на правосилната пресуда; 5) поради издржување на казна затвор
во траење подолго од шест месеца, со денот на стапувањето на издржување на казната
и 6) исполнува услови за пензија согласно со закон. На вработениот во судската служба
му престанува вработувањето и во случаите, ако: неоправдано отсуствува од работа
најмалку три дена последователно во еден месец, односно шест дена во текот на
годината; два пати последователно или во последните пет години најмалку три пати
биде оценет со оцена „не задоволува"; се утврди дека при вработувањето премолчил
или дал невистинити податоци во однос на општите и посебните услови за
вработување; во рок од 15 дена не се врати на работа по завршувањето на стручното
оспособување или усовршување и органот на државната управа, надлежен за
инспекцијата на трудот, утврди дека судскиот службеник е вработен спротивно на
одредбите на овој закон. Решението за престанок на вработувањето на вработениот во
судската служба го донесува претседателот на судот. Против решението, вработениот
има право на жалба до Советот во рок од осум дена од денот на доставувањето на
решението. Советот одлучува по жалбата во рок од 15 дена од приемот на жалбата.

6. Заштита на правата на судските службеници


Судскиот службеник на кој со решение му е повредено право од работен однос има
право на жалба до Советот во рок од 15 дена од приемот на решението, освен кога со
овој закон поинаку не е утврдено. Советот е должен да одлучи по жалбата во рок од 15
дена од приемот на жалбата, освен кога со овој закон поинаку не е утврдено. Судскиот
службеник кој не е задоволен од конечната одлука на Советот или Советот ако не
одлучил во рок од 15 дена, има право во рок од 15 дена од приемот на решението да
бара заштита на своите права пред надлежен суд. Судскиот службеник не може да бара
заштита на правото пред надлежен суд ако претходно не барал заштита на правото пред
Советот, освен за правото на парично побарување.

7. Судска полиција
Претседателот на Врховниот суд на РМ, од редот на припадниците на судската
полиција во Врховниот суд на РМ со високо образование, назначува командант на
судската полиција на РМ кој е вработен во Врховниот суд на РМ. Претседателите на
апелационите судови од редот на припадниците на судската полиција со високо
образование во овие судови, назначуваат координатор на судската полиција за
основните судови од апелационото подрачје, кои се вработени во соодветниот
апелационен суд. Министерот за правда донесува Програма за едукација и тренинг на
припадниците на судската полиција. Претседателите на судовите најдоцна до декември
претходната година донесуваат планови за реализација на Програмата. Надзор над
работата на судската полиција во судовите на РМ врши: претседателот на судот,
Министерството за правда и командантот на судската полиција во Врховниот суд на
РМ. Координаторите на судската полиција во апелационите судови, вршат надзор над
работата на судската полиција, во основните судови од подрачјето на соодветниот
апелационен суд. Платата на командантот на судската полиција, на координаторот на
судската полиција, на командирот на судската полиција, на заменикот командир на
судската полиција и на припадниците на судската полиција се состои од две
компоненти, и тоа: бодови за образование и бодови за работно место. Припадниците на
судската полиција правото на штрајк можат да го остваруваат на начин и под услов
битно да не се нарушува редовното извршување на работата. За време на организиран
штрајк на припадниците на судската полиција, не смее да се загрози безбедноста на
судот, ниту да се попречува работата на другите служби во судот и пристапот на
странките во него.

53
Ј. ЗАКОН ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

1. поим и корисници на социјална заштита


Социјалната заштита е систем на мерки, активности и политики за спречување и
надминување на основните социјални ризици на кои е изложен граѓанинот во текот на
животот, за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост и за јакнење на
неговиот капацитет за сопствена заштита. Под социјален ризик се подразбира: ризици
по здравјето (болест, повреда и инвалидност); ризици на старост и стареење; ризици на
еднородителско семејство; ризици од невработеност, губење на приход за издржување
врз основа на работа и слично; ризици од сиромаштија и ризици од друг вид на
социјална исклученост. РМ го воспоставува системот на социјалната заштита и го
овозможува неговото функционирање, обезбедува услови и мерки за вршење на
социјално–заштитната дејност и развива форми на самопомош. Носители на
социјалната заштита се Републиката, општината, градот Скопје и општините во градот
Скопје. Владата на РМ донесува Национална програма за развој на социјалната заштита
во која се утврдуваат целите, приоритетите и правците на развојот на социјалната
заштита на граѓаните на РМ, со мерки на активна социјална политика, на среден и долг
рок. Врз основа на правата од социјалната заштита, се преземаат мерки преку кои се
остварува социјална превенција, вонинституционална и институционална заштита и
парична помош од социјална заштита. Покрај мерките за социјалната заштита на
граѓаните, грижата на РМ за спречување на настанување на социјален ризик се
остварува и преку преземање на мерки во даночната политика, вработувањето,
политиката за стипендирањето, домувањето, заштита на семејството, здравството,
воспитанието и образованието и во други подрачја. Корисници на социјална заштита се
државјани на РМ кои имаат постојано живеалиште во РМ и странците кои имаат
регулиран постојан престој во РМ. Државјаните на РМ кои немаат постојано
живеалиште во РМ и странците кои имаат регулиран привремен престој во РМ, ги
користат правата од социјалната заштита под услови утврдени со овој или друг закон и
меѓународни договори и конвенции. Право на социјална заштита има лице барател на
право на азил, лице со статус на признаен бегалец и лице под супсидијарна заштита.

2. Забрана за директна, индиректна дискриминација според законот за социјална


заштита
Се забранува директна или индиректна дискриминација врз основа на пол, раса, боја на
кожата, национална, етничка, социјална, политичка, верска, културна, јазична, имотна
и општествена припадност, онеспособеност и потекло во остарување на правата од
социјалната заштита утврдени со овој закон. Забраната се однесува на јавни установи за
социјална заштита основани од Владата, од општина, градот Скопје и општините во
градот Скопје, на приватни установи за социјална заштита основани од правно или
физичко лице и на здружение на граѓани и физичко лице кои вршат работи од областа
на социјалната заштита. Директна дискриминација е секое постапување со кое барател
или корисник на социјална заштита бил ставен во неповолна положба од другите
корисници во споредбени случаи. Индиректна дискриминација постои кога определена
навидум неутрална одредба, критериум или пракса го става барателот или корисникот
на социјална заштита поради пол, раса, боја на кожата, национална, етничка, социјална,
политичка, верска, културна, јазична, имотна и општествена припадност,
онеспособеност и потекло во неповолна положба во однос на другите корисници на
права од социјалната заштита утврдени со овој закон, освен доколку се утврдени
критериуми или практики кои се објективно оправдани со легитимна цел и средствата
за постигнување на таа цел се соодветни и неопходни. Во случаите на дискриминација
барателот или корисникот на социјална заштита има право да бара заштита од
надлежен орган. Доколку во судска постапка се утврди дека со барателот или
корисникот на социјална заштита е дискриминиран, тој има право да бара надомест на
штета од сторителот на дискриминацијата. Ако барателот или корисникот на социјална
заштита, во случај на спор, изнесе факти дека е дискриминиран, тогаш обврската на

54
докажувањето и произнесувањето по тие факти и наоди е на јавната установа за
социјална заштита основана од Владата, од општина, градот Скопје и општините во
градот Скопје, на приватната установа за социјална заштита основана од правно или
физичко лице и на здружението на граѓани и физичкото лице кои вршат одредени
работи од областа на социјалната заштита.

3. Социјална превенција
Со мерки и активности на социјална превенција се спречува настанување на социјални
ризици, се врши рано откривање и ран третман на граѓанинот изложен на социјален
ризик, со цел за надминување или ублажување на штетните последици од изложеноста
на социјален ризик. Реализацијата на мерките и активностите, Владата ги утврдува во
програмата, а општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, во рамките на
нивните надлежности донесуваат соодветни програми и обезбедуваат средства. За
остварување на социјалната превенција се преземаат мерки за спречување на
настанување на социјален ризик за граѓанинот, семејството или група на луѓе, особено
преку едукативно-советувалишна работа, развивање на формите на самопомош,
волонтерска работа со лично ангажирање и примена на други методи кои
соодветствуваат на потребите на корисниците на социјалната заштита. Реализацијата на
мерките и активностите се остварува во центрите за социјална работа во соработка со
општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, предучилишните,
училишните, здравствените установи и другите државни тела и органи, правни и
физички лица и здруженија на граѓани.

4. Вонинституционална заштита
Вонинституционалната заштита што се остварува во или преку центарот за социјална
работа опфаќа право на: 1) прва социјална услуга на корисници на социјална заштита –
опфаќа воочување на проблемот кој произлегува од состојба на социјален ризик,
укажување на корисникот на можните решенија, услуги и средства за негова заштита;
2) помош на поединец - примена на форми на стручна, советодавна или советувалишна
работа, со која му се овозможува стекнување на потребни информации, оспособување
за самостојно одлучување, зачувување и развој на социјалните потенцијали; 3) помош
на семејство - опфаќа стручна помош на Членовите на семејството да ја надминат
семејната криза во брачните односи, а особено во односите родители - деца, како и
оспособување на тоа семејство да ги остварува своите функции во секојдневниот
живот; 4) домашна нега и помош на поединец и на семејството - се обезбедува на старо,
изнемоштено и лице со телесна попреченост и лице со умерена, тешка и длабока
ментална попреченост, кое не е во состојба да се грижи за себе и поради тоа му е
потребна нега и помош во задоволувањето на егзистенцијалните потреби; 5) дневно и
привремено прифаќање и згрижување како помош на поединец и семејство - Правото
на дневно згрижување во дневен центар се обезбедува на старо, изнемоштено лице,
лице со умерена и тешка попреченост во менталниот развој, дете со телесна
попреченост, дете на улица. Правото на згрижување во центар за дневно и привремено
прифаќање и згрижување се обезбедува на бездомник, жртва на семејно насилство и
жртва на трговија со луѓе; 6) сместување во згрижувачко семејство - вакво право има
лице кое нема услови за живеење во своето семејство, дете без родители и дете без
родителска грижа, дете со воспитно-социјални проблеми и дете жртва на семејно
насилство, малолетен сторител на кривично дело или прекршок и др; 7) сместување во
мал групен дом и самостојно живеење со поддршка – има дете без родители или без
родителска грижа, со воспитно-социјални проблеми, со пречки во менталниот или
телесниот развој, лице со ментална или телесна попреченост, кое нема соодветни
услови за живеење во своето семејство, кое нема семејство или од други причини му е
потребно сместувањето во мал групен дом.

55
5. Институционална заштита
Институционалната заштита опфаќа право на оспособување за работно-производна
активност и право на сместување во установа за социјална заштита. Право на
оспособување за работно-производна активност има лице со умерени и тешки пречки
во менталниот развој. Правото на оспособување за работно-производна активност
опфаќа упатување во установа за социјална заштита, надоместок на трошоци за
сместување и исхрана, надоместок на трошоци за оспособување за работно-производна
активност и надоместок на трошоци за превоз. Наод и мислење за способноста за
оспособување за работно-произоводна активност на децата и младинците со умерени и
тешки пречки во менталниот развој, дава органот надлежен за оцена на посебните
потреби на децата и младинците со пречки во развојот. Право на сместување во
установа за социјална заштита, има лице кое нема соодветни услови за живеење во
своето семејство или од други причини му е потребно сместување во установа за
социјална заштита, а не може да се примени друг облик на социјална заштита. Право на
сместување во установа за социјална заштита, се обезбедува на: дете без родители и
дете без родителска грижа до оспособувањето за самостоен живот и работа; дете со
воспитно-социјални проблеми, занемарено, запоставено, злоставувано и материјално
необезбедено дете и дете жртва на семејно насилство; дете со нарушено поведение;
бремена жена еден месец пред породувањето и самохран родител со дете до
тримесечна возраст; лице со умерени и тешки пречки во менталниот развој упатено на
оспособување за работно-производна активност, лице со длабоки пречки во менталниот
развој и лице со трајна телесна попреченост на кое му е потребно трајно згрижување и
нега; старо лице, возрасно лице со телесна попреченост и лице со пречки во
менталниот развој кое не е во состојба само да се грижи, а поради станбената и
семејната положба нема можност да му се обезбеди заштита на друг начин и лице
барател на право на азил.

6. Социјална парична помош


Право на социјална парична помош има лице способно за работа и домаќинство,
материјално необезбедено и кое според други прописи не може да обезбеди средства за
егзистенција. За материјално необезбедено се смета лице и домаќинство кое остварува
приходи по сите основи пониски од износот на социјалната парична помош, утврден со
овој закон и кое не поседува имот и имотни права од кои може да се издржува.
Месечниот приход на лицето или домаќинството се определува според просечниот
месечен приход на сите Членови, остварен во последните три месеца пред поднесување
на барањето за остварување на право за социјална парична помош. Висината на
социјалната парична помош за носителот на правото изнесува 2.140 денари. За секој
следен Член на домаќинството основицата се зголемува за коефициент 0,37, а најмногу
до пет Члена. Висината на социјалната парична помош се утврдува во зависност од
периодот на користење на правото, и тоа: во првите три години, во утврдената висина и
по истекот на третата година, во висина од 50% од утврдената висина. Центарот го
определува носителот на правото на социјална парична помош кој е должен еднаш
годишно да поднесе документација за материјалната и бројната состојба на
домаќинството. Центарот врши непосреден увид без претходно најавување заради
утврдување на фактичката состојба на лицето и домаќинството. Право на социјална
парична помош не може да оствари лице кое: може само да се издржува, ако може да
остварува приходи со продажба или со давање под закуп на имот кој тој и Членовите
на неговото домаќинство не го користат, за задоволување на минимална егзистенција;
не побарало издржување од лицето кое е должно да го издржува согласно со Законот за
семејството, освен ако центарот за социјална работа утврди дека лицето кое според
Законот е должно да го издржува би останало без минимум средства за егзистенција,
пониски од висината на постојаната парична помош утврдена со овој закон; ако има
склучен договор за доживотна издршка, а не покренало постапка за раскинување на тој
договор и може да обезбеди издржување по друга основа. Корисниците на социјална
парична помош можат да бидат работно ангажирани за извршување на јавни работи до

56
пет дена во месецот, како и за извршување на сезонски работи и други повремени
работи од градоначалникот на општината, од јавните претпријатија и јавните установи,
освен пензионер, жена за време на бременоста и породилно отсуство, ученик и студент.

7. Постојана парична помош


Право на постојана парична помош има лице неспособно за работа и материјално
необезбедено, кое не може да обезбеди средства за својата егзистенција врз основа на
други прописи. Неспособно за работа се смета лице: со умерени, тешки и длабоки
пречки во менталниот развој и лице со комбинирани и други пречки во развојот, кое
заради степенот на попреченоста не може да се стекне со образование, како и лице со
телесна попреченост, поради која е неспособно за работа; лице душевно заболено и
лице со трајни промени во здравствената состојба, поради која е неспособно за работа;
самохрана жена за време на бременоста еден месец пред породувањето и самохран
родител согласно со Законот за семејството до три години возраст на детето; дете без
родители и без родителска грижа кое не се штити врз основа на правото на сместување,
кое нема приходи врз основа на имот и имотни права и не остварува средства врз
основа на други прописи, но најмногу до 18-годишна возраст и лице постаро од 65
години. Неспособноста за работа со свој наод, оцена и мислење ја утврдува стручна
комисија. Материјално необезбедено лице се смета лице кое нема приходи или чии
приходи по сите основи по Член на семејство се помали од 4.000 денари и не поседува
имот и имотни права од кои може да се издржува. Постојаната парична помош се
обезбедува за носителот на правото и друг Член на семејството како соуживател на
помошта, неспособен за работа. Право на постојана парична помош не може да оствари
лице кое: може само да се издржува, ако може да остварува приходи со продажба или
со давање во закуп на имот кој тој и Членовите на неговото семејство не го користат, за
задоволување на минимална егзистенција; не побарало издржување од лицето кое е
должно да го издржува врз основа на Законот за семејството, освен ако центарот за
социјална работа утврди дека лицето кое според Законот е должно да го издржува би
останало без минимум средства за егзистенција, пониски од висината на постојаната
парична помош; ако има склучен договор за доживотна издршка, а не покренало
постапка за раскинување на тој договор и може да обезбеди издржување по друга
основа.

8. Парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без
родители и родителска грижа
Право на парична помош на лице кое до 18 години возраст имало статус на дете без
родители и родителска грижа има лице кое нема приходи и имот од кој може да се
издржува, до наполнување на 26 години возраст. Министерот со општ акт ги
пропишува начинот на утврдување на состојбата на приходите, имотот, имотни права и
потребната документацијата за остварување на правото. Висината на паричната помош
на лицето од Членот 68 на овој закон изнесува 4.000 денари, усогласена со порастот на
трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за
статистика, во јануари за тековната година. Висината на паричната помош на лицето,
кое се наоѓа на редовно школување, изнесува 5.600 денари усогласена со порастот на
трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за
статистика, во јануари за тековната година.

9. Право на парична помош на мајка која родила четврто дете


Право на парична помош има мајка која родила четврто живородено дете од 1 јануари
2009 година. Правото го остварува мајка која се грижела за децата до нивната 18
годишна возраст, која е невработена и не користи право на пензија, по наполнување на
62 години живот. Правото не може да се оствари доколку на мајката и било одземено
родителското право над едно од децата. Висината на паричната помош изнесува 8.000
денари, усогласена со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени
од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година. Министерот со општ

57
акт го пропишува начинот на остварување на правото на парична помош на мајка која
родила четврто дете и потребната документација за остварување на ова право.

10. Паричен надоместок за помош и нега од друго лице


Право на паричен надоместок за помош и нега од друго лице има лице над 26-годишна
возраст, со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој, лице со потешка и
најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице, како и лице со трајни промени во
здравствената состојба, на кое му е неопходна помош и нега од друго лице заради тоа
што не може само да ги задоволува основните животни потреби, доколку ова право не
може да го оствари врз основа на други прописи. Висината на паричниот надоместок се
утврдува во зависност од обемот на потребата за помош и нега од друго лице. Потреба
од помош и нега од друго лице во поголем обем има лице со тешки и длабоки пречки
во менталниот развој, лице со потешка и најтешка телесна попреченост, потполно
слепо лице, како и лице со трајни промени во здравствената состојба, поради што не
може само да ги задоволува основните животни потреби, не може ниту со помош на
ортопедски помагала самостојно да се движи во станот или надвор од станот,
самостојно да се храни, облекува, да ја одржува личната хигиена, ниту да ги врши
основните физиолошки потреби. Потреба од помош и нега од друго лице во помал обем
има лице со умерени пречки во менталниот развој и лице кое поради трајни промени во
здравствената состојба не може без помош од друго лице во потполност да ги
задоволува основните животни потреби. Висината на паричниот надоместок за помош
и нега од друго лице во поголем обем изнесува 4.185 денари, а висината на паричниот
надоместок за помош и нега од друго лице во помал обем изнесува 3.702 денари.
Потребата за помош и нега од друго лице со наод, оцена и мислење, ја утврдува
стручна комисија која може да биде при јавна установа која во рамките на својата
дејност третира проблеми од областа на психофизичкиот развој на лица со одреден вид
на попреченост или во друго правно лице. Министерот со решение формира комисија
за изготвување на наод, оцена и мислење, за решавање по изјавена жалба против
првостепено решение за правото на помош и нега од друго лице.

11. Еднократна парична помош и помош во натура


Еднократна парична помош или помош во натура се доделува на лице или семејство
кое се нашле во положба на социјален ризик, како и на лице и семејство заради
претрпена природна непогода или епидемија и подолго лекување во здравствена
установа. Под помош во натура се подразбира обезбедување на облека, исхрана и други
средства за кои центарот за социјална работа ќе утврди дека се неопходни за
минимална егзистенција на граѓанинот и семејството. Ова право, по исклучок во
несреќни случаи, акутна болест која бара болничко лекување и слично, може да го
користат и државјани на РМ кои немаат постојано живеалиште, како и странци со
привремен престој и регулиран влез во РМ. Во Буџетот на РМ се обезбедуваат средства
за доделување на еднократна помош во случаи на вонредно загрозување на населението
од поголеми размери. Износот на еднократната парична помош може да изнесува до
30.000 денари, и тоа: за задоволување на потребите на лице или семејство кое се нашло
во положба на социјален ризик, а која може да остави трајни последици, заради
претрпена природна непогода (земјотрес, поплава, пожар), епидемија и смрт на Член на
семејството; на семејство чиј Член е корисник на земјоделско земјиште на
плодоуживање во сопственост на државата, во моментот на склучување на договорот за
плодоуживање согласно со прописите; лице кое има потреба од оперативен зафат или
подолго лекување во здравствена установа во странство и станбено необезбедено лице -
корисник на постојана парична помош, како помош во обезбедување на нужно
сместување. Износот на еднократната парична помош може да изнесува до 15.000
денари за потребите на Членот на семејството кое е лице со пречки во менталниот
развој или лице со трајна телесна попреченост, кое согласно со овој закон би можело да
оствари право на сместување во установа за социјална заштита. Износот на
еднократната парична помош може да изнесува до 12.000 денари за задоволување на

58
потребите на лице или семејство кое се нашло во положба на социјален ризик во случај
на подолго лекување во здравствена установа. Износот на еднократната парична помош
може да изнесува до 4.500 денари за задоволување на потребите на лице или семејство
кое се нашло во положба на социјален ризик кој не остава трајни последици, а е
неопходно социјално и материјално обезбедување на лицето. Износот на еднократната
парична помош изнесува 180.000 денари за дете или младинец без родители и без
родителска грижа, кој по наполнување на 18-годишна возраст ја напушта установата
или згрижувачкото семејство, заради негово адаптирање во социјалната средина.
Еднократната парична помош се остварува во центарот за социјална работа. Против
решението може да се изјави жалба до Комисијата на Владата.

12. Надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни
или ментални пречки во развојот
Правото на надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со
телесни или ментални пречки во развојот и со најтешки облици на хронични
заболувања, утврдено со Законот за работните односи, се оставрува во центарот.
Висината на надоместокот на плата изнесува 4.800 денари, усогласена со порастот на
трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за
статистика, во јануари за тековната година. Придонесите и другите обврски ќе се
пресметуваат и наплатуваат согласно со Законот за пензиското и инвалидското
осигурување. Социјалните придонеси ќе се пресметуваат и плаќаат согласно со Законот
за придонеси од задолжително социјално осигурување. Министерот со општ акт го
определува начинот и документацијата за остварување на правото.

13. Парична помош за социјално домување


Правото на парична помош за социјално домување, се обезбедува на социјално
загрозени лица - станбено необезбедени. Социјално загрозени лица се: корисници на
постојана парична помош и лице кое до 18-годишна возраст имало статус на дете без
родители и без родителска грижа, односно и по престанување на старателството, а
најмногу до 26-годишна возраст. Начинот на остварување на правото на парична
помош за социјално домување, со акт ги определува советот на општината, на градот
Скопје и на општините во градот Скопје, односно со опш акт ги определува
министерот. Средствата за остварување на правото на парична помош за социјално
домување се обезбедуваат од буџетот на општината, на градот Скопје и на општините
во градот Скопје и од Буџетот на РМ. Средствата за остварување на правото на парична
помош за социјално домување може да се обезбедат и преку донации, фондации,
кредити и друго.

14. Здравствена заштита


Право на здравствена заштита имаат корисниците на: постојана парична помош; лица
сместени во згрижувачко семејство; лица сместени во установа за социјална заштита
(за институционална и вонинституционална заштита); корисници на паричен
надоместок за помош и нега од друго лице; лице кое до 18-годишна возраст имало
статус на дете без родители и без родителска грижа, најмногу до 26 години, а користи
социјална парична помош; лице - жртва на семејно насилство за кое се презема мерка
на заштита согласно со Законот за семејството и лице опфатено со организирано
самостојно живеење со поддршка. Корисниците остваруваат право на здравствена
заштита, ако не можат да се осигураат по друга основа.

15. Постапка за социјална заштита


По барањето за остварување на право од социјална заштита во прв степен решава
центарот надлежен за подрачјето на кое подносителот на барањето има живеалиште.
По жалбата против решението на центарот решава министерот. Жалбата не го
одложува извршувањето на решението. Постапката за остварување на право од
социјална заштита се поведува по барање на граѓанинот, односно неговиот законски

59
застапник, старател или по службена должност. Центарот постапката по службена
должност ја поведува по сопствена иницијатива, по иницијатива на граѓанин, надлежен
орган или други органи и организации, кога тоа е во интерес на граѓанинот или кога
постои интерес на трети лица. Центарот во текот на постапката за остварување на
правата од социјална заштита изготвува план за индивидуална работа со корисникот.
Во планот се определуваат целите што се планира да се постигнат и мерките и
активностите што се преземаат за помош на корисникот, носителите на мерките и
времето за нивно спроведување. Пред да одлучува за правата од социјална заштита
центарот на граѓанинот му укажува стручна помош при поднесувањето на барањето и
за можноста да остварува права врз основа на други прописи. Право на парична помош
од социјална заштита се остварува од денот на поднесувањето на барањето, а
престанува со денот на престанокот на условите за користење на правото. Центарот по
службена должност повремено, а најмалку еднаш годишно го преиспитува постоењето
на фактите и условите за стекнување и користење на правото од социјална заштита и
доколку утврди дека истите се променети, донесува ново решение. Центарот издава
потврда или уверение за статусот на корисникот на социјална заштита согласно со
службената евиденција во рок од десет дена од денот на поднесувањето на барањето.
Центарот во постапката за остварување на право на еднократна парична помош,
социјална парична помош и парична помош на лице кое до 18 години имало статус на
дете без родители и родителска грижа, е должен да донесе решение во рок од 30 дена
од денот на поднесувањето на барањето со потребната документација. По истекот на
рокот, подносителот на барањето во рок од пет дена има право да поднесе барање за
донесување решение до директорот на центарот. Директорот на центарот во рок од пет
дена од приемот на барањето, донесува решение со кое ќе констатира дека барањето е
уважено.

16. Постапки што се водат во Центарот за социјална работа согласно со други


прописи
Постапката за мирење на брачните другари ја спроведува центарот кој е месно
надлежен на подрачјето на општината, за која е месно надлежен судот пред кој се води
постапката за развод на бракот по истиот предмет. Во постапката за мирење, брачните
другари се покануваат да присуствуваат лично, при што е исклучена јавноста и
присуството на полномошник. Центарот е должен без одлагање да достави до
надлежниот суд писмен извештај за исходот на постапката за мирење. Во постапката за
уредување на личните односи на дете со родител со кого не живее заедно, родителите
се покануваат да присуствуваат лично, при што е исклучена јавноста и присуството на
полномошник. Центарот врз основа на наод и мислење од стручен орган донесува
решение за видот и степенот на попреченост и го евидентира лицето со пречки во
развојот. Постапката за утврдување на видот и степенот на попреченост се уредува со
правилник за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или
телесниот развој, што со акт го определува министерот. Во случаи кога полнолетно
лице кое има имот или приход од имот, кој ја надминува висината на постојаната
парична помош и поднело барање за остварување на право за сместување во установа
за социјална заштита, центарот со лицето може да склучи договор за доживотно
издржување. Центарот за социјална работа може да основа фондација со цел имотот
стекнат врз основа на склучен договор за доживотно издржување или друга основа, да
се користи за остварување на социјална заштита на граѓаните во општината и во градот
Скопје. Управниот одбор на фондацијата го сочинуваат три члена од кои двајца
претставници од центарот за социјална работа и еден претставник именуван од советот
на општината и Советот на градот Скопје на чие подрачје е седиштето на центарот за
социјална работа. Ако старо, немоќно, неспособно, инвалидно и малолетно лице има
член на семејство кој не го издржува ова лице, а кој согласно со Законот за семејството
е должен да го издржува, центарот на лицето ќе му обезбеди право од социјална
заштита.

60

You might also like