Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 20

7.5.

Јонизирачко зрачење

Достапно на: www.wellesley.edu/Safety/lab.html (14.12.2009)

Зрачење претставува секој процес преку кој енергија


емитирана од едно тело, поминувајќи низ медиум или
простор, е апсорбирана од друго тело.

Јонизирачко зрачење е она кое предизвикува


јонизација на медиумот низ кој поминува.
Според интерреакцијата со материјата низ која
поминуваат, јонизирачките зрачења се делат на субатомски
честички или електромагнетни бранови. Тие треба да
поседуваат доволно енергија да предизвикаат јонизација на
материјата со ослободување електрони од атоми. Појавата на
јонизација зависи од енергијата на ударот на одделните
честички или бранови, а не од нивниот број.

 наелектризирани честички: алфа честички, бета


честички;
 електромагнетни бранови (со мала бранова должина):
ултравиолетови бранови, X-зраци, гама-зраци;
 неутрални честички: неутрони.

 Наелектризирани честички

Алфа-честичките се двојно позитивно наелектризирани


атомаски јадра на хелиум и се состојат од два протона и
два неутрона. Поради големата маса, имаат слаба
продорност (на пр. до 10 m во воздух и 0,02-0,06 m во
ткивата), но голем јонизирачки ефект- степен на јонизација
(создавање јони).

107
Бета-честичките се негативно наелектризирани
честички-електрони од атомското јадро. Имаат помала маса, а
поголема продорност (10-15 m во воздух, а во ткивата до 1 m) од
алфа честичките. Алфа и бета честички може да бидат запрени
дури и со лист хартија или тенок лист алуминиум, но внесени во
организмот може да предизвикаат интензивни оштетувања.
Јонизирачкиот ефект на бета честичките е помал од оној на алфа
честичките, но е поголем од оној на гама зраците.

 Електромагнетни бранови

Гама-зраците се електромагнетни бранови. Тие се


всушност енергетски фотони во електромагнетниот спектар,
кои немаат маса ниту електричен полнеж. Тие се чиста
електромагнетна енергија, 10.000 пати поголема од фотоните во
видливиот дел на спектарот. Гама зраците, потекнуваат од
атомското јадро на нестабилните-радиоактивни атоми и се
електрички неутрални. Поради овие својства, тие се исклучително
продорни во материјата, вклучувајќи го живото ткиво, и затоа се
исклучително опасни за живите организми. Движењето на гама
зраците може да биде забавено или запрено со материјали со голем
дензитет, какво што е на пр. оловото. Гама зраците имаат ниска
бранова должина и се со слаб ефект на јонизација.

Интерреакцијата со материјата низ која поминуваат се


реализира на три начина:
- со фотоелектричен ефект, кога се истиснуваат
електроните од атомите;
- со Комптон-овиот ефект, гама зраците поминувајќи низ
материјата, предаваат само дел од енергијата на електроните и
продолжуваат во друга насока и со редуцирана енергија;
- со создавање парови, при што всушност се врши
материјализација на фотонот.

X-зраците и гама-зраците предизвикуваат идентичен ефект


врз материјата, но X-зраците имаат нешто пониско енергетско ниво
од гама зраците и имаат друго потекло. Гама зраците потекнуваат
од атомското јадро, а X-зраците потекнуваат од електронските
полиња околу јадрото или се создаваат од рендген апаратите.

108
 Неутрални честички: неутрони

Неутроните се електрично неутрални честички, кои се


ослободуваат од атомското јадро при процесите на фисија или
распаѓање на атомот. Тие се без електричен полнеж и со маса
еднква на протонската маса, со силна енергетска моќ. Комбинирани
алфа-емитирачки изотопи со берилиум се извори на неутрони како
и акцелератори кои продуцираат неутронско зрачење. Во горните
слоеви на атмосферата, интерреакцијата на космичкото зрачење со
воздухот исто така може да создава неутрони. Неутроните
поминувајќи низ материјата, во судирот со атомот исфрлаат
електрони кои потоа вршат јонизација или предизвикуваат фисија
на јадрото, т.н. индуцирана радиоактивност.

Радиоактивност и мерки на радиоактивноста

Радиоактивноста на некоја радиоактивна материја е


количество на нејзиното радиоактивно распаѓање во единица време.
Период на полураспаѓање е времето потребно активноста на
радиоактивниот елемент да се намали за половина. Единица за
радиоактивност е Бекерел (Bq). Еден Bq претставува активност на
радиоактивен извор во кој се случува едно распаѓање на
радиоактивен елемент во една секунда. Постојат повеќе различни
единици мерка за ефектите на јонизирачкото зрачење:
 Доза на експозиција се изразува во кулон на килограм
(C/Kg) и претставува SI единица на експозиција на
јонизирачкото зрачење.Тоа е доза на јонизирачко зрачење
потребно да создаде 1 кулон полнеж од јони со ист знак на
наелектризираноста во 1 кг материја.
 Апсорбирана доза претставува енергија на јонизирачкото
зрачење кое се апсорбира по единица маса. Таа се изразува
во gray (Gy) единици. 1 gray е апсорбирана доза која
претставува количество радијација потребно да внесе
енергија од 1 џул (Ј) на 1 килограм која било материја.

 Еквивалентна доза (H) претставува апсорбирана доза во


набљудувано ткиво или орган. Се пресметува со множење
на апосорбираната доза со WR фактор (тежински фактор на
зрачење), кој е различен за различни видови зрачења.
Еквивалентната доза се дефинира, всушност, како
апроксимативна мерка на биолошкиот ефект на
јонизирачкото зрачење. Еднакви дози на различни видови
јонизирачко зрачење предизвикуваат различни
квантитативни биолошки ефекти врз живата материја (1

109
Gy на алфа зраците предизвикува околу 20 пати поголемо
оштетување на живата материја од 1 Gy на X зраците).
Еквиваленатна доза се изразува во сиверти (Sv). Тоа е доза
на било кој тип јонизирачко зрачење што предизвикува ист
биолошки ефект врз човекот како 1 Gy на гама- или X-
зраците.
 Ефективна доза (Е) претставува збир од сите пресметани
еквивалентни дози во сите ткива и органи во телото
(коригирани со различни тежински фактори за дадени
ткива и органи, поради различната радиосензитивност на
ткивата и органите), за надворешна и внатрешна
радијација. И ефективната доза, исто така, се изразува во
сиверти (Sv).
 Максимално дозволена доза - со дефинирање на
максимално дозволените дози (МДД) за различни групи
луѓе, како на пр. за професионално експонираните
работници, општата популација се обезбедува
ограничување на дозата (со оглед на кумулативниот ефект
на јонизирачкото зрачење) во тек на работниот или
животниот век што претставува главна задача во заштитата
од јонизирачкото зрачење.
Според Директивата на ЕУ 96/29 кај работници
професионално експонирани на јонизирачко зрачење,
ефективната доза е ограничена на 100 mSv за период од 5
последователни години. Максимално дозволената годишна
доза изнесува 20 mSV, (претставува горна граница на
малите дози-блиски до природниот фон).
Под оваа доза не се очекуваат т.н. нестохастички
ефекти на радијацијата, додека веројатноста за појава на
стохастичките ефекти е сведена на најмала можна мерка.
Стохастичките ефекти се нарушувања кои не зависат од
дозата на зрачењето. Малигните заболувања и генетските
нарушувања можат да бидат предизвикани од
стохастичките ефекти. Нестохастичките ефекти зависат од
дозата и се специфични во однос на радиосензитивноста на
одредени ткива и органи.

Експозиција и професионални ризици

Зрачењето е постојано присутно во околината,


воздухот, водата, почвата и во сите живи организми. Голем
процент од просечната годишна радијациона доза која

110
населението ја прима, отпаѓа на природните радијациони
извори од околината.
Секој жител на планетата е експониран на просечна
годишна радијациона доза од 2.4 mSv/yr од природните
извори. Во различни земји, природната радијациона доза може
да е и 5-10 пати поголема од просечната.
Природни извори се: космичките зраци, сончевите зраци,
терестријалните извори, природните радиоактивни елементи
присутни во почвата (калиум, ураниум, ториум), радон (гас
кој потекнува од почвата богата со ураниум). Но покрај
природните извори на радијација, човековата активност е
важен извор на т.н. артефицијална радијација (директна или
радиоактивна контаминација).

Се разликуваат три начини на експозиција на


јонизирачко зрачење:

 инхалација,
 ингестија,
 директна експозиција.

Јонизирачкото зрачење може да потекнува од


радиоактивните материјали, радиоизотопи, рендген цевките
со X-зраци, акцелераторите, нуклеарните реактори и др.
Познати се и непобитните вредности на јонизирачкото
зрачење и неговата корисна примена во медицината,
научните истражувања, индустријата и енергетиката.

Јонизирачкото зрачење се употребува во:

 технички цели: во индустријата за детекција на


дефекти во производот, за мерење на одредени
параметри во производството - ниво, дебелина и сл.; за
следење на одредена материја во технолошкиот
процес преку радиоизотопи, генерирање електрицитет
преку одредени нано материјали и др.);

 биолошки цели: во биологијата за стерилизација и


мутации на одделни биолошки видови, во
радиодијагностиката и различните imaging техники,
111
радиотерапијата (кај малигни болести) и во
нуклеарната медицина.

Професионален ризик се јавува кај сите работници


кои во рамките на своите професионални активности се
изложени на јонизирачко зрачење - секаде каде што се
создава, употребува и применува јонизирачкото зрачење.
Овој ризик се јавува кај здравствените работници -
радиолози, радиолошки технолози, радиотерапевти,
стоматолози, хирурзи, ортопеди, анестезиолози,
лабораториски работници и др.; работниците во
индистриските процеси каде се применуваат
радиоизотопи; рударите во рудници на уран;
работниците од различни стручни профили и
вработените во нуклеарните централи. Ризикот се јавува
при несоодветна употреба и примена на јонизирачкото
зрачење како и со несоодветна употреба на пропишаната
заштита за работа со јонизирачко зрачење.

Биолошко дејство на јонизирачкото зрачење

Јонизирачкото зрачење при поминување низ


живата материја предизвикува јонизација и ексцитација
на материјата. Механизмот на биолошкото дејство на
јонизирачкото зрачење може да се прикаже преку четири
фази:

Прва фаза - апсорпција на енергија и создавање


јонски парови;
Втора фаза - физичко - хемиски процеси при кои се
создаваат слободни радикали со силна активност;
Трета фаза - слободните радикали предизвикуваат
патофизиолошки нарушувања;
Четврта фаза - процес на патоанатомски
оштетувања.

Директен и индиректен биолошки ефект

При дејствувањето на јонизирачкото зрачење врз


живата материја, се разликуваат директен и индиректен
биолошки ефект.
112
 Директен биолошки ефект (теорија на мета или
цел) се јавува во тек на директна интерреакција на
јонизирачкото зрачење и молекулите на живата
материја. Притоа во молекулите се јавува
денатурација на протеините и липидите, зафатени се
хромозомите, ензимите и генетскиот материјал.
 Индиректен биолошки ефект (теорија на слободни
радикали) настанува со дејствувањето на активните
слободни радикали врз молекулите на живата
материја. Создадените слободни радикали дејствуваат
преку низа хемиски процеси врз ензимските активни
групи и ја нарушуваат функцијата на бројни системи.

Биолошкиот ефект на јонизирачкото зрачење


врз живата материја зависи од видот-типот, интензитетот,
должината на зрачењето, но и од карактеристиките на живата
материја, односно засегнатите клетки. Осетливоста на
клетките кон јонизирачкото зрачење зависи од возраста на
клетката (млада или стара), од метаболичките процеси и
активности, од стадиумот на митоза на клетката. Поосетливи
се клетките со понизок степен ан ембрионалниот развој, со
поизразена метаболичка активност, клеточна фаза на митоза
со најголемо количество на ДНК (профаза). Такви се
клетките на хематопоезата, епителните клетки, половите
клетки и др. Помалку осетливи и со поголема
радиорезистентност се клетките на мускулите, сврзното ткиво,
коските и ЦНС.
Озрачувањето може да е општо или парцијално и
може да биде надворешно или внатрешно. По озрачувањето
на живата материја се случуваат низа биохемиски процеси
кои ги засегаат:

 ензимите, при што се инхибира нивната активност


било со оксидација на SH групите или со
иреверзибилната денатурација на протеинските
структури на ензимите, деградација на липидите и
јаглените хидрати,

113
 нуклеинските киселини и хромозомите со кинење
или деформирање на нуклеотиден синџир на ДНК и
РНК, инхибиција на синтеза на ДНК, стимулација на
разградба на нуклеинските киселини.

Со ова доаѓа до нарушување на метаболичките


процеси на интрацелуларно ниво со морфолошки видливи
промени, запирање на клеточната делба, создавање мутации,
хромозомски аберации, односно до некробиоза, кариолиза и
умирање на клетката.

Клиничка слика

Акутен радијационен синдром

Акутен радијационен синдром е збир од симптоми


и знаци кои настануваат како последица од еднократно
озрачување на организам со една единствена доза (поголема
од 0,5 Sy), во релативно кус временски интервал, а тој може
да се манифестира како:

 Акутна радијациона болест (сите ткива примаат иста


просечна доза);
 Акутна екстерна експозиција на одредени делови на
телото (сите ткива не примиле иста просечна доза);
 Акутен радијационен дерматит (најголема доза на
озрачувањето ја
прима кожата);
 Акутна интерна радиоактивна контаминација на
организмот (при внатрешна депозиција на
радиоактивни материи кои стануваат внатрешни
радиоактивни извори).

Акутна радијациона болест-настанува кога целиот


организам е озрачен во кус временски период со една
единствена релативно висока доза (1-10Sy) на јонизирачко
зрачење.

Типична клиничка слика се развива во четири фази:

114
1. Првата фаза-продромална фаза се манифестира 2-
24 часа по озрачувањето и се карактеризира со општи,
неспецифични симптоми какви што се: премаленост, слабост,
губење на апетит, гадење и повраќање. Овие симптоми траат
2-3 дена, а потоа болниот се чувствува добро.

2. Втората фаза-латентна фаза се одвива без


симптоми; пациентот е добар, а должината на оваа фаза
зависи од типот и дозата на озрачувањето. Навидум без
никакви знаци, но во организмот се случуваат низа
биохемсики и патофизиолошки нарушувања.

3. Третата фаза е манифестна, таа се јавува нагло, со


треска, премаленост, тахикардија, диспнеа и хеморагии.
Клиничката слика се развива во зависност од типот и дозата
на озрачувањето, од индивидуалната осетливост и др.

Се разликуваат три клинички форми на болеста:

- Хематопоетски синдром се развива при озрачување од


1-7 Sy, со оштетување на коскената срж. Се јавува
намалување на бројот на леукоцитите (пред сî лимфоцитите и
гранулоцитите), ретикулоцитите и тромбоцитите, што
најчесто се манифестира со инфективни епизоди и бројни
хеморагии.
- Висцерален синдром се развива по озрачување од над 7
Sy, со оштетување на епителни клетки, пред сî од
респираторниот и гастроинтестиналниот тракт. Клинички
ова форма се манифестира со крвавења од дигестивниот
тракт и се развива т.н.радијационен ентерит.
- Невроген синдром се развива при озрачување на
организмот со високи дози (над 50 Sy), со оштетување на
ЦНС и центрите за дишење и хемодинамика, со церебрален
едем, што доведува до брза смрт.

4. Четвртата фаза е фаза на заздравување, доколку


пациентот го преживее озрачувањето. Реконвалесценцијата е
долга и следена со повеќемесечни кризи со покачена
температура, треска, крвавења, инфекции, но може да се
постигне и оздравување. За исходот на акутна радијациона
болест важен е латентниот период (доколку е подолг,

115
поголема е шансата за оздравување), како и состојбата со
леукоцитите.

Не постои специфична терапија, туку само


симптоматска. Задолжителна е хоспитализацијата, со
асептични услови за лекување на болниот, спречување
инфекции и крвавења, трансфузии на крв или тромбоцити, а
доколку е можно се врши и трансплантација на коскена срж.

Акутен радиодерматит - акутно оштетување на


кожата поради локално озрачување со високи радијациони
дози во кус временски интервал. Според интензитетот на
манифестациите, се разликуваат три стадиуми на акутното
радијационо оштетување на кожата.

Radiodermatitis erytematoza (еднократно озрачување


од 4-8 Sy) се карактеризира со црвенило на кожата, кое трае
4-7 дена од озрачувањето и промените се реверзибилни, за 3-
4 недели кожата се нормализира. Често пати се јавува
транзиторно опаѓање на влакната, обично на косат или
пубичните и аксиларните влакна. По озрачувањето може да
останат пигментации на озрачениот дел од кожата.

Radiodermatitis bullosa (еднократно озрачување од 8-


12 Sy) кога се развива воспалителен инфилтрат, на
зацрвената подлога, а по неколку дена се јавуваат були,
полни со серозна течност, тие конфлуираат и прскаат, по што
остануваат ерозии. Зараснувањето-епителизацијата е
продолжена, а по зараснувањето кожата е сува и изменета.

Radiodermatitis ulcerosa (еднократно озрачување од


12-15 Sy) се развива во тек на 24 часа по озрачувањето,
кожата е топла, болна и зацрвената. Потоа се јавува оток и
улцерација со нерамно, некротично дно со дефект на ткивото.
Се развива акутна радионекроза. Заздравувањето трае повеќе
месеци; се развива трајна епилација, лузни и контрактури со
депигментации на кожата.

 Хроничен радијационен синдром (ХРС)

116
Хроничен радијационен синдром е збир од
симптоми и знаци кои се последица на повеќекратни мали
дози на јонизирачко зрачење на две или повеќе
радиосензитивни ткива. Хроничниот радијационен синдром
се среќава најчесто токму кај професионално експонираните
работници како резултат од екстерна, интерна или
комбинирана радијација.

Хронична радијациона болест, настанува во


услови на долготрајно, повторувано озрачување на целиот
организам со мали дози јонизирачко зрачење и се
манифестира со неспецифични симптоми и знаци, какви што
се: замор, премаленост, нарушен сон, брадикардија,
хипотензија и др.

Хронични ефекти на јонизирачкото зрачење:

- Кожа - најчестите промени при долготрајната


експозиција на јонизирачкото зрачење се од локален
карактер, а се јавуваат, пред сî на кожата.
Хроничен радиодерматит е хронично оштетување
на кожата предизвикано од јонизирачко зрачење.
Локализацијата на промените зависи од изложеноста на
радијацијата. Се разликуваат повеќе форми:

- кутани дистрофии - тука спаѓаат атрофија,


хиперпигментација, десквамација, хиперкератоза, крустозни
и папиломатозни промени;
- тардивни радионекрози - се подоцнежни промени
на кожата кои покрај кутаните дистрофии, ги вклучуваат и
кожните дефекти во вид на торпидните улцерации.
- карциноми на кожа - малигни промени на кожата
(планоцелуларен карцином, базоцелуларен карцином) кои
најчесто се јавуваат по долгогодишна експозиција на
јонизирачко зрачење.

- Скелет - Како резултат од хроничните ефекти на


јонизирачкото зрачење, на коските се јавуваат некротични
промени-радиоостеонекроза, но и малигни процеси каков
што е остеосаркомот.
117
- Крв и хематопоеза - кај експонираните индивидуи,
најчесто се јавуваат промени во крвните клетки и тие
промени се еден од најосетливите биолошки индикатори на
ефектите на радијацијата. Може да се регистрира
леукопенија, но и леукоцитоза, со лимфоцитоза,
еозинофилија и сл. Лимфоцитите се најосетливи од сите
видови крвни клетки. Се јавува анемија, тромбоцитопенија и
различни видови крвавења. Посебно значење има
леукемогениот ефект на јонизирачкото зрачење со појава на
акутни или хронични леукемии од различен тип.

- Репродуктивни органи - половите клетки се меѓу


најосетливите клетки на ефектите на радијацијата. Кај жените
често се јавуваат нарушувања на менструалниот циклус,
метрорагии, дисменорагии, како и стерилититет.
Озрачувањата на овариумот со доза од 3Sy може да
предизвика привремен стерилитет. Машките гонади се
поосетливи на ефектите на радијацијата; се јавува
намалување на бројот на сперматозоидите и се нарушува
нивната подвижност. Но, особено важна е осетливоста на
ембрионот, кога јонизирачкото зрачење може да доведе до
тешки соматски малформации на плодот.

- Респираторен систем - се развиваат инфламаторни и


фиброзни процеси на белите дробови. Можна е појава на
малигни тумори на белите дробови.

- Очи - јонизирачкото зрачење во услови на


професионална експозиција, може да доведе до заматување
на леќата, која е радиосензитивно ткиво, и до појава на
катаракта. Овој специфичен ентитет е вклучен во актуелната
Листа на професионални болсти на Р. Македонија од 2004
год.

- Генетски ефекти - треба да се нагласи


радиосензитивноста на генетскиот материјал, за кој се вели
дека нема дозволена доза на радијација, затоа што и
најмалата доза може да доведе до несакани генетски ефекти,
а и генетскиот ефект на зрачењето е кумулативен (дози

118
примени во тек на целиот животен век). Јонизирачкото
зрачење ја нарушува синтезата на нуклеинските киселини,
доаѓа до оштетување на ДНК. Хромозомите се менуваат
(ацентрични, прстенести, транслокации, делеции и др.). Се
јавуваат мутации кои може да бидат соматски и
герминативни . Соматските мутации се случуваат во
соматските клетки во кои се нарушува синтезата на
протеините и кои може да доведат до малигни промени,
односно карциноми. Герминативните мутации се пренесуваат
на потомството и може да се манифестираат и по многу
генерации.

- Малигни промени (професионален канцер) -


јонизирачкото зрачење е силен канцероген агенс. Мутациите
индуцирани со зрачењето доведуваат до создавање на клон
малигни клетки кои понатаму може да се развијат во малигни
тумори. Професионалните карциноми предизвикани со
професионална експозиција на јонизирачко зрачење најчесто
се јавуваат на хематопоезниот систем (леукемии), штитната
жлезда (аденокарцином), респираторниот систем
(аденокарциином), кожата (планоцелуларен и базоцелуларен
карцином, фибросарком) и коските (остеосарком).

 Дијагноза на ХРС

Дијагнозата се поставува со дефинирање:

- на оштетувања на радиосензитивните органи (број на


ретикулоцити, леукоцитна формула, време на крвавење,
ензими на леукоцити, морфолошка анализа на гранулоцитите
и лимфоцитите и цитогенетски анализи на лимфоцити-
хромозомски аберации),
- позитивна работна анамнеза со специфична
експозиција,
- индикатори на дозиметријата.

Превенција. Врз основа на светски признатите норми


за заштита од јонизирачко зрачење, во согласност со
препораките на Меѓународната комисија за заштита од
зрачење (International Commission on Radiological protection -

119
ICRP) и постојната национална законска регулатива во
областа, регулирана е и заштитата од јонизирачко зрачење во
услови на професионална експозиција и предвидени се
соодветни мерки за превенција.

Под надзор се ставаат:

- изворите на јонизирачко зрачење, какви што се:


уредите за производство на јонизирачко зрачење, Рдг
апаратите, реакторите, радиоактивните руди, природните и
вештачки радиоизотопи, радиоактивниот отпаден материјал и
др.;
- зградите и просториите каде има јонизирачкото
зрачење;
- лицата експонирани на јонизирачкото зрачење;
- материите коишто се изложени на јонизирачко
зрачење.

Заради заштита од јонизирачкото зрачење, се


промовираат три основни правила:

1. да се работи што е можно побрзо во зоната на


зрачењето,
2. да се работи што подалеку од изворите на
зрачењето (максимално
да се зголеми растојанието),
3. да се работи со сите мерки на заштита кои се
пропишани.

Заштитата од јонизирачкото зрачење на


професионално експонираните работници треба да ги
вклучи следните принципи:

 Претходна евалуација со проценка на


професионалниот ризик од јонизирачко зрачење кај
експонираните работници, како и имплементација на
оптимизација (најдобрите решенија) на радиолошката
заштита за сите работни услови.

120
 Класификација на работните места во различни
подрачја, според проценката на очекуваните годишни
дози и можноста и големината на потенцијалните
експозиции.
 Класификација на работниците во однос на
карактеристиките на професионалната експозиција на
јонизирачкото зрачење.
 Имплементација на контролните мерки и мониторинг
на јонизирачкото зрачење во работната средина и по
потреба индивидуален мониторинг.
 Превентивни медицински прегледи на професионално
експонираните работници.

Посебен интерес во рамките на медицинската


екологија претставува заштитата на општата
популација (населението во целост) од штетните
ефекти на јонизирачкото зрачење, што е посебно
законски регулирано. Заштита на населението се
спроведува со мониторинг на животната околина -
континуирано следење на радиактивноста на водата,
воздухот, почвата и прехранбените производи. Тоа
овозможува пресметување на просечната ефективна доза
за население за одреден временски период која не смее да ги
надмине пропишаните законски лимити.

Мониторинг на јонизирачкото зрачење во


работната средина и индивидуален мониторинг

 Мониторинг на јонизирачкото зрачење -


дозиметрија во работната средина

Проценка на професионалниот ризик и класификација


на работните места зависи од резултатите добиени со
мониторингот на јонизирачкото зрачење во работната
средина. Мониторингот во работната средина се спроведува
со мерења на надворешната радијација, со одредување на
природата и квалитетот на јонизирачкото зрачење, како и со
мерења на концентрацијата на радиоактивните супстанции

121
во воздухот или нивната густина на контаминираните
површини, со одредување на нивните физички, хемиски и
радиолошки карактеристики. Овие мерења се вршат со
јонизациони комори, специјални т.н. пропорционални
бројачи, Гајгер-Милеровите бројачи и сл.
Овие инструменти се користат за дозиметрија на
јонизирачкото зрачење во работната средина, и тоа за
детекција на јонизирачкото зрачење, мерење на
експозиционата доза и нејзината јачина, мерење на
апсорбираната доза и нејзината јачина на рендген и гама
зрачење и др. Во случај на прекумерното озрачување се
засилуваат заштитните ѕидови, се ограничува времето на
престојот во радијационите зони, а во акцидентални ситуации
се спроведува евакуација и деконтаминација.

Индивидуален мониторинг на јонизирачкото


зрачење - лична дозиметрија

Индивидуалниот мониторинг на јонизирачкото


зрачење се базира на индивуалните мерења на
професионално експонираните работници со дозиметри кои
се под контрола и надзор на соодветни официјално назначени
служби или агенции.
Со помош на личен дозиметар, преку измерената
апсорбирана доза, се проценува ефективната доза на
експонираната индивидуа и се споредува со дозволените
стандарди. Индивидуалниот дозиметар работникот го носи
најчесто на градниот кош (меѓу крстот и рамото), а
дозиметријата се спроведува на местата каде постои
највисоко ниво на експозиција на јонизирачкото зрачење.
Овие индивидуални дозиметри се употребуваат за
долготрајно следење (long-term monitoring) и се најчесто
термолуминисцентни или оптички стимулирани
луминисцентни дозиметри (слика 7). Денес веќе се напушта
употребата на дозиметрите.

122
Слика 7. Личен дозиметар

Достапно на: http://www2.aloka.co.jp/images/product/radiation/


(14.12.2009)

Измерените индивидуални дози треба да бидат


доставени до одговорните здравствени служби (односно
одговорниот доктор специјалист по медицина на трудот) кои
треба да го одредат нивото на превентивните мерки за
реализација. Индивидуалните дозиметри се корисни во
контролата на радијацијата и се вистински доказ за постоење
или непостоње на јонизирачко зрачење во услови на
професионална експозиција.

Технички мерки за заштита. Техничките мерки за


заштита од колективен тип се однесуваат на осигурување
на безбедноста на изворите (отворени и затворени) на
јонизирачко зрачење. Точно се пропишани условите за
објектите и просториите во кои се сместени изворите на
зрачењето. Тука се вклучуваат: заштита на апаратурата,
поставување заштитни екрани, ѕидови со дополнителна
заштита, заштитен материјал, поставување заштитни
бариери, користење кабини, работа со камери и примена на
сигурносни системи.
Технички мерки за лична заштита се задолжителни
и се разликуваат во зависност од видот на радиоактивната
емисија на изворот. При работа со извори кои емитираат икс,
гама и рендген зрачење се користат лични заштитни

123
средства: ракавици, престилки, мантили, очила, штитници и
сл., со оловен еквивалент со соодветна пропишана дебелина.
При работа со отворени извори на јонизирачко зрачење
најважна е личната хигиена и механичка деконтаминација; по
потреба носење маски со или без филтер како задолжителна
обука и тренинг за правилна работа.

Медицински мерки на заштита. Медицинските


мерки на заштита се елементи на мониторинг на лица
професионално изложени на јонизирачко зрачење. Во
согласност со законските прописи, тука спаѓаат претходни и
периодични медицински прегледи, контролни и вонредни
прегледи на професионално експонираните работници. Во
рамките на превентивните прегледи посебно внимание се
посветува на хематопоезата, крвните клетки (особено
ретикулоцити, леукоцитната формула, лимфоцити и др.) и
лимфните жлезди, респираторниот и кардиоваскуларниот
систем, очите, репродуктивниот систем, и секако генетските
промени-хромозомските аберации.
Во зоната на зрачење не треба да работат лица
помлади од 18 години, бремени жени, лица болни од малигни
болести, лица со хематолошки заболувања, ендокрини,
психијатриски, кожни болести, катаракта и туберкулозата.

Законски мерки. Законските мерки легислативно ги


уредуваат условите на работа, мерки за заштита од
јонизирачко зрачење од сите аспекти, како и контрола и
надзор над нивото и ефектите од јонизирачкото зрачење. Со
Листата на професионални болести на Р. Македонија од 2004
год. дефинирани се професионалните оштетувања на
здравјето од јонизирачкото зрачење кај експонираните лица
кои, од легислативен аспект, се сметаат за професионални
болести. Посебно значење во заштита и промоција на
здравјето на работниците професионално експонирани на
јонизирачкото зрачење имаат обезбедувањето на соодветна
информација, тренингот и обуката на вработените и
работодавачите, што е и законска обврска.

Приказ на клиничко истражување

124
Приказот се однесува на клиничко-епидемиолошкото
истражување изведено во Германија кон крајот на
минатиот век во кое биле вклучени здравствени работници
професионално експонирани на јонизирачко зрачење во
рамките на максимално дозволените дози. Со оглед на тоа
што штитната жлезда е потенцијално целен орган за
оштетувања предизвикани од јонизирачкото зрачење, во
оваа студија е испитуван ефектот на професионалната
експозиција врз преваленцијата на автоимуното
оштетување на штитната жлезда. Автоимуното
оштетување на штитната жлезда било дефинирано како
ултразвучен наод на хипоехогеност на жлездата придружен
со вредности на антипероксидазните антитела во крвта
повисоки од 200 U/L. Контролната група ја сочинувале лица
кои никогаш не биле експонирани на јонизирачко зрачење
комплементарни со експонираните лица според пол и
возраст. Кај експонираните жени е регистрирана
сигнификантно повисока преваленција на автоимуното
тироидно оштетување во споредба со неговата
преваленција кај неекспонираните жени (P < 0.05). Кај
експонираните и неекспонираните мажи била регистрирана
слична преваленција на автоимуното тироидно
оштетување, со тоа што кај експонираните мажи
преваленцијата на ултразвучниот наод на хипоехогеност на
штитната жлезда била на границата на статистичка
сигнификантност во споредба со онаа кај неекпонираните
мажи (P = 0.08). Кај експонираните лица од двата пола била
регистрирана сигнификантна поврзаност на тироидното
оштетување со експозициски стаж поголем од 5 год.
Резултатите од истражувањето укажуваат на зголемен
ризик од автоимуно тироидно оштетување кај
експонираните лица и ја наложуваат потребата од строго
придржување кон примената на штитници за штитната
жлезда во текот на работата.
Достапно на: http://jcem.endojournals.org/cgi/content/full/ (14.12.2009)

Литература:

125
European Council Directive 96/29 Euratom. Basic Safety Standards
for the protection of workers and the general public against the dangers arising
from ionising radiations, 13 May 1996.

ICRP Publication 103: Recommendations of the ICRP. International


Commission on Radiological Protection (ICRP), Annals of the ICRP 2008;
37/2-4.

Kalman C. In depth review- Ionizing radiation:


overview.Occupational Medicine 2006; 56(3):155.

Milacic S. Zastita od jonizujuceg zracenja. In:Vidakovic A (ed) In:


Medicina rada. Beograd: Kolor Pres 1997; pp. 701-704.

OSHA 2005.Occupational Exposure to Ionizing Radiation - 70:


22828-22835. Достапно на: www.osha.gov/pls/ (14.04.2009).
OSHA 2008. Safety and Health Topics: Ionizing Radiation.
Достапно на: www.osha.gov/SLTC/ (16.04.2009).

Rosenstock L, Cullen MR, Brodkin CA, Redlich A. Textbook of


Clinical Occupational and Environmental Medicine. Elsevier Health Sciences,
Sec ed. 2004, NY, 855-869.

US.EPA. 2007.Ionizing radiation Fact Book. Достапно на:


www.epa.gov/rpdweb00 (17.04.2009).

126

You might also like