Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 5

Глава 1

Хомосексуалноста и Божјиот дизајн

Многумина сметаат дека Библијата, на некој начин, не го одобрува сексот.


Како тоа да е нешто што ние го откривме скришно од Бог и без Негово
одобрување. Меѓутоа, во Битие гледаме нешто сосема друго.
Всушност, Бог е Оној кој ги создаде машко и женско, и Бог е Оној кој им
заповеда „плодете се и множете се“ (Битие 1:28). Сексот е Божја идеја. Тоа не е
наш изум, туку дар од Бог. Тој не му го дари сексот на човекот како тоа да е нешто
непристојно. Бог не рече: „во ред, ајде, штом толку инсистирате...”. Тој ни даде
репродуктивен систем кој не само што врши одредена функција, туку и ни прави
длабоко задоволство. Сексот е уште еден знак на Божјата добрина.
Битие 1 и 2 ни кажува кои се двете цели на сексот. Овие поглавја даваат два
прикази за созданието, кои заедно прават една целина. Битие 1, од птичја
перспектива, го прикажува создавањето на физичкиот свет заедно со целиот
живот во него. Додека пак следната глава, односно Битие 2, дава зумирана,
односно зголемена слика на создавањето на човекот и жената.
Битие 1 зборува за тоа дека човекот е создаден по Божјиот лик и има
задача да владее со Земјата и сите живи суштества во неа. Единствената разлика
меѓу мажот и жената, во овој момент, се нивните репродуктивни органи. Со тоа
што ќе ја наполнат земјата, тие би владеале низ сите земни простори.
Но во Битие 2, разликата меѓу половите е претставена во поинакво светло.
Прво е создаден Адам, но „Не е добро за него (човекот) да биде сам“. Човекот
сам не можеше да го исполни она кое Бог го замисли за него. Решението за ова е
создавањето на жената. За разлика од животните кои Адам ги именуваше, жената
беше совршено погодна за него.
Тогаш човекот рече: „Сега најпосле, тоа е коска од моите коски, и месо
од моето месо! Нека биде наречена Жена, зашто е земена од Мажот!”
(Битие 2:23)
Жената е иста како човекот, на соодветен начин (создадена од истите нешта како
и мажот), а воедно и различна од човекот, на соодветен начин (жена, наместо
маж). Таа е различен примерок од истиот вид – иста природа, иста цел и истиот
живот. И токму ваквата комплементарност води до едно длабоко единство меѓу
нив кога најпосле ќе се сплотат (обединат) во сексуално заедништво.
Затоа човекот ќе ги остави татко си и мајка си и ќе се прилепи кон
жената своја; и (обата) ќе бидат едно тело.
(Битие 2:24)
Целта на сексот овде е да го изрази и задлабочи единството меѓу нив.
Писателот (авторот) е потполно јасен дека ова не се однесува само за Адам
и Ева. Ова не е само уште еден податок за историјата на нашето потекло. Не.
Нивната приказна се однесува за целото човештво. Овде е поставена една шема
која се повторува и во понатамошните генерации во Библијата. Затоа писателот на
крајот од оваа глава преминува (се повлекува) од нивното непосредно
опкружување за да го претстави општото гледиште: Затоа човекот ќе ги остави
татко си и мајка си и ќе се прилепи кон жената своја...
Она што се случи со Адам и Ева објаснува што се случува оттогаш.
Совршеното “вклопување” меѓу нив двајцата е основата на секој брак оттогаш до
сега. Овој запис во Библијата не се однесува само за нивното вклопување, туку за
секое брачно заедништво.
Мажот и жената станаа „едно тело“. Благодарение на само неколку
илјадници љубовни песни, овој израз „двајцата станаа едно“ звучи клише. Но, ова
не е само еден опис на страст која тие двајца ја искусуваат во пикот (врвот) на
нивното заедништво. Ова е нешто стварно и реално. Исус поучуваше дека Бог е
Оној кој соединува двајца во брак и прави едно (Матеј 19:6). Самиот Бог го прави
ова единство меѓу двајцата. Две единки се испреплетуваат во едно на: телесно,
психичко, емоционално, и духовно ниво. Бог осмислил ова да работи на ваков
начин.
И навистина, функционира многу добро. Токму овој сврзувачки ефект на
сексот прави разделбата меѓу две личности во сексуална врска да е исцрпно
болна. Човекот не е создаден за ова. Колку посилно е сврзувањето, а подоцна
раскинато, толку повеќе се намалува и нашиот капацитет за длабоко и трајно
брачно единство.
Сексуалноста на некој начин е како леплива хартија. Кога ја користиме
првиот пат, таа добро лепи. Но кога ја употребуваме по неколку пати, хартијата ја
губи својата способност да лепи. Така и ние не сме создадени за повеќе сексуални
врски. Сексот веќе не е односен (релационен), станува само фунцкионален и како
резултат, се губи задоволството во него. Обичните сексуални средби навидум
изгледаат забавни и безопасни, но всушност последиците се сериозни – празнина,
скршеност, болка. Ова не треба да нѐ чуди – сексот е наменет неповратно да
поврзи две лица.
Така, Битие 1 и 2 ни кажуваат дека Бог е за сексот, и дека сексот е за
бракот.
Како бракот се вклопува во ова?
Исусовото учење ја засилува (зајакнува) сексуалната етика од Битие 1 и 2. Секоја
сексуална помисла (активност) надвор од бракот, Исус ја карактеризира како зло:
20
И уште им рече: „Она што излегува од човекот, тоа го осквернува
човекот. 21Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли,
прељубодејства, блудства, убиства, 22кражби, лакомства, лукавства,
пакости, злоби, око завидливо, богохулство, гордост, безумство. 23Сето
тоа зло одвнатре излегува и го осквернува човекот. “(Марко 7:20-23)
Терминот што го преведуваме како „сексуален неморал“, е грчкиот збор porneia -
термин под кој спаѓа секаков вид сексуални дејствија надвор од бракот. Ова дело
Исус го нарекува зло и осквернување (обесчестување).
На друго место, Исус ја истакнува непроменливоста и уникатноста на
бракот:
3
И дојдоа кај Него фарисеите што Го искушуваа, па Му рекоа: „Може ли
човек да ја остави жената своја за каква и да било причина?“ 4Тој им
одговори и рече: „Не ли сте читале, дека Оној што ги создаде во
почетокот, маж и жена ги создаде, и рече: 5‚Затоа ќе остави човек татко
и мајка и ќе се прилепи до жената своја и ќе бидат обата едно тело.‘ 6Па
така, тие веќе не се двајца, туку едно тело. А Бог што соединил човек
да не разделува.“
Исус зборува за она што го видовме во Битие. Создадени сме машко и женско.
Човештвото е полово (родово). Ние не сме само човечки суштества, туку и мажи и
жени и тоа е така уште „во почетокот“. Така било, така ќе остане. Да, родот е
нешто што ние луѓето го толкуваме и му придаваме културолошко значење, но не
е нешто што ние го измислуваме или дефинираме. Бог така нѐ создал.
Следно, Исус ни покажува дека оваа сексуална разлика е причината поради која
постои бракот. Ние сме машко и женско: Затоа човекот ќе ги остави... Токму
затоа што сме машко и женско го имаме овој феномен – бракот. Тој се заснова на
пол и не би постоел без сексуалните разлики меѓу мажите и жените.
Токму оваа сексуална разлика е причина за длабочината на соединувањето
помеѓу мажот и жената. Ева е создадена од Адам: направена од неговото тело.
Така нивното соединување во едно тело е на еден начин повторно обединување
или спојување на она што првично било едно.
Овие вистини ни помагаат да разбереме дел од целите на бракот во
Библијата:
1. Бракот треба да одразува нешто од Божјата придода. Едно од најпознатите
нешта запишани во Стариот Завет, со цел да ги потсети верниците, е: ...Господ,
нашиот Бог, е единствен (еден) Господ... (Второзаконие 6:4). Еврејскиот збор за
„еден/единствен“ (‘ehad) којшто е употребен овде, првенствено не претставува
математички број, односно дека има еден од него, а не двајца или пет. Овој збор
се однесува на Божјата природа. Тој е Еден. Постои единство во Него. Во
Библијата гледаме дека Бог е Троедин – Татко, Син и Свети Дух. Три различни
личности. Но сето она што Троединиот Бог е, сето она што го прави и вели е во
совршено единство (целина) - едно.
Истиот збор е употребен во Битие 2:24 за да се опиши заедништвото на
мажот и жената во брак. Тие стануваат едно (‘ehad) тело. Бракот е извонредно
нешто дадено од Бог преку кое човештвото ги одразува единството и разликата
која ја гледаме во Тројството. Божјото единство не значи идентичност на трите
лица во Тројството. Тоа е единство во разликата, а не еднообразност
(едноличност/идентичност). Ова се однесува и за мажот и жената. Ваквото
единство во разликите настанува кога мажот и жената се обединуваат.
Истото не важи за геј сексот. Двајца мажи или две жени не можат да станат
едно тело. Не можат да бидат едно (‘ehed) на начинот на којшто Бог е едно и на
начинот на којшто мажот и жената се едно. Тие може да имаат некакво единство,
но не такво какво што е единствено возможно во хетеросексуалниот брак. Ова не
значи дека посветеноста и верноста не можат да бидат присутни во геј врска, или
дека овие вредности постојат само во хетеросексуална врска само поради
хетеросексуалноста на парот. Познавам геј парови кои имаат впечатлива
(импресивна) посветеност и лојалност, а исто така познавам и хетеросексуални
бракови кои пропаѓаат. Прашањето не е во чувствата на посветеност меѓу двајца
луѓе, туку во заедништвото кое Бог им го дава на мажот и жената кога тие физички
стануваат едно. Токму оваа комплементарност е основата за бракот. Без разлика
дали се разликуваме во темпераментот, типот на личноста, културата, потеклото,
во крајна линија спојувањето машко-женско е единствениот начин преку кој се
доаѓа до едно тело.
2. Оваа заедница на едно тело е осмислена така што Адам и Ева би ја
исполниле Божјата заповед: „...плодете се, и множете се, и наполнете ја
земјата...“ (Битие 1:28). Од оваа заедница меѓу мажот и жената настанува
можноста за нов живот – децата. Ова е одразено во старозаветната книга на
Малахија: „Зар Тој не направи да бидеш едно тело и еден дух со неа? И што
сакаше Тој со тоа?“ (Малахија 2:15). Размножувањето не е единствената цел на
бракот (оние кои не можат да имаат деца не се помалку во брак поради тоа), но
јасно е дека потомството е наменето да се вкорени во бракот.
3. Бракот не е наменет само да одразува нешто од Божјата природа. Исто така,
има за цел да ја одрази благодатта што Бог ја покажува на својот народ во Христа:
31
„Поради тоа, човекот ќе го остави својот татко и мајката своја, и ќе
се придружи кон жената своја, та обајцата ќе бидат едно тело.“ 32Оваа
тајна е голема. Но јас ви зборувам за Христос и за Црквата. (Ефесјаните
5:31-32)
Павле вели дека бракот е поврзан со односот што Исус го има со Црквата. Таа
исто така е едно обединение (унија) помеѓу две различни, но комплементарни
единки, односно единки кои се надополнуваат. Црквата не е како Христос, но и
Христос не е како Црквата (прекрасна вистина со оглед на несовршеностите на
црквата). И затоа што Исус се разликува од Неговиот народ, Тој може да ги
привлече кон себе, да им се заложи и да ги обедини со Него. Бракот меѓу мажот и
жената е одраз на овој врвен, небесен брак меѓу Христос и Неговиот народ.
Ова е една од причините поради кои христијаните не дозволуваат бракот да
се дефинира на таков начин што би ги вклучил и геј паровите. Маж и маж, или
жена и жена, не можат да го одразат соединувањето на Христос и црквата;
наместо тоа, тие само ги одразуваат Христос и Христос, или црквата и црквата.
Библијата е единствената основа според која Христијаните треба да се раководат
и да размислуваат за целото прашање околу сексуалноста во денешницата.
Учењето во Битие, поткрепено и дообјаснето (проширено) од Исус, е дека сексот е
добар дар кој Бог го дал исклучиво за брак, а за бракот да ги исполни Божјите
цели, мора да биде помеѓу еден маж и една жена.
Сето ова покренува едно огромно и итно прашање: каде се вклопува
хомосексуалноста во сето ова?

You might also like