Zagaduvanje Na Vozduhot

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 7

Нема ништо подобро од тоа наутро да го отворите прозорецот и да вдишете чист и

свеж воздух, но колку е чист воздухот што го вдишуваме сега? Иако деновиве е
очигледно загадувањето, понекогаш не можете да ја процените загаденоста од тоа
што го гледате пред вас. Според Светската здравствена организација, годишно
умираат околу 2 милиони луѓе како последица од загадувањето.

Што претставува загадувањето на воздухот?

Загадувањето на воздухот може да биде дефинирано како присуство на токсични


материи и хемикалии во воздухот, и тоа во количество што претставува ризик за
здравјето. Воздухот е речиси целиот составен од само 2 гаса, 78% азот и 21%
кислород, и неколку други гасови, како јаглероден диоксид, кои ги има во мал
процент. Разликата помеѓу безопасното присуство на некој гас и загадување со
истото е концентрацијата на тој гас во воздухот. На пример, јаглеродниот диоксид
има концентрација помала од 0,05%, но воздухот со 5% јаглероден диоксид е
отровен и може да ве убие.

Причина за загадување на воздухот


Загадувањето е можеби најсериозниот проблем со кој се соочува нашата
цивилизација. Најчесто тоа е предизвикано од човечки активности како рударство,
градење, транспорт, индустрија, агрикултура и слично. Секоја активност која
вклучува согорување, користење хемикалии и/или произведување многу прашина
придонесува за загадувањето на воздухот. Модерното загадување најчесто е од
сообраќајот, иако и електраните и фабриките сè уште придонесуваат за
зголемување на проблемот. Постојат и природни загадувачи на воздухот, како
вулкански ерупции и пожари, но тие се многу ретки.

Кои гасови загадуваат најмногу?


Секој гас може да се квалификува како загадувач ако неговата концентрација му
штети на здравјето. Ова значи дека постојат многу гасови кои може да бидат
одговорни за загадувањето, но следниве 10 се најчести.

1. Сулфур диоксид
Јагленот, нафтата и другите горива често се нечисти и содржат сулфур, како и
некои органски соединенија. Кога сулфурот согорува со кислородот, се добива
сулфур диоксид. Електраните кои работат на јаглен се најголеми производители и
најголеми загадувачи со овој гас.

2. Јаглероден моноксид
Овој гас се формира кога горивата немаат доволно кислород за целосно да согорат.
Најчесто настанува од автомобилите, а може да се наталожи и во вашиот дом.

3. Јаглероден диоксид
Овој гас обично не се смета за загадувач. Ние издишуваме јаглероден диоксид кој
пак растенијата го користат за „дишење“. Сепак, и овој гас е стакленички и може да
се создаде од мотори и електрани. Од почетокот на Индустриската револуција,
јаглеродниот диоксид се таложи во атмосферата на Земјата и придонесува за
проблемот со промената на климата.

4. Азотни оксиди
Загадувањето од азот диоксид и азот оксид потекнува од моторите на возилата и
електраните. Тој е одговорен за формирањето кисел дожд, озон и смог.

5. Испарливи органски соединенија


Овие хемикалии испаруваат лесно на секојдневна температура, па стануваат гасови.
Најчесто се користат во боите кои ги користиме во домот. За жал, и тие се
одговорни за загадувањето на воздухот и можат да остават долготрајни последици
кај луѓето.
6. Честички
Честичките се виновни за потемнувањето на зградите и тешкотиите во дишењето.
Нивната големина е различна и најчесто се последица од сообраќајот.

7. Озон
Озонот, познат и како трикислород е вид кислороден гас. Во стратосферата, тој нè
штити од ултравиолетовото зрачење на сонцето. Но на ниво на земјата може да
предизвика сериозни проблеми со здравјето.

8. Хлорофлуорокарбонати
Некогаш се сметале како безопасни, па овие гасови се користеле во ладилниците.
Подоцна се открило дека му штетат на озонот на Земјата.

9. Несогорени јаглеводороди
Нафтата и другите горива се направени од органски соединенија кои содржат
јаглерод и водород. Кога правилно се согоруваат тие се претвораат во безопасен
јаглероден диоксид и вода. Но, кога согорувањето не е целосно тие испуштаат
јаглероден моноксид или остануваат во воздухот создавајќи смог.

10. Олово и тешки метали


Оловото и другите токсични тешки метали може да се рашират низ воздухот како
отровни соединенија или како аеросоли.

Кои се последиците од загадувањето на воздухот?

Последици врз здравјето


Загадувањето има влијание на здравјето на животните, луѓето, растенијата, или на
кратко на сите живи организми. Во зависност од степенот на изложување, како и
видот на загадувачот, последиците може да бидат разни – од кашлање и иритација
на дишните патишта, па сè до астма и хронични заболувања на белите дробови.
Покрај тоа може да се појават проблеми со кожата, како и некои видови рак. Некои
луѓе сметаат дека 10% до 20% од сите случаи на рак се предизвикани од некаква
форма на загадување. Според Светската здравствена организација, загадувањето на
воздухот е најголемиот убиец. Најчесто смртта како последица од загадувањето се
случува во земјите во развој, но и во индустриски богатите држави.

Последици врз агрикултурата


Едно од нештата кои го обележаа 20-тиот век е порастот на индустриската
агрикултура. Почнаа да се користат секакви вештачки ѓубрива и хемикалии за да се
зголеми производството. Но, ова не се единствените хемикалии на кои се изложени
растенијата. Загадувањето на воздухот (но и на водата) може значително да влијае
на производството. Се очекува зголеменото ниво на јаглероден диоксид во воздухот
да има многу лошо влијание врз растенијата и агрикултурата во целиот свет.

Други последици
Кога шетате низ град, сигурно имате забележано дека многу градби се потемнети,
особено ако сте во загадено место. Најчесто причината за ова се издувните гасови
од возилата. Но тоа не е единствената штета, овие издувни гасови може да
предизвикаат и кисел дожд.

Загадување во домот

Ако живеете во (загаден) град, сигурно мислите дека вашиот дом е најчистото место
во него. Но реалноста е дека вашиот дом е полн со разни хемикалии кои го
загадуваат воздухот секој пат кога ги користите. Дел од овие хемикалии се:
 Детергентите и средствата за чистење се само некои од секојдневните производи
кои предизвикуваат загадување.
 Ако се греете на гас, јаглен или дрвја а немате добра вентилација, можете да
бидете изложени на јаглероден моноксид.
 Изненадувачки, но и цевките за вода можат да бидат причина за загадување на
воздухот во домот. Секогаш кога загревате вода (на шпорет, во бокал или во
бојлер) може да испарат заробени испарливи органски соединенија.
 Дури и вашата завеса во тоалетот може да испушта испарливи органски
соединенија ако е направена од пластиката ПВЦ.
 Ако во зградата имате вентилација, голема е веројатноста воздухот кој влегува
во вашиот дом да доаѓа од домовите на другите.
Што можете да направите за да го намалите загадувањето?

Борбата против загадувањето е комбинација од технолошки решенија, закони и


регулации, како и менување во однесувањето на луѓето. Што можете вие да
направите за да влијаете на загадувањето?

1. Штедете енергија
Веќе спомнавме дека електраните предизвикуваат загадување, па колку помалку
електрична енергија користите, толку повеќе придонесувате во намалување на
загадувањето. Одберете сијалици кои штедат енергија, користете лаптоп наместо
компјутер, сушете ја облеката надвор и топлотно изолирајте го вашиот дом.

2. Штедете вода
Производството на чиста вода бара енергија, па штедењето вода е уште еден добар
начин да го намалите загадувањето.

3. Откажете се од автомобилот
Понекогаш навистина е потребно да го возите вашиот автомобил, но секогаш кога
можете користете јавен превоз или велосипед. Сообраќајот е најголемиот извор на
загадувањето, па особено е важно да го избегнувате автомобилот кога воздухот е
навистина загаден.
4. Не палете оган на отворено
Огнот на отворено е едно од најсебичните нешта кои можете да ги направите за
вашето соседство. Знаевте ли дека чадот од огнот на отворено содржи 350 пати
повеќе канцерогени хемикалии отколку чадот од цигара?

5. Не горете го ѓубрето
Секогаш кога ќе запалите пластика, вие ослободувате многу отровни материи во
воздухот, голем дел од кои инстантно ги вдишувате.

6. Не користете пестициди
Ако имате градина, немојте да користите хемикалии. Постојат еколошки начини да
се ослободите од штетниците од вашите растенија.

7. Намалете со хемикалиите
Дали навистина мора да користите освежувач за воздухот? Можеби просторијата ќе
мириса убаво, но ќе биде хемиски загадена. Размислете дали навистина имате
потреба од многуте хемикалии кои ги купувате и користите. Обидете се најдете
„зелена“ алтернатива.

8. Рециклирајте
Секогаш кога можете користете ги работите кои веќе ги имате наместо да купувате
нови.

9. Не пушете
Цигарите содржат никотин кој создава зависност. Тие предизвикуваат разни
здравствени проблеми, но можат да бидат причина и за локално загадување на
воздухот.

You might also like