Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Почитувани,

По повод одбележување на Светскиот ден на штедењето – 31


октомври Народната банка на Република Северна Македонија објави литературен
и ликовен КОНКУРС за учениците од основното и средното образование на
интернет-страницата на Народната банка. Правилата на конкурсот, темите и
начинот за учество и достава на творбите се наоѓаат на следната е-
врска https://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-konkurs-za-ucenici-od-osnovnoto-i-
srednoto-obrazovanie-po-povod-svetskiot-den-na-stedeneto-31-oktomvri-
02102023.nspx. Ве охрабруваме вашето училиште да земе учество на конкурсот.

Во оваа прилика ве информираме и дека продолжуваме со едукативни


презентации и посети за учениците од основните и средните училишта коишто
традиционално се организираат повеќе од една декада во Народната банка
на Република Северна Македонија.

Програмата за посета вклучува:

- Едукативна презентација во времетраење од 30 минути и

- Посета на Музејот на Народната банка и музејска едукација во


времетраење од 30 минути.

Посетите и едукативните презентации на Народната банка, ќе се реализираат од


понеделник до петок во 10 и во 12 часот во тек на учебната 2023/24 година.

Финансиската едукација е од голема важност за младите со цел да ги подобрат


нивните вештини за управување со личните финансии и финансиските производи
и услуги. Доколку вашето училиште е заинтересирано за посета на Народната
банка, ве молиме да одберете една од предложените теми за предавање: Да се
запознаеме со Народната банка; Лични финансии; и Платежни инструменти –
Современи начини на плаќање, како и да изберете и датум и термин во кој би
сакале да се реализира посетата или е-предавањето.

Доколку постои интерес за едукативно предавање и/или посета и на изложбата,


која би била организирана во присуство на кустосите од Музејот, ве молиме
изразете го тоа во ФОРМУЛАРОТ кој што е достапен на интернет-страницата на
Народната банка на следната врска https://www.nbrm.mk/baranje-za-e-predavanje-
fin-edu.nspx како и во прилог кон оваа порака.
Пополнетиот формулар ве молиме да го доставите на следната е-
пошта: edukacija@nbrm.mk.

Народната банка ги спроведува овие активности во доменот на финансиската и


музејската едукација, со цел да ја приближи институцијата до учениците за
доменот на делување на институцијата, нејзината улога, значењето што го има во
домашната економија и значењето на културното наследство.

Доколку имате прашања ве упатуваме да не контактирате на телефон 02/3108-532


и 02/3108-111.

Со почит,
Народна банка на Република Северна Македонија

You might also like