Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Дејвид Величковски

Антички поетики

Афродита – божицата на убавината

Афродита е божица на љубовта, убавината и плодноста. Значењето на нејзиното име е


непознато, иако старите Грци верувале дека тоа се однесува на пената од која е “родена”.

Афродита, според старото предание, кое го застапувал Хомер, била ќерка на Зевз и
Диона; а според поновото предание, по кое се придржува Хесиод, Афродита била родена
од морска пена. Таа била создадена кога бесниот Крон, кој се криел во сенките на мракот,
наеднаш излетал и му ја отсекол главата на Уран и ја фрлил во океанот. Спојката помеѓу
крвта и плодната материја на Уран со пената од океанот, направило тоа таа да се “роди”.

Афродита била најубавата божица на Олимп, иако сите се противеле за тоа. Парис кој ѝ
го дал златното јаболко направило уште повеќе скандали околу нејзината убавина и моќ.

Божицата на убавината, љубовта и плодноста, Афродита, поседувала, односно ѝ било


дадено, како подарок од нејзините учители кои ја учеле како да се однесува покрај
Боговите – магичен појас. Таа со тој појас имала моќ да ги заслепи останатите Богови или
луѓе со нејзината убавина. Доста често тоа Афродита го користела. Таа била толку
проблематична што ја предизвикала и најголемата војна во историјата на тоа време.

Афродита била една од најбунтовните богови на, а и надвор од Олимп. Го придонела


бркањето на богот на војната Арес од Олимп со тоа што спиела со него додека била во
брак со Хефес. Тој откако открил, ги заробил со неговата направена бронзена тенка жица
во нивниот кревет, и како казна, а и како начин на ослободување, биле протерани од
Олимп.

Но тоа не ja спречила Афродита да продолжи со нејзините измами. Правела куп други


работи од кои вешто знаела да се извлече. Но, како најголема последица од нејзината
желба и моќ за убавина ја предизвикала најголемата, најсмртната и најболната љубовна
војна во историјата на нејзиното “постоење” – Тројанската војна, со која е и обележана
нејзината страна, односно страната на Парис, синот на кралот на Троја.

Антички поетики проф. д-р Владимир Мартиновски


Дејвид Величковски

Антички поетики проф. д-р Владимир Мартиновски

You might also like