План за реализација на практичната настава за студиската група Англиски
јазик и книжевност за академската 2023/2024
V семестар
Согласно програмата за педагошка практика за оваа студиска група, во петти
семестар предвидено е студентите, еднаш седмично, согласно распоредот, да набљудуваат наставни часови по англиски јазик во текот на целиот семестар. За време на набљудувањето на наставата, тие ќе се служат со однапред подготвени протоколи за следење на наставата кои ќе бидат потпишани од страна на наставниците-ментори во училиштето. Ова набљудување е планирано да се реализира во ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, преку следење на настава по предметот англиски јазик и во одделенска и во предметна настава.
VII семестар
Согласно програмата за педагошка практика за оваа студиска група, во седми семестар
предвидено е студентите, еднаш седмично, согласно распоредот, да следат настава под менторство на наставници-ментори во СОУ „Таки Дасалот“ – Битола, и под надзор и со насоки на менторот да се вклучат во наставата.