Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Идеалистички подвиг во реалниот свет 1

Поимот идеализам е често поврзуван со поимите романтизам, мечтаење и возвишени идеали.


Идеалистите се луѓе кои не го гледаат светот како само црно и бело. Тие се тие кои што го гледаат
сивото меѓу редовите на човечкиот пат. Тие се ќуѓе исполнети со надеж за подобро утре. Според
нив нашата општа реалност се ссодветствува на она што ќе го научи,е и посакаме. Често овие луѓе
се опишувани од страна на општеството како личности со нереален поглед на светот.

Според мене идеализмот е тој што ни дава надеж дури и во безнадежни ситуации. Ни дава поттик
да продолжиме напред, иако звучи сулудо и нереално понекогаш е токму тоа што ни треба. Не
прави да мечтаеме и веруваме во невозможното, вадејќи ја нашата детска будалеста страна. Со
тоа, ова идеалистичко, нереално мечтаење не води во непромислени авантури и херојства какви
што неможеме да замислиме. Не води кон битки со предмети, во измислени земји на измислени
места кои се кријат во редовите на една црно-бела печатена книга. Не прави да веруваме во
доброто како и тоа дека ќе ја имаме цилата и моќта да го победиме секое зло кое се наоѓа на овој
свет. Ја отвара нашата фантазија за непромислени херојства, бескрајни можности ставајќи не во
самиот центар на сите наши приказни. А тука, ние сме нараторите, тие кои што го кажуваат текот
на наштие авантури. Но, во одреден момент, како и секоја фантастична приказна згаснува нашата
авантура. Доаѓаме во таков огромен судир со реалноста во која работите не се одвиваат така.
Повторно сме во ладниот и мрачниот свет во кој злото сеуште тлее и не заминува и повторно се
соочуваме со истите секојдневни проблеми.

На крај доаѓаме до истиот заклучок одново и одново. Идеалистите ќе продолжат да мечтаат и


живеат во своите фантазии косејќи се со реалниот свет. Нивните херојства и небројни авантури
нема да одат подалеку од нивните фантазии и таму ќе останат. Сепак ако би ме прашале мене што
мислам за оваа филозофија на животот би го рекла следново: Реалниот свет не е спременза
бујната и раскошната фантазија на овој свет.

You might also like