физиологијана растенијата

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 8

ФИЗИОЛОГИЈА НА РАСТЕНИЈАТА

Физиологијата на растенијата ги проучува сите процеси и појави што се случуваат


во растителниот организам.
1) ВОДЕН РЕЖИМ НА РАСТЕНИЕТО
Под воден режим на растението се подразбира, патот на водата од околната
средина, патот на водата низ растението, испуштање на водата од растението во
надворешната средина и учество на водата во сите физиолошки процеси што се
случуваат во растението.
Односот на водата помеѓу примената и испуштената вода на растението е познат
како воден баланс на растението. Примањето на вода во растението зависи од:
А) кореновиот систем
Б) физичките својства на почвата
В) типот на водата во почвата - во почвата водата се среќава во три вида и тоа како
гравитациона вода која ги исполнува празнините на почвата, капиларна вода и ги
исполнува потесните простори на почвата т.е. капиларите и хигроскопска вода која
ги обвиткува честичките на почвата и не им е достапна на растенијата.
2) Примање на вода во растението
Растенијата кои немаат коренов систем, водата ја примаат со целата површина
( алги, мовови), вишите растенија имаат добро развиен коренов систем и водата од
почвата ја примаат преку кореновите влакненца. Спреведувањето на водата до сите
надземни делови се извршува преку ксилемските спроводни елементи__трахеи и
трахеиди.
Способноста на растителните клетки да впиваат вода се вика сила на цицање
Кај водните растенија водата е достапна во секој момент и тие растенија лесно се
снабдуваат со вода, меѓутоа кај сувоземните растенија водата е ограничена и се
зема само од едно место а тоа е почвата. Затоа кај овие растенија силата на цицање
е важен фактор.
Примањето на вода од почвата се изведува на два начини:
а) активно примање кое е условено од повеке фактори од кој најзначајни се
осмотскиот притисок и метаболитичките процеси
б) пасивно примање се заснова на физички принципи како резултат на
намалување на водата што се случува при интензивна транспирација на растението.
Движењето на водата низ растителните клетки ја овозможува разликата на
водата во клеточниот ѕид, вакуолата и меѓуклеточните структури
2) Спроведување на водата во растението
Спроведувањето на водата низ растението се врши на два начини и тоа преку
спроводни елементи за вода и надвор од тие елементи.
Спроведувањето на водата преку трахеите и трахеидите е многу брзо и водата се
спроведува од коренот до листот.
Спроведувањето на водата надвор од спроводните елементи е многу бавен процес
со релативно мала брзина на движењето на водата од една во друга клетка.
Спроведувањето на водата низ спроводните елементи се врши во присуство на
следниве сили __кореновиот притисок, кохезионите сили и транспирацијата.
Главна и двигателна сила во спроведувањето на водата преставува
ТРАНСПИРАЦИЈАТА
3) Испуштање на вода од растението
Испуштање на вода во облик на водена пара од растението се вика
ТРАНСПИРАЦИЈА
Испуштањето на водата трае се додека не се изедначи притисокот на водената пара
во воздухот и во клеточниот зид.
Транспирацијата може да биде
а) Стоматална најчесто транспирацијата се врши преку стомите.Испуштањето на
вода се врши само кога тие ке бидат отворени.оваа транспирација е процес кога
водата се наоѓа во меѓуклеточните простори на мезофилот од листот и оттаму
дифундира кон отворите на стомите во надворешната средина
б) Кутикуларна транспирација тоа е процес што не го регулира растението и се
одвива кога се затворени стомите на растението,во отсуство на стоматална
транспирација.За да се заштити растението од оваа транспирација ја задебелува
кутикулата или образува восочна обвивка за да се заштити прекумерното загревање.
В) Лентицеларна транспирација тоа е процес на испуштање на вода преку
лентицелите и оваа транспирација е најслаба.
5) Фактори на транспирација
Транспирацијата зависи од повеке фактори како што се: Светлина, при светлина
стомите се отвораат а на темно се затвораат, температута, влажноста на воздухот,
струење на воздухот
Транспирацијата има огромно значење на растението. Не само што преку неа се
испушта вода од растението , него при високи температури растението се разладува
од прегревање.
ГУТАЦИЈА____процес кога водата се испушта од растението во вид на водени
капки.гутацијата има големо значење кај оние растенија со слаба транспирација.Таа
се одвива кај растенија кои имаат водни жлезди __хидатоди.Количеството на вода
што се одделува со гутацијата е помала во однос со таа од транспирацијата.
Гутацијата се одвива кога транспирацијата е мала , воздухот заситен со водена
пара и во почвата има достапна вода
Солзење ___тоа е процес сличен на гутацијата со таа разлика што при солзење
водата не излегува преку хидатоди, туку преку пресечените спроводни елементи за
вода. До солзење доаѓа при режење на виновата лоза и овошните дрвја на пролет
МЕТАБОЛИЗАМ

Севкупноста на биохемиските реакции што се одигруваат во организмот било тоа


да е растителен или животински,и овозможуваат размена на материите и енергијата
во организмот се нарекува внатрешна размена или МЕТАБОЛИЗАМ
Метаболизмот се дели на два вида
а) КАТАБОЛИЗАМ( дисимилација) тоа е сложен биохемиски процес со кои
ложените материи во организмот се разградуваат на попрости продукти и во текот
на овој процес се ослободува енергија
Б) АНАБОЛИЗАМ (асимилација) сложен биохемиски процес со кои примените
материи од надворешната средина во облик на мали милекули се преработуваат и
трансфопрмираат во макромолекули.За овој процес се троши енергија
Во зависност од тоа како се остваруваат анаболичките процеси сите организми се
делат на автотрофи ио хетеротрофни.
Автотрофните организми се способни од прости неоргански содеиненија да
синтетизираат сложени органски соединенија при што трошат енергија.Во
зависност од видот на енергијата што се користи за да создадат органски
соединенија, автотрофните организми се делат на фототрофни и хемотрофни а
процесите се викаат фотосинтеза и хемосинтеза.

Фототрофните растенија се оние во чии клетки има хлоропласти и ја користат


светлосната енергија за синтеза на органски соединенија од попрости неоргански
Хемотрофни се организми кои за синтеза на органски соединенија од неоргански
користат хемиска енергија пр. сулфурводород, железенкарбонат и др.

Хетеротрофни организми се оние кои се хранат со готови органски материи


добиени од растенијата или некои животни.
Во зависност како се извршуваат катаболитичките процеси организмите се
поделени на аеробни и анаеробни
Аеробните користат кислород во катаболитичките процеси и за нив е
карактеристичен процесот на дишење т.е размена на гасови во кој се прима
кислород а се испушта јаглероден диоксид. Аеробните организми дишат
Анаеробните не користат кислород туку некои други материи.Такви се некои
микроорганизми и паразити

Фотосинтеза

6 СО2 + 12 Н2О → С6Н12О6 + 6 Н2О + 6 О2 ( со помош на светлосната


сончева енергија, ензими и хлорофил )

Фотосинтезата е извор на енергија. Животот е можен само со постојано


создавање на енергија, не само за вршење на одредени активности, туку и за
производство на протеини и други основни состојки на ткивата и органите на
телата на живите организми. Растенијата ја користат енергијата акумулирана во
шеќерите произведени од нив самите преку фотосинтеза за да се синтетизираат
сите органски милекули потребни за растење, развој и за извршување на
нивните животни функции. Нивни суровини се јаглерод диоксид од воздухот,
вода и минерали од почвата ( неоргански соединенија ) при што се добиваат
јагленохидрати, протеини, липиди а се ослободува кислород.Фотосинтезата ја
вршат само зелените делови на растенијата а тоа можат да го прават
блегодарение на супстанцијата наречена хлорофил која се активира со
сончевата светлина и ја користи нејзината енергија. Хлорофилот е пигмент со
зелена боја одговорен за бојата на алгите и растенијата а се наоѓа во
хлоропластите на клетките пред се во клетките на паренхимот на листот.
Деведесет проценти од органските материи на нашава планета се синтетизираат
со фотосинтеза при што се обезбедува храна за автотрофните и хетеротрофните
организми. Фотосинтезата не само што е основа на животот зошто исхраната на
сите животни и човекот зависи од неа туку благодарение на неа постојано се
обновува атмосферскиот кислород а се троши јаглерод диоксидот кој е отровен
и за животните и за луѓето.

Интензитетот и продуктивноста на фотосинтезата зависат од условите на


средината и состојбата на растението. Факторите кои влијаат на фотосинтезата
се поделени на надворешни и внатрешни. Надворешни фактори се: интензитет и
квалитет на светлина ( синтезата се врши под дејство на црвената светлина од
сончевиот спектар и од целокупната светлина што паѓа на растението само 3%
се преобразуваат во хемиска ), количеството на СО2 во атмосферата,
температурата ( оптимални температурни граници се 30 – 40 ˚С ), вода и влага,
почва ( состав и плодност ). Внатрешни фактори се: староста на листот и
растението ( се смета дека стареењето на листовите и растението доведува до
намалена способност за фотолиза а со тоа се намалува и фотосинтетската
активност), содржина на хлорофил, градба на листот, број на стоми.

3.Хемизам на фотосинтезата

Фотосинтезата се одвива во повеќе фази и етапи но основни се две фази: светла


и темна.

Светлата фаза е почетна и таа се одвива во мембраните на тилакоидите на


грана на хлоропластот каде што се наоѓаат хлорофилните молекули. За оваа
фаза е потребно присуство на светлина и затоа е наречена светла фаза. Основата
на оваа фаза е трансформација на сончевата светлосна енергија во хемиска со
учество на хлорофилните молекули од протеинско – хлорофилните комплекси
наречени фотосистеми кои ги има два и се вградени во тилакоидните мамбрани.
До хлорофилните молекули светлинската енергија доаѓа во облик на светлински
единици – фотони. Само еден хлорофилен молекул од фотосистемите е во
состојба да ја преобрази светлинската во хемиска енергија и се нарекува
реакционен центар. Сите други молекули на фотосистемот се собирачи на
електрони или антенски молекули. Антенските хлорофилни молекули ја
примаат светлинската енергија, ја предаваат една на друга за на крајот
енергијата да ја предадат на реакциониот центар кој игра улога на енергетски
колектор. При ваква состојба еден од елеклтроните во реакциониот центар
добива поголемо количество на енергија при што преминува во погорната
обвивка а процесот преставува пренесување на светлосната енергија во
молекулот на хлорофил. Побудениот хлорофил се стреми да се ослободи од
вишокот на енергија така што ја одава етапно од едно на друго соединение. По
целосно ослободување од примената енергија хлорофилот се враќа во
првобитната состојба и станува погоден да прими нова светлосна енергија. На
патот од кружното движење дел од енергијата се користи за врзување на
неорганскиот фосфор ( фосфорна киселина ) за аденозин дифосфат ( АДП ) при
што се добива аденозин трифосфат ( АТП ). Овој процес се нарекува
фотосинтетска фосфорилација. Другиот дел од енергијата се користи за
директна синтеза на АТП и за фотолиза на водата. Фотолиза на водата е
разградување на водата преставена со сл. равенка ( ја пишувавме на час ).
Растенијата го ослободуваат молекуларниот кислород во атмосферата а
водородните јони од водата се соединуваат со едно посложено енергетско
соединение никотинамид - аденин – динуклеотид фосфат кој преминува во
редуциран NADP – H2. Соединенијата АТП и NADP – H2 се енергетски извори
за темната фаза на фотосинтезата.

Темна фаза ( Калвинов циклус ) – не е потребна светлина. Таа се одвива во


стромата на хлоропластот. Прво јаглерод диоксид се соединува со рибулозо
дифосфат и се добива нестабилно сеодинение кое се разложува на две молекули
фосфоглицеринска киселина. Таа се соединува со водород од NADP – H2 и
прима хемиска енергија од АТП . На крај се формираат две триози а со помош на
ензимите од нив се синтетизира хексоза како што е глукозата. Со
полимеризација на глукозата како краен видлив производ на фотосинтезата се
добива скроб. Глукозата преставува почетен производ ( прекурсор ) за синтеза
на шеќери, протеини и липиди како и многу други органски соединенија –
асимилата.
ДИШЕЊЕ НА РАСТЕНИЕТО

Основни катаболитички процеси на организмот се дишењето и ферментацијата


Дишењето е процес во кој доаѓа до наполно разградување на органските материидо
неоргански,при што се ослободува енергија.Суштината на дишењето е постепено
ослободување на хемиската енергија врзана во органските соединенија.При
процесот на дишење тие се разложуваат на попрости соединенија,посиромашни со
енергија.Основниот материјал што се разградува е шекерот глукоза со чиешто
наполно согорување се создаваат крајни продукти јаглероден диоксид и вода.
Хемиската енергија што се добива од процесот на дишење може да се
трансформира во топлинска,светлинска,електрична,механичка и т.н.
О2+ C6H12O6________________CO2+H2O+енергоја
Разградувањето на материите во процесот на дишење може да се одвива во аеробни
и аеробни услови и со самото тоа имаме аеробно и анаеробно дишење.
Аеробното дишење се одвива во присуство на кислород и тој се одвива во секоја
жива клетка и е поврзан со митохондриите на клетката.Со ова дишење се
ослободува целата енергија што ја содржи материјата што се разградува.
Анаеробното дишење е процес на разградување на органските материи до попрости
и добивање на енергија без присуство на кислород.При овој процес не се
ослободува целата енергија од материјата што се разградува и всушност продуктите
на анаеробното дишење се јаглеродендиоксид и попрости орг. соед кои се богати со
хем. енергија.Кај најголем број на организми присутни се двата вида на дишење.
На пример при разложување на гликозата ,процес наречен гликолиза почетната
фаза е во анаеробни услови,,во цитоплазмата на клетката,и на крајот од оваа фаза се
добива пирогроздова киселина и ослободување на мал процент на хемиска енергија
што се акумулира во ATP соединението.
Многу поголема енергија се ослободува при аеробната фаза,во која пирогроздовата
киселина се разградува до јаглеродедиоксид и вода.Овој процес на аеробно
разградување на пирогроздовата киселина е познат како КРЕПСОВ ЦИКЛУС кој се
одвива во митохондриите.
Освен глукоза ,како основем материјал за разградување во процесот на дишење
може да послужќат и други материи какопротеини ,масти.Во почетната фаза на
разградување и од нив се ослободува__пирогроздова киселина и високоенергетски
соединенија ATP и ATP. Акомулираната енергија во овие соединенија лесно се
ослободува на оние места каде што таа е потребна за одвивање на некои процеси.
Најголемо количество енергија во живиот систем се добива од Крепсовиот циклус
така на пр. Од еден молекул гликоза,разграден при овој циклус се добива 36
молекули ATP. Дел од оваа енергија ја искористува организмот (50%) а другиот дел
се губи во вид на топлина.
Односот меѓу ослободениот јаглеродендвеоксид и потрошениот кислород се
означува со коефициент на дишењето.
Интензитетот на процесот на дишење зависи од видот на
растението,староста,условите во надворешната средина и од органот на растението.
Младите листови имаат голем интензитет на дишење,а со стареењето се
намалува.Во стеблото процесот на дишење се врши во камбиумот.Меристемските
клетки во коренот исто така покажуваат голем интензитет на дишење.дишењето во
плодовите додека растат исто така е интензивно,а во фазата на созревање е послабо.
Од надворешните фактори врз интензитетот на дишењето посебно влијание има
светлината,температурата,јаглеродендиоксид,содржината на вода во почвата.

ФЕРМЕНТАЦИЈА

Анаеробното дишење кај некои организми преставува единствен катаболитички


процес во кој се ослободува енергија.Ослободената енергија со анаеробното
дишење е околу 30 пати помала од количеството енергија ослободена при
аеробното дишење.во природата постојат организми кои живеат во услови на
кислороден дефицит,такви се квасните габи,алкохолните габи,и млечнокиселите
бактерии.
Овие сите на различен начин ја разградуваат пирогроздовата киселина,поради што
се добиваат и различни крајни продукти на дишењето како штосе _етил
алкохол,оцетна киселина,млечна киселина и др. материи.Ослободувањето на
енергијата на овој начина се вика Ферментација или вриење.
Алкохолна ферментација се одвива со учество на алкохолни габи што се наоѓаат
во плодовите на растенијата.Шекерот од плодовите се разградува до пирогроздова
киселина (под едејство на ензими) ,а потоа до етил алкохол.и јаглеродендиоксид.
Во овој процес само мал дел се ослободува енергија( од глукозата) бидејки дел од
неослободената енергија се наоѓа во етил алкохолот.Со оваа ферментација се
добива вино од зрелите плодови.
Оцетна ферментација ја предизвикуваат бактериите кои се наоѓаат во зрелите
плодови ,виното,пивото,квасецот и др.Се добива оцетна киселина која е отпорна на
други бактерии и затоа се употребува во конзервирање на плодови и зеленчук.
Млечно_киселата ферментација ја предизвикуваат млечнокиселите бактерии.тие
го згрутчуваат млекото и го преобразуваат млечниот шекер во млечна киселина и се
добиваат различни видови сирења кефир и др.
Лебна ферментација учествуваат габи кои предизвикуваат ферментација на
шекерот од брашното.Всушност квасните габи предизвикуваат алкохолно вриење
при што се ослободува јаглеродендиоксид што излегува од тестото и настануваат
шуплини во печениот леб.
Маслено-киселата ферментација ја предизвикуваат строго анаеробни
бактерии.овие бактерии предизвикуваат расипување на млекото,зеленчукот.Во
почвата под нивно дејство се создава хумусна почва.

You might also like