Rastitelni Tkiva

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Растителни ткива

Растенијата се среќаваат во различни животни средини. Повеќето од нив имаат корен кој
расте позитивно геотропно и стебло кое расте негативно геотропно. Растителните ткива се
јавуваат во оној дел од еволуцијата кога растенијата преминуваат од водена средина на копно.
Растителните ткива кај скриеносемените растенија се еволутивно најсовршени.

Развиток на ткивата кај растенијата

Нижите растенија се едноклеточни и кај нив животните функции се извршуваат во една


клетка. Кај нив се исклучува можноста за специјализација и диференцијација на клетките.
Тоа е можно само кога организмот е повеќе клеточен. Преминувањето од едноклеточен во
многуклеточен организам е поврзано со создавањето на ткивата што се одвивало во одредени
етапи.
Специјализација на клетки се среќава кај алгите но вистински ткива има кај мововите. Габите
и лишаите имаат издолжени клетки – хифи што се адекватни на ткиво наречено плектенхим.

Хистологија – наука која се занимава со морфолошките, функционалните и еволутивните


закони кај ткивата.
Растителни ткива – група од клетки кои имаат исто потекло, иста надворешна и внатрешна
градба и извршуваат иста функција.
Ткивата кај скриеносемените растенија се делат на:

1. Творни – меристемски ( meristos – се дели )


2. Трајни – диференцирани

Творни – меристемски ткива

Клетките на ова ткиво постојано се делат и ги создаваат трајните ткива. Со нив растенијата
растат во должина и во дебелина. Исто така, меристемските ткива содржат група од клетки
наречени иницијални кои ја задржуваат способноста за постојана делба при тоа одржувајки
го континуитетот на меристемското ткиво. Според времето на образување се делат на
примарни и секундарни што е поврзано со примарната и секундарна градба на растението.

Примарни меристемски ткива

Потекнуваат од ембрионалното ткиво кое се создава со непосредно делење на зиготот.


Клетките се мали со изодијаметричен облик, тенок клеточен ѕид, големо јадро и се богати со
цитоплазма. Според местоположбата кај растението можат да бидат:
А. Врвно – апикални ( стеблест и коренски )
Б. Вметнат – интеркаларни
В. Странични – латерални

А. Врвно – апикални ( стеблест и коренски )

- Врвно стеблест: се наоѓа во вегетативниот врв на стеблото, има облик на конус


( вегетативен конус ). На конусот се разликуваат три зони: надворешна – туника,
внатрешна – корпус и зона на иницијални клетки. На конусот се создаваат лисните
зачетоци – примордии во чии пазуви има пупки за странични гранчиња.
- Врвно коренски: растење на врвот на коренот. Од надвор е заштитено со коренова капа
– калиптра. Од него се создаваат три слоеви; дерматоген, периблем и плером. Од
дерматогенот се создава кожно ткиво, од периблем – кора на корен а од плером –
цилиндер на корен.

Б. Вметнат – интеркаларни
- се наоѓа во коленцата – нодиумите на стеблото и обезбедува издолжување на
интернодиумите и растење на растението во висина.

В. Странични – латерални
- сместени се странично паралелно на главната оска на растението. Тука е перициклот
кој има облик на целосен прстен и од неговата активност зависи создавањето на
страничните корења и пупки

Секундарни меристемски ткива

Потекнуваат од клетките на трајните ткива – паренхим, кои имаат способност за делба т.е. се
реактивирале. Според местоположбата кај растението секогаш се странични и најчесто имаат
облик на прстен. Поважни се: камбиум, фелоген и калусно ткиво.

Камбиум – се наоѓа во коренот и стеблото во вид на прстен, има функција на растење на


растението во широчина и од него се диференцира секундарно дрво и кора.

Фелоген – се наоѓа под кората и од него се диференцира трајното ткиво перидерм

Калусно ткиво – на повредени, ранети места поради што уште се нарекува трауматичен
меристем и има функција на заздравување на раните.

You might also like