IV Годишна Школа 2023 - академска програма7

You might also like

Download as pdf or txt
Download as pdf or txt
You are on page 1of 7

Линк за вклучување на платформата Zoom за време на трите денови на Школата

https://us06web.zoom.us/j/83207507132?pwd=AtV1cHbCweQnifkh9qy93vQyvRbm4K.1
Meeting ID: 832 0750 7132
Passcode: 134640

3.10.2023 (вторник)
0000000000000000000000
10:00 – 10:15 Регистрација на учесниците и вклучување на online платформата Zoom

10:15 – 10:30 Отварање на Школата


проф. д-р МИТКО Б. ПАНОВ, Директор на Школата
10:30 – 12:00 Professor ELIF BAYRAKTAR TELLAN
Department of History, Istanbul Medeniyet University

Lecture NON-MUSLIM POPULATIONS OF THE OTTOMAN EMPIRE:


A NEW PERSPECTIVE
Historiography on non-Muslim populations of the Ottoman Empire has so
far been dominated by the “millet system” paradigm. Despite the fact that
it has been more than forty years since the publication of Braude’s article,
older approaches still prevail even in academic circles. This lecture will give
an overview of dominant perspectives so far prevalent in historiography,
and will present the results of more recent research. The lecture will be
organized on a thematic basis and it will outline the interplay between the
Ottoman administration and non-Muslim communities with a special focus
on the Orthodox Churches and populations in the early modern period.

12:00 – 12:45 Questions and answers

12:45– 13:15 Пауза

13:15 – 14:45 проф. д-р ЕЛИЗАБЕТА ДИМИТРОВА


Филозофски факултет, Универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје

Предавање УМЕТНОСТА И РИТУАЛОТ ВО СВЕТИТЕ СЛИКИ НА MACEDONIA


PALEOCRISTIANA

Предавањето ги опфаќа најзначајните дела на ранохристијанската


уметност во Македонија кои претставуват парадигма на творечките
врвови во периодот од 4 до крајот на 6 век – фреските во Епископската
базилика во Стоби, мозаичните павименти во сакралните градби на
локалитетите Стоби, Хераклеја Линкестис и Лихнид, како и
ексклузивниот наод на Виничките теракоти. Предавањето има за цел
да го прикаже оригиналниот придонес на македонската територија кон
трезорот на доцноантичката уметничка креација. Истовремено, тоа
треба да ги позиционира уметничките дела од македонското подрачје
во каталогот на медитеранската цивилизација од ранохристијанската
епоха.

14:45 – 15:00 Пауза

15:00-15:45

Работилница проф. д-р ЕЛИЗАБЕТА ДИМИТРОВА


0000000000000000000000
4.10.2023 (среда)
0000000000000000000000
09:45 – 10:00 Вклучување на платформата Zoom

10:00 – 11:30 проф. д-р МЕТИН ИЗЕТИ


Државен универзитет во Тетово

Предавање ИДЕНТИЧНАТА КУЛТУРНО-ЕЗОТЕРИСКА ДЕЈНОСТ НА МАНАСТИРОТ И


ТЕЌЕТО

Во христијанството манастирот претставува верски комплекс каде


монасите и монахињите живеат заедно според одредени правила.
Животот на луѓето кои живеат во тесно поврзани групи, како што се
манастирите, треба внимателно да се регулира за да се обезбеди
почитување на нормативниот идеал на таа институција. Теќето
претставува комплекс во кој суфиите (исламските мистици) живеат
заедно, се молат и се образуваат според одредени правила. Теќето е
и место каде што се разработува и продлабочува идејата за
исламскиот мистицизам (тасавуф), а потоа им се презентира на
верниците.
Манастирот и текето, како две институции од мистичен карактер на
две небесни религии, се поткрепени со заедничкото јадро на
мистичното искуство и служат како премиси за продлабочување на
молитвата на умот и срцето, а тоа е присуството на трансцедентното
битие и метакосмичките вистини во световно-географската
димензија. Оваа идеја сама по себе вклучува поднесување како чин
на слободна волја; верата како состав на љубов и знаење; добрината
како начин за опстанок и формите на човековата конформација во
различни општествени ситуации. Воопшто не е тешко да се заклучи
дека најголемата криза на денешницата е кризата на духот и на
езотеричните вредности на постоењето.
Манастирот и текето можат да послужат како парадигма за
воспоставување на езотеричен дијалог пред сè на човекот со самиот
себе, а потоа и со другиот.

11:30 – 11:45 Пауза

11:45– 12:30

Работилница проф. д-р МЕТИН ИЗЕТИ


12:30 – 13:00 Пауза

13:00-14:30 проф. д-р ИВАНКА ВАСИЛЕВСКА


Правен факултет, Универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје

Предавање НА САМИОТ ПОЧЕТОК НА БУРАТА: ОТОМАНСКАТА ИМПЕРИЈА ВО XIX


ВЕК И МАКЕДОНСКАТА ПРЕРОДБА

Отоманското културно-историско наследство е силно врежано во


поновата македонска национална историја. Тоа е видливо преку
многу белези, меѓу кои наш особен интерес во ова истражување
претставува појавувањето на национализмот во XIX век кој
првенствено бил насочен кон убедувањето дека секој народ е
посебен по тоа што има само еден оригинален јазик, според кој
најчисто може да се одреди етничкиот израз на припадноста кон
одредена нација. Вториот, многу битен фактор е содржан во
настојувањето на истражувањето на историјата на сопствената
нација, како и на народните приказни и бајки. Од тие причини,
нашиот интерес е да го опишеме народното движење на
македонскиот народ во XIX век. Истото е несомнено дека било цврсто
поврзано со словенството. Преродбата ја затекна Македонија без
свое одбележје, без свои државно-правни традиции. Поврзувањето
на Македонија со древните Македонци на Филип и Александар го
претставуваше најбезболниот пат што водеше кон нова афирмација
на имињата Македонија и Македонци и кон потенцирање на
различноста од соседните словенски народи. Затоа, есенцијалното
прашање кое несомнено треба да се одговори е: Кое е вистинското
место на македонската историографија од XIX век во научните
кругови и дали навистина е развиена свеста за големината и
значењето на историската подлога која сведочи за причините на
посебноста на македонскиот народ. Дебатата за македонското
прашање е сеуште толку горливо актуелна, како што беше и на самиот
почеток од нејзиното отворање.

14:30 – 14:45 Пауза

14:45 – 15:30

Работилница Проф. д-р ИВАНКА ВАСИЛЕВСКА

15:30 – 16:30 Пауза

16:30-18:00 проф. д-р НИКОЛА МИНОВ


Институт за историја, Универзитет св. Кирил и Методиј, Скопје

Предавање НИКУЛЦИТЕ НА БУГАРСКАТА ЦРКОВНО-ПРОСВЕТНА ПРОПАГАНДА


ВО ОСМАНЛИСКА МАКЕДОНИЈА
Во овој труд правиме осврт на бугарското црковно-просветно
движење во 60-тите и 70-тите години на XIX век, со акцент на
рефлексиите од ова движење во Македонија и врз Македонците.
Бугарските преродбеници биле свесни дека црковното и политичкото
освојување на Македонија би било тешко остварливо без претходно
да го наметнат своето културно влијание врз македонскиот народ.
Затоа, кон средината на 60-тите години на ΧΙΧ век, на преден план се
наметнала неопходноста од централизирано насочување на
бугарската просвета во Македонија. Во текстот ги анализираме
активностите на неколку бугарски друштва, чија прокламирана цел
било школувањето на Македонци во османлиската метропола и
отворање на училишта во Македонија, а всушност станувало збор за
умешно и правовремено диригирана акција од политички карактер.
Од една страна, целта на бугарските преродбеници била да се
амортизираат пројавените македонски национални тенденции, а
притоа да се разбуди бугарско самосознание кај Македонците преку
школување на млади кадри кои би биле доволно „способни за да
станат агитатори на бугарската национална идеја“, најпрво меѓу
Македонците во Цариград, а потоа и во нивните родни места.

18:00 – 18:15 Пауза

18:15 – 19:00

Работилница проф. д-р НИКОЛА МИНОВ

0000000000000000000000
5.01.2023 г. (четврток)
0000000000000000000000

09:45 – 10:00 Вклучување на платформата Zoom

10:00 – 11:30 м-р ЗОРАН ПАВЛОВ


Управа за заштита на културно наследство

Предавање АНОВИТЕ, КАРАВАН САРАИТЕ И БЕЗИСТЕНИТЕ КАКО ЗНАЧАЈНИ


ТРГОВСКИ СРЕДИШТА ВО ОСМАНЛИСКИОТ ПЕРИОД ВО
МАКЕДОНИЈА
Ановите и караван сараите, се едни од значајните архитектонски
градби кои даваат особен белег на монументалната ориентална
архитектура. Тоа се места во кои се сместувале и ноќевале патници
намерници и трговци со своите трговски и поштенски конвои. Но,
често доаѓа до поистоветување на ановите со караван сараите. Покрај
тоа што служеле за ноќевање, и складирање на стоката, во нив се
вршела и богата трговска размена со што во Османлискиот период
тие добиваат се повеќе комерцијален карактер. Од друга страна,
Безистенот како монументална градба вообичаено го зазема
средишниот простор во развојот на чаршијата. Всушност, тоа биле
објекти наменети за продавање и чување на скапа трговска роба, но
и место каде се развиле голем број занаетчиски дуќани.
Наша цел е да дадеме краток преглед на ановите и караван сараите
но и безистените како дел од богатото Османлиско градителско
наследство кои опстојуваат на територијата на Македонија и се
одликуваат со својата монументалност, функционалност и стремеж
кон едноставност и моќност, како и значењето кое тие го имале во
трговско-економскиот и социјалниот развој на чаршиите но и
градските центри во целина. Нивниот број бил многу голем што се
потврдува со податоците кои ги добиваме главно од вакафнамите на
одделни задужбини како и од она што како сведоштво ни го
пренесуваат патеписците.
Како зачетоците на модерните трговски центри, ановите и караван
сараите, заедно со безистените, и денес се во тесна врска со
трговскиот живот кој се одвива во чаршиите на урбаните центри.
Нивниот карактер, комплексност архитектонски концепт и
монументалност на секој начин го заслужуваат нашето внимание
како посебен вид градби кои го комплетираат уметничкиот и
творечкиот опус на Османлиското градителство во Македонија.

11:30 – 11:45 Пауза

11:45– 12:30

Работилница м-р ЗОРАН ПАВЛОВ

12:30 – 13:00 Пауза

13:00-14:30 проф. д-р МАЈА АНГЕЛОВСКА - ПАНОВА


Институт за национална историја, УКИМ, Скопје

Предавање HAERESIS BOGOMILORUM: ДРУГАТА СТРАНА НА ХРИСТИЈАНСТВОТО


ВО ИЗВОРНИОТ И ИСТОРИОГРАФСКИОТ НАРАТИВ

Целта на предавањето е проследување на богомилството кое со


своите специфики и особености зазема значајно место во духовната
култура на Македонија, Балканот, а во својата модифицирана форма
и пошироко во Европа со двете главни упоришта, концентрирани во
Јужна Франција и Северна Италија.
Станува збор за автентична духовна појава во чијашто основа лежи
дуализмот, но истовремено со оглед на интердисциплинарниот
карактер интегрира и социјално-филозофски и културолошки
аспекти. Во фокусот на прилогот се неколку суштински прашања и тоа
првенствено условите за појавата на богомилството во Македонија,
изворниот материјал главно со антибогомилски карактер со чиешто
посредство се врши реконструкцијата, развојот на македонската
историографија за односната проблематика и дилемите, кои сè уште
се присутни во науката, што се должи на лимитираниот корпус на
идентификувани извори.

14:30 – 14:45 Пауза

14:45 – 15:30

Работилница проф. д-р MAJA АНГЕЛОВСКА - ПАНОВА

15:30 – 15:45 Затворање на Школата и завршни согледувања


Проф. д-р МИТКО Б. ПАНОВ

Финансиски поддржано од

Министерство за култура

You might also like