Brigite Vo Ohrid

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 1

ОХРИДСКИТЕ АРХЕОЛОЗИ ОТКРИЈА ПРАИСТОРИСКА НАСЕЛБА

Се откопува 35 вековната тајна на Бригите крај Охрид

Предвидувањата на охридските археолози дека кај тумбата до селото Лескоец, Охридско,


во непосредна билзина на местото каде што тамошните варничари со години копаат
варовни камења, се крие значаен археолошки локалитет, деновиве се потврдија. Екипа
од Заводот и Музеј во Охрид, предводена од археологот Паско Кузман пред неколку дена
откри праисториска населба. Врз основа на претходните сознанија, но и со најновите
ископувања,стручњаците претпоставуваат дека станува збор за праисториска населба од
бронзано доба. Се смета дека овој простор 1.500-та година пред нашата ера бил
живеалиште на племето Бриги, најстарата племенска заедница регистрирана на овие
простори која имала организиран живот.
“Овој локалитет во шеесеттите години од минатиот век го регистрирал покојниот археолог
д-р Васил Лахтов, бидејќи уште тогаш беа откриени разни археолошки предмети, кои
потоа беа документирани и објавени во стручната литература. Подоцна тие се внесени во
регистерот на праисториски археолошки локалитети на атарот од општина Охрид.
Меѓутоа, нашите истражувања сега одат подлабоко во историјата, бидејќи веќе
откриените гробови потекнуваат од антички период, во периодот од четврти и петти век
пред нашата ера”, појаснува археологот Паско Кузман.
Претпоставките на охридските археолози дека на овој простор пред 35 века постоела
племенска заедница на Бригите, неизбежно го наметнува прашањето за нивната култура,
обичаи, начин на живот. Археолозите имаат повеќе одговори на овие прашања, меѓутоа
посебно се интересни нивните кажувања за судбината на оваа праисториска племенска
заедница. Тие велат дека Бригите, или како уште некои ги нарекуваат Фриги, подоцна, во
праисторискиот период, поради разни причини се преселиле на делови на азискиот
континент, каде што формирале своја држава Фригија.
Староста на оваа племенска заедница е посебен предизвик за археолозите. Во близината
на Лескоец екипата од Охридскиот завод и музеј деновиве врши интензивни ископувања
и веќе се видливи и првите резултати. ”За оваа праисториска населба од бронзено доба
имавме сознанија и од порано, но сега почнавме детаљно да ја истражуваме. Тешко е
уште од сега да се каже што ќе откриеме, но претпоставуваме дека има повеќе културни
слоеви и се надеваме дека преку нив ќе најдеме повеќе одговори, значајни за нашата
археологија”, појаснува Кузман.
Откривањето на оваа праисториска населба од бронзено доба кај стручната јавност, но и
кај обичните граѓани предизвикува голем интерес. Освен во тесните стручни кругови,
мошне малку се знае за постоењето на племенската заедница на Бригите, посебно е
малку познато дека тие на овие простори организирале своја заедница. ”Ако пронајдеме
подни мозаици, фрески или друг значаен материјал, тогаш тоа ќе биде од големо значење
за нашата археологија, историја, култура. Засега наидуваме само на фрагментирана
ќерамика која е значајна за нас, но не и доволна. Археолошките материјали ја
потврдуваат нашата претпоставка за постоење на праисториска бронзенодобска
населба”, кажува Кузман.
Просторот на тумбата кај селото Лескоец каде што моментно работаат охридските
археолози е добро обезбеден. Веќе е поставена квадратна мрежа, донесени се
археолошки сонди. Овој локалитет, иако не целиот, за жал, долга низа години бил
интересен и за дивите копачи на богатство. Селаните потврдуваат дека на повеќе места
се уште можат да видат траги од нелегално копање на значаен дел од праисториската
населба. Тоа посебно се однесува на старите гробови каде што трагачите најверојатно
барале скапоцени предмети од којзнае кои народи што некогаш овде имале свои
живеалишта. Со ангажманот на охридските археолози локалитетот е заштитен и е ставен
под стручна опсервација.
Драган Чубриќ

izvor
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=86689&idg=5&idb=1313&rubrika=Revija

You might also like