Вид на делото

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Вид на делото: драма, комедија. Делото е напишано како комбинација од комедија и пасторала.

Фабула: комплексна, бидејќи се состои од три делови: во дворецот, подготовките за свадбата и


магијата на летната ноќ.

Комедијата „Сонот на летната ноќ“ е една од најпознатите драми на англискиот драматург Вилијам
Шекспир. Делото му припаѓа на ренесансниот период.Од насловот дознаваме дека времето на
дејството се случува за време на летната рамноденица односно на 21 јуни. Поимот за летна ноќ
потекнува уште од Римското Царство кога царот Константин Први го вовел христијанството како
службена религија во Царството. Тој воочил дека паганството било и понатаму присутно, па затоа
славењето на краткоденицата, како службен датум го прогласил токму 21-ви јуни.Според некои
митологии всушност на тој датум злите духови шетаат низ Земјата, а истите можат да се избркаат
само со помош на огнови. Според преданијата, секоја билка собрана таа ноќ е лековита, а
понекогаш таа ноќ биле одржувани и разни обреди за поттикнување на плодноста и среќа во
бракот. Љубовта во драмата е како карикатура и станува предмет на апсурд, затоа што речиси во
секој нов призор љубовните триаголници се менуваат, а сите ликови се подложни на влијанието на
божици и на богови, на самовили и чудни лековити билки и магии. Среќните резултати од
љубовните врски се случувале исклучиво според волјата на некакви натприродни сили (го
контролираат светот) и немаат никава врска со реалноста и оттаму сѐ изгледа како вистинска
љубовна приказна.

Хермија: ќерка на Егеј. Иако татко ѝ му ја ветил на Деметриј, сепак таа е вљубена во Лисандер.
Нејзиниот лик најмногу е опишан преку физичките карактеристики, а особено во делот на
расправијата со Елена. Дознаваме дека Хермија е ниска, црнокоса и темпераментна девојка која е
чиста спротивност на Елена. На крајот се мажи за саканиот Лисандер. Елена: ќерка на Надар. Таа
е витка, висока, со светла коса. Таа е бивша вереница на Деметриј која тој ја оставил иако таа
неизмерно го сака и го прогонува. „Елена го завела истакнувајќи ја својата висина и со виткото
тело со што ѝ го освоила“. И покрај тоа што на почетокот не ја сакал, сепак под влијание на
магиите и волшепставата на Оберон, Деметриј и Елена се венчаат. Деметриј и понатаму е
вљубен во Елена и на крајот се венчаат, иако речиси цело време се однесува доста грубо и со
омаловажување кон неа. Во Атина важел за голем заводник кој ги оставал девојките со скршено
срце. Лисандер: вљубен во Хермија иако нејзиниот татко не го прифатил тоа. Тој и Хермија
планираат бегство, но неуспешно, затоа што Пук со волшебен цвет го натерал да се вљуби во Елена.
Оберон ја трга магијата од него и тој повторно се вљубува во Хермија со која среќно ќе живее до
крајот на животот.

Ликот на Дон Кихот помина низ метаморфоза, па не можеме да зборуваме за него како истиот лик на
почетокот, на средината и на крајот на книгата. Дури и го нарекуваа поинаку - на почетокот и на крајот беше
благородникот Алонсо Кијано, а за време на авантурите - витезот Дон Кихот, Витезот на тажното лице и
витезот на лавовите. Подоцна, низ искуствата и авантурите на Дон Кихот, Сервантес сликовито ги насетува
другите негови квалитети: тој е идеалист, тој се судира со реалноста во која живее. И во најголемото лудило
понекогаш изговара мудра мисла и изненадува со присебност и рационалност,

Санчо Панса е верен придружник на Дон Кихот, богат со различни квалитети кои Мигел де Сервантес го
облагородува во ова ремек дело. Сиромав, необразован и неписмен, со малку во „тиквата“, Санчо е и
снаодлив и разумен. Тој е и бистар и снаодлив, но и лукав и лаже - кога треба.Тој, за разлика од Дон Кихот, е
многу реален. Тој е материјалист, но добронамерен и несебичен. Токму поради големите разлики во овие
два главни лика, успеваат да бидат одличен тандем. Тие се надополнуваат, имаат ведар став, исполнет со
хумор и меѓусебно разбирање.

You might also like