Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

Првата љубов е магично искуство кое ни останува цел

живот. Тоа е чувство кое не може да се опише со зборови,


туку може да се почувствува само со срце. Меѓутоа, кога на
првата љубов ќе и дојде крајот, тоа може да го мачи срцето,
особено кога околностите принудуваат двајца луѓе да се
разделат.
Љубовта е слатко-горка, малку разблажена, малку отровна,
со аморови срелички ги гаѓа срцата и таму остава траги кои
засекогаш се паметат. Дури и кога истекува како река, дури
и кога нагло е прекината, дури и кога полека згаснала, сепак
има свои спомени кои живеат во душата и ја осветлуваат во
мракот. Споменка заминува, а првите денови се тешки. Таа
не може да престане да размислува за него, да се прашува
што прави тој и дали размислува и за неа. Растојанието меѓу
нив расте и тие полека се оддалечуваат. Девојката се
обидува да ги задржи спомените кои ги споделиле, но веќе
не е исто. Таа сваќа дека мора да прифати дека на нејзината
прва љубов и дојде крајот. Бојан посакуваше уште еднаш да
ја види. Да погледне во нејзините очи. можеби конечно ќе
се соочеше со тоа дека таа замина, дека таа одамна му рече
збогум.
Да се вљубиш во една личност доволен е само еден миг, а
да боледуваш по неа не е доволен ни цел еден живот...

You might also like