Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

Извештај од извршената Самоевалуација на училиштето

2018 – 2021

Училишната комисија формирана од директорот со решение број 02-262/2 од 10.06.2021 год., во состав:
1.Стефан Ацев
2.Ѓоко Тодоров и
3.Ефремчо Николов,
ги разгледа извештаите од тимовите по подрачјата од самоевалуацијата и ги донесе следниве предлог мерки за подобрување на
квалитетот на наставата:

од подрачјето Наставни планови и програми:

 Набавка на современи нагледни наставни средства и помагала;


 Обуки за наставници за примена на ИКТ и современи облици и форми на интерактивна настава;
 Надминување на традиционалната настава и подобрување на квалитетот на наставата, со користење на современите
наставни форми и методи и примена на современи нагледни средства при реализирање на наставата.
 Доопремување и модернизирање на објектите за практична настава.
 Надминување на проблемот со набавка на учебници по некои наставни предмети кои не се добиени.

од подрачјето Постигнувања на учениците:

 одржување на дополнителна настава


 поголема соработка со институциите (социјални и образовни);
 правење напори за привлекување на повеќе ученици за упис во училиштето (активирање на сите секции, поголема планско
искористување на објектот во Михајлово )
 бесплатни научно-воспитни екскурзии
 поголема соработка со лица од бизнис секторот
 учество на стручни семинари
 учество на наставници и ученици на интернационални стручни семинари и обуки
 поголема соработка со основните училишта ;
 презентирањето на училиштето да започне многу порано
 поголема вклученост на учениците во меѓународни проекти
од подрачјето Учење и настава

 Да се изнајде начин за набавка на лаптопи за наставниците за кои во современиот начин на функционирање им стана едно од
приоритетните основни средства за работа.
 Закажување на родителски средби за сите класови од соодветните години во еден ден.
 Мотивирање на учениците преку слободни активности, екскурзии.
 Покренување акција за изготвување на проекти преку кои ќе се зголеми дисциплината кај учениците и одговорноста кон
исполнување на нивните обврски дефинирани преку Законот за средно образование и сите донесени подзаконски акти.
 Соработка со организации за вработување на завршени ученици, соработка со локална самоуправа за зголемување на
безбедноста на учениците.

од подрачјето Подршка на учениците

 Изготвување на стратегија за борба против девијантните појави.


 Усовршувањето на наставниците треба да биде главен императив.
 Осовременување на објектите за практична настава со современи машини и алати.
 Да се работи повеќе на меѓусебниот однос на колегите.

од подрачјето ЕТОС

 Договори за деловно техничка соработка со деловни субјекти од општина Кавадарци и пошироко.


 Модернизација на објектите за изведување на практичната настава.
 Применување на современи воспитно-образовни содржини што ќе делуваат на продлабочување на етичката свест и етосот
во училишната средина

од подрачјето Ресурси

 Изготвување на правилник за наградување на вработените за нивниот ангажман и поголема транспарентност во


финансиското работење на училиштето.
 Дооградување на училишниот двор со железна ограда
 Доопремување на училниците( кабинетите) со компјутер за наставникот и ЛЦД проектор.
 Реновирање на помошните простории (канцеларија, магацини и гаражи) на училишната лозова економија и реконструкција на
училишната оранжерија
од подрачјето Раководство и креирање политика:

 Превземање на иницијативи за поголемо учество во меѓународни проекти за продлабочување на знаењата на наставниот


кадар и учениците, посебно од областа на практична настава и за стекнување на нови искуства
 Изнаоѓање иницијативи за вон наставно зближување на наставниците и родителите (Уредување на училиште, спортски
активности , екскурзии, ангажирање за разни услуги)
 Поголемо учество на Советот на родители во креирањето на училишната политика и репрезентативност на податоците на
останатите родители од состаноците на Совет на родители и УО.
 Самостојно информирање на наставниците , со новите обврски кои произлегуваат од новите законски акти.
 Воведување на нови мерки и методи за поголеми постигања на учениците (мотивација, социјална поддршка , предавања)
 Негување на постигнатата училишна клима
 Покренување на иницијативи за вклучување на родителите во образовното стратешкото планирање на работата на
училиштето
 Да се имплементираат во целост донесените процедури и креираат нови
 Да се изготвуваат процедури за следење и реализација на оперативни програми за реализација на стратешките цели
 Да се изврши/иницира обука на членовите на УО за подобар придонес во работата на училиштето како и запознавање на
наставниците со новите обврски кои се утврдени со законите и правилниците од дејноста на средното образование.
 Навремено информирање на наставниците со новите законски акти од дејноста во образованието(план, самоевалуација,
програма , стратешка и оперативна цел, педагошки мерки)
 Подобра корелација за спроведување на идеја – Наставник-стручен актив-наставнички совет- директор –УО

Членови на комисијата

1.Стефан Ацев _____________


2.Ѓоко Тодоров _____________
3.Ефремчо Николов _____________

05.07.2021 год. Директор: Горан Велковски


Кавадарци
_______________

You might also like