Ванчо Николески конкурс финален

You might also like

Download as doc, pdf, or txt
Download as doc, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Македонското Литературно друштво ,,Ванчо Николески” од

Квинбијан -Нов Јужен Велс, Австралија распишува


Конкурс за најдобро поетско и прозно дело
Литературното друштво постои и твори веќе седум години и има издадено
четири збирки од дела на автори кои го негуваат македонскиот литературен
јазик како во татковиниата така и ширум светот.
Конкурсот е отворен за учесници од целиот свет кои творат на македонски јазик.
Темата е слободна. Секој автор може да поднесе најмногу една песна и/или
еден расказ во било која од долу наведените категории:
 Една поетска творба (песна)
 Еден краток расказ (не повеќе од 800 зборови)
Секоја од творбите треба да бидат напишани на македонски јазик со кирилично
писмо во Word формат под шифра која ќе биде позната само на
учесникот/учесничката.
Творбите кои не треба да бидат предходно објавувани ве молиме да ги
испратите на е-маил адресата на литературното друштво
mld.v.nikoleski@gmail.com најдоцна до 17 Ноември 2023
Електронската пошта на која е закачен документот треба да ги содржи следниве
податоци:
 Име и презиме на авторот
 Телефон (вклучувајќи го меѓународниот повикувачки број на земјата)
 Адреса на живеење (улица и број, град, држава)
Стручната комисија ќе одбере три творби (три песни и три раскази) кои ќе
бидат пласирани на прво, второ и трето место.
Авторите ќе бидат информирани за изборот на трите најдобри дела најдоцна до
крајот на февруари 2024.
Друштвото ќе издаде збирка која ќе биде доставена по електронска пошта до
сите учесници до крајот на март 2024 година. На сите учесници ќе им бидат
доставени благодарници за учество
Стручната комисија го задржува правото да изврши корекција на текстови кои ќе
бидат објавени во збирка на поезија и проза издадени од Литературното
друштво и го задружува правото да не ги објавува творбите кои содржат говор
на омраза и имаат недолична содржина

Од Управниот Одбор на Македонското Литературно Друштво ,,Ванчо


Николески”-Квинбијан – Нов Јужен Велс - Австралија

You might also like