25 работи што треба секој ден да им ги повторувате на децата

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 2

25 работи што треба секој ден да им ги

повторувате на децата
Постојат книги за родители што нудат совети на секоја тема – од спиење навечер до тоа што треба да јадат
децата. Но одгледувањето деца со доверба и почит не е нешто што секогаш можете да го најдете во книгите.
Понекогаш тоа се зборови со кои се охрабрува детето и дневни разговори со нашите малечки што ќе имаат
многу поголемо значење од големите гестови. Во тој дух споделуваме работи што треба да им ги кажувате на
вашите деца секој ден.

1. Јади нешто здраво освен грицки. Не сите грицки се здрави, па затоа треба да ги потсетиме дека треба да
јадат здрава храна за телата да им бидат силни.

2. Кажи ми едно добро нешто што ти се случи денес. Фокусирањето на позитивноста помага да се оддалечат
од лошите работи.

3. Кажи ми една лоша работа што ти се случи денес. Важно е да разговарате и за лошите работи.

4. Се гордеам што го направи тоа. Кај децата е големо влијанието кога ќе слушнат дека некој е горд на нив.

5. Како си? Поставувањето на ова прашање покажува дека сте заинтересирани за вашето дете.

6. Што би направил ти? Ова е одличен одговор за децата што бараат помош при одредени работи.

7. Што добро направи или рече денес? Поттикнувајте ја добрината секој ден.

8. Ништо нема да ја промени мојата љубов кон тебе. Понекогаш децата треба да го слушнат она што е
очигледно.

9. Ми се допаѓа кога ти… Дури и кога децата ве полудуваат, секогаш постои барем една работа што ја
направиле за да ве насмеат.

10. Ми се допаѓаш. Децата секојдневно слушаат „те сакам“, но дали знаат и дека ви се допаѓаат?

11. Те молам. Ако ја сакаме почитта како родители, тогаш треба да покажеме исто однесување.

12. Исчисти ги играчките, садовите или сето она што останало. Поттикнете ги децата да си ги собираат
работите што ги оставиле.

13. Тоа е паметно размислување. Децата сакаат да слушнат дека се паметни.

14. Не дозволувај злобните луѓе да те дефинираат како личност. Секогаш ќе постојат луѓе што навредуваат.
Оваа едноставна фраза им помага на децата да знаат дека негативните гласови не се најважните.

15. Горд сум на тебе. Знаат дека ги сакате. Но дали знаат дека сте и горди на нив?

16. Ти благодарам. Социјалните вештини се важни и во домот и надвор од него.


17. Ми е жал/Извини. Ги губиме нервите или правиме грешки. Важно е како реагираме.

18. Биди свој. Научете ги вашите деца дека не мора да бидат како некој друг.

19. Дај го максимумот од себе. Не е сѐ во резултатот, туку како ќе стигнат децата до него.

20. Секогаш кажувај ја вистината, дури и ако не е добра. Колку порано им кажете на децата дека и понатаму
ќе ги сакате, и покрај вистината, дури и ако не е добра, толку поискрени ќе бидат кога ќе пораснат.

21. Слушам. Што сакаш да кажеш? Девојките не секогаш им кажуваат на родителите одредени работи за себе
бидејќи не сакаат да имаат лошо мислење за тоа. Покажете им на децата дека се грижите за она што сакаат
да го кажат така што ќе ги ислушате.

22. Не мораш да го јадеш. Наместо да се расправате со вашите деца да го јадат зеленчукот, дајте им моќ да
кажат не и да имаат контрола.

23. Обожавам кога сум во твое друштво. На тој начин вашите деца ќе се чувствуваат безбедно и сигурно.

24. Ме правиш среќен/среќна. Бидејќи сите сакаат да се чувствуваат дека му се важни на некој друг.

25. Те сакам. Иако овие зборови се едноставни, не постои замена за нив.

You might also like