НИКОЛАЈ ВАСИЛЕВИЧ ГОГОЉ

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 1

НИКОЛАЈ ВАСИЛЕВИЧ ГОГОЉ

Николај Василевич Гогољ е „татко на руската проза“, основач на реалистичната школа,


зачетник на критичкиот и сатиричкиот правец во руската литература од 19.век. На таа
школа и на тој правец им припаѓа голема хуманистичка и прогресивна мисија.
Гогољ се родил 1809 година во Сорочинци. Татко му бил среден земјопоседник кој
лагодно живеел на својот имот. Во нивната куќа секогаш имало гости и се изведувале
различни пиеси и претстави. Големата библиотека уште повеќе ќе ја зголеми љубовта на
малиот Гогољ кон литературата, особено кон драмското творештво. Во 1819 година се
школува најпрвин во Полтава, а потоа во Нежин.
Кон крајот на 1828 година оди во Петербург. Средбата со стварноста, со светот на
чиновниците му донесуваат големо разочарување. Во почетокот тој е без работа иако
дошол со добри препораки. На крај, се вработува како чиновник. Но неговата голема
желба е пишувањето и во март 1830 година го печати својот првенец, расказот „Вечер
спроти Водици“. Гласот за делото му помага да влезе во аристократски домови каде дава
приватни часови, а идната 1831 година, се вработува во „Институт за благородни
девојки“. Ја остава чиновничката работа и со љубов предава и продолжува да твори. Плод
на неговата дејност е збирката раскази „Вечери во селото кај Дикањка“ („Сорочински
панаѓур“, „Мајска ноќ“, „Пропадната новела“). Во 1832 година го издава вториот дел од
„Вечерите“.
Со доаѓањето во Петрбург Гогољ се свртува кон општата историја. Како резултат на тоа,
во 1835 година ја објавува збирката „Миргород“, која претставувала своевидно
продолжение на „Вечерите“ и во која се наоѓала и историската повест „Тарас Буљба“.
Истата година Гогољ ја објавува и втората збирка „Арабеска“, во која влегуваат познатите
Петроградски раскази. Започнува да го пишува и својот познат роман „Мртви души“, а
идната година со голем успех е прикажана комедијата „Ревизор“.
Во летото 1836 година заминува во странство и престојува во: Германија, Швајцарија,
Франција, а најубаво се чувствувал во Италија, во Рим, каде ќе се задржи најдолго. Сепак,
неспокоен тој се враќа во Русија во 1841 година. Го завршува делото „Мртви души“, кое е
објавено следната година. Со нарушено здравје, Гогољ повторно на шест месеци ја
напушта Русија. Со душевно растројство, се повеќе запаѓа во религиозно-аскетски
расположенија барајќи спас за себе. Во 1845 година, во едно такво мрачно расположение
го гори вториот дел на „Мртви души“. Робувајќи му на религиозниот занес и прогонет од
своето неспокојство, Гогољ патува во Палестина, за да се поклони на Христовиот гроб.
Сепак спокој не наоѓа и се враќа во Русија. Во 1852 година по третпат го пали своето
недовршено дело „Мртви души“. Противејќи им се на лекарите и одбивајќи храна, во
ужасни и тешки маки умира во март 1852 година.

You might also like