Гуливеровите патувања

You might also like

Download as docx, pdf, or txt
Download as docx, pdf, or txt
You are on page 1of 4

,,Гуливеровите патувања” од Џонатан Свифт

Делото ,,Гуливеровите патувања” е дел од англиската книжевност од


ирскиот писател Џонатан Свифт во 1727 година. Ова е сатирично и
фантастично дело. Книгата е составена од четири дела: Патувањето во
Лилипут; Патувањето во Бробдингнаг; патувањето во Лапута, Балнибари,
Глабдабдрид, Лагнаг и Јапонија; Патувањето во земјата на Хујх’нх‘нмите.
Делото почнува со тоа што Гулиберт ни раскажува за себе и за својот
живот, дека бил третиот од пет синови, дека на четиринаесет години се
запишува во колеџот Еануел во Кемриџ. Бидејќи е тешко да го издржуваат
го праќаат како ученик кај господин Џејмс Бејтс истакнат хирург во
Лондон. Кај тој господин учел четири години, а потоа го запишуваат да учи
медицина во Лајден, каде што учел две години и седум месеци. Потоа
господинот Бејтс го препорачува да биде лекар во на Бродот Ластовица,
на командант Абрахам Панел, каде што поминува три години.
После некое време се вработува кај капетан Причард, командант на
Антилопа и ја започнува својата авантура на 4 мај 1699 год. Целта е да
стигнат до Индокина, но силна бура ги носи северозападно од Тасманија.
Потоа тој со шестина други се спушта во чамец, после некое време
чамецот им се преврутува и авторот не известува дека најверојатноо само
тој остнаува жив. Тој заспива на островот на кој нaидува. Кога се буди е
врзан, на начин да гледа само накај сонцето, а потоа ги открива
Лилипутанците. Отаму Гулиберт ни раскажува за тој остров, за тоа како се
e со многу мала величина, за лилипутанците кои се 12 пати помали од
него, за кралот и населението, за малото, но убаво уредено кралство. Ни
раскажува дека се здобива со наклоност кај кралот, за тоа дека донесуваат
учители за да го учат на нивниот јазик, го опишува Милдендо,
престолнината. Ни кажува за условите на кои треба да се придржува, за
тоа дека го викаат Човек-планина, за Советот, за злобникот Скајреш
Болголам, како авторот понудува да му служи на тој крал наречен
Голбасто Момарен Евламе Гурдило Мали Али Гу. Тој ни раскажува за тоа
како се здобива со титулата нардак, откако ја заробува морнарицата на
соседното мало кралство Блефаску, со кои тие биле скарани затоа што
едните го кршеле јајцето од врвот, а други од долу. Потоа се раскажува за
тоа како првиот сектретар му кажува за намерата на кралот и злобниците
да му ги извадат очите. После тоа Гулиберт оди во Блефаску, каде што му
помагаат да си направи чамец и како си заминува од таму на 24 септември
1701 год.
Следната авантура е два бесеци по неговото враќање. Тој тргнува од
Даунс на 20 јуни 1702 год, со Авантура, чиј командант е Џон Николас од
Корнвал и која патува за Сурат, Индија. Зимата ја поминуваат кај ‘ртот
Добра деж. Има голема бура и тој со уште некои оди на еден остров за да
го разгледаат, каде што него го забораваат уплашени од домородците.
Потоа е раскажано како тој е најден од слугата на неговиот господар во
едно поле. Населението е опишано како 12 пати поголеми од него. Ни
кажува за тоа како се грижат за него во Бробдингнаг, за малата керќичка
на господарот која му била најдобра пријателка. Ни раскажува за
зачуденоста на луѓето кои го гледаат на улиците кога неговиот господар
им го покажува, за тоа дека е купен од кралицата, за неговиот престој во
кралството, за неговиот ковчек во кој живеел, за незгодите кои ги имал
било од животните или од џуџето на кралицата, за законите во таа земја,
природата која е во многу голем размер.Ни раскажува за тоа како ги
забува кралицата и дворјанките со своето едрење во малото дрвено
бротче и за разговорите со кралот. На крајот од престојот ни е опишано
тоа како ненадајно ја напушта земјаат кога еден паж го остава и тој заедно
со неговиот ковчег за патување е земен во канџите на една голема птица,
како е фрлен во морето и како екипажот на капетан Вилкокс го наоѓа.
Потоа тој успешно се враќа во Англија.
На следното патување тој оди десет дена по враќањето. Тој има понуда
да работи како лекар на бродот Добра Надеж на капетан Вилијам
Робинсон, кој му бил добар пријател. Патувањето треба да биде до
Индокина, а тргнуваат на 5 август 1706 год. Стигнуваат во Форт Сент Џорџ
на 11 април 1707 год., а потоа останале некое време во Тонкин. Потоа
Гулиберт е назначен за капетан на една товарена корвета со екипаж од 14
луѓе. По три дена ги зафаќа бура, а пота пак се нападнати од два пиратски
брода. Заради еден Холанѓанец е принуден да биде испаратен по море, а
бидејќи јапонскиот капетан е добродушен му дава чун и храна. По некое
време тој наоѓа еден остров каде што мисли да престојува, но се случува
чудо и тој здогледува остров кој плови во воздух и луѓе на него. Тој вели
дека страните на островот се обиколени со галерии и скали на одредено
растојанние. Потоа му пуштаат синџир и го креваат со дигалка на островот.
Од таму авторот опишува за островот Лапута и жителите, како главите и
биле завртени или на десно или на лево, едното око им гледа нагоре, а
другото надоле, алиштата им биле украсени со астролошки фигури или со
музички инструмени. Ни расакжува за нивната природа, оносно дека се
многу замислени и им треба плескач за да ги врати во реалноста, за
благородноста на кралот, за тоа дека почнува да го учи нивниот јазик. Ни
раскажува за доброто познавање на Лапутијанците во астрономијата, која
била понапредна од тогашната Европска. Авторот ни раскажува за тоа
како кралот спречува бунтови, со мавање со камења или со пуштање на
островот да падне над долниот остров каде било другото обиично
население. Ни го опишува летечкиот островот (совршено кружен облик,
пречник од четири ипол милји, дебелина од триесет јарди), за минералите
над кои имало плодна почва. Исто така тој ни објаснува како го летаат
островот, односно со помош на магнет и дека тој има функција замо во
границите на кралтсвото на тој крал.
Од кога Гулиберт ја напушта Лапута, тој оди во Балнибарби. Тој бил
оставен а престојува кај Муноди, пријател на еден голем господар во
блиско сродство со кралот со кој Гулиберт станува пријател. Ни го опишува
градот, чии куѓи се чудно изградени и повеќето запуштени. Луѓето во
градот се избезумени и парталави. Муноди го носи кај својот прекрасен
имот кој многу се разликува од другите имоти по својата убавина и
природа. Муноди му раскажува за академијата и истражувачите кои
трудејќи се да направат нови изуми само го запуштувале и уништувале
градот. Гулиберт ни ја опишува акаемијата и истражувачите во многуте
прострории.
По некое време тој го напушта Лагадо и оди во Малдонадо од каде
штоо оди во Глабдабдрид, кралство на маѓепсниците. Во нпрестојот таму
ни е опишано тоа дека гувернерот го служат слуги кои се всушност мртви
луѓе. Тој бара од гуверенрот да види некои мртви личности од минатото
како Александар велики, Ханибал, Цезар, Помпеј, сенатот на Рим, Брут,
Хомер и Аристотел.
Потоа авторот се враќан во Малдонадо и испловува накај Лагнаг. Ни
раскажува дека е уапсен. За да биде примен кај кралот тој треба да го
лиже подот се до столчето на кое кралот си ги остава нозете. Ни раскажув
за стралдбразите кои се беспмртници, но кои не се вечно млади и не се
сметаат за живи во државата после осумдесетата година. Кога си зминува
од Лагнаг тој оди во Јапонија, а од таму се враќа со холандски брод до
Амстердам и од тмау во Англија.
Во последниот дел авторот оди како капетан на бродот Авантура од 350
тони. Ни раскажува како го наместуваат едни злобни луѓе кои ги прима во
својот екипаж, за тоа како е заробен во својата кабина на бродот, а потоа е
оставен на првиот остров на кој доаѓаат. Ни ги опишува јахуите кои се
чудни, диви животни кои наликувале на луѓе. Ни ги опишува паметните и
благородни Хујх‘нх‘нми, кои всушност се коњи со разум кои управуваат со
таа земја. Неговиот престој кај неговиот господар ни е опишан за тоа како
е учен на нивниот јазик, во чиј речник фалат многу поими за кои всушност
Хујх‘нх‘нмите не се запознаени. Авторот има одбивност спрема јахуите и
повеќе сака да биде како Хујх‘нх‘нмите. Ни кажува за советот, за учењето
на малдите и нивните натрпревари. Пота Гулиберт е приморан да си
замине од островот, си прави чун со помош на еден слуга коњ и како
потоа е најден од едни моранри од кои му се гади поради нивниот изглед
затоа што наликувале на јахуи. Потоа се враќа дома и тешко се
приспособува на тој животн меѓу јахуи од својот вид. На краот авторот ни
кажува за тоа како го мрази злото, лагите, гордоста и други лоши особини
и дека ќе се придружува на она што го прават праведните и благордодни
Хујх‘нх‘нми.

You might also like