Download as txt, pdf, or txt
Download as txt, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Ѓорѓи Сугарев (1876 - 23 март 1906) бил македонски револуционер, член и војвода на

Битолскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација.

Рани години
Ѓорѓи Сугарев е роден во Битола во 1876 година во семејство од крајно сиромашни
родители. Мајка му е Донка Сугарева (1846-1932). Браќата му Христо, Вангел и Михаил
емигрираат во САД и активно учествуваат во работата на Македонската патриотска
организација. Вангел станал таму историчар и автор на неколку книги, како
„Бугарската националност на Македонците“.[1] Преживеаната мизерија во Ѓорѓи раѓа
омраза спрема несправедливоста и нееднаквоста. Уште во детските години тој ја
почувствувал омразата кон турскиот аскер, а во младинските години таа добила сè
поголем размер. Поради големите семејни оскудици Сугарев не успеал да заврши IV
клас во Битолската бугарска егзархиска гимназија. Поради тоа, тој ја напуштил
гимназијата и ѝ се оддал на учителската кариера, преку којашто успеал да го прави
тоа што најмногу му лежи на срце. Тој учителствува во градот Битола, Битолската и
Кичевска околија.

Вклучување во Организацијата

Четата на Ѓорѓи Сугарев (седнат, во средина)


Во 1901 година, незадоволен од легалната дејност, Сугарев станал четник во демир-
хисарската чета на војводата Никола Русински. Истата година, тој бил избран за член
на раководното тело на Битолскиот револуционерен округ, и за да може да ја
исполнува дадената организациска должност, тој повторно станал учител во Битола. Но
шумниот град и арогантните чорбаџии создале презир кај Сугарев. Градскиот живот не
го задоволувал неговиот боречки карактер. Тој ја напуштил Битола и со неколкумина
другари започнал нелегална дејност во Битолската околија. Тој го јакне
револуционерното сознание сред своите комити и, следствено, мнозина од нив
стануваат војводи. Сугарев оди секаде каде што се чувствува потреба од неговата
организаторска вештина. Тој ги посетил скоро сите села во Демир-хисарско, Кичевско,
Ресенско, Крушевско и Поречјето.

Илинденското востание
Сугарев учествувал како делегат на Смилевскиот конгрес во 1903 година, на кој било
донесено решение за кревање на вооружено востание во Македонија. Тој бил назначен
за горски началник во Битолско. Востанието го затекнало Сугарев во селата околу
Битола. Уште од самиот почеток на востанието на 2 август 1903, војводата Сугарев
учествувал во заземањето на селата околу Битола. Цели 3 месеци здружените чети под
негова команда војувале против многубројниот противник. Водејќи десетици жестоки
битки против осмалиската војска, тивкиот, скромниот и секогаш молчеливиот борец
создал легенди за него сред месното население. Тој се претворил во легенда за време
на Битката кај село Ѓавато, каде што со својата храброст, тој на својот народ му
дал пример како се војува за својата земја.

По востанието

Стара Битола (1900)


По крајот на Илинденското востание, голем број на комити и војводи побегнале во
Бугарија. Сугарев бил еден од малкуте раководители кои останале во нивните реони.
По востанието, Битола и револуционерниот округ на организацијата се наоѓале во
незавидна состојба. Неколку раководители го наметнувале и прашањето околу можноста
за распуштање на округот, но Сугарев бил еден од првите следбеници на Даме Груев,
кои со стоицизам ја преживеал страшната катастрофа. Во еден свој говор тој истакнал
дека: „Ако Турците сега успеаја да го задушат востанието, при друг случај не ќе
можат да го сторат тоа и ќе дојде ден голем, во којшто ќе изгрее, како ѕвезда
зорица, саканата слобода на македонскиот народ.[се бара извор]

После востанието, Сугарев најмногу работел на борбата против грчката и српската


пропаганда во Македонија. По неколку успешни акции против гркоманските и грчки чети
во Битолско, по барање на Велешката организација, Даме Груев го испратил Сугарев во
Велешко за да ја засили борбата против српската пропаганда.

You might also like