Download as txt, pdf, or txt
Download as txt, pdf, or txt
You are on page 1of 2

Христо Узунов

Страница
Разговор
Читај
Уреди
Уреди извор
Историја
гггггггггггггггггггггггггггггааааааааааааааааааааааааааа
алатник
Од Википедија — слободната енциклопедија

Спомен-плоча на Христо Узунов


Христо Димитров Узунов или познат како Арсениј, Арсо, Дуле, Маглата, Ристо,
Самуил[1] или Дуле Узунов (Охрид, 22 октомври 1878 – Цер, 24 април 1905) —
македонски револуционер, учител, војвода и реонски началник на четите на
Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ. Се
школувал во Солун и учествувал во солунските училишни бунтови (1896). Лежел во
битолскиот Централен затвор Катилане (1898 и 1902–1903). Од 1903 година бил
поставен за главен војвода на охридските револуционерни чети. Учествувал на
Смилевскиот конгрес. Во Илинденското востание бил член на Горското началство
(Штабот) за Охридскиот револуционерен реон. Учествувал во спасувањето на збегот од
Рашанец на ок. 200 семејства. На Прилепскиот конгрес бил избран за секретар и за
окружен ревизор на четите на МРО за Охридско, Струшко и Кичевско. Загинал со четата
опколен од турска војска.

Потекло
Потеклото и семејната средина се фундаментален елемент во биографијата на една
личност. Тие го обусловуваат неговиот живот во неговата најрана фаза, а оставаат
траги во целокупната негова натамошна дејност...

— Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчев и неговото време [2]

Охрид
Охрид
Градската архитектура на Охрид зазема посебно место во културното наследство поради
тоа што овде, повеќе отколку во другите македонски градови, е зачуван изразитиот
тип на ориенталната градска куќа ѕидана во текот на XVIII, XIX и почетокот на XX
век. Народните мајстори ги ѕидале овие куќи под влијание на ориенталната и
византиската градежна традиција.

По укинувањето и присоединувањето на Охридската архиепископија кон Цариградската


патријаршија во 1767 година, се засилило влијанието на елинизмот. Отпорот против
грчкото духовно ропство, особено се заострил по 1860 година, по назначувањето на
злогласниот владика Мелетиј за охридски митрополит. Не само во Охрид туку и во
Македонија, борбата против грцизмот прв ја повел македонскиот просветител Димитрија
Миладинов, роден во Струга, учител на поетите Григор Прличев и Рајко Жинзифов. Тој
бил затворен во Цариград, каде што заедно со својот брат, поетот Константин
Миладинов биле отруени. Отпорот на напредните слоеви на македонското население
против грчкото духовно ропство во Охрид продолжил на чело со поетот Григор Прличев,
автор на поемите Сердарот и Скендербег. Во 1869 година со султанов хатишериф биле
укинати грчките училишта во Охрид.

По одржаниот плебисцит од 1874 година во Охрид е назначен митрополитот од


Бугарската егзархија, откако 9387 души христијани гласаат позитивно, а само 139
лица христијани гласаат против и сакаат да останат под владеењето на Цариградската
патријаршија. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“
издадена во Цариград во 1878 година, во Охрид живеат 2 700 домаќинства, од кои 2
000 жители муслимани, 4 450 Mакедонци под Егзархијата [белешка 1][белешка 2]
[белешка 3], 450 Власи и 200 Цигани [3].

Во 1880 година се создава Охридскиот заговор, потикнат од митрополит Натанаил


Охридски. Во тоа време тој престојува во Бугарија и раководи со Охридската епархија
со митрополитскиот протосингел архимандрит Дионисиј. Целта на заговор е кревање на
востание на Македонците во Западна Македонија. Заговор е откриено во пролетта 1881
година и властите уапсиле многу заговорници од Охрид и околните села.

Семејство
Христо Узунов е роден на 22 октомври 1878 година во Охрид. Татко му Димитар Узунов
бил долгогодишен учител и борец за независна црква, близок и роднина на Григор
Прличев, а неговата мајка Анастасија Узунов потекнува од стариот струшки
просветистелски род Чакарови, таа е ќерка на Георги Чакаров, и е прва братучетка на
Христо Матов и Милан Матов [4]. Христо Узунов, заедно со двајцата свој помали браќа
Андон и Ангел (исто така дејци на Македонската револуционерна организација) бил
воспитуван од мајка си во патриотиски дух [5].

Григор Прличев, (седи лево) и Димитар Узунов


Григор Прличев, (седи лево) и Димитар Узунов

Анастасија Узунова
Анастасија Узунова

Андон Узунов
Андон Узунов

Ангел Узунов
Ангел Узунов

You might also like

  • 51
    51
    Document2 pages
    51
    stansmetki
    No ratings yet
  • 11
    11
    Document2 pages
    11
    stansmetki
    No ratings yet
  • 55
    55
    Document2 pages
    55
    stansmetki
    No ratings yet
  • 8888
    8888
    Document3 pages
    8888
    stansmetki
    No ratings yet
  • 9999
    9999
    Document2 pages
    9999
    stansmetki
    No ratings yet
  • 7777
    7777
    Document2 pages
    7777
    stansmetki
    No ratings yet
  • 666
    666
    Document2 pages
    666
    stansmetki
    No ratings yet
  • 5555
    5555
    Document2 pages
    5555
    stansmetki
    No ratings yet
  • 999
    999
    Document3 pages
    999
    stansmetki
    No ratings yet
  • 888
    888
    Document4 pages
    888
    stansmetki
    No ratings yet
  • 555
    555
    Document2 pages
    555
    stansmetki
    No ratings yet
  • 777
    777
    Document2 pages
    777
    stansmetki
    No ratings yet